1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нешта што ви предизвикуваат солзи во очи...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lolipop23, 31 март 2010.

  1. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.299
    Пол:
    Женски
    Овде запишете ги нештата поради кои кожата ви се наежува, а очите ви се полнат со солзи. Не мора да е нешто тажно, може некоја СМС порака или пак некој извадок од книга не е битно важно срцето да ви затреперува кога ке го прочитате...
    Еве од мене извадок од Порака во шише, дел од последното писмо на Герет кон Тереза ( таа го добива кога тој веке е мртов). Го имам прочитано стотина пати и еве и сега ме расплака.
    Мила Тереза
    Дали можеш да ми простиш?
    Во светот што ретко кога можам да го разберам постојат ветрови на судбината што дуваат кога најмалку очекуваме.Понекогаш тие имаат сила на урагани, а некогаш само ќе не погалат по обрзот.Во секој случај, не можеме да негираме дека тие постојат, затоа што често ни ја носат иднината што не можеме да ја избегнеме.Мила моја, ти си тој ветер,ветрот што ме раздвижи посилно отколку што некогаш можев да помислам дека е можно.Ти си мојата судбина. Згрешив, многу згрешив што не го забележав тоа што беше толку очигледно и те молам да ми простиш.Како претпазлив патник, јас се обидував да те заштитам од ветрот, а место тоа ја загубив душата.Бев луд што ја отфрлав својата судбина, но дури и лудаците имаат чувства и јас сватив дека ти си најскапоценото нешто што го имам на светов.Знам дека не сум совршен.Во последните неколку месеци направив толку грешки колку што некој не ги прави ни за цел живот.Згрешив што се однесував така кога ги најдов писмата кај тебе, како што згрешив и кога ја криев вистината за минатото што ме прогонуваше.Кога трчав по тебе додека со автомобилот заминуваше по улицата и подоцна на аеродромот, додека те гледав како заминуваш, знаев дека требаше да се потрудам да те запрам.Но најмногу згрешив што го негирав она што на моето срце му беше сосема јасно:дека веќе не можам без тебе.Ти апсолутно имаше право.Додека седевме кај мене во кујнатасе обидував да ги негирам работите што ми ги кажуваше, иако знаев дека тоа е вистина.Како човек што гледа само назад на својот пат по земјата, не го видов она што беше напред.Ја пропуштив убавината на сонцето што изгрева, магијата на дочекувањето поради која вреди да се живее.Згрешив што се однесував така, но бев збунет и би сакал тоа да го сватев порано.
    Меѓутоа, сега со погледот цврсто свртен кон иднината, го гледам твоето лице и го слушам твојот глас, и сигурен сум дека тоа е патот што ќе морам да го следам.Мојата најдлабока желба е да ми дадеш уште една можност.Како што веројатно чувствуваш, се надевам дека ова шише ќе направи да се случи чудо, како што веќе еднаш направи и повторно да не спои.
    Неколку дена по твоето заминување, сакав да верувам дека можам да продолжам да живеам онака како што тоа го правев секогаш.Но тоа не беше можно.Секогаш кога го гледав залезот на сонцето, мислев на тебе.Секогаш кога минував покрај телефонот горев од желба да ти се јавам.Дури и кога одев на едрење мислев само на тебе и на прекрасните мигови што ги поминавме заедно.Во длабочината на срцето знаев дека мојот живот веќе никогаш нема да биде ист.Сакав да се вратиш, повеќе отколку што претпоставував дека тоа е можно, а од друга страна , кога ми доаѓаше во сеќавањето секогаш ги слушав зборовите што ги кажа при нашата последна средба.Колку и да те сакам, знам дека нема да биде можно се додека ние , и ти и јас не бидеме сигурни дека можеме целосно да и се предадеме на нашата иднина.Овие мисли ме мачеа се до минатата ноќ , кога најпосле го најдов одговорот.Се надевам дека тој одговор, откако ќе ти го кажам и тебе ќе ти значи исто како и мене:
    Во сонот се видов на брегот со Кетрин, на истото место на коe те одведов по ручекот кај „Хенк“.Сонцето силно светеше, а неговите зраци се одбиваа од песокот.Додека одевме еден крај друг, таа внимателно слушаше додека и зборував за тебе, за нас, за прекрасните заеднички мигови.На крајот по извесно двоумење, и признав дека те сакам, но дека поради тоа се чувствувам виновен.Таа неколку мога молчеше и едноставно продолжи да оди.На крајот се сврте кон мене и ме праша:
    -„ Зошто“
    -„Заради тебе“ Кога го чу мојот одговор, таа ми се насмевна полна со разбирање и малку сомничаво како што имаше навика да се насмевнува.„ О Гарет“рече најпосле и нежно ми го допре лицето„што мислиш, кој го одведе шишето кај неа? “
    Кога се разбудив се чувствував празен и осамен,Сонот не ме утеши.Напротив ми ја зголеми болката поради тоа што сторив и почнав да плачам.Кога најпосле се прибрав, знаев што морам да направам.Со растресена рака напишав две писма:тоа што сега го читаш и писмо за Кетрин за да и го пратам како што и ги праќав и сите други.Тоа ќе биде моето последно писмо – на извесен начин Кетрин ми рече да продолжам понатаму и јас решив да ги послушам нејзините зборови и моето срце што води кон тебе.
    Тереза толку ми е жал што успеав да те повредам.Доаѓам во Бостон следната недела со надеж дека ќе ми простиш.Можеби задоцнив.Не знам.
    Тереза, те сакам, и секогаш ќе те сакам.Ги гледам децата додека си играат и сваќам дека сакам да имам деца со тебе.Сакам да гледам како Кевин зрее.Сакам да тѕе држам за рака и да те видам кога ќе заплачеш на неговата свадба, сакам да те бакнувам кога ќе му се остварат соништата.Ќе се преселам во Бостон ако го сакаш тоа, зашто веќе не можам вака.Без тебе сум болен од тага.Седам во кујната и те молам да се согласиш да ти се вратам, овој пат засекогаш.

    Гарет
     
    На one_girl, moni-00, cheetah.girl и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.299
    Пол:
    Женски
    Се извинувам што е малку предолго, се обидував нешто да отфрлам ама едноставно неможев. Немаше да биде она вистинското. ;)
     
  3. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Прекрасно е писмото, и јас прв пат кога ја читав книгата заплакав на ова „ О Гарет“рече најпосле и нежно ми го допре лицето„што мислиш, кој го одведе шишето кај неа? “ .И не само тоа сите четири писма во книгата се прекрасни и ми изнудуваат солзи.
    Сега за сега немам што да додадам кога ќе ми текнет тогаш. :)
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Па вака,може да е тоа песна,дел од книга,обично ретко ми навираат солзи за работи кои штознам можеби и не ме допираат до толку,ете како што спомена смс пораки.Јас сум таков тип на човек што многу лесно се соживувам со нештата,било тоа убаво,весело,тажно,ако некој друг му се случува што и да е значи тажно или весело,јас истото го чуствувам,значи сочуствувам со другиот,понекогаш ми пречи што сум таква ама што да правам.Нешто што ме допре,не до толку да ми навираат солзи е дел од книгата Папата Јована,односно нејзината врска со Геролд,кога ја читав книгата се чуствував како мене да ми се случувало сето тоа,ме растажуваат луѓе кои што нема кој да им помогне а се сиромашни,ме растажува кога некој страда,баш сега се растажив можеби многу од песнава што ја постирав песната од Кристина Агилера Hurt,можеби има уште што ме растажува но сега за сега толку.Може да не растажи нешто тажно,затоа што кога слушаш нешто весело нормално дека весело ке се чуствуваш исто и ако слушаш или читаш тажно,тажно ке се чуствуваш.
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Ti si početak i kraj, ti si tama i sjaj
    Svaku mi nadu dijeliš po pola
    Daješ mi mrvice sa svoga stola
    I znam, bez tebe ostat ću sam... :(
     
    На Twinkles и anichka94 им се допаѓа ова.
  6. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81
    [youtube]<object width="640" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/Sr6qsKH9LNw&hl=en_US&fs=1&"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/Sr6qsKH9LNw&hl=en_US&fs=1&" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="640" height="385"></embed></object>[/youtube]

    E од ова ... ми дојде да ја задавам старкава , кутро бебувче :( :( :( ;( ;( ;(
     
  7. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    повредено, гладно, бездомно животинче.... ;( секогаш плачам.... ;(
     
    На CameliaMiller, Twinkles, vaga95 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Пошто сум многу емотивна личност, плачам на секојдневни ситуации, на филмови, за луѓе што ги знам и што не ги знам, и блиските ме викаат црвен крст :? има многу ситуации од кои ми навираат солзи во очи ... Еве дел од нив ;(
     

    Прикачени фајлови:

    • abandoned puppie.jpg
      abandoned puppie.jpg
      Големина на фајлот:
      135,1 KB
      Прегледи:
      3.714
    • poveri.jpg
      poveri.jpg
      Големина на фајлот:
      25,2 KB
      Прегледи:
      3.713
    • starving children.jpg
      starving children.jpg
      Големина на фајлот:
      14,1 KB
      Прегледи:
      3.713
    • image003.jpg
      image003.jpg
      Големина на фајлот:
      28,6 KB
      Прегледи:
      3.713
    На CameliaMiller, Twinkles, Queen-K и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Еве ме мене со еден извадок од „Порака во шише“
    „Животот сега минува крај мене како пределите што се гледаат од прозорец на автомобил.Јас дишам, јадам и спијам како и секогаш, но во ништо што превземам не наоѓам никаква смисла.Едноставно пловам како и пораките што ти ги пишувам.Не знам каде одам, ни кога ќе стигнам таму...“
    И повеќето песни од Тоше ме растажуваат.Можеби поради тоа што знам дека не е веќе меѓу живите. Оваа посебно:
    „Не можам од тебе да оздравам, сета љубов дур сум жив на тебе ја потрошив, светот мој минус тебе во него, она што ќе остане малку е... “
    Пред некое време гледав на телевизија, една емисија во која човек болен од сида си го раскажуваше животот, како му умреле жената и двете деца од истата болест и како тој секој ден е во неизвесност дали ќе почине, и се расплакав.
    По природа сум плачка и се разнежнувам и на ситници :)
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Пред тебе мојот живот беше како ноќ без месечина. Многу темна, но имаше ѕвезди - показатели на светлина и причина... И тогаш ти проструи по моето небо како метеор. Одеднаш се' се запали; постоеше брилијантност, постоеше убавина. Кога си замина, кога метеорот падна зад хоризонтот, се' се претвори во црнила. Ништо не се промени, но моите очи беа слепи од светлината. Не можев повеќе да ги видам ѕвездите. И повеќе не постоеше причина.

    Ова е мој личен превод на извадок од книгата „Млада месечина".
     
    На Little-Mk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    Si se zaprasal li nekogas zosto se uste ja lazes? Zosto te izmacuva so nasmevki? Zosto pogledot koj jas go znam od nea go kries? Zosto i premolcuvas vistini? Zosto i go zaboravas rodendenot,a na mojot si se setil i pred i potoa? Zosto ne i se javuvas...a sakas...pa nekes?Zosto nisto ne ti e jasno, a tebe toa ne ti se slucuva? Zosto e mila,pametna,ubava,a baras maana? Bidejki ima mesta vo tebe sto taa ne moze da gi dopre
     
  12. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Septemvriski den...Se zapoznaa momce i devojka...Od toj moment bea osudeni...Taa se zagleda vo nego bez da znae deka e musliman,ne go slusna ubavo negovoto ime.Toj ja zasaka povekje od se.Ne bea zaedno...Se macea taka dolg period pravejki se deka se samo drugari.Site znaea deka se sakaat i zosto ne se zaedno.Eden den nejzinata drugarka dojde kaj nea doma...I kaza deka...toj...e mrtov!Deka zaginal vo soobrakjajka.Cel svet se srusi vrz nea.Dve nedeli posle negovata smrt,negovata majka go povikuva negovoto drustvo doma vo koe spagja i devojkata.Taa go procitala dnevnikot na svojot sin i doznala deka toj mnogu sakal nekoe devojce...Imeto bese isto so imeto na devojkata.Devojkata pocna da prasuva sto uste pisuva za toa devojce.Majkata raskazuva niz solzi.Posledno sto napisal nejziniot sin vo dnevnikot bilo TE SAKAM I KE TE SAKAM SE DODEKA NE DOJDE I POSLEDNIOT UDAR NA MOETO SRCE...Ova se odnesuva na devojkata.Taa i kazuva na majka mu koja e...Majkata ja povikuva da dojde vo negovata soba...Tamu i ja dava dukserkata za koja nejziniot sin napisal deka ja potsetuva na nea...Osven toa i go dava i prstenot koj bil so generacii vo nivnata familija...Negoviot tatko mu rekol daj i go ova na taa sto najmnogu ja sakas...Majkata znae kogo nejziniot sin najmnogu sakal i zatoa devojkata go dobiva prstenot...Nekolku dena podocna devojkata gi sece venite i umira.Na nejzinata raka e prstenot, a do nea list potopen vo solzi na koj pisuva DO POSLEDNIOT UDAR NA MOETO SRCE...

    Вакви тажни приказни каде умираат од љубов имам многу прочитано и на сите плачам ;(
     
    На KatWonderland и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  13. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.299
    Пол:
    Женски
    Ова го прочитав во темата "Што би му кажале..." го напишала Shiningstar и толку ме погоди што солзи ми потекоа.
    Љубов моја...те носам под левата дојка и те љубам како што човек љуби само еднаш во животот.Јас сега открив што е љубов...спокојна сум, мене ми е важно ти да си среќен па иако не си со мене.Во петок се жениш. Ти ја посакувам сета среќа на овој свет...ти ја пуштам и мојата среќа(која ја немам многу ама....) Досега се молев за тебе...отсег ке има кој да го прави тоа. Душата ме боли... Сепак потајно ќе те спомнувам понекогаш, и ќе посакувам да си исполнет и да доживееш двојно поголема среќа од таа што ја имавме јас и ти. . . за Д ...
     
    На beyonce22, Mimi123, mime87 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    најискрено се ме тера на солзи :roll:
    тажни нешта ме расплачуваат, весели - значи плачам од радост ....
    едноставно нешта кои ми принудуваат солзи во очите се оние живи слики кои не можам да ги заборава кои ги даваат на вести низ светот...насилството, бездомниците, трагедиите :(
     
  15. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    filmicinja, momenti, koi ke mi se cinat posebni i ubavi.
    A isto taka i gestovi i slucki od strana na momcinjata kon svoite devojki. No, sekako ne preterani, nekako osmisleni, nesto obicno, malo , a sepak posebno :).
    Ama sepak sevo ova, samo dodeka sum sama
     
  16. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    I denes mi se sluci, koga izlegov od fakultet, a tukusto ja ostaviv diplomskata. Nekoe ubavo, no i cudno cuvstvo. ;)
     
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    43.639
    Болка кај најдрагите.
    Кога е убав денот, а јас сум празна во душата, тогаш плачам, и истовремено се полнам со спокојство.
    Деца кога се без родители.
    Родители кога се без деца.
    Тажни приказни.
    Стар брачен пар фатен рака за рака, како шетаат по Кеј.
    Цитати од книги, поезија, филмови и песни.
    Тага во очите на сиромашно Циганче.
    Мртви делфини, лавови, кучиња и истребени орли и панди.

    Загаден воздух ме расплакува. И онаков од чад, и метафорично... :|
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.300
    Допаѓања:
    5.882
    Пол:
    Женски
    Болни,осамени, мали дечиња ..
    но и песната "Right here waiting for you - Richard Marx " секогаш кога ќе ја слушам заплакувам ..
    Ме боли кога најблиските плачат ,кога им гледам солзи во очите :(
    и највеќе музика , тажна музика ,балади ме тераат да заплачам ..
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Superiska

    Superiska Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    33
    Placam na spanski,turski,indijski seriji
     
    На viki-viktorija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339

    Шела убаво романтично кажано, од постов дури се растажив :) А се наоѓам во се што кажа.
    И би додала дека јас знам понекогаш и да си се самосожалувам, да си плачам за нешто што сум можела да го направам поинаку, но не сум изреагирала на време.
    Знам да си плачам заради нечиј збор, поглед, намера.
    Тоа со загадениот воздух (метафорично) кога едноставно не се дише особено ме растажува.
    Злобата на луѓето.
    Абе ме расплакуваат многу работи, плачка сум огромна. Ама не дозволувам да ширам лоши вибрации околу мене. затоа си плачам кога сум сама :D Ќе си се исплачам и после ме грее сонце, се смирувам.
    И да... се трудам никогаш никој да не заплаче заради мене. Нечија болка во очите ме растажува најмногу и незнам да се носам со тоа, не ја ни предизвикувам.