Мајка ми порано беше болна, имаше големи болку во левата нога и едвај одеше, некогаш дури земаше и стап. Но никогаш дома не не’ остави без ручек, чиста облека... Ноќе не можеше да спие и постојано велеше дека ќе умре. Фала Богу, ништо такво не се случи. Сега е добро и додека го пишувам ова ми навираат солзи во очите. Многу те сакам мамичке
Луѓе кои немаат никој близок покрај себе. Луѓе кои просат, кои немаат да јадат леб. Луѓе кои се болни од неизлечлива болест. Книги и филмови со тажен крај.
1.Повредени животни 2.Тагата на моите блиски 3.Тажен филм 4.Тажна книга 5.Тажна песна 6.Разделба 7.Болни луѓе 8.Осамени луѓе
Бездомници кои со труд го заработуваат своето парче леб, болката на моите најблиски, филмови, книги...
мило ми е што мајкати е подобро... јас од 16 години имам дискус хернија...буквално животот ми е пекол не сум воопшто истата како порано...секој ден скоро со болки сум...сето тоа ми предизвикува солзи во очите и тоа што дечкоми сето тоа време е покрај мене што не ме остави сама иако знам дека не му е воопшто лесно...
Кога постара личност плаче, особено родител Кога гледам повредени луѓе или животни на кои никој не им помага, или кога некој ги малтретира бездушно Гладни и жедни луѓе Деца без родители, оставени сами на себе Тажни животни стории (и она што гледам по телевизија) Кога моите блиски поминуваат низ многу тешки времиња и проблеми Кога морам да се разделам од некој мој близок
Жалам, единствено што сакам е да оздравеш, сигурно ти ова не си го заслужила, штета што животот е суров и неправеден, ти праќам голема поддршка, колку и да е тешко издржи се ќе помине !
мило ми е што мајкати е подобро... јас од 16 години имам дискус хернија...буквално животот ми е пекол не сум воопшто истата како порано...секој ден скоро со болки сум...сето тоа ми предизвикува солзи во очите и тоа што дечкоми сето тоа време е покрај мене што не ме остави сама иако знам дека не му е воопшто лесно...[/quote] Жалам, единствено што сакам е да оздравеш, сигурно ти ова не си го заслужила, штета што животот е суров и неправеден, ти праќам голема поддршка, колку и да е тешко издржи се ќе помине ! [/quote] благодарам за подршката...тешко е и тоа многу кога не можиш да функционираш како сите останати...оваа година од кревет не бев станата 3,4 месеци тогаш бев силна сега само солзи ми навираат кога ќе се присетам а секојдневната болка ме потсеќа на тоа... живот...каков таков мора да се биди силен и да се продолжи со надеж да се живее...
Луѓе и деца кои просат на улица,инвалиди и некои други луѓе со недостатоци,повредени и ненахранети животни
Јас сум многу емотивна личност,па многу нешта ме тераат на плачење.И ситници. Прво,кога ке дознаам дека личност која многу сум ја сакала ме лаже.Можеби не плачам пред луѓе ама кога сум сама едвај се смирувам од плачење.Потоа ме растажува кога ги гледам оние луѓе кои немаат никој покрај себе,кои немаат каде да преспијат па морат да просат.Исто така ме растажува кога ке помислам на некои работи кои некогаш биле,а сега ги нема.
-мојата пасивност -разочарувањето на моите најблиски -мојот неуспех -неуспехот на некој близок -смрт на блиска личност -самотија -лажење -лицемерие -проблеми на близок од финансиски,здравствен и друг карактер. Во принцип сум многу емотивна.Само луѓето не знаат. Емотивноста на само ја искажувам..
кога ќе видам стари луѓе кои се сиромашни и се мачат многу по болници навака натака,па и оние гнаси од доктори не се грижат убаво за нив , кога ќе видам животинче гладно по улици каде што скита....
Тешки судбини, туѓи тешки судбини макар и на третиот крај на светот да се. И за човек и за животно. Обавезно си останувам без здив во градите кога гледам вести.
несреќни луѓе, неправди, чекори за сеќавање, книгата, луѓе кои се болни од неизлечлива болест, тажна песна, деца без родители. Голем емотивец сум, плачам и на најмали ситници, но на само.
...пред некој ден го добив ова видео од мојот најмил како едно ЗБОГУМ од него,збор кој не можел сам да ми го кажи ...и ете 3 дена се си плачам...сватив дека е прекасно за нас.... http://www.youtube.com/watch?v=dqYLHPrTZAY