браво убаво и каза и навистина каква врска имаат годините и тоа сто е немазена со муабетов валда и смета дома
Некогаш некои работи и да не те интересираат, ако си буден и свесен за случувањата околу тебе, многу работи ќе приметиш и увидиш. Тоа не значи, ајде сега ќе оговараме или зборуваме лошо, туку само имаш увид во нешто, си заприметил.
Абе одма се јавуваат светиците на вакви теми, демек сите сме имале неуредни денови така ќе се тешиме што сме се усмрделе на пот и сме излегле со мрсна коса, бла бла, дрн дрн јариња. Па брука ми е бре да засмрдам на пот и да излезам со мрсна коса, што ако сум студент пола саат ли немам да измијам и исушам коса (јас имам коса до половина така да не ми објаснувајте што значи долга коса и колку време треба да се среди) или да си одвојам пари еден стик да си купам? Место да искуцаш 5 мислења на форумов можеш да се избањаш. Тоа е хигиена бе девојки, па срамота е така некој да излезе од дома. Ја форумов го читам со години и едно не ми е јасно има милион и една глупа тема, на пример што јадевте денес и кога некој ќе пише јадев грав, после у друга тема се збори оваа пишува само у темата што јадела денес да и се собираат мислења. Па ако не треба да пишува зашто постои таа тема? Или како тука, што е за вас неуредна девојка, па кога некој ќе пише одма се тука светиците, аауууу ти никад ли не си излегла неуредна од дома... Не бе не сум излегла, нити фрлам улошка без да ја завиткам, мењам гаки секој ден, се депилирам, не фрлам тоалетна на земја, мијам коса на два дена, мијам мишки и ставам антиперспирант и не се шлакам со 3 кила шминка што ќе ми се размачка. И не очекувам аплауз, туку за мене е тоа најосновна хигиена, а тоа немав време и ми се деси да се усмрдам не е оправдување туку МРЗА и апсолутна НЕХИГИЕНА.
Дома имам една таква неуредна жена- етрва ми Битно таа да оди по маало и да и доаѓаат гости, а не е битна прашината од три прсти, и до „колена“ ѓубрето на теписонот и прашината по ламинатот , вецето не исчистено. Ќе си заминат гостите таа наместо да ја среди одма масата од храна и тањири, таа си одмара. И утре и текне да собира се кога веќе сувомесното се исушило, и засмрдело од салатите. А таму спијат со мало дете. Облеката ајде ја испрала, но ја натрупала на куп на гарнитура и тоа и е џоа шкаф за облека, само зема и фрла пак на купот. Детето и е 5 месеци таа ни му пегла облека, ни го бања (еднаш во една недела), а детето смрдка на повратено (бидејќи повраќа често од млекото). Има многу да се зборува за неа ама ајде....
Јас мислев темата е да дадете свои дефиниции за тоа што според вас претставува неуредност,и која девојка е неуредна,а не да ја користете темата да ги оговарате јатрвите,золвите,свекрвите,комшиките..
А нели светици би требало да бидат оние уредните во случајов, а не обратно? Јас па не сум забележала некоја до толку усмрдена и гнасна па да ја пишам во темава. Може и јас не ги меркам толку другите девојки, не гледам да им најдам забелешка, а и не ме интересира некако да ви кажам право. Гледам за мене да најдам време да се средам за да не ме оговараат вака кој кај стигне. И ми се случило да немам време да измијам коса, да сум била до касно ан работа, другиот ден да морам рано да станам, да сум мртва уморна и само да гледам да фатам кревет. И што сега? Мислите ми било гајле дали некој рекол другиот ден види ја оваа со мрсна коса? Ќе си фатам едно репче и чао пријатно. Поважно ми било да поспијам некој саат за да функционирам другиот ден. Ееее некогаш за какви глупи работи се фаќаме страшна работа.
Подобро да ти е чиста душата отколку собата ми е правило, но некои работи мора да се пазат. Посебно ме иритира мочањето врз капакот од шољата од жените, и тоа во сите можни расторани, кафичи, секакви вецеа и слично. Знам дека не е хигиенски да се седне на шоља на кој друга седела, и затоа мочаме потклекнати, но ако веќе е така, па кренете го капакот, не мочајте на него! Капки жолта мочка има на секој капак у секое веце! Толку ли е тешко да се заврти и сопствената мочка да си ја избрише?! Или да го крене капакот? И зошто не фрлате хартија во кантата туку на земја? И како бе можете веце да оставите со капка крв на него од менструација и да излезете и во очи да погледнете следна девојка која влегува по вас? За другите фекалии не можам да зборувам, веќе знаете каде се ги има, освен низ вода.
Немора тоа да го сметаш за оговарање, бидејќи нели овој форум е анонимен, така да никој незнае која ми е јатрава (лично за мојот погоре пост). Едноставно сметај го ова како пример за неуредна девојка. Кога ја видов темата, најпрво за неа ми текна и ја опишав во најкратки црти.
Што се однесува до мрсната коса, перутот и бубулиците можам да кажам само молете на господ да не ве зафати таа беља. Имам пријателка која има хормонално нарушување, бубулици, косата на еден ден и се мрси, плус перут. Гадни пари дава да се среди, на не знам колку доктори оди. Дома и блиста, како аптека и е станот и покрај тоа што има 2 мали деца. И таа спред вас кога ќе ја видите е неуредна?? Друга личност, не ми е пријателка но со неа се гледам често службено. Нашминкана топ, нокти секогаш направени, коса средена а бе милина, се додека не отвори уста!! Е тогаш земи бегај. Јас знам луѓе дека имаат мака со непријате здив и тоа е медицински проблем, но не мора да знаеме што си јадела. Аман има Орбит мастика во секоја трафика, аптека кај сакаш. Е за мене оваа вторава е неуредна.
Ја превртев цела тема и се изначитав најразлични мислења и некој стварно ми биле, да не се изразам ''глупи''.Да не бидам прво Оф топик, за мене неуредна девојка е девојка која констанно е со мрсна коса, несредени нокти, смрди на пот константно, долните алишта и мирисаат на мочка затоа што гаките не ги сменала една недела и и фатиле кора, под ноктите секогаш има црно,и и се никакви, ни лево ни десно и зафаќаат агол, влакна на ноза раце а они лупнале нешто кусо, шминката заушена по 100 години и пудра три кила(иам една таква во клас и коа се поздравуваме ме лепи со удрата брр гнасно), И врв на се жолтилата во ушите и жолтилата на забите.И јас немам врв бели заби, коската мие таква и си ја мразам али од километар се гледа дали коската или нешто др е во прашане. Напишав горе констаннто.И ај сега неуредна сум и јас зашо ми се десило еднаш двапати во месец да излезам со мрсна коса, или пак несредени нокти?Па луѓе до толку лие срамота, ќе си ја фатам во репче и терај, ме боли кој што вика и како вика.Било ладно, зафатена сум била, сум немала време и сум излегла со мрсна коса.Голема работа, да.имам другарка која ксоата и е таква мрсна, па било кои препарат и да користи таа има мрсна коса, и никако не можи да се спаси.Неуредна е бре, не заслужува да се нарече девојка, мрза, мрза!Друго, имав првут и никако не можев да се ослободам од него, да не дај господ да си го имате овој проблем.И сега ајде да шетам цело време со капи или да не излезам од дома зашо имам првут.Г-л-у-п-о-с-т-и! Стварно ме нервираат некој вакви мислења, не за џабе викаат критики за изглед можеш само од жена да добиеш, маж не би ти рекол што си со мрсна коса.
Да видиме искрени, апсурдно е да се занимавате со тоа која девојка колку е уредена. Ако и желба да не е, смешно е да се оговара тоа, последиците сама ќе се ги добие, ако тука ја оговарате нема сигурно да се подобрите сами себе.
Тогаш нека се затвори темава. И многу други теми нека се затворат, штом нашите мислења за неуредност се оговарања. Зошто повеќе или помалку и во другите теми се вклучуваат трети лица, примери од секојдневието и сл. Сите сме различни и сите си имаме свои аршини и мислења што се подразбира под поимот неуредност, и најнормално е секој да си го кажи своето мислење.
Според мене неуредно е кога ќе видам: -девојки со неиздепилирани надусници и раце -неисчеткана коса -премногу пудра -излупен лак -и рапави раце -девојки кои не користат дезедоранс За ова...постојат многу начини за справување ...сите дома имате ленти па ништо нема да ви биде ако се издепилирате,чешлање,миење заби,ставање крем и дезедоранс се дел од лична хигиена....
Според мене најзабележителна е косата , треба да биде постојано средена . Потоа веѓите ,надусниците и лакот на ноктите .
Имаше едно истражување за магистерска, една пријателка на моја пријателка, случајно бевме на иста маса. Истражувањето и биле навиките на луѓето кога мислат дена никој не ги гледа. Ставила камери во тоалетите на неколку ресторани во Скопје, во делот за миење раце (не кај шољите). Статистички, од 100 девојки, 12 ги имиле рацете после веце, а 60 машки се измиле. Исто така, машките веднаш излегувале, откако ке се погледнат во огледало, а девоките ставале парфеми и кармини, со немиени раце. Доволно покажува за хигиената на жените.
Неуредните девојки се една специфична тема на која можеме да дискутираме од повеќе аспекти... Се согласувам со најголемиот дел од мислењата, дека под неуредна девојка се подразбира девојка која не внимава на својот физички изглед, поточно личната хигиена. И навистина е така, секој кога ќе види девојка со мрсна коса, црно под ноктите, мириса нај-пре-непријатно (смрди е недоволен збор, па затоа се заборавив со претставките), забите и се жолти, петите груби, влакништата ко да има некој Y- хормон вишок... Но, јас знам еден дискутабилен пример за горенаведениот опис. Поточно, жена и нејзините три возрасни ќерки, секогаш се тип- топ средени, облека, шминка, фризура, нема што муабет да правиме. Сум имала прилика да отидам кај нив дома, и веќе текот на приказната се менува... Имено, не можеш да влезеш во дневната од купиштата чевли до вратата, ѓубрето спремно за фрлање, компири, кромид и останати залихи за зимата кои стојат во ходникот, некакви теписони, алишта (перени и неперени) итн. Ако одиме на таа карта дека "се случува", ова се нема случено еднаш, туку вака е во текот на целата година, па затоа вадењето не проаѓа... Навистина не можам да си објаснам како некоја девојка/ жена може да си дозволи да живее во таков дом, и притоа да причекува гости??? Само уште да се надоврзам на темата, изгледот на некоја девојка/ жена во јавност, за мене не е мерило дали истата е уредна или не, ако го земам во обзир овој пример...
Хммм малку офтопик ама се сомневам дека ова е вистина Кој ресторант би го дозволил ова ? За што, за изработка на магистерска А и колку што знам за да снимаш треба да поставиш знак дека објектот е под видео надзор . Па и во тоалет .
Па ако ме лажела девојкава, и јас ве лажам вас Иначе, тоа е 24 саати поставено само, снимено во еден ден, а и ако газдата ти е другар, се е можно Секако, не одат јавно снимките, па не треба дозвола и барање за да ги снимаат девојките и момците. Мене ми се допадна истражувањето. Инаку, јас секогаш, познавала ја девојката или не, им викам ако ги видам дека не се мијат раце Онака, културно, како, девојче, ај ти измиј се раце, па јас по тебе, или извини ако ти пречам, измиј се раце, ке почекам...нешто у таа форма, коо да не е директно. Иако, на една и реков, ти не се миеш ли раце после мочање? Не можев да се воздржам.
Теми не треба да се затвараат, секој треба да си го каже своето мислење, но понекад тоа мислење води кон апсурдност. Во овој случај би рекол дека хејтање на некој што не е сличен како тебе (не зборам за тебе буквално btw), е начин како човек да се осети подобро за сопствениот живот, и воедно да се подразбира дека нејзиниот живот е посреден. На пример, Девојка А > Хејта Нехигиенска Девојка Б > По дефиниција можеш да хејташ само луѓе што не се како тебе = Девојка А е хигиенски настроена и средена со животот.
во мојот клас има едно такво девојче.. јас подразбирам под неуредна девојка да стане наутро да се облече и да отиде на училиште (пример) ни да измие заби ни лице итн..