Плачам поради многу работи,кога ми иде онака само од себе и си плачам,а често ми иде...Плачам и од тага,и од среќа,и од носталгија,и од празнина некогаш кога осеќам во душата...често си плачам а некогаш и убаво ми е да си плачам незнам како да ви опишам,ама некогаш кога плачам се осеќам убаво едноставно се празнам на тој начин,исфрлам од себе се лошо.Ме погаѓаат емотивни работи поврзани со семејство,љубов,животни...последно си плачам на Кога лисјата паѓаат ме допираат длабоко некои постапки и зборови...уф колку сум само чувствителна,дури некогаш не си ја сакам ич таа особина.
Мн сум емотивна и мн работи знаат да ме растажат..солзи во очи ми предизвикуваат сите оние деца, семејства кои што се на работ на егзистенцијата....незаштитените животни кои талкаат по градот... Кога ќе помислам дека еден ден ке ги изгубам сите оние луѓе што ги сакам...кога на добри луѓе им се случуваат лоши работи-работи кои тие ни најмалку не ги заслужуваат.
Многу емотивна личност сум,може да се каже дури и премногу..Плачам за многу работи,најчесто кога некој друг плаче и јас плачам со него,кога ќе се сетам на минатото на личностите кои сум ги загубила,а ми биле скоро се,кога ќе се скарам со саканиот,секогаш плачам а по кучињата да не зборувам аууу страшна плачка сум по нив ако видам некое удрено или згазено толку,право река има од солзи затоа секогаш кога ќе најдам некое заталкано кученце или пак некое повредено го носам во малата и го гледам сигурно има и друго нешто кое што сега не ми текнува,но тоа се најчестите причини кои ми предизвикуваат солзи во очите
Плачам на тажни филмови,на тажни песни... но има и солзи радосници! Последен пат имав солзи радосници кога ја победивме Литванија во кошарка
Во последно време најмногу плачам кога ми недостига некој особено дечко ми а знам дека нема да можам да го видам уште 3 месеци. Обично не плачам за некои големи ствари. Баш тогаш знам да се воздржам. Плачам кога сакам со помош на солзи лажливки да добијам нешто што сакам ( ретко, во секој случај) и плачам кога треба да искачам и цел ден си планирам што ке носам а никогаш не пробувам предходно комбинации и кога тоа што го сакам е или за перење или не ми стои убаво, тесно, широко или па сестра ми нема поим кај е и дали воопшто го позајмила на некој!! Е тогаш многу плачам.
Романтични филмови, разделби со блиски личности, Тоше Проески............ http://www.youtube.com/watch?v=IdU3nAl0n3c
Незнам дали мојот проблем е за во оваа тема ако не кажете ми каде го напишам. Еве вака. Моето дете идеше цела година во танцов клуб, беше најредовна членка а и во плаќањето бевме први пред сите родители. Сега на 29 .10 имаат концерт и што се случи претходната недела во понеделникот цел час седеше од страна на таа една дотична особа несакам ни името да и го спомнам колку сум повредена и навредена, отидовме и на вториот час и пак ја седна но кратко беше влегов на сред час си го земав детето а она не ме ни погледна за разговор. Се јавив на главниот во клубот и му раскажав све како било, ми рече дека ќе направи и она да учествува на концертот и дека тој бил хуманитарен концерт, по два дена повторно му се јавив прво беше изненаден кое а кога го потсетив за случајот ми рече дека као наводно зборел со таа и дека неможело ништо он да делува како еден главен одговорен и еден газда да неможе да направи не ми е јасно значи во нашава држава во фирмите кажуваат вработените што и како ке се работи. Уште ми рече дека може да иде детето само на часови да вежба со нормални деца е тогаш луге мои се извадив од контрола и му реков она не е ненормална и каков вие овој хуманитарен концерт кога ги дискриминирате и ги двоите децата. А нај трагично е тоа што прво кореографијата е многу лесна два напред два назад и во круг. Моето дете премногу сака да иде да игра цело време си ги носи патиките со неа. Таа што ги учи децата само да ја слушнете како се дере на нив а тие душицки се деца од 5 6 7 години. П.с. заборавив да кажам дека одговорниот ми рече дека има и човек што учи и игра со такви луге а тој никаде го нема или кога е таму цело време седи на столче, најбитно е тоа што пред да почне таму беа запознаени со све детенцето има проблем со говорот послабо збори а моториката е супер, такт и ритам пресупер и ја водат како дете со посебни проблеми. Дури им понудив да плакам како да носам две деца на часови. А има и девојциња сто неработат да речам се досадуваат па можат да земат. Како може лани на концерт да игра дете со церебрална парализа на бина да излезе и тоа што е многу потешко и со рацете и со нозете а сега оваа година за моето дете неможе кога им го реков тоа и на нив кога ги прашав ми рекоа тоа оставете го тоа е друго, а што е тоа друго па кај нас нема таков проблем. До кога ке бидат овие деца дискриминирани делени од светот па дајте да живееме и ние нормално како во цел свет. Сакат напред да иде државата да бидеме како запад но верувајте мора да се разбудиме и да видиме околу себе дека и ние постоиме. Па нели Тошка ни остави хуманизам, остави да идеме по неговите стапки но верувајте дека многу многу многу малку луге има такви а што е тоа тешко. Толку ли е мачно да се биде добар. Не е. Ех само да знете сега додека го пишувам писмово како ми е, колку ми е тешко цела недела неможам да се помирам и кога ке го погледнам детето мое како игра на музика. Зашто никој несака да прифати дете со посебни потреби да игра без разлика во играорно или танц би играла едно од тие две работи. Па нели и овие деца имаат секакво право да бидат активни како и сите други. Има закон што никој не зел да го прошита изгледа или пак го знаат а си прават по свое. И уште ова ако слушнете ако може некој да ни помогне да игра детето затоа што има слух има памтење има такт и има и ритам подобро од било кој друг некој што игра со години можам да кажам. Напишете каде да се обратам , каде да ја носам. Верувам во вас дека вие нема да ме одбиете дека ке ми помогнете.
Премногу сум емотивна..мислам пред луѓе не го покажувам тоа и многу сум ладна, али затоа кога сум сама надокнадувам..Последен пат плачев дечко ми(ако можам да кажам дека ми беше дечко) кога си одеше..цели 2-3 недели умирав од плачење..и сега додека пишувам ми е тешко ,али се контролирам
Ете дојде и моментот кога ги пуштив како река солзите кои со години ги потиснував во мене. За него. За жал овој момент јас не го доживеав, а го чекав и никогаш нема ни да го доживеам. Боли
сега го прочитав ова и срцето ми застана за момент .. солзи потекоа по моето лице .. зарем е можно да има толку расипан и злобен свет !! неможам да опишам колку сум бесна на животот .. каква власт , какви права каков закон !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Боже помогни им на жените во Кина .. еве линк .. http://tvoebebe.com/prisilni-abortusi-vo-kina подолу под видеото има линк за да се соберат повеќе гласови за правата на жените .. па потполнете дајте го својот глас против насилството .......
Стварно ми се насолзија очите, ова е страшно. Читав една слична статија кадешто мајката кажуваше дека кога откриле почнале да ја клоцаат по стомакот за да и предизвикаат спонтан
Се согласувам со тебе...многу не знаме да ги цениме работите во животот и постојано се расплакувам кога ќе видам семејства без покрив на главата.Досега најголема навреда за која и пуштив солзи беше кога заради една моја глупост таткоми ме казни со тоа што требаше да одам со него Хрватска нешто за работата се цел да бидиме повеќе време заедно а и после тоа што го направив не сакаше да ме остави сама. Јас не сакајќи да одам бев лута викав за се и сешто а се работеше само за неколку денови.Неможев да си поверувам колку "грубо ме казнува" . Два дена пред патот ме однесе во една куќа на која подолго време и помагал односно и давал малку пари колку да може да се прехранат.Фамилијата беше многу сиромашна спиеа на подови...Кога влегов внатре очите ми беа полни со солзи а таткоми кој цело време молчеше со строг глас ми рече ДОДЕКА ТИ СЕ ЛУТИШ ЗА ОДЕЊЕТО ВО ХРВАТСКА НЕКОЈ НЕМА ШТО ДА ЈАДИ И АКО ЗАТВОРОТ ВО КОЈ ТИ ЖИВЕЕШ ( КАКО ШТО ЗНАЕШ ДА ГО НАРЕЧЕШ ДОМОТ ШТО ЈАС СЕ ТРУДАМ ДА ТИ ГО ПРУЖАМ ) Е МНОГУ ПОЛОШ ОД ОВАЈ ТОГАШ ВЕТУВАМ ДЕКА ПОВЕЌЕ НИКОГАШ НЕМА ДА ТЕ КАЗНАМ. Почнав да плачам да липам затоа што никогаш не сум знаела да го ценам тоа што го имаам