ПЕДЕЕЕЕР! Се шалам де. И мене ми сметаат влакна на гради и стомак. Им завидувам на мажи кои немаат на тие места влакна.
Не значи дека сите треба да се депилираат, туку дека не треба да се прават драми за машко кое депилирањето си го сфаќа ко дел од личната хигиена. И не значи дека ако еден почнал да се депилира, дека сите ќе почнат и нема дечко да остане. @ЕденЧлен, во некои спортови депилацијата е и задолжителна.
Има некои кои го осудуваат за тоа што ги депилира нозете ама таков човек е што неможе да поднесе жешко дури нервозен станува и му сметат влакната. Среќа мојов што нема на стомак хахаха иначе ќе го пракав на трајно вадење на влакната хахахха
И мене ми сметаат од жешкото и затоа ги кратам. За тоа осудување ми е тотално без везе. Кај мене во теретана доаѓаат мажи во брак со деца, а се депилирани на нозете.
Неуредноста повеќе се поврзува со неодржувањето основна хигиена. Основната хигиена значи редовно туширање, миење заби, секогаш користење дезадоранс... Едноставно да се чувствуваш пријатно во негова близина. Бидејќи мажот може да е неуреден и кога е издепилиран, не само кога има влакна. Сепак нормално е еден маж да сака да си издепилира одредени места на телото и си го сфаќа тоа како дел од личната хигиена. Дм има влакна на гради и сакаше да му помогнам да се издепилира тука. Тоа го сфаќам како посветеност на себеси. Се согласувам и јас дека повеќе имам сретнато повозрасни мажи што се неуредни отколку помлади. За стари да не зборувам. Во автобус најубаво се знае кој колку е уреден.
За мене нехигиена не е дали некој го депилира стомакот или градите, туку кога ќе видам како мажи/жени имаат пари за шопинзи и одмори, а фасада на куќа им се распаѓа, неуредни дворови, доградби или надградби на куќа, неуредни фасади на згради, нечисти паркови и скршени клупи. Одите да пецате риби и гледате еден тон ѓубре исфрлено покрај и во реката. Усмрдени и неисчистени канти за ѓубре покрај домовите. Листата е бесконечна. А, инаку за смрдење смрдат и Финци, Англичани, Швеѓани, Американци, Италијани.
Смешни ми се мажи кои депилирањето се обидуваат да го протнат под категоријата "одржување лична хигиена". Мислам, да се разбереме, немам апсолутно ништо против депилирани мажи, особено ако тоа ги прави да се осеќаат поубаво и попривлечно - зашто само жените да имаат право на тоа? Ама дека депилирањето тоа има некаква опиплива релација со личната хигиена - не, нема. Хигиената и тоа дали некој ќе мириса на пот зависи од начинот на која истата се одржува и колку често ( или ретко ), а не од густината и должината на влакната по телото. Така да, ги поддржувам и охрабрувам сите мажи кои се депилираат гордо да го признаат тоа и цврсто да застанат позади својот избор, без да осеќаат потреба да се кријат позади изговори како хигиена и спортување.
Под поимот неуредност кај мажи подразбирам гужвани алишта, валкани, мрсни,смрдливи, кога ке кажат дека се бањаат еднаш неделно ауууу.... неисечени нокти на раци и нози А па највише ми се згаде кога ке каже не сум жена да се средувам толку, епа тогаш и животните ќе бегаат од тебe
Абе какви депилирања на нозе и раце , после комарци лом ќе ме направат , се знае , под мишки да бидеш секси на плажа кога ќе ги кренеш рацете во вис играјќи одбојка и доле да се исече шумата за да стојко изгледа 2-3 см поголем и толку.
Значи се снеможив!!! Видиш, да изглеа 2-3 сантими поголем. Никогаш не ми текнало дека имате проблем со влакната таму, ради големината Хинт: Исто ви е голем и со шума и без шума
Не можам да се сетам кога последен пат видов неуреден маж или жена. Барем не од младиве... Инаку тоа околу непријатната миризба на потта најмногу зависи од храната која ја внесувате jaс имав другар маратонец кој се придржува на одредена исхрана, заедно сме трчале на кеј он цел жива вода а воопшто непријатна миризба. Под среден подразбирам и здрав начин на живот.
За мене неуреден маж е тој кој остава неред зад себе кога се бања или бриче и влакноци на сите страни. Бљак. Некој што е со мрсна и нечешлана коса и никаква брада, неспастрена. Со влакноци волкави под мишки, небањат, со немиени заби, што смрде на пот или друга непријатна миризба. Некој со валкана и непеглана облека 2 броја поголема, валкани чевли. Некој што остава неред во соба кога се пресоблекува.