Не дека не сум емотивна личност,ама не плачам често.Може да ме расплаче(секогаш)-"Твоите бакнежи на моите бели кошули" од Тоше.Може у Don't cry од GN'R,Heaven од Warrant и уште некои такви песнички убави Може да се расплачам и кога ќе видам бездомник што цел ден проси за едно парче леб...Затоа луѓе,од тоа влечеме поука ! ЦЕНЕТЕ ГО ТОА ШТО ГО ИМАТЕ !
Spoiler кромид.. Шала на страна сум многу емотивна личност и мала караница и неправда може да ме расплаче,да не зборам за безпотребни депресии,случки,филмови и слично..
Па многу сум емотивна личност иии онака на песни плачам на некој филм ама треба да е многу тажен,кога некој ќе ме повреди со збор... ама некогаш знам и да се воздржувам ии очите кога ми се полни со солзи да се воздржам и сум таква личност што ќе оди во веце ќе се изнаплаче ии ќе искочи како ништо да не се случило!
И јас сум плачка. Но, наоѓам нешто позитивно во тоа. Кога ќе се исплачам се чувствувам како нова. Дури имам забележано и подобро размислувам.
Плачка голема сум, се може да ме натера да плачам,кога се карам, кога сум нервозна, повредена.. ама само кога нема никој си плачам. не покажувам бре! А вака ако збориме за извадок од нешто секогаш ме тераат на плачење овие стихови: А кому ли она вечерва, нуди усни место вечера.. Кој несакал, тој незнае што е најтешко, црно тиквешко... Незнам зашто, и кога немам причина овие стихови ме растажуваат....
Плачам многуу...ехеее и за глупости и за свашта.Но секогаш можам да се расплачам кога гледам љубовен филм и коа некој умира-клише ама тоа е...си плачам.
Јас не плачам многу. Зависи како мие денот. Ако цел ден сум депресивна може и најмала ситница да ме расплаче.
Кога ја гледам мајка ми како полека но сигурно ги губи нервите и здравјето. Не солзи, срцето ми се кине.
Кога ќе видам некој на фејсбук што сам си о лајкнува својот статус,фотографија... Хаха, шала на страна, солзи во очи ми предизвикува некој навистина добар филм,добра песна,некое сиромашно и болно детенце
Кога гледам болни,гладни,боси на -15,копнеж за некои стари дни ми предизвикува море од солзи,плачам за неправдата,омразата,глупавоста,силеџиството,доминацијата,загаденоста....
Нервоза. Кога сум нервозна плачам и не можам да се сопрам. Ми се има случувано и во јавност да се изнаплачам поради нервоза. Кога сум малку пијана, сама и слушам песна која ме допира. Е тогаш сум скроз Кога после караница со партнерот си одам сама дома. Кога гледам неправда извршена врз деца.. малтретирани, искористени, гладни, голи боси. Не можам. Плачев кога кучето ми го украдоа. Џубриња. Стварно го сакав кученцето и уште не можам да се помирам. Плачам и поради бура на емоции, миксови од среќа, мерак, неверување, веселост, љубов.. Тие солзи најмили ми се кога ги гледам кај моите сакани, и тогаш се најмногу се радувам , солзи радосници.
Јас по природа сум премногу емотивна,значи премногу .. Мене најтешко ми паѓа кога некој ме криви за нешто многу озбилно а јас не сум крива, тешко ми е кога гледам или читам како ворасните вршат насилство врз децата,кога се гладни и слично. Како и девојката пред мене што рече дека плаче поради бура на емоции, исто и јас(ама тоа се солзи радосници) ... и многу други работи
Плачам затоа што плачам често. Мразам кога плачам од нервоза, плачам кога некој не сака да ми го ислуша мислењето, плачам кога некој што ми е близок ќе ме навреди, посебно за физички изглед. Е то ами доаѓа како шок и во истиот момент си мислам, па зашто тогаш контактираш со мене. Иако можеби е кажано на шала, кога некој недостаток едвај си почнал да го забораваш и да не го приметуваш а некој ти го трие од лице и тоа на груб начин.. е тогаш како да ми се заглавило нешто во грлото, и ми иде да врискам. Само, не покажувам слабост, и во тие моменти, можеби на нервоза, враќам со ист низок удар. Well fuck you too момент е.
мене дури и ситница може да ме расплаче.. плачам на тажни филмови, плачам на тажни песни, плачам дури и на песни кои не се тажни но будат некое сеќавање во мене.. плачам најмногу кога некоја личност/суштество ме напушта, односно кога ми умре мачорот плачев многу а исто и сега ми идат солзи кога мислам на него, плачам и кога ќе ме напушти некоја добра наставничка како на пр. наставничката по Англиски, ни беше во 5то и 6то, една од најдобрите и најмилите жени на светов, ја сакам како втора мајка, и кога ни заврши учебната година се изнаплакав за неа, само јас и една другарка плачевме , ама јас многу потажна бев и кога требаше да си одиме дома јас останав и ја чекав пред училница да излези, а кога излезе имавме една долга и полна со емоции прегратка.. едноставно таква жена е, мила добра, некогаш строга но се беше за доброто наше.. исто така плачам и кога некој близок полека се оддалечува од мене, како на пример сегашнава мачка што ми е ме игнорира и ретко кога ја галам плачам за многу работи бидејќи сум емотивна личност и не ми е гајле ако другарките ме наречат плачка или сл. едноставно таква сум и не ми е гајле
На се плачам. Некој тажен филм, книга, песна. Плачам во моменти кога ме фаќа носталгија за нешто, кога сум нервозна и тоа баш нервозна, кога некој близок ќе ме навреди, кога ќе ми ја издаде довербата. Плачам и од среќа, во убави и среќни моменти. Абе плачка сум си јас