1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нешта што ви предизвикуваат солзи во очи...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lolipop23, 31 март 2010.

  1. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Изгубени мечти, изнемоштени старци кои толку гордо си ги носат искуствата во секоја бразда на нивното лице. Мајка ми и татко ми кои иако некогаш многу изморени гледаат пак да ни погодат. Нивните очи кога некој ќе каже позитивен збор за мене и брат ми.
    Солзи во очи ми предизвикуваат мали гести ама направени од срце како кога плачев а внучето од 1 година ми ги бришеше солзите и ме гледаше ко да ја чувствува болката и тој.
    Секогаш ми навираат солзи кога ќе се сетам на едно утро кога ги испараќав моите на пат *(требаше да останат 3 месеци надвор од државата) бев силна додека не тргнаа, кога ги снема едноставно се пуштив да паднам на дворот и нашето кученце седеше до мене цели 2 часа. Испушташе звуци на жал додека јас липав и си ја буткаше главата во мене....
     
  2. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Хуманитарци што се утепуваат од донирање по секакви телефони, а кога ќе излезат надвор шутираат беспомошни бездомни кучиња. И остануваат истото гомно од човек што биле. Ама ми предизвикуват солзи како кромид, радо би плачела дур ги сечам.
     
    На La.Reina.Del.Sur, ines.h и Hipica им се допаѓа ова.
  3. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    Плачам на се и сешто тоа ми е најголема маана, плачам за бездомници и за тажни приказни песни....сега не баш плачка неќам другите да ме гледаат како плачам ама на само, на филмови неможам да ги сопрам солзите. :doh:
     
  4. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Некоја силна желба која не била исполнета, но која била сакана од еден човек за многу долго време. Тоа многу ме растажува. Но исто така кога ќе прочитам или кога гледам филм на некоа сцена која е слична на што се случува во мојов живо сериозно... Тешко е, ама се совемам
     
  5. mk.girl

    mk.girl Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    4
    До моите 17-18 год не плачев ама ич собирав се на срце.Сега речиси плачам на се...на филмови,тажни приказни, емисии и тн. Некогаш ми се случува таа особа што кажува некоја случка да не пушти ни солза а јас биљанините извори...
     
  6. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    се расплакав кога го гледав филмот на владе дивац - еднаш брака .
    се расплакав кога македонија славеше независност летово и бев на плоштад
    се расплакав кога прв пат отидов на гроб кај бабами/.
     
  7. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
    Јас плакам само за беспомошни животни и за смрт на некој близок :worried:
     
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Кога ќе видам стари луѓе како се движат и се поткрепуваат еден со друг, е ми иде да ѕвизнам. Колку се прекрасни. :)
     
  9. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Кога стигнав дома таа вечер жена ми ја послужуваше вечерата, ја фатив за рака и реков, имам нешто да ти кажам. Седна и јадеше тивко. Повторно ја видов болката во нејзините очи.
    Одеднаш не знаев како да ја отворам мојата уста. Но, морав да и кажам на што мислев. Сакам развод. Ја отворив темата смирено. Таа како да не беше вознемирена од моите зборови, наместо тоа ме праша тивко, зошто?
    Го избегнав нејзиното прашање. Тоа ја налути. Таа ги фрли стапчињата за јадење и извика кон мене, Ти не си маж! Таа ноќ, не разговаравме еден со друг. Таа плачеше. Знаев дека сакаше да открие што се случило со нашиот брак. Но, јас едвај можеше да и дадам задоволителен одговор, таа го изгуби моето срце заради Јана. Јас не ја сакав повеќе. Само ја сожалував!
    Со длабоко чувство на вина, го подготвив договорот за развод, во кој беше наведено дека таа ќе ја добие нашата куќа, нашата кола и 30% од акциите на мојата компанија. Таа погледна во него и потоа го искина на парчиња. Жената која потроши десет години од својот живот со мене, ми стана туѓинец. Ми беше жал за нејзиното потрошено време, ресурси и енергија, но не можев да го вратам назад она што и го кажав, затоа што толку многу ја сакав Јана. Конечно таа заплака гласно пред мене, што беше она што очекував да го видам. За мене нејзиниот крик беше всушност еден вид на ослободување. Идејата за развод со која бев опседнат во последните неколку недели се чинеше дека сега е уште поцврста и појасна.
    Следниот ден, се вратив дома многу доцна и ја најдов како пишува нешто на масата. Не вечерав, веднаш си легнав и заспав многу брзо, бидејќи бев уморен по поминатиот ден со Јана. Кога се разбудив, таа сеуште седеше крај масата и пишуваше. Мене едноставно не ми беше грижа, па се завртив на другата страна и заспав повторно.
    Изутрината таа ги постави своите услови за развод: не сакаше ништо од мене, но бараше да помине еден месец пред разводот. Таа предложи во тој месец да се обидеме да живееме колку што е возможно понормален живот. Нејзините причини беа едноставни: нашиот син имаше испити по еден месец, а таа не сакаше да го попречи со нашиот срушен брак.
    Тоа беше прифатливо за мене. Но, таа бараше уште нешто, ме замоли да се присетам како ја однесов во нашата свадбена соба на денот на нашата венчавка. Таа бараше за времетраење на месецот да ја носам надвор од нашата спална соба до влезната врата, секое утро. Мислев дека полудува. Но за да ги направиме нашите последните денови заедно поподносливи јас го прифатив нејзиното чудно барање.
    И кажав на Јана за условите за развод на жена ми. Таа се насмеа гласно и мислеше дека тоа е апсурдно. Не е важно какви трикови ќе употреби, ќе мора да се соочи со разводот, рече со презир.
    Мојата жена и јас немавме телесен контакт уште откако мојата намера за развод беше експлицитно изразена. Кога ја изнесов првиот ден, ние двајцата бевме некако несмасни. Нашиот син ракоплескаше зад нас, тато ја држи мама во неговата прегратка. Неговите зборови ми предизвикаа чувство на болка. Од спалната соба до дневна соба, а потоа до вратата, изминав повеќе од десет метри, со неа во мојата прегратка. Таа ги затвори очите и рече тивко, не му кажувај на нашиот син за разводот. Кимнав со главата, со чувство на вознемиреност. Ја спуштив надвор од вратата. Таа замина да чека автобус за на работа. Јас возев сам до канцеларија.
    Вториот ден на двајцата ни беше полесно. Таа се потпре на моите гради. Можев да го почувствувам мирисот на нејзината блуза. Сфатив дека долго време не сум погледнал внимателно на оваа жена. Сфатив дека повеќе не е млада. Имаше брчки на лицето, косата и беше проседена! Нашиот брак го земал својот данок од неа. За една минута се прашував што сум направил со неа.
    На четвртиот ден, кога ја кренав почувствував враќање на интимноста. Ова беше жената што даде десет години од својот живот за мене. На петтиот и шестиот ден, сфатив дека нашето чувство на интимност растеше повторно. Јас не ни и кажував на Јана за ова. Како што изминуваше месецот стануваше се полесно да ја носам. Можеби секојдневниот тренинг ме направи посилен.
    Едно утро таа избираше што да облече. Проба неколку фустани, но не можеше да најде соодветен. Потоа воздивна, Сите мои фустани станаа преголеми. Одеднаш сфатив дека таа стана толку тенка, дека тоа е причината зошто ја носев се полесно.
    Одеднаш почувствував како удар ... таа имаше закопано толку многу болка и горчина во нејзиното срце. Несвесно ја подадов раката и ја допрев по главата.
    Нашиот син дојде во тој момент и рече: Тато, време е да ја изнесеш мама надвор. За него, гледањето како неговиот татко ја носи неговата мајка стана суштински дел од неговиот живот. Мојата сопруга со гестикулација му даде знак на нашиот син да се приближи и го прегрна цврсто. Го свртев моето лице на другата страна, бидејќи имав страв дека може да се предомислам во овој последен момент. Тогаш ја земав во моите раце, одејќи од спалната соба, преку дневна соба, до ходникот. Нејзината рака беше околу мојот врат нежно и природно. Ја држев цврсто, беше исто како на денот на нашата венчавка.
    Но, нејзината помала тежина ме растажи. На последниот ден, додека ја држев во моите раце јас едвај можев да направам чекор. Нашиот син отиде на училиште. Ја држев цврсто и реков: не забележав дека на нашиот живот му недостигаше интимност. Возев во канцеларија .... скокнав надвор од колата набрзина без да ја заклучам вратата. Ми беше страв дека секое одлагање ќе ме натера да се предомислам ... одев нагоре по скалите. Јана ја отвори вратата и реков, Жалам, Јана, не сакам повеќе развод.
    Ме погледна, вчудоневидено, а потоа ми го допре челото. Да не имаш треска? рече таа. Јас ја тргнав нејзината рака од мојата глава. Жал ми е Јана, реков, јас нема да се разведам. Мојот брачен живот беше здодевен веројатно затоа што таа и јас не ги ценевме деталите од нашите животи, не затоа што ние не се сакавме повеќе еден со друг. Сега сфаќам дека штом ја внесов во мојот дом на нашиот свадбен ден, би требало да ја задржам се додека смртта не не раздели. Се чинеше како Јана одеднаш да се разбуди. Ми удри силен шамар, а потоа ја тресна вратата и прсна во плач. Се симнав надолу и заминав. Во цвеќарницата на патот порачав букет цвеќе за мојата сопруга. Продавачката ме праша што да биде напишано на картичката. Се насмеав и напишав, Ќе те носам секое утро, се додека смртта не не раздели.
    Таа вечер стасав дома, со цвеќе во моите раце, со насмевка на моето лице, трчајки по скалите, само за да ја најдам жена ми во кревет мртва. Мојата сопруга се борела со ракот со месеци, додека јас бев толку зафатен со Јана што дури и не бев забележал. Знаеше дека ќе умре наскоро и сакаше да ме спаси од негативните реакции на нашиот син, во случај да продолжев со разводот. Барем во очите на нашиот син - Јас сум саканиот сопруг ....
    Малите детали од вашите животи се она што е навистина важно во врската. Не се работи за куќата, за автомобилот, имотот, парите во банка. Тие создаваат средина погодна за среќа, но не може да дадат среќа самите од себе.
    Затоа најдете време да бидете пријател на вашиот брачен другар и да ги направите оние мали нешта едни за други, кои ја градат интимноста. Имајте навистина среќен брак!
    Ако не го споделите ова, ништо нема да ви се случи.
    Ако го споделите, можеби ќе спасите нечиј брак. Многу од неуспесшните луѓе во животот, се оние кои не сфатиле колку блиску биле до успехот, кога се откажале.

    Непознат автор
     
    На Aleks96 и cherry91 им се допаѓа ова.
  10. sance12

    sance12 Активен член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Solzi vo ocite imam sekogas koga ke poglednam dete malo, a zosto? se razbira tocno znam znam deka toj ke pati vo ovoj surov zivot sekogas i sekogas i sekogas i neznam uste kolku ke mi nadogat solzi:(
     
  11. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Нивниот суров поглед и недостаток на капка разбирање..
     
  12. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Премногу работи.

    ***Започнувајќи од соочувството со сиромашните, повредените, болните, животните...

    ***Самоанализата.
    Кога во некој друг човек ја видам неговата преголема душа, љубов, ревност за нешто да направи, па следствено на тоа си ја поставувам дијагнозата. Дека сум ништо во споредба со нив и колку треба да учам од другите, од нивните добродетели.

    ***Но, најмногу созли ми измамува една работа.
    Помислата за тоа што Господ се ми дава, ме чува како капка роса на дланките, ми го подарил се она што сум го посакала, а јас како му враќам?
    Колку му го возвраќам се тоа секој ден?
    Дали правам нешто достојно за да ја покажам таа љубов?
     
    На La.Reina.Del.Sur, thelittle17, Elenuskaa и 2 други им се допаѓа ова.
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    шесто тоа е да имам солзи во очи е некоја моја рана,,нешто ако гледам или слушам на тв,нешто емотивно....али највеке тие мои рани во мене...
     
  14. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Кога ќе гледам некој тажен филм на телевизија, премногу сум емотивна и чувствителна за некои работи...да не речам скоро за сите...
    Кога ќе видам некоја тажна слика на интернет, кога ќе се присетам на некој починат... ;(
     
  15. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    ...малиот со големо срце.
    Ми се јавува пред некој ден, а јас се стресувам читајќи го неговото име на мобилниот. Како по обичај, помислувам на најлошото.
    Потоа му го слушам гласот-радосен е. Вели дека е добар, со другари е излезен. Чувството е како сонот кога станува стварност. Дури не можам да поверувам, по се што поминавме.
    Му велам дека нема ден да не помислам на него.. И јас, ми вели, ...да не беше ти...

    Им кажувам потоа на моите дома. Радости - како за најблизок.
    И солзи, но овојпат радосници.
     
  16. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Голема емпатија имам кон стари лица, некој дедичко или бабичка кога ке видам, солзи сами ми течат...
    Сиромашни луѓе а насмеани, или некој кога видам во контењер да чепка, срцево ми плаче...
    Болни луѓе, кои се мачат со болеста...
    Луѓе кои се добри, кои се почитуваат и сакаат безрезервно и во ова никакво време...
    Исто солзи ми идат кога видам некои платонски љубови наоколу, ама тие за убаво се :)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mecheto1

    Mecheto1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    52
    Во денешно време,многу работи.
    На кој страна да се свртиш има нешто што е тажно.
    Се сложувам со коментарите до сега.Тоа е тоа што предизвикува солзи.
     
  18. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    мене у последно време се ми предизвикува солзи у очи,како ми иде даа плачам на глас да вриштамммм ,па затоа све и свашта ми предизвикува солзи у очи
     
  19. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    - Песни
    - Романтични филмчиња
    - Стари спомени
    - Неправди
    - Мали дечиња
    - Кога моите најблиски се тажни
    - Кромид :D
    - Депилација :sweat:
    - Сонцето во последно време :swear:
     
  20. Bel-Golub

    Bel-Golub Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    48
    не знам зашто ама од секогаш кога ќе помислма на нашиот ТОШЕ и кога слушам песни едноставно не можам да се контролирам а друго ништо можам да се контролирам