Нечиста крв (Борисав Станковиќ)

Дискусија во 'Книги' започната од sleepingbeauty, 21 август 2011.

  1. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема тема за оваа книга, но ако има слободно клуч :)
    Значи оваа книга ми е една од омилените, се воодушевувам на храброста и честа на главниот женски лик Софка и воопшто стилот на пишување на овој автор. Навистина реално ни ги доловува обичаите и времињата за кои се работи...
    Па, пишете дали сте ја прочитале и какво мислење имате за книгава...
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Нечиста крв (Бранко Копиќ)

    Зборуваме за истата Нечиста крв од Борисав Станковиќ ?
    [​IMG]

    Книгата ми е прочитана над 10 пати.
    Ја понесов само неа на еден одмор и успеав да ја исчитам само тогаш повеќе од три пати.
    Буквално ја носев секаде со мене.
    Ме фасцинираа описите, приказната, ликот на Софка, нејзината мајка, таткото.

    Целата гордост и надменост на фамилијата, срамот што ќе речат луѓето, бракот со малолетниот син на новопечениот богаташ, блудот, инцестот, оргиите...
    Приказната буквално се впива од едно читање и понатаму долго ве следи.

    Се сеќавам дека имаше и филм, со многу експлицитни сцени, но скришум го изгледав од домашните.
    Чисто да видам дали Софка е навистина толку убава, како и во книгата.

    Бисер во српската литература.
     
    На sleepingbeauty, kate21, Peppermint и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    Нечиста крв (Бранко Копиќ)

    Даа, јас се извинувам сум го погресила името на писателот :lol: може да се поправи некако :worried: ?
     
  4. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Нечиста крв - Борисав Станковиќ

    Оваа книга еднаш прочитана останува во сеќавањето врежана за секогаш. Не сум знаела дека постои филм а баш би сакала да го изгледам.