Кога ќе видам мало дете (не бебенце, туку малецко, свесно за себе детенце) како плаче од немоќ, кога се чувствува дека е во опасност, кога ја нема мајка му, кога е малтретирано... Уф, ми се стиска душата кога ќе помислам како се чувствува, незаштитено и осамено...
јас не сум емотивна .Ама ич. За мене викаат сум имала ледено срце.. мнооогу мнооогу ретко плачам..а ЕДИНСТВЕНА причина за тоа се бездомните , гладни ,повредени животни.. повеќе ги сакам отколку луѓето.
љубовта,суровоста на 21 век,опседнатоста за секс без љубов во општеството,гладните и бездомни луѓе ,а посебно животни
Не сум многу емотивна личност и ретко пуштам солзи. Тоа што ме прави немоќна да ги победам емоциите се моментите на поздравување за разделба со луѓе што ми значат,а кои нема да ги видам извесен период.Ситуацијата ме преплавува со спомени и неизвесност до следната средба...
Тортура врз животни,Вардариште... Последно ова ми предизвика солзи.Душичка. http://www.blic.rs/Vesti/Drustvo/435567 ... talentovan
..разочараноста од мене во туѓите очи,суровото значење на зборовите изустени од драги личности,секоја направена грешка и бесчувствителноста на луѓето.
Ултра емотивна особа сум ... на се плачам филмови,секојдневни ситуации,песни и нешто што највеќе ме погодува е кога ке го замислам животот на родителите кога ке помислам како ли се чувствуваат кога ке направиме нешто,откачено лудо ние пубертлиите и тие на крај ке мораат да плаќаат и чистат зад нас,и тоа во споредба со тоа што секогаш си замислувале каков ке им биде животот со деца е ноќна мора а и многу се растажувам на бездомници било се животни било луѓе исто ти е.А нешто „скриено“ што допрва сега го открив е дека се растажувам кога некој што не заслужува ке испадне на некои шоу-а и сл. Јас тагувам место нив И оваа песна како ретардирана по цел ден си ја слушам и ровам како луда http://www.youtube.com/watch?v=QuNhTLVgV2Y
Многу стари луѓе, леле како ги гледам така безпомошни, без душа ќе пукнам мислам и одма ми се насолзуваат очите, некогаш од среќа,од возбуда, некогаш од нервоза, последните денови кога ќе ми текне на него и така.
Не сум многу емотивна личност но кога ке се сетам на некои работи тогаш пуштам песни и си плачам цело време а потоа како ништо да не се случило..
Бибер Бибер у очи. Тоа највише За другите работи што ми предизвикуваат солзи имам пишувано на други теми по форумов.
Тага: Последната реклама на Coca Cola и фактот што постојат уште добри луѓе во светов. Таквите клипчиња секогаш го буделе најдоброто во мене, ми давале надеж дека има нешто добро таму некаде. Прегратки и разделби на аеродроми. Едноставно е слика која неможам да ја гледам мирна, без солзи и ситуација во која не сакам да се најдам. Преискрено и чисто. Слики од малечка кога сум била мала и среќна, кога сум немала никакви проблеми, кога единствената болка ми било раскрвареното колено. Стари парови на клупи, кои разговараат за нивните заеднички мигови. Исто и безпомошни старци, со колички, кои бавно одат во овој толку брз свет. Тажни краеви на толку среќни парови. Најчесто го гледам во книга или филм. Среќа: Заработена висока оцена по било кој предмет на училиште, но најчесто по математика и историја. Мигови со љубениот кои засекогаш ќе останат со мене. Кога мислам на нив како по втор пат да ги преживувам, и не, не би сменила ни секунда од нив. Среќата на моите најблиски. Доколку му направат нешто добро на некој мој многу близок а јас сум сведок, солзи радосници се неизбежни во таа ситуација. Кога омилената блузичка ми стои уште и ме чека да ја купам. (да, имам проплакано) Кога размислувам за се што сум проживеала и кој бил покрај мене.
се нервирам зашто сум во пубертет и многу ми е тешко, на многу глупави работи размислувам,безсмислени и ме фаќа стар од тоа, досадно ми е веќе се, ништо не ми се прави, другарките ме викаат мене нигде не ми се иде, секој ден ми се плаче... многу ми е тешко, ве молам ако можете да ми помогнете
https://www.youtube.com/watch?v=lVQkAwbTIJk Лешоски и неговиот став за климатските промени и последиците врз земјоделието. Еве, солзи сами капат од смеење.
Изживување и повредување на невини животни, на кои и онака животот не им оди во корист - на улица се, без храна и вода, па им фалат само уште оние нечовечни гадови да ги клоцаат, шутираат, трујат и убиваат
Разделба со блиските, чист пример коа заминувам од дома на повеќе дена и поздравувањето ми паѓа најтешко и не можам да се воздржам.Тажни филмови,некој навредлив збор или лошо понашање према мене.Можда во истиот момент ќе вратам и тоа дупло ако се работи за другарка, али кога моите ќе ми речат нешто се затварам в соба и кришум си плачам.И насилство врз деца.Баш вчера бев сведок кога имаше влечење од страна таткото, и потоа врел шамар, а детево беше колку мене.Ех да можев да се вратам и да го убијам таткото на лице место, масовно убиство ќе беше. И да заборавив, малтертирањето на животинки.