1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неуредни девојки

Дискусија во 'Тело' започната од Strumka22, 30 септември 2013.

  1. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.220
    Пол:
    Женски
    А јас што да речам, што секој месец ми трае по 6-7 дена?
    Од самата помисла една недела да не се истуширам морници ме лазат :worried:

    ***

    Мене лично, косата пребргу ми се масти.
    Што ќе се малтретирам да се наведнувам над тушкабина само косата да ја измијам, па после нозе да мијам, за тоа време ќе се пикнам цела под туш па бар ќе си знам дека цело тело ќе ми е чисто.
    Не, нема да трујам до степен пингвини во несвест околу мене да паѓаат ако само ден-два не се истуширам, ама самата помисла дека на потта во текот на денот се лепи прашина и секакви честички од надворешна средина, и јас потоа така би требало да си легнам, малку ми е гадничко.
    Плус, реално нема поубаво чувство од тоа да се истушираш, макар колку само вода да те помине - веднаш ти се олеснува на телото, а тоа што ќе мирисаш свежо е само голем плус :rofl:

    Не, не постои личност која воопшто не се поти: постојат само луѓе кои се потат помалку или повеќе, а колку и да е тоа малку, доволно е да си целиот леплив и валкан на крајот од денот.
    Не знам како постојат особи кои мислат дека ако секој ден одново и одново се шприцаат со дезодоранси на една недела немиена кожа нема да се приметува немиеноста; па бре кога ќе се помеша парфемот со потта, плус сега, на екстра топлово време... арома гасна комора, brought to you by the passengers in JSP :doh:
     
    На makedon81, hermosa, Milobebence и 10 други им се допаѓа ова.
  2. EraBon

    EraBon Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    595

    Ista sum i jas i mojta kosa brzo se masti ja mijam 3-4 dena vo nedelata a tusiranje letno vreme sekoj den po 3-4 pati OBAVEZNO stanuvanje od spienje odma sum na mienje zabi i fleguvanje vo kada...
    Nemozam da zamislam kako moze edno zensko da ne si vode higiena......pomislata mi e :puke:
    a sum imala i vo klas edno vreme takva licnost do nea da si treba da padnes..:tmi:
     
    На little women и hermosa им се допаѓа ова.
  3. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Za mene neuredni devojki se onie so ne perat obleka, ne peglaat, nosat nekolku dena isti gaki, i da nesto najneuredno i odvratno za vreme na menzis da ne se kapat. Neurednosta nema vrska so debelinata zatoa sto moze i nekoja devojka da e koski i koza a da bide najgolema gnasa, a moze i devojka da e pokrupna a da odrzuba preterana higiena. Isto neurednost za mene e soba koja sto 24/7 e kako da padnala atomska bomba vo nea . Jas se tusiram sekoj den, a kosa mijam preku edna den.
     
    На little women му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AliciaSilver

    AliciaSilver Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    210
    Пол:
    Женски
    о божее....подобро кажи му во лице,најдобро
    Колку години е не знае да одржува лична хигиена?Остави парфем и јас не ставам заради осетлива кожа ама туширање..немам зборови
     
    На little women, makedon81 и Wendy Williams им се допаѓа ова.
  5. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Milicka najdobro zboruvaj so nea reci i podobro e jas da ti kazham nego da slusnes od nekoj drug. Ili kazete pr za nekoja devojka deka e neuredna deka e gnasna pa moze ke se pronajde ona vo toj primer .
     
    На little women, Wendy Williams и AliciaSilver им се допаѓа ова.
  6. Ladu in pink

    Ladu in pink Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2018
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    1.451
    Пол:
    Женски
    Ако толку ти е срам да и кажеш одбегнувај да се дружиш со неа или кога сте заедно седи подалеку од неа:rofl:
     
    На Wendy Williams му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    џабе се објаснувате,тие што од мали немаат навика за водење лична хигиена ни во текот на животот нема да ја стекнат :)
     
    На Animali и hermosa им се допаѓа ова.
  8. Cute_girl14

    Cute_girl14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2019
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Мене само не ми е јасно како може една девојка да си дозволи да биде неуредна. Под неуредна јас подразбирам да не води сметка за својата лична хигена, најужасно ми е кога од навечер шминката не ја бришат(зарем им е толку тешко барем со едно влажно марамче да ја тргнат) а наутро без да го измијат лицето повторно нов слој на пудра, тие ни сами не знаат колку штета му нанесуваат на своето лице. Но што да се каже за таквите девојки само не знам какви ќе бидат кога ќе се омажат.
     
    На little women, Milobebence и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  9. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Да не излезе дека отворам стари рани.... Ама дали тоа сериозно? Како издржуваш 5 дена не ти пречи? Башка се шири сигурно неподнослива миризба .
     
    На Brinetka, buba4e89, H.VAGA и 2 други им се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.399
    Пол:
    Женски
    прво ако јас на секој коментар што ми е контраверзен одговорам со ТИ ТОА СЕРИОЗНО има форумов да се затвори од премногу коментари. Второ убаво си пишав дека мразам кога ќе се избањам и излезам чиста да ми протече и да се исшлака по нозе. Викаш 5 дена.... Па кој има обилно крварење 5 или 7 дена? 2-3 дена трае обилното крварење.
     
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Па еве баш ради тоа, како ќе те ишлака по нозете ако не е обилно сите менструални денови ?
     
    На little women му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.027
    Допаѓања:
    55.265
    Пол:
    Женски
    За да ти протече веднаш штом излезиш од бањање, треба многу премногу, повеќе од нормално да крвариш. Дури и тогаш не е оправдување.
    Еве мене не ми течи по нозе откако ќе се измијам, ни во првите 3 дена кога најобилно имам.
     
    На buba4e89 и christinnn им се допаѓа ова.
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.399
    Пол:
    Женски
    епа тоа се првите 2-3 дена а не 5 или 7.
     
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Марчи, кога сум имала обилни крварења, го решавам проблемот со тоа што облекувам гаќи во купатило веднаш по бањање. Ми стојат подготвени, сосе влошка залепена на нив одма до мене.

    Гасам тушот, се бришам и веднаш ги облекувам гаќичките, па после се средувам другото.

    Не дека побара совет, ама чисто онака. Пробај некогаш, да видиш дека убаво ќе ти дојде, ќе се освежиш. :)
     
    На little women, VDT2906, sparklie и 15 други им се допаѓа ова.
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.399
    Пол:
    Женски
    мене едно нешто не ми е јасно. Толку ли ви е досадно? Ако не во една тема во друга ќе се фатите за мене. Или за кој и да е. И тоа за мислење од којзнае кога.
     
    На OmniaVanitas му/ѝ се допаѓа ова.
  16. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Јас искрено без да се истуширам еднаш во денот чуствувам како прашина да имам на мене :D а иначе несакам други да вреѓам повеке се шалам н амоја сметка ако некој ми смрди го одбегнувам не го зафркавам и гледам саир.
     
    На mariz, marchi-cool и hermosa им се допаѓа ова.
  17. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Сите 4 години како студент имав единки од насловот на темата за цимерки. Мислам дека законски би било фер да ми платат оштета оr a therapist or a trip to the Maldives, што за мирисот, што за виденото, што за претрпеното. Почнав да халуцинирам дали студирам во 21 век или во 13-ти.
    Па мајка му стара, вода од секоја чешма да тече, една милијарда измислени хигиенски производи и ни со стап да не ги допирате е сосема легитимно, ама под услов да се затворите и да не шетате наоколу како кромањонци.
    Изговорите и оправдувањата може да ги цртате на ѕидовите од пештерата. The end :bow:
     
    На little women, kikkki, Elf и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Како и повеќето студенти, си имав мака со неуредна цимерка. Сред зима во најголемиот студ отворавме прозорци и врати да удира промаја и да се излуфтира. Сѐ што имаше во собата поприми од непријатниот мирис. Еден час отворено беше, смрзнавме на лице место, ама миризбата уште се чувствуваше. Чекавме да излезе од собата за да испрскаме со освежувач и кај нејзиниот кревет, под него, над него- секаде. А цело време во луѓе беше, не знам како не ѝ беше непријатно.

    Едната цимерка рече дека наводно влегла да се тушира и го облекла истиот долен веш што го носела, а била во тој период од месецот. Имаше навика да си се соблекува без разлика кој е тука и дали ќе му биде некому непријатно, па сигурна сум дека другава цимерка забележала дека воопшто не ја менува облеката. Што носи за надвор, носи и за спиење.

    Одоколу муабети за чистота и хигиена, примери за други луѓе- си се смее, едноставно не чувствува дека од неа се шири мирисот. На крај кога увидовме дека не оди така, а без дозвола претураше и по туѓи работи, моравме отворено да кажеме. Арно па се отсели. :D

    Што знам, нема изговор за ова. Колку пати сме немале топла вода, па греевме во тенџере и дотуравме ладна вода. Ќе требаше две недели нетуширани да шетаме. Ни па немањето време не е изговор- пет минути се доволни. Макар само под пазуви и на критичните места нека се средат, иако тоа повеќе време би одзело отколку да влезеш цел наеднаш да се истушираш.
     
    На PogbaPol, kirilovbe, Cute_girl14 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.223
    Допаѓања:
    76.216
    Пол:
    Женски
    Мене 7 дена ми трае, први два дена сум поплава и шанса нема да не се измијам особено тие два дена... во спиење лом се правам, како да се оставам таква... Јас друга финта си имам, како и тебе имам спремни гаќи со влошка... но за да не направам некој пешкир лом (дека доста ми тече) зимам тоалетна и виткам купче си ставам доле и се бришам убаво со пешкир/бањарка па одма тоалетната во канта и си облекувам гаќи, нит да протече по нозе, нит ништо. Зима, лето, обавезно секој ден се туширам.

    Работев во камп и со нас работеше и една девојка... леле колку беше неуредна не ми се веруваше. Спиевме по 4 во приколки, а она сама спиеше дека сите избегаа од неа (facepalm) Први денови кога дојде ми рече да сум и ја испеглала косата и се нафатив, дојде и ја гледам свети во косата.. како полумокра, полумрсна, викам ја миеше? Да да сега ја миев, ја дувам со фен, косава мрсна остана, почнав да ја пеглам... на мрсно замириса и сеуште светеше :envy: За после да дознаеме дека само со вода си ја миела косата... Алишта исто сами си перевме, ја видов дека само ао вода ги поминуваше... Зашто не користеше ништо, не ми беше јасно :?: Многу неубаво мирисаше цела, сите бегаа од неа...:worried:
     
    На WhatICanDo?, NarCis@, makedon81 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    3.593
    Пол:
    Женски
    Се прашувам дали олкав број на неуредни девојки има сами кај нас или и во поразвиениве држави девојките немаат осет? До менталитетов наш е или пак до човекот?
    Познавам девојки што со шминка носена цел ден спијат и другиот ден само доставаат. Или пак со коси мрсни и мирис на повраќаници ми велеле да им ја запеглам набрзина, а очи полни солзи течат, печат, што не праат!
    Или ќе ги соблечат чорапите носени цел ден и ќе ги остават до кревет, страшно..

    Баш ме занима да им влезам во глава на таквите, што ги спречува да не бидат чисти? Мрза дал е, немаштија за сапун и вода дал е, немање чувство за осет:^) можда?!
     
    На little women му/ѝ се допаѓа ова.