Бањање, дезодоранс под мишки, чиста коса, чисти нокти, чиста облека, чисти чевли, се тоа е задолжително и се подразбира без разлика дали зборуваме за машко/ женско, младо/ старо. Чудно ми е што воопшто дискутираме дека треба да се тушираме и да менуваме облека. Мене нешто друго ми се виде интересно. Најчесто, кај женски паѓа во очи ептен подизраснат корен, излупен лак на нокти, размачкана шминка од претходниот ден па божем камуфлирана. На некој начин, нашето дотерување и обид за разубавување е тоа што понекогаш прави да делуваме неуредно и запуштено. Машките, барем досега, си тераат така како што ги направила природата па затоа некако тешко ми е да кажам што кај момците би го нарекла неуредно. Еве, единствено нешто што вака би го издвоила се изгрицкани нокти и парче направени кутикули. А за влакнестоста, мене тоа врска ми нема со уредност. Исто како да кажеме дека оние жени со виткана коса се несредени и дека треба да си ја пеглаат косата за да ги сметаме за општествено прифатливи. Чукнато звучи, нели? На нас женските (оправдано!!) ни смета кога треба нозе да избричиме (зошто тоа се очекува од нас за да не не сметаат за неуредни), а замислете да требаше буквално цело тело, од глава до пети, да го депилираме. Мишки и интима треба да бидат средени, остатокот кој како си преферира
Она што се подразбира за уредно кај женски, истото е и за машки. Редовна лична хигиена и чиста и уредна облека. Јас сум личност на која не и пречат влакната (освен кај себе нормално), депилираните и мазни мажиња не се my cup of tea, такада евентуално интимата и грб, гради(секако ако е обраснат вон граници на нормала) би било скроз океј да е средено. Мишки недепилирани не би ми сметале, секако не во должина да си плети плетенки, али може и само да ги крати со ножичка еве. Мада што тоа може да му пречи исклучително него, бидејки ја засилува миризбата, ако не смирисува доволно е и само да ги крати како што кажав
За мене неуреден маж или личност општо е онаа која смрди, не се бања редовно и остава огромен неред зад себе... Што оди нечиста и неиспеглана...Се'останато како брада, влакна, нокти и шминка кај женските ми е ирелевантно
Сум налетал да. Не мора да значи дека е поврзано со депилација. До лична хигиена е. Јас лично во најголеми горештини можеби под мишки ќе се издепилирам, не значи тоа дека не се туширам и мијам како да сум обседнат. За облека не знам, знам да облечам неиспеглано понекогаш, или да не приметам флека.
Како личност што работи со луѓе секој ден, морам да признаам дека од неуредни луѓе што имам сретнато, постарите мажи се дефинитивно најнеуредни. Смрдат на пот, и тоа стоена пот, алиштата што ги носат се или истуткани или со дупки/дамки, брадите распуштени, косите мрсни со антени на сите страни... Јас сум женско и ми требаат 15 минути да се истуширам, да се облечам и нашминкам секој ден пред работа, зарем е толку тешко да одвојат 2 минути да стават дезодоранс/антиперспирант, да се потсредат малку... Не знам, катастрофа...
Мислев на влакната на гради. На мене не ми се допаѓа мажот да се депилира таму. А што се однесува до преголемата влакнавост, тоа може да биде хормонско нарушување. Се лечи, ама процесот може да се одолговлечи. Зависи до организмот на личноста.
Јас мислев на секој дел од телото. Лично се осеќам неубаво и непривлечно кога ќе ми потпораснат малку па затоа ги отстранувам.
Супер е, нека проба маШ ти. Не мора да ме цитираш, некако недокажано се осеќав па барем нешто да има.
Јас си го кажав моето мислење. Секој има различен став за неуредноста. За влакнавоста веќе пишав. Најмногу се нервирам кога маж мириса на пот. А машката пот е ужасна. Очигледно некои не слушнале за вода и сапун. П.С. Колку што знам, цитирањето не е забрането.
Под хигиена спаѓа и оддржувањето на брадата (доколку мажот ја има) и бричењето на истата. Јас првово не го практикувам, мразам брада и секој трет ден се бричам. Под пазуви исто така се бричам и гледам да не се појави разноразна флора и фауна. Со цел да не почнаат верверички да рипаат од влакно на влакно. Тука спаѓа апсолутно и сечење на шумата кај половиот орган. Мислам страв ме фаќа од помислата дека може да ми рипне некое шимпанзо и да ми удри бокс.
Спојлер: Истата тема https://forum.femina.mk/threads/Кол...-за-личната-хигиена.23713/page-3#post-2687134 Што се однесува на темата независно за кој пол се работи или за која возраст постари или помлади сметам дека секој треба да си одржува хигиена. Чиста коса и тело, испеглана и испрана гардероба, измиени заби, чисти чевли, редовно користење дезедоранс важи за сите. Влакната кај мажите немаат врска, додека кај жените ако не ми се издепилирани нозете не морам да носам кратко, ако не ми се издепилирани пазувите не мора блуза на рамки зошто во спротивно реално грозно изгледа.
Нај одвратно нешто ми е кога ќе сретнам маж од 30 и кусур години што има не средени заби , не средена коса , влакна ко теписон на душата(градите) , а за интимниот дел не сакам ни да помислам каков би бил ако сево ова не му е стокмено и на крај кога ќе прозбори блиско до мене сигорно би пред него .... А под среден разбирам убава насмевка , напарфемисан маж со средени мишки и душа(гради) раце и нозе не се и толку битни , брада секако да нема туку бебешки обравчињата да му бидат и блиско до мене ако прозбори да ми биде пријатно да седам до него а не да бегам 180 на час Едит : И да нема клемпави уши
За среќа до сега немам налетано на некои екстремни случаи кога е во прашање личната хигиена. Сето она кое важи за жените важи и за мажите а главно подразбира редовно туширање, одстранување на влакна под пазуви, средување на нокти, уредна облека и ред други детали. Ама колку што е важна физичката уредност толку е важно и мажот да не остава неред зад себе. Од кожа ме вадат мамини легачи кои во животот една лажица не измиле оти нели се мажи а мајка им им слугува на 30 години па кога ќе влезат во брак тоа го очекуваат и од сопругите. Епа во денешно време ретко да наидат на таква некоја будала која цел ден ќе оди по нив и ќе им ја собира валканата долна облека од по аглите. Секој треба да научи да биде одговорен за себе и за просторот околу себе, никој не е должен некому да му средува постојано.
Па немаат врска ако е среден и во ушите дури и клемпави да се , ама има мажи кај што имаат клемпави па и несредени уши.