Многу сум емотивна, од многу работи можат да ми се насолзат очите... Но најмногу од се ме погодува несреќното лице и насолзените очи на мали дечиња.
Стари луѓе со изнемоштени лица,болни животни,луѓе кои загинале многу млади (посебно тие кои загинаа на 1-ви април 3-те момчиња од Штип ) и кога ќе се присетам на мојата почината баба .
Претепано, измачено, гладно, бездомно животинче.. Тажни, гладни, малтретирани луѓе.. На многу филмови се имам цедено од плачење, ми оставале трауми и со денови , книги.. Често плачам и од среќа..
Многу стари луѓе, безпомошни, кои едвај одат. Не дај боже да видам некој да падне или да се удри ќе ми препукне срцето. Многу ми е жал да луѓе кои се физички напатени измачени, на кои им се познава сета мака во лицето. Едноставно посилно е од мене не можам да издржам а да не си поплачам кога ќе видам некои такви и ќе ме фатат точките.
Секогаш, апсолутно секој пат кога сум сведок на тажна и болна приказна на некое животинче, обично кутре или маче. Се мразам што сум ваков мекуш и емотивец во врска со нив, за деца и луѓе не сум волку, ама за животните срце ме боле секој пат кога ќе видам некое беспоможно, слабо и нездраво кутре, одма солзи и ладна пот ме облива. Без осудување, ама многу луѓе за кои сум направила добро не ценеле, а и страшно се злоупотребува тоа, циганчињата што просат посебно или па некој безобразен бездомник, сум имала лоши искуства, а со животните сум добивала само бескрајно благодарен среќен поглед кој ме држев среќна со денови. Не можат, значи не можат да те повредат, ами само да те усреќат, а тие грејните ми се слаба точка, премногу ги има кои чекаат на помош, а се помалку сме што се грижеме и што ни е гајле за нив. И тие имаат душа и срце, и нив ги боле, и тие разбираат се. Знаат многу добро што значе тешката клоца, а и што значе канче водичка и зрна храна...и кратко галење, а не шуткање и бркање..... Ах....
Најмногу се растажувам кога гледам бездомници, претепани и изнемоштени луѓе, постари кои не можат да одат. Особено кога ќе видам слеп или глув човек, е тогаш ми навираат солзи. Нема ништо полошо од тоа да неможеш да го видиш светот или да неможеш да слушаш. Жал ми е и кога гледам прегазени или убиени животни, инвалиди и парализирани луѓе.
Кога некој ќе умре без разлика дали го знам или не го знам ќе почнам да плачам дури и на филм ако умре некој ќе почнам да плачам а највеќе од се сум плачела кога едно дете ми кажуваше дека брат му полинал пред него и тој нипто не можел да направи иначе детето има 12 години