Во последно време се ме расплакува, ама посебно плачам кога ќе видам некој да мачи или убива животинче, ми се чини и јас умирам со него
Кога ќе слушнам глас на некое маче онаков како да плаче и кога ќе видам животни кои што гладни скитаат по улиците да можам сите би ги прибрала
Во последно време се ме расплакува , и јас не сум повеќе она што бев, претходно и пред себе не попуштав кога сум сама, ама сега надокнадувам .
Три метри над небото, прв пат кога го гледав го исплакав, и секој нареден пат кога сакам да го гледам неможам да го догледам
Преемотивна сум можам да кажам, се расплакувам и на најмала ситница....пр. кога ќе отидам да ја видам баба ми а она ме бакнува и прегрнува.
Превише сум емотивна кога и да има некоја случка во некој филм јас си се расплакувам или пак кога че читам некоја книга
немоќни и повредени животни, родител кој го гледа своето болно дете како пати. Просто кажано-немоќта највеќе допира до мене. Кога животот е посуров од што човек е моќен да поднесе.
Мене може да ме расплаче се`. Ама буквално се`. Од лоши случки - до веселби, свадби, веридби, дипломски, тажни песни и тажни фимови. Срце ми се кине кога ќе видам несреќни и гладни деца, болни луѓе, неправди. Посебно место тука зафаќаат и разделбите со блиска личност кои не можам да ги поднесам. И нормално...ветрот и кромидот.
Помислата на моите починати дедовци... Иако поминаа неколку години од нивната смрт, сега нивното отсуство е уште поприсутно, тагата е уште поголема, но реалноста е таа...