Девојки не мора да имате пари за да бидете уредни. Уредност се знае, условите ги исполнувате 95% од вас. Вода имате сите дома, обично сапунче од 30 денари, шампон имате од 50-60 денари и паста за заби ќе ве чини не повеќе од 200 денари а ќе терате со нив најмалку 2 месеци. Алиштата мора да ви се под конец,односно секогаш чисто испрани, па макар и на раце ги переле, да нема ниту една флекичка на нив, и секогаш испеглани да бидете. Признавам дека не можете да бидете без ниту една свивка на вас и да ви бидат алиштата нон стип како од пегла штотуку излезени, но можете да бидете секогаш чисто испрани. И немој да се жалите дека немате услови кога сите имате, поготово оние што ја читате темава и моево мислење имате совршени услови. Ќе ви дадам пример познавам едно девојче од моето село многу бедно и многу сиромашно, дома од струја имаат една сијалица, девојчето има едно телефонче од 1000 ден и тоа без камера колку да и служи за комуникацја, а од електронски уреди има едно радио од пред 30 години. Иако сме 21 век тие вода немаат дома туку црпат со кофа од бунарот што е на 100 метри од нивното живеалиште. Нема ниту купатило дома, а ниту чешма. А се капе редовно, речиси секој ден и тоа црпејки вода од кофата со обична чаша. Нејзиното семејство работат само земјоделие и сточарство, секое утро и секоја вечер таа е на нива, цела оваа сезона, копа тутун и разни градинарски култури. Молзе кози редовно, чува и кокошки. И секој пат кога ќе ја видам колку е средена едноставно и се восхитувам. Има долга брановидна кафеава коса до газ, секогаш косата и е свежо измиена и средена, ја носи и во плетенка кога работи и секогаш беспрекорно убаво мириса, не само нејзината коса туку и она целата, пошто се капе редовно. Другарка ми е и обожавам да се дружам со неа, ми има кажувано дека кога ќе добие менструација се капе и по 3-4 пати на ден па дури и во зима иако е кочан ладно. И да сведочам за тоа, сведок сум бидејки ја видов кога вее снег среде бел ден а таа со кофа си носи вода од бунар да се избања. Замислете а имам едни гнасотии од клас што ми имат кажувано дека штом добијат не се банјат ни цела недела, се додека не им помине месечното а имаат одлични услови, када, туш кабина, па дури и џакузи и 24/7 топла вода на располагање. Кога е слободна редовно одам кај неа на гости, инаку да напоменам дека нема ниту многу облека. Не повеќе од 2 блузички кои си ги носи зимно време и 2 пара фармерки кои ги има уште од средно. А летно време ја гледам во неколку едноставни кратки панталонки и маички што и ги сошила тетка и. МЕ ВООДУШЕВУВА ФАКТОТ ШТО ДОЛНИОТ ВЕШ И Е СКОГАШ СРЕДЕН КАКО ОД ПРОДАВНИЦА ШТОТУКУ КУПЕН. Нема ниту траги од крв на нив дека воопшто добила некогаш менструација ниту пак траги од бело пранје. Има 3-4 пара гаќи, замислете. Нема ниту еден фустан, ниту една сукња. Никогаш не била на одмор. Нема ниту плакар каде да си ги стави овие неколку нешта. Туку и се убаво свиени и поставени на едно парче издолжено дрво наречено даска. А посетелнината бе луѓе никогаш не станала од кревет а да не си го намести. Чаршавот и неколкуте ќебиња со кое се покрива ноќно време ги простира на прозор да се проветрат. Има 23 години при крај е веќе со студиите, магистер по фармација е. Сите колеги ја сакаат и почитуваат, редовно доаѓаат кај неа на гости и покрај немаштијата која ја опкружува. Нема што да ги послужи освен домашни продукти, сирење кое го произведуваат нејзините, компир и јајца салата, ретко кога има некои овошки на пример скоро ги служеше со цреши, јагоди и кајсии штотуку созреани и некој газиран сок купен од овдешната продавница.И да не сте свесни каков дечко има,не знам ништо за него но е погаташ, по селото се збори дека бил негде од скопје, дека имал бутик за венчаници, дека е менаџер во некоја фирма. Често го имам видено со мерцедес пред нејзината скромна куќичка. И што ме најмногу чуди е што не му смета што таа му е девојка и што е ништо во споредна по имотната состојба со него па дури ни по локацијата, обично од скопје сите се ценат и ги напаѓаат девојките од околните градови ко да се кој знае што и ги вреѓаат ко не знам што. Но девојчето не си имало само чиста среќа, едноставно го заслужува овој човек. Затоа следете го овој пример, џабе ви се парите мајка ми секогаш ми велеше последните алишта ќе ги облечеш ама има да се дотераш. И ќе го следам нејзиниот пример секогаш.
Најбитно според мене, кај едно девојче е да не мириса лошо, да нема лош здив, да нема гадни нокти и да си ги истиска гнојните бубулици ако ги има. Како студент, ми се случило и да не начекам жешка вода од сабајле во студентски да измијам коса или ме мрзело ете, па да ја врзам мрсната коса и да отидам на факултет. Ми се случило и да се испотам заобиколувајќи го цел град по стопати заради факултетот, па да си стигнам троа мирисна и да се фрлам под туш. Ми се случило и да сум на факултет од 7 до 4, и кога ќе се вратам само се мушкам под кебињата, и ич не ми е гајле колку ми е расфрлано и дали ме чекаат филџани за миење на масата. Сепак, секогаш сум наоѓала време да измијам заби и лице од сабајле, да се истуширам еднаш дневно или барем преку еден ден, под мишки ако не па , секогаш кога имам менструација сум наоѓала време да се измијам барем двапати дневно, а миењето коса, кога видиш и не ми било толку битно. Полиците ретко ми беа средени како под конец, кога учев по креветот расфрлани листови и тетратки ама инаку креветот секогаш ми бил наместен. Алиштата обично беа наместени и кошулките испеглани. Сепак, сум се шетала и со неиспеглани мајци, ама не сум смрдела, што лично мене ми е најбитно. Депилирање? Ме виделе цимерките со неиздепилирани нозе кога сум немала време или слично па гајле ми е, важно не сум stinky. Дури и кога бев во основно, кога џепарлакот ми беше за јадење денес во школо и толку, сум си штедела да си купам рексоничка од оние малите да не смрдам таму во школо. За мене неуредна беше цимерка ми, на која плакарот и беше под конец и полиците ама нечистите чорапи и гаќи ќе ги оставеше по креветот или столот. Не дај боже гости да ми дојдеа. Во студентски, никој нема да ти замери ако книгите не ти се средени на пример туку да не оставаш твоите гадотии да му смрдат некому, ти да не смрдиш. Еве цимерка ми речиси секој ден переше, ама гаќите бе нечисти, да ми ги остави таму да ми мирисаат, да ги гледа кој како дојде. Две секунди би и требале да ги бутне в плакар каде никој не ги гледа. Мастиките ќе ги залепеше на масата, зарем јас треба лигите да и ги фаќам да ја одлепувам? Имам другарка, што нонстоп ми корне, двапати и подарувам дезодоранс ама никако да и текне изгледа а има стандардни услови да се избања и да си купи стикче. Немала пари...да бе, а за по две кутии цигари секој ден има. Најсмешна од сите ми е една колешка, испозанесена, дигната до немај каде , ја гледам редовно си ги депилира рацете, а бркови има бре страшни. На секој му се случило да му подникнат, ама кај оваа не се крие. Па и кога ќе нашлака пудра ле-ле. Врв на неуредност? Спојлер Кога ги мрзи да си зачистат после голема нужда во вецето. Ете тоа. Го*ната таму некој друг да им ги чисти. Додуша, ова не е неуредност ова е уби боже.
Па за да бидеш уредна не ти требаат којзнае колку пари..Едно шампонче од 50-60 ден. ќе има колку за еден месец,сапунче од 20-30 ден. и паста за заби не се којзнае колку скапи..Не ми се допаѓаат девојките кои не одржуваат лична хигиена и како што спомнавте погоре не ја тргнуваат шминката па спијат со неа или утре пак ќе си одат со истата..Па толку ли е тешко да си го измиеш лицето..Или да имаат црно под ноктите и пола нокт изгребан лакот..А од такт ме вади некоја супер средена девојка кога ќе си чепка по носот или ушите..И мразам изговори како оние немав време или премногу бев изморена..Ај да немаш време да си ја измиеш косата и да ја носиш врзана ама да не си ги измиеш забите или лицето е ова не го подржувам,па колку и да си изморена измиј си ги забите 3 минути работа..И не е неуредност ако не ставиш шминка или одиш со скинати патики,па ако немаш пари да си купиш нови,ќе ги носиш сигурно нема боса да одиш..
Неуредна девојка за мене,е: -Нема поим кога последен пат ја измила шмиката од сабота кога излегувала -Мрсна коса,па и ја пуштила,и 1000 пати си ги пика прстите во неа -Црно под ноктите,за ацетон не е слушнала бидејќи чека лакот сам да се излупи -Не е слушнала за чепкалки за уши,бидејќи си брка во ушите сама си ја вади нечистотијава -Не е слушнала за брич,има влакна на нозете од тука до вечноста,а за под пазувите да не ви зборувам,имам таква една во класот -Не користи антипреспиранти,наместо стик да си става под пазуви става парфем -Не памти кога последен пат се исчупала и ги издепилирала надусниците -Облеката којзнае од кога не ја испеглала -Насабајле на училиште четка во косата не е удрила -Zdivot i mirisa na luk i kromid,za pasta ne e slusnala -Na ocite ima "grutki" koi i se zalepeni i ne se izmila za edno "dobro utro" NO BITNO GO IMA PARFEMOT NA NIKI MINAJ OD AMERIKA DONESEN I MASKARA OD 100 EVRA OD MAYBELLINE,DRUGOTO NE E BITNO
Искрено се згрозив читајќи го мислењево во спојлер.Едноставно ,,чест,, е да имаш некоја ваква цимерка.Ти завидувам на нервите, јас ни еден ден не би ја трпела Спојлер Сите тинејџери сме запознаени со ова .Се обидувам колку толку, да си ја средувам собата и да бришам прашина али да шетам некапена повеќе од 4-5 дена, да излезам надвор од куќава неизмиена лице и заби? нема теоретска шанса . Можеби ќе звучам многу дрско али кога зборувам со некој таков на училиште јас отворено им викам: Се извинувам ама нешто силно смрди, ќе правиме муабет на некое друго место во друго време. Толку завршена приказна.Едноставно неможам да трпам, па кога ќе ми пријде некој кој јадел лук цела вечер .. па-па
Тоа со мрсната коса и немора да значи. Значи има девојки кои кога се во пубертет косата им се мрси постојано, а па и постојано миење не чини. И мене ми се мрси некогаш ама си ја врзувам не ја мавам лево десно. За гадното под ноктите пред се е срамота на школо да се оди со толкави нокти затоа јас ги си сечам ноктите и од друга причина оти имам цвекиња надвор и имам наивка да бркам околу нив низ земјата тревки вадам и во ноктите ми се полни со земја затоа ги сечам. Во врска со ушите чепкалките се 20/30 денари секој може да си купи една кутиичка цел месец ќе си има. Во врска со непријатниот здив немора да значи дека забите не се мијат. Ако во устата има некој расипан заб може и од тоа да мириса. Постои заболекар кој за чистење на расипан заб зема околу 200 денари. И ако редовно се мијат забите 2/3 пати дневно мислам дека други проблеми ќе нема. Сепак се зависи и до исхраната. Во врска со влакната на нозете ако не се отстранети немора да се носат куси панталони, а за под пазувите мислам дека мора обавезно. И една моја комшика се избањала и се избричила под пазувите и веднаш по баањето си ставила парфем (не антиперспирант) и ден денес има таму некоја си флека или што јас знам, мислам штетно е и антиперспирант да се става ако гледаме од таа страна ама парфем уште повеќе. Сепак се знае кое за што е. Ако блузата не е испеглана немора баш таа блуза да се носи денес. Ако некоја флека не се вади а е на доста видливо место не мора истата таа блуза да се носи. И насабајле 2 минути е да се исчешла косата а не како був. И ако шминката/флизурата за свадбата на комшиката се платени скапо немора да значи дека цела недела треба со нив на школо да се оди. Се знае после свадбата се бањаш и толку и од шминка и од флизура. Некој може навистина нема пари за некои работи ама жално е кога ќе се види млада, убава девојка не посветува внимание на себе. И менењето постелнина, чистењето, нема ништо срамно ако си исперам 2/3 маички на рака па немора се пералната да го врти тоа што е за во перална добро ама 2 паи сум ја облекла сум се испотила и не мора одма во перална. Доста непријатно мене ми стана кога отидов кај едно девојче да земам нешто ме покани внатре креветот и не наместен и на чаршавот некои црвени капки најверојатно од манструација и таа само го покри тоа со кебето. По 2/3 дена одам пак да вратам нешто пак ме покани влези влези ајде влегов собата во уште поголем нерен пижани, тренерки, блузи, мечиња се расфрлано. ќебето на земја истиот чаршав со истите флеки си стои. Значи таа на тоа спие. Мислам секому му се случило некогаш собата да биде растурена ама вакво нешто незнам стварно.
Убав пример за неуредност сум јас Косата секогаш ми е на сите страни. Кдрава, немам време и жифци да ја пеглам. Шминка - пудра никако, само навечер понекогаш. Ме гуши и ми стои смешно ко шарана сум, доволно ми е чисто лицето. Креонче и кармин се доста. Накит - имам златни обетки кои ги немам извадено 3 години, златна колба која ми е на рака 2 години. Ланче не мора. Алиштата ми се секогаш исперани, никогаш не пеглам. Дома не ни имаме пегла. Но неможам да разберам некој што не се бања! Некој што, мириса на видливо човек што не вил вода цела недела Туш пред излегување и пред спиење.. Ако се испотам во текот на денот и тогаш. Или пак, неиспрана постелнина или гнасотии насекаде
Ова што ти го спомна на почетокот не е неуредност. Ако косата ти е фуста и кдрва, не се шминкаш, не пеглаш, не носиш накит не значи дека си нредна. Погоре објаснив што е нередност. Лето е се потиме сигурно дека ќе се истушираш, испереш, средиш. Најважно е да не се мириса на пот на ова топло и да не се шити арома насекаде.
Темава ме потсети на една моја цимерка. Типичен пример на неуредна девојка. Од водење лична хигиена, па се до облека и постелнина. Не бевме долго време заедно. Неколку месеци. И во тие 3-4 месеци, можеби само 5 пати се искапи. Миење лице и заби на сабајле никако. Бојлерот го пушташе секој ден со изговор дека ќе се капи, а потоа и беше мака и капењето го оставаше за наредниот ден.Ама тој ден никако да дојде. Влакна по цело тело, веѓите шума, мустаќи ала Гоце Делчев, косата масло. Битно секогаш беше нашминкана. И никогаш не ја вадеше шминката, туку секој ден додаваше уште на местата кај што и беше забришана. Трепките еден тон маскара. Исушена. Јас да сум така, ми се чини, не ќе можам да гледам.Ќе ми тежи шминката. Што е најтрагично, работеше во слаткара и се чудев како не и паѓа ни малку незгодно да се појавува таква на работа. И тоа работа која бара голема чистота и хигиена, бидејќи пред се се работи со храна и луѓе. Облеката секогаш гужвана, исфлекана. Ретко (скоро никогаш) не ја видов да пере или да пушти алишта во перална. Постелнината исто така. Никогаш не ја менуваше и не си го средуваше креветот. Раце пред јадење не миеше, после одење во веце исто така. Дечко и постојано беше кај нас на спиење и се прашував како може сето тоа да не му смета. За неа да не правиме муабет. Не и беше воопшто непријатно. Понекогаш дури и пред него ко на шала ќе речеше "сега кога ќе легнеме исто како со маж да си легнал". Ма каков маж бе. И мажите се поуредни од неа. Ама таа си беше навикната да живее така и за неа тоа, најверојатно, беше сосема нормална работа. Е ова е за мене пример за неуредна девојка. Во секој поглед. Не е важно да имаш скапа облека, да си секогаш нашминкана и дотерана. Важно е да си чиста, да водиш лична хигиена, да имаш чисти алишта и да не смрдиш да не може човек да се доближи до тебе. А сето тоа се постигнува со вода, и ако не повеќе, еден обичен сапун од 10-20 ден.
^ Јас имам слична другарка како онаа која ја опишала Barbie20. Значи луѓе, девојката мириса многу непријатно бидејќи речиси никогаш не се капи! Ајде сфаќам, постојат луѓе на кои кожата сама од себе непријатно им мириса, и тоа е веќе дерматолошки проблем кој треба соодветно да се третира па од ова не треба да се прават шали. Ама не можам да ги разберам овие ваквите кои се здрави и не им пречи нехигиената. И да се навратам за другаркава...Значи косата и е постојано мрсна, и никогаш за овие неколку години откако се дружиме, не се сеќавам да и ја имам видено чиста, исчешлана или средена. Наспроти ова, секогаш е нашприцана со најскапите парфеми и облечена во последна мода. Очигледно е дека преферира да изгледа отмено, а личната хигиена што е најмногу битна не ја става ни во втор план. Затоа многумина од наше друштво ја озборуваат, но јас си премолчувам бидејќи незгодно ми е воопшто да коментирам, особено во ера кога бар водата и сапунот во сите домови се достапни за употреба и тоа во неограничени количини! Дури неколкупати се обидов дискретно да и посочам, но замислете, ми се налути па цел месец не ми зборуваше. :geek: Страшно.
Ако нешто ме нервира кај една девојка тоа е да е несредена и запуштена. Мрсна коса, несредени нокти, извалкана облека и да мириса лошо.
Имав другарка која никогаш не беше уредна.. Ај што не ја миеше косата редовно, ај што и беше и полна со првут и мрсна, ама секогаш труеше на пот, никогаш не ставаше стикче. Секој ден беше ваква...Доагаше со подочнаци на училиште од овде до Авганистан и назад, за тоа немаше никаков изговор. Здивот и труеше...Имаше пари за да си купува скапи парчиња облека, а немаше за еден обичен стик. И од кога се омажи остана истата. Па добро бе жено, дај суреди се.. Си се омажила.. Ако и сега не водиш сметка кога? Да речеш дека немала пари, не беше тоа изговор.. Имаше...веројатно мрзата си го правеше своето.. И да напоменам, имало моменти кога не само на пот туку мирисаше и на цигари. А што беше најжално околу тоа ништо не превземаше, ништо. Еднаш за роденден со друштво и купивме една колекција со дезодеранс, стик, купка шампон. Се навреди... ама никому не му беше гајле... Тоа што го трпевме поради нејзе беше пострашно.
За мене неуредност е извалкана, неиспеглана и смрдена облека најпрво.Никогаш не би дозволила да излезам со накапана блуза, или изгужвана.Исто гад ми е кога ќе видам девојка на која лакот и личи на географска карта, со еден тон кал под ноктите.Жолто на забите, смрден здив, неколку дена не извадена шминка ми е катастрофа.Нечист долен веш, една недела не сменат, корка фатил.Се ежам од самата помисла. Друго, спомнувате мрсна коса со првут дека било знак за неуредна девојка.Да, неуредно е и гадно да се види, али во одредени случаеви за тоа не е самата девојка виновна.Имав во клас девојче што 24/7 беше со мрсна коса.Какви се шампони не пробала кутрата, ништо не и помогна.Као рафинерија за масло и беше, џабе ја фаќаше во репче.Првутот исто така е огромен проблем.Јас долго време се борев со него, и не сте свесни колку е незгодно.Дури не сакав да ја пуштам косата, стално ми беше во реп.Се спасив некако, уф. Али да си дозволам како што напоменав погоре, да смрдам цела, да ми смрди здив, па нема шанса.Паста, четка, стикче , сапунче и шампон се доволни.Не е никаков луксуз тоа, со 300 денари во месецот поминуваш.Али на некои тоа изговор им е, ги мрзи да се средат. Исто прочитав некои мислење кои стрварно се безвеза.Као демек женски сме, па треба 24/7 да сме топ во секоја смисла.Демек не ви се случило да немате време да ја измиете косата, па сте излегле со мрсна.Голема работа, ќе ја фатам во репче.Без И минимална шминка надвор-нема шанси.Не е уредно да се излезе без шминка, нели?Или да труете на парфеми од 10 километри стално.Женско сте бе.Мора на парфреми да мирисате. Али тоа е тоа, женски, прво ние ќе се извреѓаме и омаловажиме, и после тоа машкиот пол ни бил виновен.Грди "комплименти" за една девојка, досеа само од девојка сум слушала, ретко од машко.
Врвот ми е кога ќе видам дека некој не си ги мие рацете после одење во веце. Можам преку се да поминам, излупени нокти и мрсна коса никако не ми влијаат мене, ама гадно ми е да ме допираат вакви луѓе, ќе се испозаразам со нешто.
Mrsnata kosa ke ja stavam na strana, zasto kolku i da mi e gadno koga ke vidam nekoja taka ne go smetam toa za neurednost bidejki moze odma i se mrsi kosata pa nemala vreme..toa go znam po mene zasto za eden den mi se mrsi, no sepak sekoj den ja mijam zatoa sto imam vreme, ama aj nekoj mozda nema sekoj den vreme. Ama lugje eve i jas imam drugarka abe sekoj den mirisa na pot, alistata i smrdat na odstoeno, a zdivot da ne zboram. Sto e najloso majka i e stomatolog a ona sekoj den doagja so naslagi na zabite :/ Aj idi spomni i neshto, sto da i reces. Stvarno neznam kako nekoj moze vakvo nesto da si dozvoli
Ако збораме за хигиена неуредна тогаш за неуредна девојка сметам некоја што мириса на пот и што не се грижи за забите/здивот. Ајде мрсна коса на сите ни се случило да немаме време, настинати, брзо се мрси ќе ја фатиш во пунџа или репче и готово. Ноктите и мене ми се грозни многу ги гризам одоколу... Не можам да си помогнам. Миење раце после вц обавезно. Ама забите... Имав една соученичка забите му беа не знам РОСКОП. Значи мислам сега дека вилици носи до толкава крајност стигна да смрди да корни солзи да ти течат ко ќе ти збора. Мислам то е најнепријатното нешто и истото така не е здраво. И јас понекогаш не си ги мијам забите навечер ко ќе грицкам в кревет гледам филм, па ми е мака ми студи ау ау. Ама миењето на забите и редовно одење на забар ми се приоритет за личната хигиена покрај секако капење и рол он дезодоранс нешто. А неуредна како непедантна сум јас. Хаха. Не во смисла на нечиста туку неуредна. Се ми е расфрлано ќе барам нешто сите алишта изпревртени. Колку и да се трудам да ги редам никогаш не ми се подолго од еден ден наредени. Не сум била никогаш педантна. И книгите уште од мала ги чкртав ги виткав не си ги пазев како некои. То е карактерна навика веќе хаха. Иако знам дека е лоша и се трудам да се подобрам ама...
Се знае што е уредност: -измиени заби(ова намерно го ставам на прво место,бидејќи покрај што жолтите наслаги се одвратни за гледање,нема погрозно кога некој ќе ти прозбори и ќе те замае со реата која се шири од неговата уста.Во тие моменти буквално ми иде да им повратам на луѓето во фаца.Не знам само како не се гадат сами од себе или се навикнуваат на мирисот,па не им смета. ) -редовно туширање,кое доколку не се применува,последиците ќе бидат слични,а во некои случаи и пострашни од немиењето заби) -измиено лице без траги од шминка од минатата нова година(не значи дека нашминканите девојки се поуредни од оние без шминка,се зависи од тоа како се нанесува шминката и во колкава количина..Ми се гади кога ќе видам девојки со 3 кила шминка на сред бел ден,размачкани како кловнови во фаците.) -уредна,чиста и испеглана облека -чисти нокти без кал под нив или остатоци од лак Се' друго може да се прости,се случува во недостиг на време да се прескокне миењето коса и тоа е ок,ќе ја собереш во репче,пунџа и кога ќе дојдеш дома ќе ја измиеш.АМА,има девојки што не ги мијат косите по 7-8 дена(познавам вакви) и секој ден се прскаат со лакови,бебешки пудри итн. Е ова не да е неуредно,туку е и гадно.
Jas imam vakva drugarka.. Za rolon ili dezodorans nema slusnato nepoznat poim i e a tolku se pravi deka e najdoterana i najubava deka drugite glupavo se oblekuvale.. luge samo kolku smrdi pod toa miskite be daj gospod da se pozdravite a kamo da te gusne. Ama e najbitno najdoterana kako sto napomenav... neznam tie luge sto si mislat navistina. I samo kazuva za drugite kakvi bile. Nitu parfem nitu krema nisto... toa e, nema nacin da im kazes a da ne se nalutat.
Под хигиена подразбирам миење на заби, лице, туширање и миење на коса, користење на спрејови. За неуредни девојки сум видела разни, но нема да навлегувам во детали, само ќе кажам како ќе те спастрат од дома така ќе си бидеш.