Најчесто филмови/серии со слична приказна како мојата или пак разни поуки кои знам дека се така,а не можам да ги применам.
Филмови што се снимани според вистински приказни,тажни и емотивни моменти во серии и филмови,потсетување на работи што неможам да ги исправам и да го вратам времето.. :/
Боси и голи деца , на улица, во Африка, напуштени, гладни, без мајчинска љубов... Напуштени кучиња чекајќи го сопственикот да дојде... Поетски лирични текстови за љубовта без среќен крај... Очи полни со солзи... Деца полни со модринки насекаде... Уште многу нешта сигурно... но и јас сум многу емотивна... Преемотивна
Стари изнемоштени лица , миленичиња малтретирани по улици или гладни или какви и да се , и циганчиња у задно време гладни боси ...
Последното збогување Неодамна, случајно го наслушнав разговорот меѓу една мајка и ќерка, додека ги минуваа нивните последни мигови заедно на аеродромот, иако полетувањето на авионот со кој требаше да си замине ќерката, веќе беше најавено. Стоеа близу една до друга, на последната рампа каде требаше да се разделат, тие се прегрнаа и тогаш мајката рече: „Ти посакувам доволно.“ Ќерката одговори: „Мамо, нашиот заеднички живот беше и повеќе од доволно. Твојата љубов кон мене, беше се што некогаш ми требаше. Ти посакувам доволно и тебе мамо! Тие се бакнаа и ќерката си замина.“ Мајката застана до прозорецот кој гледаше на пистата каде авионот со кој заминуваше нејзиното девојче, беше спремен да полета. Не можев, а да не забележам дека неколку солзи и се стркалаа по лицето. Не сакав да и се мешам во интимниот момент, но таа ми пријде и ме праша: „Дали некогаш сте се збогувале со некој знаејќи дека е за последен пат?“ „Да, сум го сторила тоа“ – одговорив. „И извинете што ќе прашам, но зошто мислите дека ова е ваша последна разделба?“ – бев љубопитна. „Јас сум стара и болна, докторот ми рече дека уште малку ми останува, а таа живее многу далеку и има многу обврски. Мислам дека нејзиното следно доаѓање ќе биде за мојот погреб.“ - ми одговори „Кога се испративте, слушнав дека си рековте нешто како Ти посакувам доволно... Може ли да прашам што значи тоа?“ – се осмелив да ја прашам старата. Таа се насмевна и рече: „Тоа си го посакуваме сите ние од семејството, генерации наназад. Моите родители постојано го велеа тоа.“ Потоа направи пауза и погледна нагоре како да се обидува да се сети на некои детали, па продолжи: „Кога на некого ќе му посакаме доволно, всушност му посакуваме да има живот исполнет со доволно добри работи кои постојано ќе му даваат волја за понатаму, без разлика на тоа што ќе се случи“ Ме погледна значајно и почна да рецитира: „Ти посакувам доволно сонце, за да го задржиш твојот став светол.“ „Ти посакувам доволно дожд, за да знаеш да му се радуваш на сонцето“. „Ти посакувам доволно среќа, за да го задржиш твојот дух ведар.“ „Ти посакувам доволно болка, за да научиш да им се радуваш на малите нешта.“ „Ти посакувам доволно загуба, за да го цениш она и оние кои ги имаш.“ „Ти посакувам нови поздравувања, за да можеш полесно да се помириш со конечните збогувања.“ Потоа почна да плаче и си замина. Останав уште некое време во чекалната на аеродромот и размислував за она што го кажа оваа жена. Чувствував дека денес бев тука бидејќи требаше да ја сретнам и да ја научам оваа животна лекција од неа. Велат дека треба само една минута за да запознаеш некоја посебна личност, еден час за да ја почитуваш, ден да ја засакаш и цел живот да ја заборавиш!
Леле исто и јас. Кога ќе видам некое старо изнемоштено лице ми надоаѓаат веднаш солзи и кога можам ако им треба помош за што било им помагам, да преминат улица, да им подржам нешто... исто така тешко ми е кога ќе видам питачи стари изнемоштени Многу ми е жал и им ги давам ако треба и последните пари од новчаник. Животинчиња кога ќе видам на улица како некое маченце мјауцка или кученце некое уффф ми доаѓаат солзи и тогаш. Исто ми надоаѓаат солзи на очи кога ќе прочитам нешто на интернет некоја тажна животна приказна за некои, или кога гледам некој филм така знае да ми дојде некоја солзичка.
оо и јас плачам на тоа секогаш ..зошто да ми се дерат и да сум крива или не... емотивна сум евентуално кога треба да ми дојде ..тогаш и а убаво и на лошо ми се плаче понекогаш..или сум нервозна
кога гледам дека некој плаче секогаш плачам и јас.последен пример е од маше маало сабајле таа Нерѓус ја прашување Атиџе дали таа и го украла златниот ѓердан на Лејла и она вика не и оваа детее мое и мене одма солзите ми течат.мајками кога плаче увек плачам,за татко ми не толку он малку по филмски плаче,кога ќе ги истепам сестрите ако ме нанервирале па ми е жал после,секој збор кажана од саканата личност која не ми доликува и ми смета....а за филмовине да не правиме муабет
-Стари изнемоштени лица. -Оние кои просат на улица. -Луѓе со парталава облека и одма ми идат мисли дека ние се жаламе дека "нема што да облечеме". -Болни дечиња и постари луѓе кои имаат проблеми со здравјето. -Луѓе со недостатоци кои се избегнати од другите и се на некој начин осамени, кога ќе видам такви личности со наивни лица одма ми доаѓа да заплачам. -Луѓе кои имаат тешка физичка работа. Не секој може да има канцеларија, но баш тие мислам дека се најслабо платени кои се изложени на сите временски услови надвор и работат за корка леб -Како ги заборавив и животните. Секое само, гладно, мало и наивно суштество ми предизвикува солзи и сакам да му помогнам, да го вдомам, да го нахранам но како кога немам услови и со самото тоа уште толку ми е тешко.
http://www.youtube.com/watch?v=hMfQQjL0kT8 -оваа видео Девојчето пее за мајка и која ја нема видено подолго време,бидејќи била во болница.
ништо не ме тера да плачам толку колку кога ќе видам некој постар како се мачи, или влече кеси или седи сам.
Ова е последното нешто, секогаш кога ќе се сетам ми текнува на тоа колку животните се подобри од луѓето ! http://www.youtube.com/watch?v=Sju3kSTAzdI А инаку има и некои песни и спотови кои кога ги гледам ми се плаче.
па речиси секогаш ми иди за плачење кога ќе видам луѓе што питаат..гладни,боси..немаат што да јадат а и ептен ми е жал за животни..така гладни,беспомошни