http://www.youtube.com/watch?v=F8bm2llxxjU Мислам дека не постои човек на планетава кој нема да го трогне видеово... И најтврдиот и безчувствителниот ќе пушти солза
Многу нешта ми предизвикуват солзи во очите, а најмногу солзи во други очи. Ич не можам да гледам кога некој друг плаче
Ги гледав видеата што сте ги поставиле, за чудо мене ниту едно не успеа да ми предизвика солзи. Што сум јас, бесчуствителна личност?? Не е можно ова. Обично ми навираат солзи на очи кога гледама тажно видеа, кога слушам приказни како некој починал токму на денот кога требало нешто убаво да се случи... бал бл бла... А веќе 12 месеци не сум ниту почувствувала солзи, ниту болка во градите кога слушам и гледам вакво нешто... Сега си велите:" Па оваа не е човек! Како може ништо да не почувствува кога ги гледа овие ужасни нешта?!", нели? Но, сфатив дека се` додека мене не ми случува ништо од оваа, нема зошто да плачам. На тој што му се случува нека си гледа за себе, нека размислува што како ќе прави. Сите имаме проблеми, нема веројатно за туѓите да плачам, и така ништо не постигнувам. Да не им помогнам ако заплакам на нивното видео? Не. Се разпишував, но тоа е жива вистина. А вие сите што ввелите:" Кој може да стори такво нешто? Кој може да тепа куче, или да не му помогне на човеков?", размислете. Ако вие бевте околу човекот, дали би му дале пари, па дури и да се последните пари што ги имате со вас? Секако дека не. Дали би си играле со вашето куче ако сте се скарале со сопругот, другарките, дечкото итн, или во моменти кога тоа сака внимание би го удриле? Второто е нели? Да, секогаш така правиме. Зборуваме дека туѓите дела не се во ред, кажуваме како треба, но и ние самите би ги сториле нивните дела ако бевме на нивно место. Соочете се со реалноста, пуштете ги солзите кога навистина сте слаби, а не кога некој непознат е слаб и доживува пекол во својот живот. Бидете среќни затоа што на вас не ви се случуваат овие нешта.
Солзи во очите ми предизвикуваат гладни деца, сиромашни луѓе.. Измачени жени, деца, и некој беспомошен! И се прашувам зошто животот е неправеден, зошто неможеме сите да бидеме среќни!?
Што ќе се постигне ако сите сме среќни? Хепили евер афтер постои само во приказните... Мора да има баланс, некои да имаат премногу среќа во животот, други да се мачат и да мислат дали утре ќе умрат или задутре, а трети да си плачат за тоа што ништо не било праведно иако имаат доволно од се`.... Нели? Да ви кажам, не сум била јас нечувствителна. Солзи во очите ми предизвика сосетката кога ја видов во седми месец со цигара во уста. Ете тоа навистина заслужува ќотек, а не солзи. Другпат ќе ја исфрлам од кај мене...
Е за ова сум многу чудна. Знам да плачам на најмали ситници. А некогаш пак, кога сите плачат и кога треба да се плаче абе ич солза не доаѓа! Чудна работа. Варирам на моменти
Несреќни луѓе околу мене (дури и да не ми се многу блиски), сообраќајни несреќи и слично, малтретирани жени, неправда, дечиња без родители, природни катастрофи, семејно насилство, ако слушнам за пропаднат брак, изневерување, сиромаштија, алкохолизам.... Баш имам еден комшија, татко на другарка моја од основно, едно сабајле бев да купам леб и кафе и го видов во продавница како се моткаше и се мислеше и на крај испадна појако од него, купи мало шишенце ракија и баш го посматрав, само што излезе од продавницата го сокри и ја фрли фискалната..... тој ден многу се натажив и непријатно се изненадив бидејќи немав поима, а и тој и жена му и дечињата се мирно и добро семејство. Кога помислив дека само еден глупав порок може се тоа да го уништи.... ама тоа е, судбина.
Смрт на животни и новороденчиња. Мали животни чиј број се намалува се мачат за живот. () Стари луѓе кои плачат. Книги со тажен крај. Мојот однос со татко ми.
Смртта на мајка ми ме растажува најмногу на целиот свет само што ќе помислам на неа солзите ми течат се давам во сопственото море од солзи...а и на се плачам јас сум таква плачка имам меко срце и за животинчиња плачам и за луѓе и на филмови и на се..