Дефинитивно пред се е хигиената. Што е битно ако носиш чевли од 10 000 денари а да се со калови на нив. Имав еден жив пример, една моја познаничка која што е многу убава девојка и дури и манекенка, еднаш излезени навечер она мирисаше низ цела дискотека. И тоа зима беше. И се осеќаше дека не е од моментално што се испотила, туку стоено престоено. Битно госпожата нашминкана, со ланчиња обетки, дотерана... џабе. Прво си помисливме некое машко се умирисало ама кога осетив поубаво останав запрепастена. Џабе е се ако косата е 10 дена не измиена, ако мириса на пот и ако забите се со наслаги не измиени.
+ Мајка ми цело детство ми повторуваше дека со пижами не се седи цел ден. Или дека не смееме со облека која ја носиме по дома да спиеме во нашите спални креветчиња. Сум приметила дека многу личности седат цел ден дома по пижами, а со истите навечер си легнуваат да спијат. Тоа за мене е неуредно и пред се нехигиенски. Не сакам да помислам колку само инфекции можно е да се прифатат на тој начин.
Како укопча бејби секоја чест не реков да биде нашлакана со тон шминка туку да се измие заби да си стави кремче на лице и нежна шминка , не е предуслов за уредност само чистата облека, со тоа оди и уредно лице, познавам девојки кои да ти е гнас да ги погледнеш се на лице, тоа ми беше поентата со мала шминка и кремче, а не да бидат ко гремлини на фаца со бубулици и гној нема потреба од цитирање веќе
Rama еве јас можеби 3 дена немам ни грам шминка ставено на мене. Дали тоа значи дека јас сум неуредна девојка ?!
Па недепилирана не би кажала дека е неуредна. Еве јас во зима некој период може да не се избричам, а во лето се подразбира дека мора да се бричам и депилирам. Неуредна е ако не се капе. Ако не се избања 10 дена, нормално дека ќе мириса непријатно. И косата се мие секој 2 ден, а не на 6 дена. Познавам жена на раководна функција во администрација и косата постојано и е мрсна. Не личи за човек на улица така да оди, а не некоај што зема плата од 40000 и не одвојува време да се среди. Се е до човекот. Па и непеглана, мое да се случи некогаш испеглани да тргене од дома, ама ако сте во седечка положба, во автобус или слично да се истутка облеката. Е сега ако некој оди постојано изгужван и неперен, е тоа е неуредност.
Девојките кои имаат бубулици се ГРЕМЛИНИ? Значи тие доколку немаат еден тон пудра за да ги прикријат бубулиците не смеат да излезат од дома?? Според мене неуредна девојка е девојка која не оджува лична хигиена,не се мие заби,не се чешла... А и неиспеглано=неуредно
Баш напротив ако ја миеш на 2 дена ке го пореметиш циклусот на природно мрсење на косата и ке почне често да ти се мрси дури и перута.Секој добар фризер и кожен лекар ке ти го каже тоа. Мене косата почнува да ми се мрси после 4-5 дена. Еден период коа ја миев секој втор ден приметив дека многу побрзо ради миењето почна да ми се замастува. Ова е особено кај оние кои имаат ретка коса и тенко влакно па често косата изгледа замастена иако постојано се мие. Се знае што е лоша неизбањата коса.Најчесто пуна перут а особено неуредно ми е кога ке видам подраснат корен кај фарбаните и расцветани врвови пуни метил кои се познаат уште од пола коса. Да земе човек ножици у рака и да им ги скрати косите пошто стварно делуваат лошо и неуредно а не убаво како што си мислат они.
И јас сакав да го кажам тоа за косата, имам ептен ама ептен сува коса, и некогаш ме зезаат колку подолго ти стои не измиена ти е поубава, и стварно е така. Јас ја мијам еднаш во неделата, колку да не ме гризе мене совест, а не дека ми е мрсна. А верувајте секогаш ми е свежа како да сум излегла од миење. Значи ваква коса имам и немам потреба да ја мијам, ама тоа не значи дека сум неуредна. Си се туширам секој ден зима/лето без разлика. За мене неуредна девојка е онаа која не води грижа за хигиената, не мора да мириса на скапи парфеми доволно е да се избањаш со сапунче, немора ноктите да ти се налакирани, доволно е да ти се средени , чиста облека и обавезно чисти обувки.
Да, доколку девојката има акни под дифолт таа не одржува лична хигиена. Хормоните не ги рецкаме. Имам многу пријателки кои имаат проблеми со акните, а се преубави и секогаш мирисаат на чисто.
Гледам на профилот имаш 25 години.. Ако е навистина така,вакво размислување за 25-годишна.. Лошо БЕЈБИ,лошо
Ги прочитав сите мислења и се согласувам со многу од нив и да не повторувам истите работи,само ќе додадам нешто што за мене важи за неуредност ,а тоа е умирисани чорапи. Од мала мајка ми ме научи,кога одам на гости или било каде,да сменам чорапи,и кога ќе се вратам не да завршам со истите во кревет,туку да облечам други.
Шуќур ги измислија влажниве марамчиња. Дотогаш се мачеја девојкиве да се капат. Стварно, која е намената на влажните марамчиња? Сигурно не е замена за вода !!! Се почесто гледам другарки, кои лето, зима, само со влажни се бришат и толку. (Ако веќе правиш вака, подобро со пешкирче и чиста вода избриши се )
^ Па на сред работно време пример или на факултет кога ќе се запотиш тешко да најдеш пешкир и вода до себе па да се замиеш Веројатно тоа им е намената...
Влажните марамици се добри за вадење шминка, и после голема нужда освен со тоалетната да се забришеш и со нешто влажно ако во моментот не можеш да се замиеш. А не за бањање....А да и за чистење обувки.
Не мислев на тоа. Туку кога се заменуваат наместо вода, и во домашни услови. Наместо капење, влажни марамчиња...
1. Долги нокти- заѓубрени под нив 2. Фиксно мрсна коса- заперутена 3. Флекници на чевли , па дури и штиклата- изглодани, изабени од носење и несменети, недотерани од чевлар. Во овој контекст и извалкани, калосани или напрашени чевли. 4. Мирис на закоравена пот- едно е испотено сега, пред некој час и денес, а друго е 3 дена небањато, башка облечени алишта кои веќе се добро испотени претходно 5. Лична хигиена и на тело и на глава и на нозе и дефинитвно на уста. Оние кои не си мијат очи за добро утро. Џабе црвен кармин со наслаги од јадење на заби ( не зборувам за остатоци од штотуку јадено- сусамче или оригано, ами наслаги од неизмиено) 6. Чачкање во уши, нос и заби на јавно место 7. Носење на исфлекани или скинати алишта (со дупчиња или распорени) 8. Оние кои не ја вадат шминката пред спиење, а утредента си стават нови слоеви 9. Гнасна кујна и купатило на домаќинката/девојката/жената 10. Онаа која е средена, а си дозволува мажот и да шета исполнувајќи поголем број од горе наведените точки
Неуредност...доста често не е соодветен збор. Не знам каде се учи дека крвавите влошки се фрлаат од тераса или дека се оставаат шлапнати на плочки во јавен тоалет...ама сериозно! Гарантирано тоа се истите оние кои не мијат раце после користење на тоалетот...или пуштаат само малку водичка низ прстите за да помине редот. И секако благодарение на интернетот и можноста секој да се докопа до форуми каде што разно разни гуруа споделуваат совети за убавина - Какаото и бебешката пудра се новата замена за шампон. Сведок бев на неколку изјави полни со воодушевување на изумот...замислете, цела недела може да „тера“ така косата, ако се испраксираш со техниката. На крај краева, општо прогласената божица на светов Адријана Лима во едно интервју изјави дека никогаш не ја вади маскарата до крај, туку само нанесува нови слоеви. И оди после докажи дека тоа не е тајната на убавината
Да се разбереме, перут не е неуредност, перут е едноставно здравствен проблем, се појавува и го снемува, не за џабе се лечи во клиника Науредност е поголемиот дел од работите кои ги напоменавте признавам, ама јас се сеќавам и на време одамна кога живеев со баба ми, бог нека ја прости душичката со памук ми ја испи, бањање два пати неделно извојував со билатерални средби помеѓу баба ми и дедо ми од една и моите од друга страна, ама наоѓав начини, секоја вечер миев ноџиња, интима и мишки со грч ладна вода, е сеа бубрезите страдаа ама затоа никогаш никој не ми рече дека смрдам, наместо долга бујна коса си се шишав кратко бидејќи така ми беше полесно да ја одржувам, има начини, мора да признаеме... Ќе бидам малку сурова, како и девојката што ја отвори темава со еден недоличен пост, ама ќе речам, оние кои се трудат нечистотата да ја прикријат со шминка, парфем и слични маски, не се неуредни, тие се гнасни, има разлика. Имам колешка на работа која е неуредна, бирото и е постојано хаос, ташната постојано и кипат фискални и ѓубренца, што впрочем и мене ми се дешава често со оглед на тоа што низ градов корпи се бројат на прсти, косата и е постојано подникната од фарбаното, бушавка и нефенирана, ама затоа е чиста, секогаш мириса убаво и се облекува пристојно, истата бушава коса и е секогаш измиена, шминка не користи што пак не ја прави неуредна. Жени, женчиња, вие што тврдите дека со шминка се добива слика на уредност, дубоко се варате, шминката само задскрива, и бубуличавото лице се лечи во клиника, не значи дека е неуредност, бидете вие измиени, испрани, спастрени, па ич шминка не мора да имате, за чешлањето и јас ќе ви простам бидејќи имам мака со чешелот, на сува коса не проаѓа кај мене тоа, ама затоа ми е прибрана и чиста. Многу се расприкажав, размислете малку пред да етикетизирате некого како нечист, прљав, неуреден, паричето има две страни
Значи ако од нешто се ежам тоа е од луѓе кои мирисаат на манџа и на кромид и на лук. Колку сака нека е нашминкана, средена и нокти и флекници ако ми мириса на лук, кромид, и на манџа за мене е тоа неуредена девојка.
Пред се под неуреднос подразбирам не одење на лична хигиена. Повеќето работи на кои секоја девојка треба да внимава ѓи наброивте, тоа се: Миење на интима Барем наутро и навечер, и тоа не само вагина туку и анусот, и секако редовно менување прслуци и гаки. Исто така редовно миење и отстрануање на влакна од под мишки, и секако косата. Ужасно ми пречи кога ќе видам девојка со мрсна коса која смрди на цигари манџи и се останато. Исто така ѓи спомнвме мишките, иако зимно време не се гледаат и си викаме ма ајде кој ќе се бричи сега ладно е, но забораваме една работа дека мишките зимно време кога се покриени, мирисаат по непријатно отколу летно време. Па така верувам на сите ни се случило да го почувствуваме тој мирис кога некој другарка ќе не гушне, од под блузата да излезе мирис кој ќе не удри дирекно во нос. Исто така неуреднос е доколку собата или куќата ви врие од прашина а вие си седите на компјутер и си слушате музика, или чекате мајкави да ви го намести креветот иако сте веќе средношколка и доволно возрасна да сама го правите тоа. И она најмногу што ме ужаснува нередовно менување на постелнина.