Таквата девојка ќе ја препознаете кога ќе видите дека има : 1. Eдна супена лажица засушен вагинален исцедок на гаќичките кои не ги сменала недела дена 2. Никаков склоп на околности не создава објаснување за влакна на местата на кои не треба да ги има, препоните и пазувите мора да се депилирани постојано, не сезонски 3.Нокти со нееднаква должина, делумно или целосно изгризани, со излупен лак и куп нечистотија под нив 4.Нечисти уши, 5. - НЕСРЕДЕНИ ВЕЃИ - делува немарно и неуредно, кога имала 20 минути да се исцрта со ајлајнер веројатно има 5 да одвои да ги среди веѓите Спојлер 6. Недепилирани надусни.Во комбинација со несредените веѓи и солиден слој пудра ...вознемирувачко 7.Мрсна коса 8.Изникнати корени, ако веќе се одлучиле да се фарбаат нека го прават тоа навремено 9.Долга коса со расцветани врвови, оштетена 10.Нередовна лична хигиена, воедно и орална 11.Непеглана,оштетена,скината,исфлекана облека и обувки 12.Износена долна облека,испарана,растегната 13.Скинати хулахопки/чорапи Кај неа дома веројатно: 1.Владее општ хаос 2.Постелнината не и е сменета подолго од недела дена 3.Носена долна облека е расфрлана насекаде, и облеката општо е во истиот куп со испраната, нездиплена и неиспеглана 4.Кујната- веројатно мијалникот е полн со засушени мувлосани чинии од минатиот викенд, работната маса нечиста а под апаратите трошки и остатоци од храна, хартија и отпад насекаде.Шпоретот, изразито рерната не се исчистени откако се купени.Во фрижидерот има мувлосани тегли и празни паковања , чинии со храна во нив, испомешана миризба која дефинитивно не отвара апетит 5.Купатилото - кадата е бигорлива и потемета, вц школката мириса на фекалија и канализација, остатоци од измет се со око видливи, урината е присутна и на капакот како и на плочките веднаш до тоалетот.Лабавото е со влакна, на полиците има влага и прашина 6.Остатокот од куќата веројатно никогаш не е изметен, по тепихот има отисоци од чевли и нечистотија а под масата веројатно цуфки 6.Чашите имаат отпечатоци од кармини и прсти 7.Приборот за јадење е недоволно исчистен исто, а тоа се забележува во остатоците исушена храна залепена за него 8.Пепелјарите се преполни, завесите и ѕидовите пожолтени 9.Чистењето на тешко достапни места за неа е неизводливо и се прави најмногу еднаш годишно Во друштво таа : 1.Се смее гласно, зборува прегласно 2.Пие премногу 3.Се чепка во носот и ушите 4.Врвовите од косата ги става во уста 5.Со прсти копа остатоци од храна меѓу забите 6.Ждрига, прди.Гризи нокти 7.Ги чеша препоните 8.Ги душка сопствените пазуви, колку да провери дали е време миризбата да ја камуфлира со парфем 9.Предолго разменува телесни ( орални ) течности со партнерот
Неуредни дефинитивно се оние кои: -не одржуваат лична хигиена редовно(јас имам една соученичка кој до пред некое време мирисаше навистина непријатно,да не речам смрдеше,а на косата како масло да истурила); -косата им е неисчешлана и бушава; -веѓите им се несредени и неисчупани Спојлер - се нашминкани и намирисани ,а неизмиени; -облеката им е искината,неиспеглана и со дамки; -се недепилирани и им се познаваат влакна под пазувите; -кога ќе се облечат,не знаат да се наместат; -имаат 3 кг шминка лошо нанесена и изгледаат вака ; -чепкаат во нос,уши... ; -во домот имаат 5 тона прашина,ненаместен кревет,непроветрени простории,неизмиени садови,нечисто ве-це.
Неуредна девојка за мене е таа што легнува со тон шминка на неа притоа валкајќи ја навлаката од перницата која не ја менува повеќе од една недела,станува на сабајле без да се измие лице,излегува од дома без да се измие заби па уште кога ќе ти раскажува за синоќешната забава на која јадела скара и боцнала малку од кромидчето и се прејала нафора со макало па и уште те прашува да не ти мириса и ти на тоа ма неее нема шанси а тоа да труе на мешана арома на лук,кромид и непријатен здив кој потсеќа на нафталинот што го ставаше баба низ алиштата!Да се вратам пак на набројувањето-неиспрани алишта,дамки,остатоци од пудра на блузи/кошули и на тачот од телефонот кога ќе прави муабет па залепила пола од пудрата на телефон имала типката галакси 4 па земи мајко му стара избриши го еднаш! За скинати,оштетени обувки не коментирам бидеќи не е некој будала по овај студ и по дожд и снег да оди со скинати ако има дома здрави!А дефинитивно што најповеќе ме нервира се испаднати гумици од штикла посебно која комбинација ја има со плочка-чудо некое!Гумици алооо 100 денари и за 15тина минути нема да ги маваш луѓето во мозок со твоите шајки што "немаш" време да ги поправиш! Редактирам-заборавив да наведам:изгризанинокти,нокти со апла различна должина,лак оставен самиот да си се излупи или нанесување на нов слој врз половина излупен лак,Мрсна "развеана" коса,разбирам за тоа неможи секогаш да се има време за се но барем фати ја во опавче.Ако се потсетам на уште нешто ќе се надополнам.
Ми се случило понекогаш да бидам со мрсна коса, неисчупкани веѓи или надусници, но тоа е се поради недостиг на време. Никогаш не сум си дозволила да не се избањам повеќе од 1 ден. Работните обврски ми се такви што некогаш може да се случи да бидам несредена, дури и самата да ми е гад да се гледам во огледало. Но, не ги разбирам оние девојки, кои си дозволуваат да бидат несредени, иако имаат време да го направат тоа. Живееме во 21 век, средства за хигиена има во недоглед, од ефтини до најскапи. Секој може да си дозволи бар да си купи еден сапун да се избања.
Не ми се верува во 21 век да има неуредни девојки. Па не е до толку криза некој дома да не си купи еден шампон, сапун и дездоранс. За лична хигиена не ти требаат пари, само да имаш воља да се средиш. Под поимот „неуредни девојки“ јас не подразбирам некоја со мрсна коса што е. Некои навистина си имаат проблеми со тоа, пример јас што секој друг ден ми е косата мрсна и се дешава некој ден да излезат со мрсна коса. А од несредени веѓи, надусници, не депилирани раце и бричени нозе ми се крева косата. На козметичар ќе ти ги средат не саканите влакна за 100 денари, не е скапо. А знаете од што ми се гади толку многу? Кога некој ќе си прсне некој никаков парфем (од ружа по можност) а без притоа да си стави дездоранс под мишки. Е од тоа ми се гади. Во дискотеките ми доаѓа со мене да си носам дездоранс и на секоја девојка да и прснувам под мишка што игра до мене. Нема дездоранс ама битно раце крева и највесела е, не е битно за тоа какви трауми ќе доживеат другите. Интимната хигиена е нешто нај битно. Гаќи се менат секој ден, улошка се мени на секој 4 час, депилација редовна или бричење а и притоа редовна посета на гинеколог. Забите наутро и навечер да ги миеш доста е, не се троши паста а тоа е 3 минутна работа. Облеката е нешто сосем друго. Можеби некој нема доволно финансиски средства за да си купи некоја дизајнирана облека. Ама битно е да е чиста и испеглана. Сето тоа и плус бон-тон еднакво на права дама!
Неуредни читај гнасни, со погнасни (не)навики. Тие многу лесно се гледаат и осеќаат. Но врвот на се е кога има измешан мирис на некој парфем, најсмешно е кога е прилично скап, и некоја недефинирана смрдеа на скапан мацан долен веш со пот под цицки, умирисано мивче, со умирисана коса од секакви мириси, оди чуди се шо мириса повеќе. Девојки кои имаат несредени нокти и несредено лице, ни исчупана, ни на веѓа ни на брк, со некое чудно умирисано здивче или па горелчиња светкаат кроз очиња, чук чук, are we there yet?! Девојката е прекрасна и без грам шминка ако сјае од чистота и хигиена, ете толку е едноставно. За неполн пола час може сите овие погорни работи да се средат, и нема потреба од шминка или некои други филозофии, ама не, на кого му кажуваш...
Не ми е убаво ни малку кога ќе видам девојка со фризура, а мрсна коса мислам wtf? изнашлакани со 2 тона пудра, размачкан креон и шминка од претходната ноќ ? Се знае што е основна хигиена.Подобро со сапун и вода ќе се измијам,отколку да ме чеша лицето А згора на тоа и кога ќе видам убава облека, се‘ вклопено во изгледот, ама нокти должина има-лак до пола нема А што е најважно со парфеми се прскаат ...
Уф, во текот на животот сретнуваме секакви луѓе и машки и женски. Кај девојки најгадно ми е кога ќе видам мрсна коса од која патец и се прави на главата на секој дел па и првут. Уф тоа со првутот . Ме нервираат несредени раце, нозе кога имаат влакна, па женски сме, никогаш не смееме да доволиме да ни се познаваат влакна. Искршени заби, исцртани веѓи, премногу пудра на лицето. Облека раширена од носење, не испрана. Туширање треба секој ден, задолжително, навечер после целодневните обврски, трчања ваму таму, одење на работа, дома мора еден туш пред легување. За легнување обавезно треба да се смени долен веш, и тој да биде памучен, а пижамите нормално чисти. Да се менува постелнината. Ехее постојат уште милион работи што треба да се применуваат за да изгледаме свежо, сјајно и убави за око.
мрсна коса,не исчупани веги не издепилирани надусници не исчистени патики кондури кој од бели станале сиви ама сметам на секого му се случило додека работев а работев по 9-10 часа немав време да се наспијам а не да се суредувам само недела ми бесе слободен ден и тогас имав малце појсе време да се суредам (не зборувам за тусирање тоа го правев секој ден) а сега кога сум невработена имам доволно време за све нигде не искачам не суредена
Најгадно ми е кога 5 дена истата шминка само ја повторуваат. И девојки кои грицкаат нокти. Девојки со мрсна коса,добро и мене на 1 ден ми се мрси,ама нема да си дозволам да ја носам пуштена туку ќе ја соберам.. ме нервира и кога ќе видам девојка со бркчиња -.- и кога не си ги депилираат нозете бе.. ја на лето секој ден си ги бричам за скроз мазни да ми се,а они 1 месец не фатиле брич
И кога фризурата ја носат по повеќе од 5 дена дека многу скапо ги коштала и биле кај најдобрата фризерка
се пронајдов во неуредни девојки конкретно јас не фаќам бикче никако туку одам на депилација секој месец колку сум неуредна
Мразам кога видам некоја со излупен лакт на ноктите и неуредни нокти, изгризани. Како што кажавте мрсна пуштена коса, размачкана шминка.
ок. Независно дали е машко или женско, никој не сака неуредна девојка. Која е поентава на темава? A за ова "дефиницииве" што сте ги пишале за уредност односно неуредност, свака ви част . Да ургираме да ви ги вметнат во толкувачи и речници.. Шминка, дотерувачка облека (која не е сечиј стил), дерматолошки проблеми - не се мерило за уредност. Исто така не може да се очекува од секоја девојка, секогаш да биде под конец..
Тоа со првутот не е знак на неуредност аман бе луѓе .Исто како да речете дека ако некој има акни е неуреден .. Не бидете безобразни . Има луѓе што мака мачат со различни шампони и препарати , а причините за појавување се најразлични а не поради нехигиена ..
Кога ве читам вака се прашувам каде ги наоѓате овие жени?Искрено јас не сум сретнала такви со натрупана шминка. А можеби причината е таа дека не се движам многу меѓу народ и немам обичај да ги анализирам.Не знам јас која менува еднаш или неделно гаќи,или во каква постелнина спие.Она што го знам и што го приметувам се телесните испарувања.А тоа го има во огромни количини.Мирис на пот со застоен мирис на лук,зачинет со мирис на сирење,најчесто сум го сретнувала по автобусиве.Навистина не гледам кој има првут,надусници или нечупани веѓи,ама приметувам кога некој замирисува.На работа имав колешка на која облеката и мирисаше на пржена риба.И шприцаа дезодоранси во канцеларијата и на столчето кај што седеше.Го познавав и маж и , и за чудо тој беше тотално спротивен на неа.Секогаш среден и намирисан.И не ми влегуваше во глава како такви две спротивни персони опстојуваат во брак. Имам и комшивка која е надобрата личност што сум ја сретнала во животот,но знае да замириса и тоа баш често. Значи жената не мора да биде ни депилирана,ни чупана нека има и првут само да не мириса на пот.Сапун и вода денес секој има.И немојте да кажувате дека е ефтино денес да си среден.Секое средство си кошта.И не очекувам од некој кој денес нема да потроши ни 100 денари да мириса на парфем.Очекувам само да не ми замирисува.
Сапууууууууунче Срамота. Плус на ова, гардеробата за излагање им стои веројатно у ходник ли, у кујна ли.... незнам, па кога ќе ти се доближи веднаш знаеш што готвела во текот на целата мината недела. А помладиве па.... ако користат дневни улошки мислат дека гаќи нетреба да се менуваат секој ден Значи никој не збори за акни или за перут.... работата е во основна хигиена, а тоа не е скапо. Секој ден пред работа се туширам. Тоа ме "уземјува". Ми го намалува стресот и ме буди. Неразбирам да се станува за на работа 5 минути пред времето за излегување па ниту измиени, со шминка од вчера, незчешлана...... Што си мислат? Не приметуваме? Или не им е гајле јуппп, тоа ќе да е