Постои тема за неуредни девојки, па решив една тема да посветам и на овој тип на мажи. Дали сте налетале на некој ваков? Под неуредност мислам на целокупен изглед - коса, раце, облека, влакна и слично. Морам да признаам дека мене како машко ми се гади кога ќе видам некое машко со влакна под мишка па уште без ракави облекол блуза. Сум видел и мажи со неуредна коса и брада, а ги има и такви што облакаат прво што ќе им дојде на рака. Мое мислење е дека кај нас има повеќе неуредни машки отколку девојки. Досега немам сретнато некоја неуредна девојка, ама мажи да.
Мажи од 20 до 30 години не си сретнала неуредни или не била толку забележителна несреденоста во однос коса, брада да за ги ставам во оваа група. Дури се чудам некогаш како вие машките на толку топло време можете да сте толку свежи и без капка пот. Јас познавам повеќе девојки отколку машки кои се потат. А знам машки и на 40 степени без капка пот. Најверојатно хормони се во прашање. Но сум сретнала неуредни мажи ама горе-долу сите спаѓале во повозрасна старосна група. Како и да е, без разлика на возраста и полот секој треба да оддржува лична хигиена.
Јас не би си дозволил влакна под мишка, иако гледам на повеќето не им смета. Кај мене не сакам општо влакна по тело со исклучок на раце и нозе, иако на нозе знам да се депилирам преку лето. Ама гајле ми е, нема да ги оставам густите влакна со кои ме дариле гените да се лепат по кожа за да не нарушам нечија перцепција за тоа како треба да изгледа еден муж.
Имам сретнато повозрасни неуредни мажи колку сакаш. Всушност, ако подразмислам, повеќе се сретнувам со неуредни мажи отколку жени, зборуваме за секојдневно разминување. Маркет, автобус, пазар, продавници, со некој и на тротоар да се разминеш смрди бре. Кај помладите е обратно, мислам дека девојките се понеуредни од момчињата. Ама кога станува збор за постари мажи.... уф. Некако уште како да не сакаат да го прифатат концептот на дезодоранс, антиперспирант, редовно туширање, потстрижување, бричење... или сечење на ноктот на малиот прст. Никогаш нема да заборавам кога еднаш во воз едно чиче спиеше, се испоти, се подразбуди малце, се избриша со завесата од возот на главата, на лицето и на вратот и продолжи да спие.
Имавме еден во друштвото што беше прилично несреден. Честопати сите го забележувавме дека не се средува, не се тушира редовно, влакната најверојатно не му сметаат, а си беше така...со троа поголем љубавен тепих. Сум се чудела од каде доаѓа таква чудна миризба, непријатно ми беше ептен, ама сите знаевме кој е виновникот после. Исто и на факс често се случувало ова. Чекавме да излезат студенти од предавалната за да влеземе ние, внатре не се дишеше од што мирисаше на пот, а сите прозорци и вратата беа отворени и никако да се излуфтира. Ете ако не им смета не мора да се депилираат на гради, стомак, нозе и раце, ама под пазувите не разбирам како не им смета поради поголемото потење во тој дел. Како и да е, депилиран или не, мислам дека барем туширање и стик секој може да си дозволи. Па Рексона од малите е четириесетина денари. Штом има пари за кафе и излегување секој ден, сметам дека може да се одвои и за она поважното - лична хигиена.
И јас како @Ketchup не сум, ниту би дозволил влакна под мишки. На тоа место секоја недела се бричам. На гради, стомак и интима на секој месец-два. Нозе немам чепнато скроз, ама ги кратам со машинка. Точно е дека понесредени се оние постари мажи, ама имам видено постари мажи кои се средуваат целосно (нозе, гради, стомак), ама има и такви што излегле од пештера. Неделава налетав на ваков како што го опишав во воведниот пост. Седам во автобус тој до мене, а облекол маица без ракави. Од потта влакнана се испозалепиле на него, а од воздухот додека се движеше автобусот миризбата директно кај мене. Ми се згади. Многу мажи мислат дека ако веќе се оженети дека си ја завршиле својата работа и се запоставуваат со изгледот (облека, лична хигиена, здебелување). Моето искуство вели дека повеќе сретнувам неуредни мажи отколку девојки.
За мене, неуреден маж е оној кој смрди. Толку Влакна не спаѓаат под хигиена.... нека има колку сака, природна појава се... А и секси ми се влакнести мажи. Не разбрав што е проблемот со облеката? Неперена ли?
никогаш нема да ме привлече издепилиран маж што маж е тој што е целосно издепилиранн ??да свети целиот ? ОК , може заради миниќот му е да биде светкав неуреден маж ми е кога стварно смрди . и ја користи истата облека без да ја испере со денови , и смрдлив здив особено насабалје може да ме убие имав една другарка што увјек нешто и смрдеше а смрдеата идеше од кај неа моравме да правиме муабет пред неа дека коа ке си одиме дома ке се бањаме , а и за пред излегување обавезно бањање. не сакавме дирекно да и кажеме ....
Во насловот треба да стои важно предупредување: Не ја читајте темава додека јадете!!!!!! И јас повеќе имам сретнато повозрасни мажи што не пазат толку на хигиената, отколку помлади. Коса, брада и нокти несредени, алишта со флеки. Секој млад што е свесен и има услови да оддржува лична хигиена, го прави тоа. Вака кога ќе размислам долго време не сум сретнала некој млад да ми остави впечаток дека не води грижа за себе. Претежно откако ќе стапат во брак некако повеќето (не сите) се запоставуваат. Уствари пред некој период брат ми имаше во друштво такво младо дете што не се замараше околу хигиена. Брат ми кажуваше дека поблиските другари му викале да се потшиша, да ја измие косата, да стави барем еднаш парфем, а тој пак така си одел и во школо и по кафиња. Мрсна коса, небањат. И што е најинтересно тој е најбогат во цел клас и друштво, а и родителите му се видни луѓе. Значи не е до парите, туку до карактерот е. Го мрзи човекот да се средува и нема што да му прават другите. Сигурно и дома го караат. Да дојде време во лице некој да ми рече да се потшишам или да ја измијам косата мислам во земја ќе пропаднам Не знам како не му е ни малку незгодно ама ете...
И јас имав ваков школски, нонстоп се фалеше дека "спие" на пари а кога и да поминев покрај него труеше на пот... Што да се прави, тоа е до нив, треба самите да сфатат дека треба да користат дезодоранс. Не знам ни како можат да го поднесат мирисот, јас нема шанси да си дозволам така...
Мажи со неуредна коса и брада мене баш ми се привлечни, не ми сметаат ниту влакната на раце, нозе или гради, повеќе ќе ми застане окото кај некој што не се грижи и не е преокупиран за својот изглед се да биде под ‘конец’ на себе. Сепак има разлика меѓу неуредност и хигиена
Неуредни мажи и такви кои не водат хигиена повеќе среќавам кај постари генерации. Само не ми е јасно зошто за некој што си носи брада значи дека е неуреден, запуштен. Дечко ми си носи кратка брада и баш му стои на лицето, а често слуша коментари од луѓе дека бил неуреден
Кај мажи, влакната не ги сметам за неуредност. Неуредност е да не се грижи за својата хигиена. Толку. Не сум имала контакт со вакви, барем не ми паѓа на памет.
Маж ми има влакна но средени во граница на нормала. Не мириса. Мене не ми се допаѓаат мажи со депилирани нозе. Ако треба да ги опишам како делуваат во мои очи со еден збор би рекла пицајзли . Ај гради ок. Ај мишка ок. Ама нозе... извини за што ти сметаат! ?!?!
Meme-во прилично го сумира менталитетот на многу балкански и македонски 60/65+ мажи. Од тоа си патиме ние што имаме обврска да стигнеме некаде со ЈСП автобус во вторник/петок/сабота...
Јас за неуредни мажи / жени ги сметам тие што облекуваат она што ќе им дојде при рака , а притоа не обрнуваат внимание дали тоа е гужвано , дали има флеки итн . , и луѓе со несредени мишки и блуза без ракави , небаре спремен за на фризер да му сплетат плетенки . Прифаќам недепилирани раце , нозе , па и гради доколку не се екстремно влакнести , ама мишки ми се ау . Јас на 2 дена депилирам мишки , едноставно не можам да се поднесам со влакна
Зошто бе?? Мене воопшто не ми пречи мишка со влакна... Или било кој дел од машкото тело да е со влакна. Не знам зошто ви е гаден природниот изглед на човечкото тело. Да, природно сме со влакна. Кубење пердуви на птици е на исто ниво како кубење влакна кај луѓе и други животни кои се со влакна. Нема никаква врска со хигиена.