Не сум плачка....Но знае да ме растажи само погледот на татко ми ....Кога ке сака нешто да ми пружи а нема можност ( да не испаднам дека барам но ете некогаш ке излета нешто низ уста што пдоцна многуу се каам)
јас сум премногу емотивна и ситници можат да ме расплачат ама за братучетка ми која ја обожавам и влакно од косата да и фали јас ќе плачам
Јас искрено сум многу емотивна.. дури солзи ми потекуваат кога се расправам за нешто, кога сакам да докажам нешто.. скоро за се Некогаш и не е добро тоа ама што да правам таква сум си..
Кога ке го погледнам разочарувачкото лице на тато кога гледам слики од афричките деца и нивната немаштија кога ме остава тој што го сакам кога ке слушнам дека некој е болен од тешка болест кога ке видам како некој стар човек работи,иако не може.
Значи ништо неможе да ме погоди толку силно како што може да ме натажи кученце со тажен поглед, добро и маче. Кога ќе видам прегазено животно на улица ми иде да пукнам од плачење многу ме погодува тоа
Нешта што ми предизвикуваат солзи во очи..хмм,па може да се каже некоја книга со тажен или романтичен крај,ист таков филм,кога ќе слушнам како некој навистина знае да пее(од ова исто така се ежам )и толку друго не ми текнува...
Емотивна сум, и плачам на многу работи. На книги, на филмови, на некое мало детенце кое е болно, на стари луѓе со намачен тажен поглед... Плачка сум, тоа е. Се сочувствувам со сите.
Сликава како за пример. Љубовта на животните и децата,навредата од драга личност,тажна книга,тажени филмови,сиромашни луѓе...
Помислата на губење на блиска личност. Кога бев мала сонував дека починал мојот татко се сеќавам дека почуствував голема болка и дека плачев премногу за да се ослободам од неа,но не поминуваше, веќе во следниот момент татко ми ме разбуди се исплашиле луѓето дека многу гласно сум плачела во сон. До ден денес ме плаши помислата дека будна можам да почувствувам такво нешто...
Губењето на нешто што ми е важно, неможноста да излезам од некоја ситуација во која сум заплеткана како во лавиринт... Се она што е неправда...
Мали дечиња што просат по улиците (циганчињата) и на крај пак ке ги испотепаат дома и татко им ке им ги земе парите за цигари.Гревчиња. Друго - насилство врз животни,напуштено животно што умира или пак прегладнето...(ова дефинитивно највеќе) Стари бабички,сиромашни, или дедовци,сами што јадат,осамени,како и да кажам,секогаш солзи на очи ми доаѓаат кога ке видам некоја стара бабичка,со марама , неможам да опишам убаво...
Стари и изменоштени луѓе, несреќи на блиските, кога нешто неможам да постигнам, а толку многу сакам да го добијам...