пред 2 одини бев на семинар и по случаен избор ми дадоја цимерка од Хрватска, луѓе па вие таа гансотија не сте ја виделе сигурно! 10 дена траеше семинарот (да напоменам дека беше спортски семинар со 2 тренинзи во денот), во тие дена ниту еднаш не се истушира а секое сабајле и секоја вечер вежбавме. Така цела испотена и замастена си ги облекуваше пижамите и си легнуваше. На сабајле ниту се измиваше под мишки ниту барем со влажно марамче да се избришеше туку само се прскаше на смрдеаата со дезодоранс одозгора Четката за заби си ја имала заборавено и госпоѓицата со мојата се измила еднаш ајде после барав проавница нова да си купам а старата ја фрлив. Таа абер немаше да купи туку само мастики си џВакаше демек по корисни биле дека четката ги гребала и оштетувала забите. Јаготка на шлагот.... „Зарем долен веш секој ден менуваш“? Да хахаххаха (таа еднаш на 5 дена менувала ) „не бил важен надворешниот изглед и хигиената се додека си имал памет “ ЗИНИ ЗЕМЈО ГОЛТНИМЕ!
najslatk sum se nasmeal deneska..posle citanjevo na ova.....napisanovo......lele kakva komedija bi naprail nekoj amerikanski reziser
go prasale ramce...si lizel banjata devojka? a ovoj.......sto ima da lizam na banjata devojka.............hahahahahhhaaha
Леле луѓе... Имам другарки, ги мрзи некогаш да измијат заби и шминка пред да легнат што е НЕПРИФАТЛИВО... Кога ќе никне некоја во клас со јакна непроветрена копа на манџи и цигари помешано ми се гади, бркови пуштени плетенки да си исплетат можат, веѓа автопат...
Тоа не е ништо, не се жалете се додека не живеете со некој таков. Мислам, ако сака и брада нека има, и сто тони шминка ама нека не смрди! Не знам еве што сум направила толку лошо во животов, лани неуредна цимерка, сега уште понеуредна. Нонстоп расфрлани алишта смрдливи по креветов, чорапи гадни расфрлани, еднаш не зема да исчисти за метла да се фати. Мислам дека да живее сама во ѓубре ќе се затрупа и пак нема да и текне да исчисти. Од теретана кога ќе си дојде абер нема да се истушира туку си смрди така по собава. Прво кога ќе влезеш од вратата е нејзиниот дел т.е кревет, па кога ќе те удри една реа се мислиш дали девојчево видело прашок и дезодоранс. А се знаат да кажат таквите, најпрепотентни се и најарогантни. Срам ми е да викнам гости од нејзината смрдеа. Кога пуши цигари во собава никогаш не луфтира. Чинии и чаши никогаш не измила како што треба. Си мислиш има чисти чаши кога ти дојдат гости, таман ќе го бапнеш кафето и гледаш остаток од супа, од кафе, од компир.. од што и да е важно нема ништо да биде чисто или немрсно. Никогаш не си го мести креветот, и тоа не е така страшно, ама еднаш случајно погледнав и чаршавот на кој што спие и е црн луѓе, од бел станал црн, а таа маки си нема па и го остава така луѓе да и го гледаат и да се згрозуваат. Навлаката на перницата исто е црна, мислам каква може да биде, ја нема сменето цела година? Ама затоа, кога ќе дојде викенд си прска дезодоранс на смрдливата мишка, се дотерува и оди да смрди на некој друг. Кога има менструација не се бања и смрди, и раце не мие и можам до утре да зборувам ама таа нема да се смени. Аман.
Лелееееее страшнооо...Навистина....Како издржуваш со ваква во соба? Ја да сум на твое место ќе ја фрлам преку прозор надвор да смрди а не во соба.... Жал ми е за таквите,иронично е како се поднесуваат самите со таква смрдеа и нечистотија,некоја болест ќе фатат....
Чини,чини.Хигиената е пола здравје Што има лошо во уредна соба,чисто купатило,избањато тело и коса,депилирани нозе и пазуви?
Нема по гадно нешто од неуредна девојка,еве јас како машко ако не сум средено се осеќам гадно и неудобно.Морам да сум издепилиран среден стокмен што се вели,иако мн машки се против депилацијата ама јас неможам влакна да поднесувам.
@joy1 Значи да се разбериме, јас не се сметам ниту за уредна ниту за неуредна. Редовно се туширам, не дозволувам да се шири од мене миризба на пот, не сакам да ставам преку пот дезодоранси и парфеми кога знам дека не помагаат, значи штом се запотам одма под туш одам а после тоа си правам потребна нега, ставам крем за тело, крем за лице... Заби мијам редовно, исто и мастики џвакам, е сега пропуст е што некогаш не ја чешлам косата освен ако не треба да излезам од дома. Додека сум на факултет и седам со цимерки, собата редовно ја чистам, штом нешто јадам или пијам веднаш ја мијам чинијата, чашата или приборот со кој сум јадела, облеката ми е на место, а дома не сум толку педантна. Облеката исто така не ја носам ако мириса на пот или на што и да е, ја ставам да се испере. За депилација, нормално дека го правам тоа, некогаш имам по некое влакненце, но со оглед на тоа што имам дечко морам да бидам средена. А оние на кои се им е цакум пакум средено и гланцнато ми се досадни и одбивни личности исто колку и оние претерано неуредните.
^ Не те нареков тебе неуредна . Незнам зошто се пронајде? Ти општо зборуваше и јас се надоврзав на твоето.
Не изгледаше неуредна оваа. Се додека не дојде ред да се соблече. Пробав на врат да ја бакнувам, отров подобро да испиев, ај викам се запотила додека стигнавме. Како се спуштав надолу ќе повратев и ќе се онесвестев и ја пратив у бања. Мизерија невидена, а здрава, права, симпатична девојка, паметна, можда не беше недела дена бањата...
Значи што се нема да се изначита човек.Се,се ама тоа со несменетите гаќи една недела е врв,до толку ли им влагате на луѓето во интима,во корпите за алишта да не им буричкате И да,немора да е жена нашминкана за да е уредна.Може да нема ни грам шминка а да е најуредна и најчиста на свет. Друга работа,гледам дека акните,мрсното лице и перутот спаѓаат во неуредност.Малку сте ги измешале поимите ама ај нека ви биде.
И јас имав една таква цимерка во времето кога бев студент.. се' уште се згрозувам од самата помисла како сум живеела... ма какво миење лице бре, какви заби -строго непознат поим...да се надоврзам на постот од една форумџика погоре кога ми кажа дека се измила со мојата четка.. молам? и луѓе оттогаш почнав во ташна да си ја носам....свашта. Уште одсабајле тоа здивот смрди на цигари и она само така стануваше , се облекуваше па ни чешел во коса ставаше ниту па кремче..онака да заличи на нешто. Па јас кога имав предавање па 1 саат порано станував за да се спремам. Чисти тањири и чаши?? немаше шанса. Она вадеше се' што имавме , значи сите чаши. сите тањири, сите тавчиња и слично.. и видов не видов почнав моите исклучиво сама да си ги користам затоа што косата ми се креваше кога со деееееенови стоеја немиени, па не можев да зготвам или кафе да си сварам ко човек. Има уште куп работи за кои не би сакала да се навраќам, сигурно ви се добро познати, веројатно овие неуредниве сите врз ист принцип работат.. Божеее!
Јас се имам изнагледано на "бадасал" жени низ овие 4 години, ама она асално да ги приметиш затоа што живееш со нив. Имаат глупави навики кои подразбираат туширање, средување, чешлање само пред излегување .... Или ни тогаш тоа целосно не го прават, се мие коса а не се тусшира .... Или не мие заби а се шминка..... Никогаш не проветрува,додека е дома смрде корне, оти спиела 12 саати .Заби не мие кога ќе стане ,мрсни коси по дома обавезно .... Не знам.