. .чуден е животниот пат...можеби некогаш ќе ме пронајдеш онаму каде што мојата приказна завршува,твојата започнува..а каде нашата животна приказна застанала.... онаму каде што чекорат многумина а ти ќе налеташ на една непозната,една случајна минувачка,со студен поглед....несвесен дека во таа иста непозната бие срце кое некогаш биело само за тебе.... Живот... Нешто што мора да се помине... Болка која секој ја доживува... Рана... Која секој човек во себе барем една има... Љубов... Само дел од животот на некои луѓе... Јас сепак преживеав... Немаше никој да ми подаде рака... Бев речиси на дното од една бездна, на дното од бездната на очајот... Навистина не ми подаде никој рака, самасобрав сила... ... .....посветено на човекот кој го сакам најпоќе ама не е со мене,со друга е...... иначе по природа сум голема плачка,плачам од радост и среќа,од тага и болка, солзите се 99% чувства а само 1% вода.....
Ситуацијата во која се наоѓа моето семејство во моментот. Посакувам да можев нешто да сторам. Само сакам да сме среќни како еднаш порано...
Таа вечер се обидував да не мислам. Се обидував да се насмеам. Се обидував да се потсетам дека не ми требаш, дека не те сакам, дека не ми значиш. Посакував да е така. Баш онака како што ми кажа еднаш. “Посакувам да не ми значиш, посакувам да ми е гајле за тебе…“. Се чувствував чудно. Како некоја тапа тешка болка во градите. Како да ме гуши. Но, не можев да плачам. Со сета сила со саати се обидував да заплачам, се надевав дека ќе ми биде полесно ако се исплачам. Ама солзиве не сакаа да потечат. Се плашев дека нема да можам да се испразнам. Дека ќе останам ваква. Засекогаш. “Млада си” – ќе ми речеше да беше тука. Но не си. “Ќе дојдат уште многу. Не сум само јас.” – ќе ми речеше да беше тука. Но ти не си тука. Ноќите кога плачев барем ми носеа сончеви утра, барем ми носеа утра кога ќе го слушнев твојот глас. Сега знам дека нема да се јавиш. Нема да се јавиш и да се преправаш како ништо да не се случило. Нема да ме налутиш, а потоа да ме прегрнеш… А, затоа ли солзиве не сакаат да течат? А затоа ли срцево ме стега? Се чувствувам преполно, а сепак празно. И некоја вештачка насмевка ми е окончана како некој пластичен израз. Некоја заштитна маска. Барем да ми ја оставеше онаа ноќ да ми беше последна. Онаа ноќ кога ти кажав дека сакам никогаш да не заборавам. Барем да ме оставеше тогаш засекогаш. Барем да ме оставеше вчера, барем да ме оставеше утре. Барем да ме оставеше било која ноќ, само не оваа. Само не оваа. Ќе плачев цела ноќ. Ќе плачев и наредниот ден. И тој после него. Но, барем ќе бев празна по некое време. Барем ќе можев да почнам одново. Барем да ми кажеше дека ти значам. Барем да ме погледнеше еднаш онака како што цел живот ќе паметам. Да ме погледнеше онака како што водеше љубов со мене, како да сум твоја. На оној начин – полн со емоции и да ме прашаше повторно: “А, оваa има ли емоции во себе?” И потоа да заминеше. Барем да можев да плачам. Посакувам да плачам. Да викам. Да врескам. Барем да можам да извикам на цел глас, цел свет да ме слушне. Бар да можам да си го пронајдам срцето некаде во мене. Да можев да украдам уште еден бакнеж кој ми припаѓа на мене. Да знаев дека никогаш нема да те видам, ќе го украдев и оној мал момент со тебе. Да знаев дека никогаш нема да те видам, ќе те прегрнев и ќе го впиев мирисот на твојата мекост. Мирисот на прегорена цигара и турско кафе. И повторно ќе те прегрнев и ќе се чувствував најсигурна на светов. Заштитена. Чувана. Љубена. Ќе украдев уште некој бакнеж и уште еднаш ќе те држев за рака. Ќе ја држев со сила твојата рака, велејќи ти дека ми е ладно и ќе се преправав дека засекогаш ќе ми припаѓа на мене. Дека засекогаш ќе ми припаѓаш на мене. Ќе дозволев да ме покриеш со твојата јакна и ќе се обгрнев со неа. Ах, колку го обожавав тој мирис. Ми припаѓаше на мене. На мојата приказна. На нашата приказна. Само сега, без тебе во неа…
Пред неколку недели на излегување од една дискотека во градскиот парк си седнавме со другарките на една клупа да се одмори. Дојдоа 2-3 циганчиња и почнаа да ни зборуваат. Ни кажаа дека никој во животот не им прозборел додека питале. Ни се пожалија дека спијат во паркот, затоа што во домот ги тепале ако не однесат одредена сум пари и не им давале јадење. Толку беа мили и фини ми дојдоа солзи на очи. Им понудивме јадење, не сакаа. Им понудивме пари ни тоа не сакаа. Само ни рекоа: Од вас не бараме пари, вие сега сте ни другарки. Леле не знаете како ме трогна оваа ситуација, посакав дома да си ги земам . После тоа си размислувам постојано, кога не сум задоволна од нешто во животот ми текнува на нив, како немаат кај да спијат, некогаш немаат и за храна, еве доаѓа зима, што ли ќе прават.Некои луѓе се осудени на таков живот, тоа ме растажува. Тоа што немам моќ да сменам некои работи. Зар не сме еднакви сите на овој свет ?! Ннекогаш им се лутам на моите за обични ситници, небитни работи, но во тој момент ми текнува на овие деца. Среќна сум што имам семејство, дом и се што ми е потребно.
Сеќавањата и безпомошноста. Толку многу сум носталгична што се фрустрирам што немам моќ да ја вратам посакуваната ситуција. Секоја вечер одредени моменти ме прогонуваат, и како опседната ми ги превземаат мислите.
Стари и беспомошни лица. Лица со хендикеп, особено помладите. Ништо не згрешиле за да добијат таква судбина. Колку само би сакала да им помогнам, да направам нешто за нив да не се мачат. Секогаш помладите лица со хендикеп ми предизвикуваат солзи. Солзите на моите најблиски, најсакани. Не можам да ги поднесам едноставно. Некогаш сум премногу осетлива, дури и обична филмска сцена ми предизвикува солзи.
Го родив а не можев да го видам,ни здивот не му го сетив,ни плачот не му го слушнав.Господ ми го зема а толку го сакав...и уште го сакам.И секогаш кога ќе ја гушнам мојата ќеркичка плачам...од тага за изгубеното и од среќа за даденото. ;
Кога ќе видам повредено,гладно,болно,бездомно животинче.. Едноставно срцето ми се кине. Да можев би ги земала сите бездомни животинчиња дома кај мене..
Моментално ова Тоше во ЧИЈА СИ сега близина,КОЈ ЛИ ТИ ГРИЗЕ ОБРАЗИ,кој УСНИ ТИ БАКНУВА,Ти си единствената МОРСКА ЅВЕЗДА на овој свет! АНГЕЛ СИ ТИ пратен од бога да не водиш низ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ,ти си ПОЛСКО ЦВЕКЕ кое цветеше и кое ке цвета во градините на нашите срца ЗАСЕКОГАШ! Каква ли МАГИЈА носеше што не водеше сите ПО ТЕБЕ. АКО МЕ ПОГЛЕДНЕШ ВО ОЧИ ке видиш само НЕМИР и ГРЕВ.Во нив го нема веке оној сјај кој го имаше додека пеевме со тебе. Сонцето кое што грееше над нас сега го покри мрачна МЕСЕЧИНА. Почивај во мир. ♥♥♥♥♥
Кога слушам за тешкото детство на мајками и таткоми. Порано кога ми раскажуваа за тоа каков бил животот порано на село, колку биле сиромашни и како уште мали ги терале да работат, не им оставале време за учење, немале облека и обувки и пешачеле по саат и половина за да стигнат до училиштето, секогаш кога ми ги раскажуваа нивните приказни, се криев позади масата и плачев. Ме боли и кога ја гледам жената што продава облека по куќите, со повредена нога, дојдена од далеку за да заработи некој денар и да ги прехрани децата. Сиромаштијата ме боли, тоа е...
кога сум дома на романтичните филмови, секогаш. но надвор, гледам само како луѓето ги третираат останатите кои се "под нивна класа", никогаш не размислувале за нивното понижување. Добро е што до сега немам доживеано такво нешто, но исто така се обидувам да не направам дури и несвесно. Тоа ми е ужасно кога некој го потценуваат.
Кога некој ќе ми заврти грб, а ти толку се имаш трудено за него. Сиромаштијата во Африка. Тажни филмчиња.
Што знам .. Кога ке кажат еве живееш со баба и дедо, ти немаш татко и мајка, таа е преженета со тој и тој ..
Синојка малку ми фалеше да се расплачам. Зборувам со мајка ми и она ми кажува за детото од Скопје кое се фрлило од зграда. Самоубиство отсекогаш ми било некако тешко за соочување, ама кога е дете на 18 години, кое учело со брат ми во клас во гимназија уште потешко ми падна. Зошто ли го направил тоа. Се сеќавам дека го имам видено кај брат ми на роденден, дури мислам и дома ни има дојдено неколку пати. Брат ми вика, супер изгледало детето, годинава тазе запишан на факултет ама тоа. Денес му е погребот, можам да замислам како им е на родителите. Почивај во мир.
Стари и немоќни лица како се мачаттакаречено да отползтат до продавница,или гладни и те гледаат во уста додека јадеш,затоа секогаш им помагам,тешко ми е кога одам по улица и забележувам жена која е тажна се влече а мажот на таа душа ко морон се дере на улица секогаш се прашувам што го трпи?