1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неуредни девојки

Дискусија во 'Тело' започната од Strumka22, 30 септември 2013.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Воглавно повеќето знаат да се искапат и нашминкаат, но има девојки кои знаат да имаат многу ужасни, гадни навики...
    И колку и девојката да се претставува како средена, има работи и факти со кои се покажува како ептен несредена (за тој кој ја знае подобро).

    Жени кои:
    -не знаат, не сакаат и им е мака да си ја исперат и испеглаат гардеробата. Секогаш се згужвани, а на алиштата само ставаат парфеми за да мирисаат поубаво.
    -одат ‘протутурени‘, никогаш не знаат да се средат, да бидат наместени во алиштата, секогаш нешто им виси, нешто е кратко, нешто ги стега и како појава изгледаат несредено.
    -верувале или не има многу девојки кои не знаат да сменат долен веш, го носат со денови, по цела недела, а прслуците ги носат дури и по цел месец.
    -не користат тоалетна и не мијат раце после одење во вц. :x Да, и такви ги познавам.
    -под пазуви наместо да се измијат ставаат парфем (буквално парфем) исто и на косата, ако им е усмрдена.
    -на кои дома им е лом, им е мака прашина да забришат, да исмукаат, пешкирите во вц и кујна им се гнасни и превалкани од што им е мака да ги исперат, во дневната нема што не ќе најдеш, се е натрупано и расфрлано

    И баш има жени кои имаат вакви навики, ама тие самите секогаш навидум се дотерани и средени. Така да, не е баш лесно да го процениш некој колку е не-среден доколку не го познаваш повеќе.

    А, за оние кои очигледно се неискапени, не коментирам, ги има, но поретко...
     
    На LittlePinky, calliope, Anabelle.Amorette и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    9.045
    Неуредни девојки кои покасно преминуваат во неуредни жени,мајки и.т.н.Тоа е немарливост според мене,таков си е створена и таква ќе си биде.
    Сепак мислам дека се работи за пореметени сетила за мириз,а во некои крајни случаии и искривена слика за тоа како треба да биде една жена. :D
     
  3. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Девојки со изгризани нокти и излупен лак.
    Небањати девојки
    Недепилирани
    Несредена коса ( подникната, нечешлана, мрсна).
    Непеглана.
    Неиспрана.
    Нечисти чевли.
    Девојки кои не си ја вадат шминаката, па шетаат со полуизвадена размачкана шминка.
     
  4. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Она што мене ми иде да и вреснам во фаца на девојка која за мене е неуредна поради:
    1. Излупен лак на нокти. Ако не можеш да го средуваш редовно, а ти се лупи заради работа или небитно.. НЕ СЕ ЛАКИРАЈ. Нокти без лак се милион пати подобри од нокти со излупен лак.
    2. Сува кожа на лактите. Ако си ги мачкаш рацете, ништо не те кошта да си ги намачкаш и лактите..
    3. ПОТ. - антиперспирант не е исто со дезодоранс АМАН СФАТЕТЕ. Па кога ќе се измешаат мирисите... ;( ;( ;( И не се става антиперспирант на неизмиена мишка!!
    4. Мрсна коса. Не ме интересира дали ти е таква кожата, ако ти се мрси секој ден МИЈ ЈА СЕКОЈ ДЕН. Ако ја фатиш во репче пак се гледа дека е мрсна, кого залажувате? И ако си решила да се фарбаш плава, фарбај се редовно. Немој да си сељанка со црн корен!
    5. Влакна. Ако немаш време или план да се средиш, тогаш не облакај нешто што ги покажува влакната! Да сите ги имаме, ама затоа ги ОТСТРАНУВАМЕ.
    6. Размачкај си ја пудрата на линијата на вилицата, те молам.
     
  5. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Се согласувам со се,да не се повторуваме јас би додала уште едно нешто од кое инстантно ми се лоши.
    Несредени стапала и отворени сандалки.Многу важен детал се и средените петици,ама ете се почесто го гледам ова.Па кога си можела да средиш се друго,аман тоа не одзема многу време :D
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    според мене:
    (без навреда ве молам,тоа не значи дека е секогаш-само при брзање но за мене нема шанси не се запуштам ;) ) Жената треба да е во очите на другите жени и на мажите таа накоја ќе и завидуваат за уредноста.

    * Жена со кратки и неуредно изгрицкани нокти
    *Жена со излупен лак како географска карта
    *Мрсна коса-ептен залижана даможеш шише зејтин да наполниш
    *Изгужвана облека
    *неразмачкана пудра
    *Сува кожа како лушпи -па ставете крем
    * Влакна -скоро подникнати а тие во сукња,панталончиња :fubar:
    *Несредени нокти на нозете
    *Пожолтени заби-не велам за оние што име е таква коската,се познава неизмиено ;)
    *Пот- лоочки под пазуви ,или миризба
    *неисчистени чевли
    *пајажина,прашина,неизмиени садови,не сметено - а дома ти доаѓаат гости + неисчистено ВЦ
    * Несредени петици-кашкавали тоа...да рендаш.. :puke:

    Ете толку ми текнува сега за седа,ќе се надополнам акоми текне уш :) те нешто
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    А вие вака со деталниве листи од кои претпоставувам (би требало да) сте тотална спротивност, скоцкани од глава до пети, што влакно не ви штрчи, што се потите еднаш во годината и потта ви мириса на лаванда...кај се криете и зошто ве немаме забележано?

    Што знам, уредноста не ја гледам толку во порцелански надворешен изглед отколку во манирите.
    Ако толку ја мрзи да измие и исчисти лице, а безделничи по цел ден, неуредна е, ама ако цел ден бркала работа па се згужвала и ѝ се растурила шминката или си ја собрала косата, голема работа.
    Џабе сестро француски маникир кога раце не миеш за да не си ги скршиш ноктите.

    Имам познаничка од тие совршените што вака прават километарски листи што им смета кај девојка што не ги исполнува нивните стандарди, и во ред ми беше дури не појдов во тоалет после неа.
    Дел од тоалетната хартија фрлена врз капакот на кантичката, оти немој ќе ја пипне, друг дел безгрижно си плови во онаа жолтарија после која не пуштила вода, ама битно шминката беше поправена. А однадвор - кукла. Уште сакате да ѝ аплаудирате?
     
    На CameliaMiller, Elenaaaaaaaa, Mishela и 28 други им се допаѓа ова.
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.757
    Допаѓања:
    24.964
    Пол:
    Женски
    Мене ми е едно нешто многу смешно на темава, кога читам мислење за секојдневно менување долна облека... мислам, од каде знаете вие тоа, ги проверувате девојките што ви се во близина, или имате некаков си x-ray vision... или зборувате од лично искуство? :)

    Исто како lunicka што пишала на претходната страна, јас немам сретнато девојка која ги исполнува сите услови кои сте ги набројале, барем оние кои јас ги среќавам секојдневно се средени, незамирисани... се случува да видам мрсна коса, но уредно собрана, а ги разбирам, студенти ко студенти, мрсна коса во сесија на пример е најмал проблем. Како и да е, не мора да значи ни тоа, има луѓе на кои мрсната коса/првут им е медицински проблем, и не значи ако оддаваат впечаток на несредени дека и долниот веш не го смениле со денови, смешно е да се заклучи такво нешто. Освен како што кажав, ако не им проверувате.

    За мене лично, едно нешто ми дава впечаток на неуредна девојка - тоа се неизмиени заби.
    Тоа е нешто што е видливо на прв поглед, паѓа во очи и е гадно. Миење заби наутро е прво нешто кој секој човек треба да го направи, но некои ја немаат таа навика, за жал.
    Други фактори, како излупен лак, мрсна коса, првут, неиспеглана облека и слично, се ептен релативни и не мора да значат ништо.
     
    На MaggieTatum, LilBaby, Hipster и 7 други им се допаѓа ова.
  9. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Од темава заклучив дека ги исполнувате сите критериуми на уредни девојки од глава до пети.Останатите кое не се на ваше ниво не ги ни погледнувате.На сите верувам ни се случило некогаш да сме "неуредни" било поради факултет,работа.Па не безделничиме со огледалцето 24/7.Сепак сметам некои работи можат да се прикријат,ако немала време да се издепилира да не носи кратки сукњи,пантоломчиња.Како што кажаа некои девојки косата може да се мрси и од здравствени причини,а и за време на сесија немаш ни време да ја миеш секој ден.Миење на заби,долен веш,интимна хигиена се подразбира и не сум видовита за да знам кој сменил гаќи а кој не,се што прави за него си прави.Манирите на добро однесување сепак се многу поважни,со нив се подразбира и уредна девојка.Неможам а да не забележам дека една моја колешка незнае ни ножот ни вилушката да ја држи правилно а камо ли да сече.Тоа е нешто што повеќе ме иритира..џабе убавина и уредност без овие манири се губи од убавината. :D
     
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Изгледа голема моќ на перцепција имаат луѓето па знаат дали некој менува гаќи и дали се брише во тоалет , се прашувам како ли знаат :D

    Инаку мене ми е јадно кога млада девојка оди на гости и како некоја стара тетка што нема друга работа оговара како не и било средено на домаќинката , јас не ни приметувам а таа знае дека во десното коше имало прашина |( Додека оваа се мачи да те послужи и угости ти и ги броиш прашинките :x

    Јас да си признаам знам да бидам неуредна кога излегувам собата ја правам ураган ама после си ја средувам .. А па ако учам околку мене има расфрлани книги , маркери , пенкала , листови, кафиња, чоколатца ако ме види некоја од аналитичаркиве сигурно ќе ми напише минус :lol:

    А не знам кај ги најдовте девојкиве , не сум приметила девојка да мириса на твор воглавно сите се средени ... Млади девојки тамн работа . Хм девојки што не одржуваат хигиена се надевам во се помал број се.
     
    На Mimi123, LittlePinky, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  11. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Факт е едно, сите најмалку еднаш во животот сме биле неуредни. А дефиниции за неуредност има толку колку што постојат луѓе на планетава. Секој со свое гледиште и свое мислење ама немој некој да ми тврди дека никад не излегле од дома со мрсна коса, или пак не се испотиле а уште помалце пак дека лакот секогаш им е во перфектна состојба. Колку и да се трудиме секогаш да сме скроз скоцкани сепак ќе се најде и еден таков ден кој покрај некаков сплет на околности, зафатеност или куп обврски ќе се најдеме во ситуација и ние некаде да отидеме несредени, па побогу не е крај на свет, живи луѓе сме, на сите ни се случува.
    Обично неуредните девојки само и они си знаат дека се неуредни затоа што како што кажаа и многу пред мене не им проверуваме гаќи, ниту пак има водам евиденција колку често се бањаат па да знам. Од друга страна пак знам девојки кои имаат проблем со потењето па колку и да се тушираат и да ставаат дезодоранси и секакви чуда сепак не им помага, и тие не го сакаат тоа но се случува да замирисаат и тоа не значи дека не се средила туку дека неможе да го исконтролира истото. Има девојки кои косата ќе ја измијат сабајле а веќе до вечерта од косата може зејтин да им цедиш. Епа мене тоа не ми е несреденост. Од друга страна пак постојат девојки кои што ќе се бањаат на недела дена ама ноктите ќе им се секогаш средени косата измиена ама џабе кога телото ти е нечисто.

    Уредноста се состои во лична хигиена ама не значи дека само ако се бањаш редовно и не мирисаш на пот дека си средена. Пред некој ден баш пишував за ова, џабе парфеми и напудрено лице со тон шминка кога косата 5 дена не си ја измила, мене тоа ми е несредено. Јас лично кога косата ми е мрсна ја собирам во пунѓа и гледам што помалку да се нашлакам со шминки затоа што некако грдо за око ми е, сум немала време да измијам коса ама сум одвоила половина час за да правам пунѓа од мрсната коса и да ставам сенки и туш. Изгрицкни нокти се несредност, најнечистото место од телото да го моташ по уста, па уште пред други луѓе не само што не е пријатно за гледање туку и некултурно е. Ако веќе не ги пушташ ноктите барем погрижи се да ти бидат секогаш уредно исечени и да нема остатоци од храна под нив. Тоа се елементарни хигиенски навики.
    И не е во ред, и е несреденост да го носиш лакот на нозете што си го ставила уште во март па целиот излупен и избледен да си го промовираш истиот со новите салонки во мај, има многу такви девојки, сведок сум. Ако веќе не си ги средила ноктите не ги покажувај барем, а и која девојка неможе да одвои 10 минути за да се налакира кога знае дека ќе носи отворени обувки, тука веќе станува збор за незаинтерсираност и негрижа за сопствениот изглед и хигиена.

    Во глобала неуредноста е релативна и е ствар на различна гледна точка на секој човек, ама пак ќе повторам, дефиниции за неуредни девојки нема, а и сите сме се нашле во некоја ваква слична ситуација така да не треба одма да осудуваме. Сепак луѓе сме, на секого може да му се случи неколкупати ама доколку се случува редовно, константно тука веќе дефинитивно станува збор за неуредна девојка.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.858
    Мојата золва може да се рече дека е неуредна девојка значи има 29 години уште е немажена дома се облекува исто како ѓупка и бетер значи све ми бое лепо стое и нешто скинато па недокинато, косата 24/7 мрсна (зејтин), лицето исто мрсно :puke: ај доста беше.
     
  13. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Да бидам искрена, темава не ми личи на ништо помалку или повеќе од катче за оговарање. :D
    Не би му се мешала никого во личната хигиена, ни знам ни ме интересира некоја колку исцедок имала на гаќите и дали ѝ мирисаат. :lol: Ако секогаш изгледа убаво и средено, ќе знам дека е секогаш средена и дека води сметка за својот изглед, а подалеку не одам. Па нема да ја соблакам јас бе, дечковците нека им мислат. :rofl:
     
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Имавме една во средно медицинско што доаѓаше секогаш мрсна во косата, намирисана со најновите парфеми на свежо зготвената манџа, пот и некоја сензација на пржени лепчиња.
    Еднаш стана да одговара на табла и заприметивме дека носеше двобојни фармерки... значи и дошло менструација и не знам кој почна да се смее... ама и смешно беше. Не памтам ден оваа да се средила некогаш. Не е дека немала вода или шампон. Напротив, девојчето можеше сето тоа да си го дозволи, само не знам како не и беше срам така да доаѓа на училиште.
    :puke:

    Ааа да исто така познавам една што никогаш не си ја мие косата и излегува без да се исчешла, неиздепилирана со кило мустаќи и гајтан веѓи. Кога дечкото ќе ти се скара за да биди со некоја таква, знај дека машкото е пи**а и треба да почувствува малце мустачиња и влакнатост :rofl:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Супер напишано, и јас на тоа алудирав.
    Сите знаеме понекогаш да не сме средени, ама кога некој има грозни навики, е тоа веќе е несреденост.
    И ги има многу навидум совршено средени девојки, ама со ужасни навики, бетер од машки.

    Доказ за тоа се и јавните вц.а
    Сум имала прилика да бидам во јавно вц во странство и било толку средено, што се вели почисто од дома.
    А, овде кај нас јавните тоалети се крш. Фрлени влошки со крв, крвави тоалетни, испомо*ани шољи...чиви се тоа ??? А, гледаш сите околу тебе се дотерани во кафичот, а во тоалетите друга приказна е тоа.

    Кој живеел со цимерка/цимерки, знае како е.
    Личностите се едни кога се гледаш само за на кафе муабет, а други кога живееш под ист покрив. Сакал, не сакал, многу работи ќе гледаш. ;)
    А, исто така кога одиш со другарка во тоалет, на викенд, одмор, некаде, ехее ќе воочиш и тогаш многу работи.
     
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    ^Па и јас сум живеела со цимерки , па никогаш не сум гледала дали ги менуваат гаќите не и светев кога се пресоблекуваа нити па гаќите им ги памтев а па најмалку ќе одам во вц со неа да видам дали користи тоалет :^)

    Кај ви текнуваат вакви бизарни работи бе . :D
     
  17. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Па прво според надворешниот изглед ќе ја приметиш, смрт ми е кога некоја ќе ми замириса на пот/манџи, ај разбирам лето сите се потиме ама во сред зима да труе на километри не ми е за верување дека се поти зашто и е топло, или па алиштава разбирам во некои куќи се готви и мириса и се тоа, ама да се во плакар нема да се замирисаат.Или мрсна коса, не зборам замрсена па фатена во пунџа, апла мрсна се познава 4/5 дена немиена па врв на тоа и нечешлана :tmi: ...Најлошо ми е па римел застоен засушен повеќе од еден ден или пудра и сенка слоеви секој ден нов. :puke:
    Остај надворешен изглед, јадење без манири, грицкање нокти на јавни места, непеглани и исфлекани алишта, во јавно вц непуштање вода и оставање на видик искористени влошки и така натаму, може да утре да набројувам.
     
  18. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ако до толку многу те интересира :^) ... Ние кога бевме цимерки си ги имавме поделено задачите, и на едната цимерка и беше задача перењето и спружувањето, па од другата цимерка секогаш имаше само еден пар гаќи неделно, и секогаш првава ја дриблаше на вторава за тоа. :wasntme: Ама нејзе не и беше ич гајле, самата кажуваше, имам два пара нив си ги менувам. (иначе девојчево имаше и пари, и ненашминкана не одеше ни до в продавница. :lol: )
    За второто, по нашите тоалети честопати нема тоалетна, па таа дотична особа самата си кажува дека не користи тоалетна. И сите другарки превртуваат очи, ама тоа е... Секакви ги има.
     
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Не ми е интересен моментот како дознавате , туку фактот дека ве интересира тоа .

    Мала шала не се жести , прв пат слушам за вакво нешто мислев хипербола е песната- цела недела гаќи не си сменила :D
     
    На Bozica1980, Domino и Hipster им се допаѓа ова.
  20. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.456
    Пол:
    Женски
    А за дома како да се облече,во балски фустан од последната колекција на Ел Сааб???Друго каква врска има тоа што е немажена и има 29 год со целиов муабет за несреденоста?Или поентата ти беше да ја подругаш пошо ти си омажена и у Кавали фустан шеташ по дома...Побогу дома е, 90%од сите тука дома шетаат во стара облека која што верувам им се случило и да биде со по некое дупче и да биде избледена од перење и сл.Затоа и се вика облека за дома-место каде можеш да си допуштиш да носиш старо,од ланска мода и без едно копче,да изгледаш како кловн зошто си купил распар тренерка од Певекс наместо еднобоен оригинал од Наик и Адидас...Алал нека ти е на муабетов и оговарањето на золвата...Се надевам удобно се осекаше во Зуахир Мурад фустанот додека го пишуваше срамниов коментар посветен на золва ти ...
     
    На RedWine, CameliaMiller, sweet-star и 9 други им се допаѓа ова.