Дете кое страда поради своите родители... Или на ТВ кога ќе видам луѓе на кои не им се пружила помош, или пак како тие родители вчера на ТВ што ги покажаа дури по 13год. успеале да посвојат деца...
Тажни филмови, тажни песни, мачење на билокакви животни, луѓето кои просат по улиците или било каде и многу други работи, но овие највеќе.
Тажни животни стории,песни и слики кои што ме потсетуваат на времиња кои никогаш нема да вратат,дечиња кои просат и се оставени сами на себе без никаква грижа,суровиот однос на луѓето кон животните,некои зборови кои многу брзо го пронаоѓаат патот до моето срце и знаат премногу да ме развеселат или растажат.....
Дефинитивно повредено животно, или некое кое шета само на студот.. сум се расплакала толку многу.. ептен ме погодуваат животните бидјеки ги сакам повеќе од луѓето, дефинитивно побрзо би се жртвувала за нив одколк за некој човек.
по природа сум емотивка но нема ден а да не ми надојдат солзи кога ке се сетам на маките што ги преживуваше татко ми додека боледуваше 5 години беше парализиран неможеше да оди,да збори,тешкон дишеше,ми доагаат и солзи кога ке се сетам и на мајка ми која што страдаше покрај него исто колку и тој.Една слика што ми е нон стоп пред очи постојано ми предизвикува солзи кога со мајка ми ги видов во парка како го турка со количка и седнаа на една клупа мајка ми има 55 а татко ми 60 год неможева да се воздржам а да не заплачам не им се ни јавив солзите сами ми течеа.
Има повеќе нешта што можат да допрат до мојата душа и да ми пуштат солза од очите. Бидејќи сум малку повеќе емотивна така и си плачам повеќе. Кога некој ќе ме навреди, а посебно ако се моите родители тогаш не можам да ги сопрам солзите. Кога некој ќе ме обвинува за нешто што не сум го направила и тогаш.. Кога ќе видам маченца или кученца како шетаат по улица гладни, изнемоштени. Исто така и луѓе, бездомници.. Жално. Кога гледам филмови со тажни приказни, кога читам книги исто така со тажни приказни.. И оваа видео секогаш ми предизвикува солзи.. http://www.youtube.com/watch?v=S-yD4OfY8cM
Убава книга,мудри и поучни приказни,животни стории во кои победува љубовта. Ова солзи радосници,а за тажните не би пишувала.
Коа ќе размислам,колку сум разгалена! Плачам и за најмалата ситница шо може да постои на световв!! Некои деца,луѓе немаат пари за леб,плачат од што неможат да го нахранат своето семејство ете такво е тоа чуство!! Свесна сум и продолжувам да се однесувам разгалено! Го мразам тоа! Некои деца немаат облека а мене целиот плакар ми е полн! Некои немаат топол кревет,па ни дом.. ехх кога би можела да им помогнам.. Се помалку луѓе на светов се сожалуваат на нив.. Но ја сум само дете као можам да им помоггнам!?
Деца кои немаат родителите, немаат храна, талкаат по ладното по улиците барајќи храна. Пред некоја ден сестра ми рече дека требало да однесат облека за децата без родители жал ми падна. Мајка ми и спакува две големи ќеси облека и и ги даде. За жал , некои деца немаат што да јадат, немаат со што да се облечат а ние плачеме за лап-топи, ајфони, и што уште не.
Ќе раскажам една мала случка што ја доживеав летово. Некаде околу 8 часот наутро поминував кај мојата улица а спроти мене едно мало босо детенце распарталено со прстето во уста бараше некоја за него вредна работа во кантата.Кога го видов неможев а да не заплакам.Се приближив и го прашав кај му се родителите.Рече дека незнае.Му го зедов рачето и му купив нешто за јадење.Неможев да се изначудам колку е сурова оваа денешница.И сега кога го пишувам ова ми течат солзи,колку беше болна таа средба за мене,што знае тоа кутро ЗА ОВОЈ ОДВРАТЕН СВЕТ.
Mногу сум чувствителна за човечки несреќи и судбини Денес ме растажи една циганка која собираше шишиња.Случајно се разминавме ,а таа плачеше и ме погледна тажно. Беше млада накај 30 години.Јас потоа цел ден се запрашував-зошто плачеше,дали има избор да не го работи тоа,зошто не побегне,зошто не побара помош.......Во такви мигови,сакам да сум милионерка.Сакам да ги израдувам со скромна,топла куќа,облека и јадење.Со телевизор и интернет.Со одмор на море.Жално
Ма јас сум плачка голема. Секакви ситници можат да ме расплачат доколку се задлабочам... Дај да не се расчитувам мислења приметив многу смајлиња нагоре ...
-тажен филм -на деца без родители -инвалиди -сиромашни луѓе и деца кои немаат што да јадат,да спијат у топло а денес децава ЛИГАВАТ за лаптопи.. -кучињата кои се мачат надвор да преживеат на студот..талкајки на сите страни и очекувајки храна... Spoiler Ах да бев МИЛИЈАРДЕРКА да можев да им помогнев на тие јадни душичкии
Хаха мене се ме тера на плачење Ама буквално се.Дури и ако се спремам за негде и ке си испланирам што да облечам и ке ми нема некое парче облека,ми се полнат очите со солзи се нервирам Ааа најтажно ми е кога ги гледам животните надвор.Сами.Без никој,оставени сами на себе да се снаоѓаат.Па дури и по снегот,ние се жалевме неможеме да отидеме на училиште/работа а тие?Цел ден надвор.Многу ми е жал...Исто ака и сираците бездомниците...Но најискрено оние циганине не ми се баш за жалење.Бидејки се многу безобразни..
Кутри луѓе кои немаат пари ни за леб, кои го јадат она што ќе го најдат во контејнер.. жално исто и безпомошни улични животинки, кои се оставени на суровоста на луѓето ... ех колку сакам да имам пари, би помагала.. барем за најосновното
Неправда,сиромашни луѓе,некој тажен филм,кога ми недостига некој близок а најтешко ми е кога ќе видам некој во невоља и не можам да му помогнам.
Старите слики од сите изминати периоди од животот,луѓето на нив некои се далеку,со некои си се одалечил.Тажни филмови,песни што ме потсетуваат на убавите времиња и на пролеаните солзи и разочарувања.
http://www.youtube.com/watch?v=S8O7zZ5b ... re=related значи секогаш кога го гледам оваа ми течат солзи, колку да се воздржувам не можам