Јас сум личност на која многу и значи уредноста кај луѓето (и кај машки и кај женски). Во блиска околина немам такви што се неуредни ама додрка учев стредно имав девојче во клас што многу беше неуредна. Косата секогаш и беше премногу мрсна и некако лошо мирисаше, алиштата како неперени и сл да не набројувам. Не е проблемот ни во условите ни во ништо конкретно кај нејзе, бидејќи си има услови за се, но ете не знам дали не се приметува ама не знам како не им смета тоа на некои луѓе. Јас не можам да не се измијам и сл барем тоа се основи работи што секој може да ги направи.
Не се поднесувам самиот себе кога не сум среден. И исто така неможам да гледам некој друг кога не е среден и не се грижи за себе, макар тоа било машко или женско. Посебно кога ќе видам дека некој не се грижи за најосновните работи на своето тело. Лице, коса, заби, Свесно дека е испотен и мириса а да не се истушира и слично.
Искрено,до прва факс не се замарав кој и колку се одржува,имав солидно домашно воспитување и стекнато добри хигиенски навики.Од кога почнав да се бањам сама па до денес, повеќе од 2 дена не сум издржала да не се средам .Кога живеев првпат со цимерки,сфатив колку женско може да е неуредно. Се продуховив буквално. Од тогаш,боље со свињи би живеела него цимерки.
Врв на неуредноста ми се луѓето кои не мијаат заби на сабајле Само да знаете дека се познава ... и мириса
Мене ми е поразително како општество уште да зборуваме за тема хигиена во денешно време, а хигиената треба да биде нешто што се подразбира дека треба да го има и кај жени и кај мажи. Жално е што треба се уште ,,да се потсетуваме" меѓу себе како луѓе дека треба да одржуваме хигиена.
Секој ден туш, ама секој ден коса да миам нема шанси. Без коса ќе останам. Истите тие неуредни девојки имаат мажи со исти хигиенски навики како нив. Па да не се истуширам пред секс мажот ми нема шанси да легне со мене,а ни па јас со него ако не е туширан.Млади, здрави, прави а се туширале на 4дена.Срамота.
Депресија не е хипотетичка ситуација. Мислам дека имаше теми и за таа состојба. Отвори, прочитај што може да го снајде здрав, прав човек. А ти влегуваше заедно со нејзе во ВЦ за да ја провериш што прави и колку пати се мие? Може ѝ било неудобно каде кај вас па згора и да се тушира и да троши, може се гади да допира туѓ туш, може понела толку со нејзе, може немала крпа па се срами да побара, може имала трет проблем.. толку можности, а ниту еден не е твој проблем. Што нема да прочитам...
Higienata mi e na prvo mestoo.. dali bilo stetno za teloto i kosata tolku cesto da se mie ili ne ne me interesira do sea vo moi 27godini ne sum dozvolila nikogas vo mojot zivot da mirisam na pot a ne na nesto drugo.. kosata premnogu mi se mrsi sabajle se banjam do vecer taa mi e haos nedaj boze dva dena da ja ostavam taka ne bi mozela da se poglednam vo ogledalo.. edinstveno koga ja ostavam dva do tri dena maxx koga imam menzis i znam deka sum samo doma ne izleguvam nigde kosata ja ostavam da odmori a teloto obavezno po nekolku pati se tusiram.. za parfem sekogas mirisam zatoa sto luduvam za parfemi i kupuvam nonstoop neveruvam nekoj da trosi tolku mnogu .. sum bila vo nekolku situacii kade sto zensko ne drzi do svojata higiena i bas mi e odvratno ne deka nemale tuku ne sakaat i ne im smeta za toa mozam do sabajle da pisuvam ama ednostavno ne sakam da se potsetuvam sto sve videle moite oci..
Баш зошто толку често ја миеш и толку често се мрси. Најди си асална фризерка да ти ја оправи косата. Еднаш пред години гледам сум пишала на темава. Сега веќе не ни гледам ни приметувам, само смрдеа ужасно ми смета. Маж, жена, небитно. Иако мажите далеку повеќе смрдат. А дали била чупана, или нокти, не приметувам. Освен ноктите ако не се огромни и некои прејаки бои, што ми смета.
Мит е дека од претерано миење косата повеќе се мрси. Треба да си најдеш само шампон што е благ и врши нежно измивање, што одговара на скалпот и типот на коса, без да е агресивен. И јас си најдов таква добра фризерка што ми ја оправи косата само со секојдневно миење. Инаку коса мрсна по природа нема шанса со немиење да ја истренираш да не се мрси. Од личен пример, со години секојдневно ја мијам и 10 пати поздрава ми е од претходно.
Во мојот случај се покажа точно, сега ја мијам, па после ја мијам на третиот ден. И не ми е мрсна. Е сега, веројатно си зависи од многу фактори, ама ако е до тоа проблем подобро да се реши така и да не се бафта некој со секојдневно миење. Ама, не би се спорела на темава, го дадов како предлог зошто мене ми помогна. Не се разбирам многу во коса инаку, затоа и фризерка асална предложив.
Dzabe sum bila i na frizer.. no takvo mi e vlaknoto na kosata tenko.. sto nemam koristeno pak isto e.. duri i crna se farbav i plava i sekakva pak isto nema spas..
Имам другарка која што мислам бар јас дека не води доволно хигена за себе, и малку ми смета тоа како физички така и психички и незнам како да и спомнам. Се тушира на 3 4 дена што сметам дека е малку,ајде во зимскиот период ок некако ми беше но сега како затопли таа исто на толку време. Имам забележано неколку пати непријатен мирис ама поретко, почесто онака некој мирис на не перено на не баш пријатно нешто и бидејки не користи парфем тоа иди до израз. А знам дека кој и да е ке се навреди, од околу и имам кажано јас дека секојдневно или секој втор ден се туширам, не и косата ама телото обавезно. Друго, користи еден литарски шампон за цело тело и коса и мислам дека во денешно време ми е без врска кога има препарати за се...