@Miss666 Сестро драга, ни близу до нивните глави, а не па внатре да им влезеш Инаку, не е до немаштија, бидејќи пари за шминки и се друго се има, а за еден сапун се нема, тоа е веќе за kill it!
Јас па не можам без да се измијам секој ден, а поготово кога имам добиено. За вас не знам како можете да си дозволите немиени 5 дена? Ама па и не ме интересира, сами сте одговорни за вашата хигиена.
Абе бубаче како сами одговорни, сами ако седат сами дома и не смрдат. Ако веќе излегле надвор, нека се уљудат, не сме должни ние обичните смртници да им ги мирисаме манџите, потта и добиеното. Па мислим стварно!
Не се дружам со такви луѓе, та дури и да наидам им кажувам директно. Нема циле миле, или идеш се бањаш или не ми се приближувај. It's simple
@buba4e89 Абе Буби ни јас во моја близина немам такви личности, ама имав за цимерки и се ќе вселат сред испитна, нема време човек ни да бара друг стан и скоро па приморан си да бидеш во нивна близина...без пиштол при рака А таквите ни од убав разговор не се разбираат, едната замисли својата валкана облека ја тупнала во плакар до мојата перена , па после пери Анимали до мила волја Се согласувам многу, не ме ни интересираат ни мене нивните причини што решиле да бидат радиоактивни, ама седи си во подрум бе
Лична хигиена е ствар на навика, воспитување и едукација. Тие што не се тушираат веројатно и дома кај родителите не го гледале честото влегување под туш. Инаку сопствениот нос се навикнува на дразбата затоа не си смрдиме сами од пот или миризлив здив. Него партнерите нивни како не им се гади појма немам. Бакнување со смрдени е хм...не знам...не сум пробала
Не сум живеела со цимерки, ама со цимери да и мажите поуредни од жените. Перфектни беа. И стварно не можам да разберам женско да е неуредно.
Јас летото се туширам секој ден,а зимото на секои два дена.Се бањам пред секое излавање,роденден.Дури и пред да отидам до продавница си ставам рол-он.Користам парфеми,но не тоа да е бањање туку дискретно.Користам парфем зависно од сезоната.Потежок за зима,некој полесен за лето.Факт е дека ако се немаш избањато повеќе од пет дена-смрдиш.И се осеќаш самиот.Ете,јас за себе си велам.Менструацијата ми трае малку,но се туширам и за време за тие денови.Барем еден туш,колку што се вели да излезе потта.Од друга страна,косата ми се премногу мрси.А,свесни сме дека и косата ако не ја измиеш смрди. И бај д веј,погнасно нешто од тоа да се трупаш со парфеми,а не си бањан недела дена нема.Можеби е погнасно и од самото небањање.
Ние на раб сме прилично многу и сите скоро сме жени и бааѓи неуредни колешки имам што веќе третиот саат од работното време бздат на пот. Една имам и што ептен непријатен и неподнослив мирис испушта од устата, а секогаш со милиметар растојание ти прави муабет. Имам многу и со мрсни коси, несредени, нечешлани... Разбирам да си обичен човек, да не сакаш дотерувања и шминкање, ама барем редовно бањање, стикче под мишка, пеглани алишта, тоа не кошта пари... А и еве не е до парите, вработени жени. После се собираат и зборат дека мажите им се незаинтересирани и нервозни спрема нив. Нормално, кој и да е да те соблече и да му мирисаш на умрена риба дека ќе биде незаинтересиран за пак. Не знам како се гледаат себеси и зошто така се запуштаат некои жени, ама ги има многу.
Темава се претворила во преглед на тоа кој колку денови му трае Како се погодија све чистотници... Како да се чекаше некој да напише некоја навика со која не се согласувате за да почнете да напаѓате. Како што имаше напишано Belgin1 во пост претходно, имате измешано неуредност и нехигиена. Одбегнувам да коментирам заради тоа што нема поента да се расправам со „чистотници“ на темава. И сами читате во темите за дезодоранси, антиперспиранти и секакви тракатанци дека многумина имаат проблем со прекумерно потење. Знаете зошто? Од тоа „прсни си рексонче“ уште од 12-13 години. И пред да се запнете со напаѓање - не, не сум против користење на антиперспиранти, но, со правилна едукација на тоа што значат тие. Овде ве читаат 12-13 девојчиња кои реално немаат потреба уште тогаш да почнуваат со НАЈјаките антиперспиранти. (Како за пример: девојче во 6-то одд има правено операција на потни жлезди заради прекумерно користење антиперспиранти, па вие оценете колку влијаете со вашите изјави). Има послаби опции. Во автобус, летно време особено, попладне е нормално да се има проблем со потењето. Луѓе се враќаат од цел ден поминат на работа, трчале по пазари, по автобуси и кога влегуваат во автобусот, верувајте, ПОСЛЕДНО нешто што сакаат да им се случи е да престане да им функционира дезодорансот(или штодае). Немој да мислите дека низ „белиот свет“ е поразлично со јавниот превоз. И тие трчаат по автобуси и им се случува истото. Остајте што гледате по филмови и видеа, this is real world we are talking about. Знаеме дека има и други случаи, ама ваше е веднаш да не избрзувате со заклучоци and give the the benefit of the doubt! И сами читате колкумина имаат проблем со потење, последно нешто што сакаат да се случи е да бидат забележани. Ќе ви дадам пример од мене: тргнав на пат, од тоа трчање и префрлање превози (и секако, наутро 5, преку ден 25 степени) се препотив. Антиперспирантот ми попушти (нормално, дизајнирани се за по „бел свет“, не за човек кој трча наоколу и нема време да отиде во wc). Кога најдов простор да се средам (јавно wc), видов дека сум го заборавила антиперспирантот, немав каде да купам нов и го носам само парфемот. Што помислив во тој момент? - Ќе бидам од оние што ги пишуваат на форум: парфем на испотено. Ако јас си помислив на ова, што ли ќе си помисли 15-16 девојче кога СТРАШНА РАБОТА се случило најнормалното нешто - се испотило. Секако дека ќе си набие комплекс и ќе почне да употребува антиперспиранти 5-6 пати на ден. Знаете колку сакам да немав читано „чистотници“ со questionable навики и да немам користено толку јаки антиперспиранти кога реално немав потреба за нив, за да можат сега да ми делуваат? Ептен многу! За девојчињата (и момчињата) кои читаат: не си правете притисоци. Ова е интернет со мислења од поединци и навики кои не мора да значат дека се најпаметни. Не мора и мене да ме послушате. Од бањање, до антиперспиранти до сѐ: истражете сами, консултирајте се со доктори, консултирајте се со вашите родители и дури потоа донесете одлука зошто сепак се работи за индивидуален пристап. Ок, миење заби не е индивидуален пристап, that's a must Има случаи кога е нормално да се туширате секој ден, што не значи дека е во ред. Зависи од работа, од временси услови, од секакви работи (пак ќе повторам: индивидуално е). Знам како е зошто не сакам да се туширам секој ден, но имав работа/период во кој не можев ако не го „истуширам денот“ од мене. Но ако има некој што единствена активност тој ден му е седење пред пц, учење или преку сила одење до факултет, тој ден и не е неопходно туширање, особено преку зима. Кожата ќе ви се заблагодари. Ок е чистотници, олабавете со „eww јас се туширам 3 пати на ден“ и прочитајте го ова:
За неуредни девојки и луѓе не коментирам, забележувам ама не сум гадлива да припаѓам во несвест како не смеат да ми се доближат ко што пишале некои погоре. Едноставно, секогаш во позадина имам мисла дека можеби имаат некоја мака, можеби се депресивни, луѓето тогаш немаат сила заби да измијат, не па друго, така да не е мое ни да помислувам нешто, а камоли да коментирам. Си ја гледам мојата работа и не пикам нос кај што не ми е место.
Јас пак не сакам на ништо да мирисам нит на парфем нит на ролон или што и да е буквално само со шампон ќе се избањам што не остава мирис и вода и толку... Кога носам кошула знам влошка да залепам од внатрешната страна на кошулата, или кога одам некаде а знам дека ќе бидам цел ден таму пример на факултет една маичка плус ќе си земам и ќе се пресобчлечам за на Водно пак 3-4 маички си носам во ранец, не знам мене воопшто не ми мириса потта бидејки и сода ставам и тоа ми помага... Затоа еден дезодоранс и еден парфем ми траат по една година, едноставно не гледам потреба он нив... А во однос на тоа дека не се бањаат некој, не можеме да знаеме дали стварно не се бањаат од што сакаат или немаат услови за лична хигена мене пример ми е убаво да се бањам по неколку пати на ден и имам услови да се бањам ама некој ако нема.... Дискутабилно е....
Имам видено многу неуредни девојки. Живеев со цимер и цимерка, цимерот се бањаше секој ден, си пушташе перална најмалце 2 пати неделно , додека цимерката постелата од спалната ја испра 2 пати у 12 месеци. Да , точно 2 пати у цела година. Секад кога сум ја пуштала пералната сум и викала дане има нешо за перење, не бре братче не се освестуваше. Се бањаше 2 пати неделно и евентуално уште еднаш ако се истушираше. На косата лупаше бебешка пудра, косата и мирисаше на километар , а да ја видиш дотерана, нашминкана, со танга постојано. Не можам да ги сфатам таквите личности, барем да се одмиваше секоја вечер.
Ја се изненадив од коментариве, мислев ваквиот тип на луѓе е застапен само кај машките. Можда имам пре оптимистичко гледиште
Ми се смачи од двојните стандарди насекаде околу нас. Зашто нема тема неуредно машки? Зашто се очекува од девојките да се уредни, а ако машките се неуредни, тоа е ок или ако е некој дечко уреден тоа е за пофалба? Дали е некој/а уреден/а не зависи од полот.
Кој вика дека се очекува само од женските да бидат уредни. Ја мислам се очекува од секој човек да биде уреден. Само факт е дека на женските у просек ова им оди полесно. Зашто се очекува од мажите да бидат градежни работници, зашо нема жени ѕидари, тесари, армирачи, бравари, швајцувачи, водоводџии, оџачари, автомеханичари, а жените еве и кај нас се застапени 0,0000001% у професииве? Зошто во градинките не работат машки воспитувачи? Дали ти би го оставила своето бебе на машки бебиситер? И мене ми е доста од двојни стандарди. Работата не треба да зависи од полот... Нејсе, на секоја тема можеме да уклучиме феминизам и еднаквости - ама не мора баш на све да се гледа со таа призма