Не знам , едноставно не ми одат запотени мишки со вуна на себе на 40+ . Што вика колега на мм - '' Лесно е да си мајмун , тешко е да си човек '' , мислеќи на депилирање ( мм не депилира нозе и раце , гради еднаш на месец - два , мишки редовно депилира ) , сакал да му укаже на мм да ги депилира нозете
Депилирање на нозе кај мажи ми е крајно педе...ски! Шо им стана на муживе, уште миничи и кармини им фалат....
Јас под неуредност на маж на прво место ставам маж кој туфчето со пари, картички, докуметни, клучеви ги напрчил во џеб и рошка, се фаќа за џебови, ровари, па му паѓаат, па за едни 100 денари ги листа банкнотите пред сите, тоа ми е толку грда и одбивна слика па дај земи новчаник бар, основна организација напрај си, или ова е нешто во мода и фраерски е да се разбацабаат со туфата пари на сред кафич/маркет/по шалтери.. Друга неудерност ми е јадење со шлапање, трошки наоколу, аљкавост, довикување на келнери со гестикулации и надимаци од типот брат и сл. И особено крајно одвратно ми е долго мало нокте Може утнав темава ама ај да си кажам
Познавам многу мажи, скоцкани, средени, чисти, но ако го видите ршумот што го оставаат позади нив кога ќе излезат од бањата и од дома, леле мајко...тоа се за мене неуредни, не педантни мажи, мажи што го оставаат бричот на лавабо, влакна во него, пења за бричење на огледало, шампон не е затворен, капачето ој барај го, кошули извадени од плакар, чорапи, гаќи, се на кревет...и ти трчи по него да ставиш се во ред.
Ама ова познативе фаци во Америка шо се како мода им е да се неуредни. Вака не можеме да знаеме дали мирисат или не ама се гледа мрсна коса, неисчешлана, мрсна кожа, широки алишта за кои не посветиле ни малку време при изборот, чизми(зимски обувки) кога има сонце итн. Шо знам не можам да судам ама ете нека каже некој што е позапознаен со животот во САД, бил или живее таму, дали е така? Ептен одат ко голтари вака на слкиве а имаат фамилии. Друго, дали депресијата има врска со негрижата за себе и неуредноста ? Дали тогаш е оправдана?
Не се оптеретуваат со изглед. Не само познатите, туку и цел обичен народ. Широка , комотна облека, за секојдневни активности се вообичаена глетка. Не се како кај нас, за до продавница со штикли и шминка од пет тона. Секој си гледа за себе и секој си се гледа само себе си. Никој по улица не се загледува во никого Не се како кај нас... пак ќе речам. Депресијата предизвикува негрижа за себе... Но не верувам дека мнозинството од Западна ЕУ, Австралија, САД, Канада, Нов зеланд се депресивни
Коментариве ме збунија Што точно се подразбира под неуреден маж? Маж кој не води грижа околу личната хигиена или оној кој не знае да искомбинира гардероба? Според мене неуреден маж е оној кој не води сметка околу личната хигиена, односно не се тушира редовно, му ѕиркаат влакненца од ноздрите и ушните школки, има талог на забите и притоа ужасен здив, оној кој по извршување на мала нужда не мие раце и уште многу други работи би набројала ама постов ќе стане километражен Не средените нокти секако ќе ги спомнам, ама па и сама ќе се демантирам затоа што мажи кои работат во автомеханичарски работилници тешко да имаат средни нокти односно да немаат крем (уље де) под нив. Што се однесува до влакна по тело... Фино ми изгледаат целосно издепилирани мажи но воопшто не ми се привлечни. Не би сакала партнерот да е помазен од мене. Секако дека невкусно е да има шишка под мишка и љубовен тепих на гради или скраја да е на грб, ама па издепилирани раце ми е ту мач. За интимниот дел мислам дека нема потреба ни да се коментира. Без разлика дали се работи за маж или жена, одвратна ми е помислата на грмушки на тој дел од телото. За брада не би коментирала затоа што тоа е дел од стилот на еден маж како и косата, секако се додека не капе зејтин од неа... За аутфитот што знам што да кажам... Секоја чест за оние кои секогаш се скоцкани, добро искомбинирана гардероба, искомбинирани бои итн. Но не секој маж знае да искомбинира или пак има за да искомбинира и да изгледа онака како би сакал. Секако ги има оние кои воопшто не се замараат со тоа што ќе облечат. Но сепак е важно она што ќе го облече да е чисто пред се и да знае кога треба да го промени, не да седи 24 саати на +30 во една иста маица и муви да се лепат на него. Ми се допаѓаат навики како на мојот, да во кола секогаш има резервна гардероба и по потреба ја промени онаа која е на него. Не толку ми "пречи" маж што не знае да искомбинира облека (затоа сме ние тука да ги посоветуваме) колку моментот кога и таа облека на нив не знаат да ја носат односно испоразвлечена кошула од панталоните и ете ја приметува ама не ја мести. Или пак седнува, свесен е дека панталоните/тренерките му се спуштиле и му ѕирка га*от ама не се поднаместува ( ова ми е најодвратно, особено ако има влакнест г*з ) За користење антиперспиранти мислам нема потреба да се коментира. Се надевам сите ги користат
Влакна кај маж не значат неуредност, бар според мене. Не значи дека ако е писта мазен и по лице и по тело дека е уреден. Сум имала прилика да бидам во комуникација со маж кој на прв поглед делува среден, коса и брада средени, кошула и панталона испеглани, ама со многу лош здив. Е, тоа е нешто што не можам да го разберам и поднесам. Реално, не сакаат сите Роналдо стил, да не штрчи влакно и кожата и косата да му свети како лампион од што се мачка со триста чуда. Често сретнувам мажи кои се 50+ и се неуредни. Со лош здив и пот, небањати, изгужвани и со исфлекана облека. Неуредни се и оние кои оставаат хаос во тоалет позади себе, фрлаат дома облека и чорапи кај стигнат, не си ги чистат обувките редовно, тие што работат во канцеларија го оставаат бирото во хаос и ред други работи. И да, за жал во последно време сретнувам повеќе неуредни жени отколку мажи.
Неуреден маж за мене е кога ќе видам некој со полу извлечена мајца/кошула како станал како седнал така останале, развлечено, неисчистени обувски, замирисан на пот или цигари (онаа застојана миризба на тутун), несредени влакна ако се ептен видливи и премногу,на пример ептен влакнавост на гради и ѕиркаат од под мајца, онака влакна не ми се репер за неуредност, некој може да има влакна ама да користи преспирант туширање одржување хигиена и нема да е проблем, а што дека некој ке се издепилира кога нема да смени запотена кошула или да стави преспирант. Неисечени нокти исто ми е неуредност. Е сега на механичарите таква им е работата да им бидат црни рацете, ама сепак се познава дали некој исекол нокти или му се полни црно под нив.
Исто како и во темата за девојки што пишав, така и тука, не ми смета каква му е облеката, или косата, или пак како му е дома. Што јас сметам за неуредност е миризбата. Значи редовно туширање, миење заби, да не е мрсна косата зошто и тоа има свој мирис. Дали е бричан негде или не, не ми менва, сем ако на одредено место се поти повеќе. Тоа одма менува дали смрдеата од потта ќе биди поинтензивна или не.
Бабе ти маж ми да не го знаеш Депилиран маж- бог да чува, маж со мазни нозе не е маж за мене. Ама да смрди на пот и прљав да шета е тоа е неуредност и кај маж и кај жена. Спојлер: На ваков мана нема да му најдам
Во денешно време депилацијата кај мажи воопшто не е табу тема и можам да кажам дека имам доста муштерии кои доаѓаат на депилација кај мене. Пазуви не фаќал никој, но гради, грб, нозе и стомак да. Сами велат дека е ради лична хигиена најмногу. И тоа поштувам макс. За интима не знам оти тоа не работам. А искрено машките бар што јас лично ги знам се сите цакум пакум средени, најмногу ми смета ако мириса машко, но пак ќе кажам не познавам таков некој во моја близина. Мислам дека во денешно време машките посветуваат исто време како и женските на својот изглед. Дури и да не се депилира не ми е крај света оти е така создаден.
Вуна на гради, вуна на грбот, вуна под мишките, вуна во интимниот дел, вунест газ, неуредна извалкана брада, смрдеа, неиспеглани алишта, sиркање на пивскиот мешлак од под мајцата, смрдлив здив, немиени заби етц етц
Преголема влакнатост може да значи и хормонски проблем. Ама тоа може да се реши. Ако се сака, нормално. Вакви мажи не сакаш Сакам средени мажи. Облечени во чиста облека, да не мирисаат на пот, средена брада, средена коса (да не изгледаат како струја да ги дрмнала). Убаво е кога ќе сретнам мажи што се грижат за својот изглед. Нормално, да не се претерува.
Јас како маж,се депилирам од мој 15 години,едноставно затоа што играв кошарка,и знаете мора да се биде уреден ради пот и итн.Јас неможам и никогаш не сум можел да ги сватам оние машки,кој имаат влакна под пазуви,на гради,врат,па им зиркаат од под мајца влакната,маица помала 2 броја стомакот надвор бљак.Јас на секоја една недела се бричам(генетски имам многу малце влакна по телото),али сепак ми е рутина.Исто така миризбата на пот неможам да ја сватам,знам на работа се потат и све тоа,ама има толку многу ефтини препарати што можат тоа да го покријат и да мирисаат убаво и фино.За облека нема да коментирам,затоа што секој си има свој стил,и секој си комбинира како мисли дека е најубаво за себе. Кога сме веќе кај цигарите,по одвратно од тоа ми нема,извинете не сакам никого да навредам,ама гадна ми е ептен миризбата на цигари,а уште повеќе на здивот на тој што пуши.Немам ништо против за тие што пушат цигари,веројатно затоа што никогаш не сум пушел цигари и ми смета толку многу. Иначе се согласувам дека еден маж,треба да биде скоцкан,пиц пец,намирисан,дотеран,испеглан,и уредно облечен.
Што сте се фатиле за влакната толку, па има еден куп ќоси мажи што смрдат како творови. Исто и жени. Можно е да е хормонски проблем, можно е едни исти алишта ги носат по една недела, некогаш е од материјалот на алиштата. Јас сум имала влакнести мажишта на кои обожавав потта да им ја мирисам, на машко
Нема понеуреден маж од оној кој не знае што сака во животот. Набилдано его до даска и хаос околу него. Цел живот он жртва пред другите. Од вакви подалеку! Другово горе напишано се средува мислам, ама ова тешко.
Познавам неколку како што ги споменавте погоре цели влакнести и со пивски стомак. Имам еден во комшии дечкото се средува се ама влакнест е ненормално од глава до пети ,се согласувам со едно мислење погоре дека е тоа хормонско пореметување и дека треба да се отиде на доктор ама мислат дека е тоа сосема ок за мене искрено е лошо и неубаво. Уште еден што познавам дечкото има 30 и нешто пуштил пивски стомак,целиот влакнест и по стомак па уште и ги бричи уффф гнасно,се бања еднаш до два пати во неделата,кога и да го видам се осека некоја тешка миризбакоса мрсна и ретко кога да е избричен И на сето ова која и да му се приближи девојка па уште и бира не му чинеле а он не се видел уффф Не сум против тоа машко да се депилира во делови каде што он сака. Еве дм се депилира на нозе обично летно време и да му се влакнести нозете не ми смета сепак е машко. На гради се депилира бидејки му сметат и не се противам против тоа ако он се осека убаво така. Машко треба да се средува во секоја мерка од бричење па до депилирање ,дезодоранс ставање и бањање редовно значи да е пиц пец,иско секој ден сретнувам машки кои се ужасни и се чудам си викам добро бе млади сте у пм до толку ли неможете да се избањате и дезодоранс да ставите ,ама кој да разбере. Или корнат на цигари не сум против цигарите ама некои немат осет искрено. Како одат годиниве младиве се повеќе наликуаат на пензионерине