Значи денес ми се згади од женско Кога слагав од автобудс абе ја гледам женскава и и се чудам... Ајде тоо со имаше коминација крш остај,можеби нема пари или од друга причина небитно... Но зарем една женска треба да остане не мијена во главата 20 дена,со обичен сапун од 20 денари може да се измие и да не биде толку мизерна,масло од глава да и протекува блкссссс не ми се јаде откако ја видов .....
За мене неуредна девојка не е девојка со мрсна коса или со првут.Па има такви и тоа е медицински проблем. Не е ни неуредна девојка таа што е лошо облечена.Не секој има пари да купи облека,за да има секој ден разно да се облекува.Познавам и такви и не ми пречи тоа. Потењето не е знак за неуредност,бидејќи има такви се потат и ништо не може да им помогне.И тоа не ми пречи. За мене неуредна девојка е: -Таа што не мие заби,се гледа дали се миени или не. -Таа што не мие лице,со гурелки(така ли се викаа)на очите,станала од спиење не ги тргнала и тоа се познава. -Таа што не мие раце,да мирисаат рацете и тоа може да се осети. Еве ова се за мене неуредни девојки,не се уредни тие што мирисаат на скапи парфеми,тие што одат со разна облека секој ден,не не се тоа уредни девојки,џабе е ако не мијат заби,лице и раце,останатото пропаѓа. А нажалост денеска само се гледа да мирисаш на скап парфем од 2000+ денари и една комбинација само еднаш да ја облечеш.
за дадените одговори пред мене За мене неуредна девојка е таа која не знае како изгеда четка и паста за заби.Па и да нема нешто пари тоа не е скапо.Барем со вода да ги помине.Мрсна коса а уште повеке неиспеглани алишта
Се согласувам со напишаното. Засрамувачки е во денешно време некој да не води сметка за ваквите основни човечки навики и потреби. Хигиена на прво место. Презирам луѓе кои се вакви, за жал ги има многу. Една еден пример, девојкава ја познавам, порано се дружевме сега не, значи не толку блиска- ден и ноќ е со шминка на лицето нејзино, ноќе не ја вади т.е чисти, утредента сабајле повторно иста процедура лепи пудри секакви, веке и се имаат наталожено на лице и кај вратот се гледа каква е-одвратнаааааааааа-ми се повраќа кога ке ја видам таква со 1 кг пудра-како фасадирано и е лицето, размачкани очи, сосмрдена и никаква, а мисли дека е најзгодна риба во градот. Смрдла глупа, вода и сапун во денешно време не е никаков луксуз. Се прашувам како воопшто лицето го поднесува тоа константно нанесување на таа пудра која ги затвора порите и не и дава на кожата да дише.
Според мене неуредни девојки се оние кои не ги мијат забите редовно, одат со мрсна коса , се капат еднаш неделно, исшкртани им се рацете, рапави им се, оние кои не стават дезедоранс после вежбање или кога ќе се испотат, оние кои им е бушава косата и др.
Zabi neizmieni 100 godini duri talog nafakalo; mrsna kosa zacementirana so lak za kosa,vosok i sl;iskinata,valkana ili neispeglana obleka;nedepilirani noze i pazuvi; neuredni nokti so izlupen lak,3 sloja eden vrz drug; nesmenet dolen ves cela nedela...
Ух имам во опкружувањето такви, среќа не ги гледам често... Ацетон за нокти и е непознат поим, додека не се излупи сам лакот, ќе тера така, еден нокт пократок, друг подолг, кога ќе треба нов лак, одозгора врз стариот. И сум и спомнала да ги среди некој пат, вика дека ја мрзи. Млада девојка, се и овозможуваат нејзините... Заспала со шминка после искачање, па наместо да ја извади кога ќе стане, не, на утринско кафе со истата...Страшно!
Јас имам другарка која става `100 кила` пудра и исто толку маскара воедо не бришејќи ја старата.Не знаете колку грдо и неуредно изгледа
За жал некои девојки не се свесни за ова.За нив хигиената е последна точка на списокот.Сите имаме проблем кога ќе влеземе во пубертет,но мораме да прифатиме некои нови навики.Ама овие девојки не се свесни дека не се веќе деца па да чекаат да ги бања мама,или дека другите не забележуваат какви се тие.Вчера ја гледам една со разлетана коса(мрсна),со непријатна миризба под мишки,и воопшто целото тело непријатно и мирисаше,на гузериците 5cm кал,очилата матни,и после не гледала.И уште тоа прваи муабет на телефон дека сега се туширала.Девојко зарем вака мириса твоето тело откако ќе се истушираш??? И на крај сакале дечко.Забите и фатиле талог,ноктите со различна големина со полуизлупен лак,веѓите од кизнеј кога неисчупкани и надусниците истотака.Немала време да одвои 15 минути за да ги исчупка веѓите.но имала 20 минути да наклај 100 кила шминка која трае 3-5 дена и го ставила дури и новиот eyeliner да го испромовира.Страшно.Секој може да си дозволи едно сапунче најефтиното чини 25 ден.,бикче,и паста за заби.Жалосно е за екстремните случаи кои ни тоа неможат да си го дозволат,но затоа сме тука ние да помогнеме а има и институции.Но тие 125 ден. трошат за едно кафе в кафич.За да се камуфлираат купуваат Версаче.Џабе им е.За интимната хигиена ни да не зборувам.Ако вака изгледаат на кизнеј колку време ги менуваат гаќите.Таа им е сигурно на 0.Хигиената им е последна точка од списокот.На крај нас тоа ни е најмалку гајле,ќе пооговараме одредено време и ќе се заборави.Ама чистота е половина здравје.За нив е полошо,па после фатиле габични инфекции,заразна болест,и што уште не.На сите ни се случува некој ден да излеземе неуредни,со мрсна коса,ама секогаш тоа не.Тоа е одлика на неуредените девојки.Сигурно и алиштата не им се средни,и некрената постела.Уф.. Што се однесува до облеката,кој колку има финансиски средства ќе си приушти облека.Важно е да е испеглана и чиста.Неуредни девојки запомнете ЧИСТОТА Е ПОЛОВИНА ЗДРАВЈЕ.
За мене неуредна девојка е кратко и едноставно: -онаа што не ја одржува в ред личната хигиена. Не секој може да си дозволи работи како:шминка,марка облека и сл. ама секој може да излезе од дома среден.
Мислам дека секоја девојка може да си дозволи да си ја одржува личната хигиена, и не треба а и не смее да излезе од дома без да се измие на пример... па ајде девојка си или што си..
Една таква секој ден гледам во школо (Да напоменам дека не е од тие што не можат да си дозволат да се средат). Косата секогаш и е нескотена, на половината блузата СЕКОГАШ и е дигната. Па и се гледаат, хулахопки, долна маица, гаки (веќе на памет знам што гаки има). Цело одд. и го има видено газот Ноктите кога и се лакирани - географски карти. Од градникот или долната маица, рамки извртени, па и се гледаат. Носи фармерки (или палта) со расипан патент. Патиките ако си ги зачисте ќе заврне.
Ве читам и ви се чудам.Па вие немате појма κолκу е убаво да не се тушиρаш,да не се миеш лице и заби.Пρво тρошиш вода,сапун,шампон и паста.Тоа е се тρошоκ κоκ ρазбиρа.Поефтино е κога си фатиш баκтеρија и може да завρшиш на опеρација.А κе забоρавев за подмивање на интимата нее заш да се мие па κе настиме нема вρеме насабајле κо κе стане моρа да се нашлаκа уште толκу пудρа κаκо што има на лицето.А масκаρа моρа да има κао да има 3 паρа надгρадба на тρепκи па дуρи и топчиња од заκоρавност се имаат појавено.Заш да менува гаκи сеκој ден или паκ сеκојдневни κе си ги носи со жолтκо,чоρапи една недела.Аве немате појм κолκу е убаво да си смρдиш...И после мажите биле ваκви таκви а ние жените сме смρдливи гипсиρани пρинцези!!!
Неуредни девојки. Мене ова ме асоцира на неуредност, односно девојки што не знаат што кај им е по дома, расфрлано и шминки и се. А ова реално секоја тинејџерка го поминала. А за тоа што се прави муабет во темава, одржување хигиена, е тоа е малце покомплесна работа според мене. Едно е за девојка која ја знаеш, и во какви услови живее и се, да судиш за нејзе да може. А за девојка што ке ја сретниш на пат не е во ред. Има луѓе кои немаат ама навистина никакви основни услови за живот. Затоа кога ке видам такво девојче или небитно, жена, маж навистина ми е жал и помислувам на тоа колку тежок живот има а воопшто не на тоа дека е неуредна. Ова барем јас така. Макар што знам девојче што живее без топла вода, значи миење со потурање, а е секогаш свежо капена. Е тоа е за огромна почит!!!А за другиве примери што ги посочувате кои не одржуваат хигиена од чиста мрза а се им е погодено и наместено дома, е тоа е ...па најверојатно таква домашна култура
Јас под уредност не подразбирам шминка. Доволно е да си измие лице прво кога ќе стане, да ги измие забите а не да и корне здивот на се што јадела во текот на годината -.- И алиштата чисти да се и испеглани. Тоа за мене е уредна девојка.
Темава ми е болна... Ме потсетува што се претрпев цела година со гнасотии од цимерки... Неможете да замислите какви се. Неможам да верувам како може да си дозволат да живеат така, во 21 век. За 2 девојки се работи, по 20 години се. Ќе пробам да ви опишам што се видов и преживеав. Инаку седевме во Стив во машката зграда со сопствено WC во собата и топла вода во секое време. Едната дебилка цела година не се искапи ниту еднаш. Мирисаше што да ви кажам ми се повраќа уште кога ќе ми текне... Цела година постелнина не си испери ниту пак облека. Секој викенд си одеше дома само со едно ранче кое половина и беше полно со книги што и требаа за во петок и понеделник оти директно си одеше од факултет дома и од дома на факултет. Нонстоп беше изнаоблечена со минимум 5 блузи (2 бодиња, маичка на кратки ракави, ролка, блуза одозгора), често носеше дуксер или џемпер и палто обавезно. Да зимурлива е ама таа претеруваше со облеката и нонстоп беше испотена со кругови под пазувите. Секогаш кога ќе отидев во WC-то после неа имаше што да начекам, испомочана шоља, неретко остатоци од изметот во шољата непотерани, а понекогаш и искористена тоалетна хартија фрлена надвор од корпата за отпадоци. Нонстоп го отвараше гардероберот за да ја излуфтира облеката оти и смрдеше на се и сешто (нормално, неисперена цела година). Прозорот секогаш јас го отварав оти немаше услови за живот во собата а неа тоа и сметаше и беше ладно и секогаш се каравме заради тоа. Креветот никогаш не и беше среден. Не дека немаше време мрза невидена цело време само лежеше ништо друго не правеше. Повеќе не вреди ни да се кажува ми се гади од помислата што се преживеав со неа. Другата гнаса со кој живеев исто не се капеше. Нешто во последниот месец почна 1 или 2 пати неделно да се капи незнам што и стана. Оваа си ја носеше понекогаш облеката и постелнината дома да и ја исперат мајка и цело време и викала да ја носи. Заби ретко миеше, очи и лице уште поретко. Не е зимурлива и со неа полесно поминав, не се каравме кога прозорот да е отворен. Арно ама нејзиниот дел од собата секогаш беше бомба. Не и беше проблем ако и е облеката на земја. Гардероберот редовно го луфтираше и сите можеа да видат како и е размаана облеката. Приборот за јадење секогаш и стоеше неизмиен по 2/3 дена. Никогаш не миеше раце ниту пред јадење ниту после, а ниту пак после завршена работа во WC. Е со такви луѓе го делиме воздухот.. Жално многу жално.
Под неуредна девојка не се подразбира некоја што нема скапа облека, 2/3 дена облекла исти алишта, не користи скапи парфеми или шминка. Значи едни исти фармерки и цела недела да ги носи важно е да се испрани и испеглани. Јас откако почнав средно почнав секој ден во различно да се облекувам инаку до 8 одделение не дека немав облека ама таква ми беше навиката што 2/3 дена носев исти фармерки и блуза и ги перев после тоа па другите 2 дена други. Тоа значи дека бев неуредна? Неуредност е ако и секој ден носи различни фармерки ама извалкани неисперени или блузите извалкани под пазувите жолто фатиле веќе од неперење. И тоа не мора да значи дека се нема услови туку дека не сака да се замара со тоа. И да се стави за преку ден па и за училиште малку шминка ајде во ред ама навечер пред спиење секако тоа треба да се измие извади исчисти како и да е. Неуредност е ако сабајле стане и отиде со истата таа шминка од вчера разтечена размрчкана отиде на училиште. Или косата не ја измила 5 дена затоа што флизурата скапо ја платила или незнам што, иако веќе косата и се замрсила и растурила. Во ред е дека некои луге навистина немаат услови за хигиена ама кој е тој што сабајле ко стане неможе да си дозволи лицето да си го измие ве молаам? Па и забите какви мастики и да купиш и од 100 денари па најважно е сабајле да си ги измие. Па секој може да си дозволи да се избања барем 2 пати неделно. Иако летото ич ништо да не се прави пак се потиш топло е. Па нека стави надвор 5 шишиња на сонцето за 1 саат ќе се стоплат нека се истушира. Проблем ли е тоа? Значи се се може ако се сака. Имав една таква сокласничка лани сеа се отпиша. Не дека немаше пари туку сите фармерки и беа извалани од лак од позади седела некаде исто така извалани секоја бела блуза што ќе ја облечеше извалана од јадење мрсно нешто не дека не испрани ама незнаеше да си внимава на облеката. Забите не измиени, се бањаше еднаш неделно а прстите постојано и без во косата освен понеделник секој друг ден косата и беше мрсна. Користеше некои ефтини дезедоранси за под пазувите и кога ќе се испотеше тоа во конбинација со дезедоранс бњак несакам да дискутирам повеќе, толку.
Многу мразам неуредност.Мислам секоја девојка треба да се грижи за себе,редовно да се капе,да мие заби и лице,да си ја мие косата за да не и е мрсна и да ја извади шминката која ја има нанесено.Може неможе секој да си ги дозволи најскапите алишта но,редовно да ги пере и пегла оние кои ги има може.Многу е непријатно кога лошо ти мириса здивот или кога си испотен,но некои тоа не го разбираат.Прво треба да си уреден за себе,а потоа и за другите.Убаво велат дека хигиената е половина здравје.Познавам девојки кои кога ќе застанеш до нив веднаш можеш да познаеш дали се искапени или не.На пример во мојот клас има две такви.Едната мириса многу лошо бидејќи не си ги пере алиштата,редовно има црно под ноктите и ретко ја мие косата ..Другата пак,ги носи истите алишта 2/3 недели,а најлошо од се е тоа што и се крајно извалкани и маслосани ..Потоа таквите очекуваат некој да ги сака и почитува..
Во врска со гардеробата, секој ден иста, мајка ми и тетките кога биле девојки немале многу пари, секој ден иделе со иста гардероба, навечер ги переле маичките и сабајле ги пеглале, во зима ги сушеле на ќумбе а во лето надвор, па со пегла ќе ги досушат ако не се целосно исушени. И ќе речете ама тоа пред 50 години, е арно де пред 10тина години дедо ми почина, мајка ми немаше многу црна гардероба имаше едни панталони и неколку блузи, во лето маички, тогаш бевме во некоја криза, во градба па немаше пари да купи други, секој ден ги переше маичките во лето, пантолоните на неколку дена. И би рекле мајка ми неуредна е? Неуредна девојка не може да биде опис за сите ист, затоа што некоја чиви родители одвај крај со крај крпат не може да ги исполни сите ваши услови за уредност. Уредност е редовна хигиена, миење на лице, заби, бањање, чисти нокти, не мора да се лакирани, чиста коса, ако не повеќе фатена во репче, чиста облека па ако треба и секој ден перење и пеглање... тоа е уредност,