Плачам многу често. Но, тоа скоро секогаш не е заради тоа што сум тажна, туку бидејки сум навредена или изнервирана. Исто така знам да заплачам кога се чувствувам немоќна. А се растажувам кога гледам безмоќни стари луѓе, посебно со некој товар на нив. И од песни кои ми навраќаат спомени, било да се тажни или среќни. И во моментите кога премногу ми недостига баба ми.
Најчесто плачам на филмови.Не можам да го разберам тоа затоа што не сум романтична или многу емотивна личност (барем така велат сите) но не можам да одгледам некој романтичен филм или некоја драма без да ми се насолзат очите или да се налипам едно убаво.Колку сум плачела на Жената на временскиот патник кога си ја среќава ќеркичката и кога дознава дека ќе умре кога таа ќе има три години .Или во Последната песна кога умира таткото на Рони и она му ја посветува песната која ја довршила за него.Кога гледам филм пред други не смеам да заплачам и се појавува некоја жална сцена и јас како да имам кнедла во грлото .Не знам ама многу ми е срам да плачам пред други.
Knigata se vika Poraka vo shishe ? Se gleda deka e ubava kniga.. Mene najmnogu mozhat da me rasplachat knigi, filmovi.. Mozhe da mi preporachate nekoja dobra kniga ?
Во последно време многу плачам на филмови... Знам и да се расплачам ако ми се појави некој кој немам видено долго време, кога сум нервозна, беспомошна и среќна.
Во моментов плачам слушајки ја Зајди зајди кога ја пее Тоше . Се што е поврзано со него ме тера да плачам посебно ако видео кај што го гледам. Не сум некоја плачка ама веке години поминаа а уште не можеме да ја поднесеме загубата на нашиот ангел. http://www.youtube.com/watch?v=LKRaXPYS ... re=related
По природа не сум плачка,никогаш немам заплачено по други сакам да сум јака,барем да се убедувам себеси и не дозволувам трагедии или одредени работи да допрат толку до мене.А солзи во очите досега ми има предизвикано единствено фактот тоа што живеам во време кое што го мразам,за разлика од минатото тотално се е пропаст,80% немаат никакви манири не им е гајле доколку повредат некој па и заборават дека некогаш нешто имаат ветено,а зборот и не го рачунаат,тоа дека љубовта е се помалку пристутна (не мислам на машко-женска љубов) туку она дека најблиските не им е гајле ако си уништен,нема да ти помогнат.Единствено вакви случки.
филмот по дневникот на ана франк, разделби, исто и чинот кога ќе речат "ве прогласувам за маж и жена", и кога на мајката прв пат ќе и го дадат детето
Кога ќе помислам колку млад починал татко ми, ја сум имала неполни 2 години. Мн ми е жал и плачам кога ќе се сетам дека не сум го ни познавала, мн сум била мала да паметам.
Во последно плачам кога ги гледам натпреварите на македонската кошаркарска репрезентација на ЕП.Крокодилски солзи радосници ронам Уфф,не верував дека толкава лигла ќе се сторам
Плачам најчесто во последно време на некои филмови, шо воопшто не е типично за мене, незнам кој ѓавол влезил во мене, и плачам доста кога мачето ми е болно, општо за сите животни, зашто слабост ми се, и баш заради тоа ис е откажав од гледањето филмови со животни....
Јас често си плачам Многу сум емотивна .. Најчесто плачам : - Од среќа, кога гледам стари парови (баба и дедо) фатени за рака како шетаат; - Плачам затоа што не знам како да и помогнам на мојата најдобра другарка; - Плачам од среќа и гордост дека сум MАКЕДОНКА; - Плачам кога некој ќе ми каже дека нешто убаво се случило; - Плачам што некои шанси кои ги имав, ги пропуштив; - Плачам затоа што знам дека еден ден ќе ја изгубам гордоста моја, љубова моја = МОЈАТА БАБА ... И за многу други работи
епа кога му е тешко на некој плачи... исто се плачи и од среќа...од каење.... од носталгија... од навреда...од некои зборови што ќе ти ги каже некој....ама и од бес се плачи хахаха... xD