Кога на улица ќе видам некои стари, изнемоштени и безпомошни луѓе, деца кои просат, исто така и на филм кога ќе видам некој тажен настан погреб нечиј или безразлика што иако не е вистина мене ми се насолзуваат очите, премногу сум емотивна за вакви работи.
Кога и да го прочитам текстот секогаш ми се насолзуваат очите Spoiler Кога стигнав дома таа вечер жена ми ја послужуваше вечерата, ја фатив за рака и реков, имам нешто да ти кажам. Седна и јадеше тивко. Повторно ја видов болката во нејзините очи. Одеднаш не знаев како да ја отворам мојата уста. Но, морав да и кажам на што мислев. Сакам развод. Ја отворив темата смирено. Таа како да не беше вознемирена од моите зборови, наместо тоа ме праша тивко, зошто? Го избегнав нејзиното прашање. Тоа ја налути. Таа ги фрли стапчињата за јадење и извика кон мене, Ти не си маж! Таа ноќ, не разговаравме еден со друг. Таа плачеше. Знаев дека сакаше да открие што се случило со нашиот брак. Но, јас едвај можеше да и дадам задоволителен одговор, таа го изгуби моето срце заради Јана. Јас не ја сакав повеќе. Само ја сожалував! Со длабоко чувство на вина, го подготвив договорот за развод, во кој беше наведено дека таа ќе ја добие нашата куќа, нашата кола и 30% од акциите на мојата компанија. Таа погледна во него и потоа го искина на парчиња. Жената која потроши десет години од својот живот со мене, ми стана туѓинец. Ми беше жал за нејзиното потрошено време, ресурси и енергија, но не можев да го вратам назад она што и го кажав, затоа што толку многу ја сакав Јана. Конечно таа заплака гласно пред мене, што беше она што очекував да го видам. За мене нејзиниот крик беше всушност еден вид на ослободување. Идејата за развод со која бев опседнат во последните неколку недели се чинеше дека сега е уште поцврста и појасна. Следниот ден, се вратив дома многу доцна и ја најдов како пишува нешто на масата. Не вечерав, веднаш си легнав и заспав многу брзо, бидејќи бев уморен по поминатиот ден со Јана. Кога се разбудив, таа сеуште седеше крај масата и пишуваше. Мене едноставно не ми беше грижа, па се завртив на другата страна и заспав повторно. Изутрината таа ги постави своите услови за развод: не сакаше ништо од мене, но бараше да помине еден месец пред разводот. Таа предложи во тој месец да се обидеме да живееме колку што е возможно понормален живот. Нејзините причини беа едноставни: нашиот син имаше испити по еден месец, а таа не сакаше да го попречи со нашиот срушен брак. Тоа беше прифатливо за мене. Но, таа бараше уште нешто, ме замоли да се присетам како ја однесов во нашата свадбена соба на денот на нашата венчавка. Таа бараше за времетраење на месецот да ја носам надвор од нашата спална соба до влезната врата, секое утро. Мислев дека полудува. Но за да ги направиме нашите последните денови заедно поподносливи јас го прифатив нејзиното чудно барање. И кажав на Јана за условите за развод на жена ми. Таа се насмеа гласно и мислеше дека тоа е апсурдно. Не е важно какви трикови ќе употреби, ќе мора да се соочи со разводот, рече со презир. Мојата жена и јас немавме телесен контакт уште откако мојата намера за развод беше експлицитно изразена. Кога ја изнесов првиот ден, ние двајцата бевме некако несмасни. Нашиот син ракоплескаше зад нас, тато ја држи мама во неговата прегратка. Неговите зборови ми предизвикаа чувство на болка. Од спалната соба до дневна соба, а потоа до вратата, изминав повеќе од десет метри, со неа во мојата прегратка. Таа ги затвори очите и рече тивко, не му кажувај на нашиот син за разводот. Кимнав со главата, со чувство на вознемиреност. Ја спуштив надвор од вратата. Таа замина да чека автобус за на работа. Јас возев сам до канцеларија. Вториот ден на двајцата ни беше полесно. Таа се потпре на моите гради. Можев да го почувствувам мирисот на нејзината блуза. Сфатив дека долго време не сум погледнал внимателно на оваа жена. Сфатив дека повеќе не е млада. Имаше брчки на лицето, косата и беше проседена! Нашиот брак го земал својот данок од неа. За една минута се прашував што сум направил со неа. На четвртиот ден, кога ја кренав почувствував враќање на интимноста. Ова беше жената што даде десет години од својот живот за мене. На петтиот и шестиот ден, сфатив дека нашето чувство на интимност растеше повторно. Јас не ни и кажував на Јана за ова. Како што изминуваше месецот стануваше се полесно да ја носам. Можеби секојдневниот тренинг ме направи посилен. Едно утро таа избираше што да облече. Проба неколку фустани, но не можеше да најде соодветен. Потоа воздивна, Сите мои фустани станаа преголеми. Одеднаш сфатив дека таа стана толку тенка, дека тоа е причината зошто ја носев се полесно. Одеднаш почувствував како удар ... таа имаше закопано толку многу болка и горчина во нејзиното срце. Несвесно ја подадов раката и ја допрев по главата. Нашиот син дојде во тој момент и рече: Тато, време е да ја изнесеш мама надвор. За него, гледањето како неговиот татко ја носи неговата мајка стана суштински дел од неговиот живот. Мојата сопруга со гестикулација му даде знак на нашиот син да се приближи и го прегрна цврсто. Го свртев моето лице на другата страна, бидејќи имав страв дека може да се предомислам во овој последен момент. Тогаш ја земав во моите раце, одејќи од спалната соба, преку дневна соба, до ходникот. Нејзината рака беше околу мојот врат нежно и природно. Ја држев цврсто, беше исто како на денот на нашата венчавка. Но, нејзината помала тежина ме растажи. На последниот ден, додека ја држев во моите раце јас едвај можев да направам чекор. Нашиот син отиде на училиште. Ја држев цврсто и реков: не забележав дека на нашиот живот му недостигаше интимност. Возев во канцеларија .... скокнав надвор од колата набрзина без да ја заклучам вратата. Ми беше страв дека секое одлагање ќе ме натера да се предомислам ... одев нагоре по скалите. Јана ја отвори вратата и реков, Жалам, Јана, не сакам повеќе развод. Ме погледна, вчудоневидено, а потоа ми го допре челото. Да не имаш треска? рече таа. Јас ја тргнав нејзината рака од мојата глава. Жал ми е Јана, реков, јас нема да се разведам. Мојот брачен живот беше здодевен веројатно затоа што таа и јас не ги ценевме деталите од нашите животи, не затоа што ние не се сакавме повеќе еден со друг. Сега сфаќам дека штом ја внесов во мојот дом на нашиот свадбен ден, би требало да ја задржам се додека смртта не не раздели. Се чинеше како Јана одеднаш да се разбуди. Ми удри силен шамар, а потоа ја тресна вратата и прсна во плач. Се симнав надолу и заминав. Во цвеќарницата на патот порачав букет цвеќе за мојата сопруга. Продавачката ме праша што да биде напишано на картичката. Се насмеав и напишав, Ќе те носам секое утро, се додека смртта не не раздели. Таа вечер стасав дома, со цвеќе во моите раце, со насмевка на моето лице, трчајки по скалите, само за да ја најдам жена ми во кревет мртва. Мојата сопруга се борела со ракот со месеци, додека јас бев толку зафатен со Јана што дури и не бев забележал. Знаеше дека ќе умре наскоро и сакаше да ме спаси од негативните реакции на нашиот син, во случај да продолжев со разводот. Барем во очите на нашиот син - Јас сум саканиот сопруг .... Малите детали од вашите животи се она што е навистина важно во врската. Не се работи за куќата, за автомобилот, имотот, парите во банка. Тие создаваат средина погодна за среќа, но не може да дадат среќа самите од себе. Затоа најдете време да бидете пријател на вашиот брачен другар и да ги направите оние мали нешта едни за други, кои ја градат интимноста. Имајте навистина среќен брак! Ако не го споделите ова, ништо нема да ви се случи. Ако го споделите, можеби ќе спасите нечиј брак. Многу од неуспесшните луѓе во животот, се оние кои не сфатиле колку блиску биле до успехот, кога се откажале.
Јас многу сум осетлива, лесно се расплачувам, а за предизвикување солзи да не зборам.. Филмови, проблеми дома, дечко, кога не е нешто по мое...
Најчесто плачам кога ќе видам било кој во инвалидска количка, кога гледам млади дечиња наоколу кои не се ок... Во последно време често гледам згазени мачиња и не можам да се воздржам.
Najmnogu koga ke se setam na tatko mi..ogromna podrska mi bese vo zivotot. Koga sin mi dobiva napadi..sega se nosam polesno so toa od predhodno no koga pominuva krizata si sednuvam i si placam...najcesto i docna navecer koga go uspivam,sednuvam i si placam (fala mu na Gospod sekoj den e se podobar) no seuste mi treba vreme da se nosam so situacijata.
Кога ќе видам луѓе како просат по улица. Е тогаш не можам, ако познавам некој им давам пари да им дадат место мене дека не можам така да гледам ќе се расплачам, ако не им давам пари и после си плакам кога ќе стигнам дома. Исто не можам да гледам и како некој од најблиските ми плакаат.
Инвалиди,луѓе кои просат,тепање на мирни и повлечени деца,но,обично и за најлошите луѓе мене ми е тешко,кога ќе видам некои деца со физички и психички нарушувања...
Во последно време најчесто плачам бидејки ми е тешко оти нон стоп сум на работа и немам време за семејството,работам турбо за да живееме подобро и на крајот од денот чуствувам кривица оти тоа е уште еден ден поминат без нив.Плачам за секава неправда,голема плачка сум
1. Ми е жал бидејќи поради работни обврски летово многу ретко стигнувам да го прошетам кучето и срцето ми се крши искрено. Некни капната во 2 кога си дојдов го шетав од жал......... 2. Кога гледам бездомни животинчиња, гладни, посебно кога ги клоцаат шуткаат удираат ме боли душата 3. Исто и за стари луѓе. Многу ми се жални посебно кога носат нешто тешко сакам да одам да им помогнам.... Некои толку намачени ми изгледаат носејќи го теретот на животот со староста уххх ми иде да си пукнам.
Кога ќе видам како разгалено богато детиште понижува некој што се труди да донесе дома леб. Но тркалото се врти.
скогаш плачам кога во некој филм/серија ќе се случи нешто тажно,некој лик ќе умре... а и помислата на една мнооооооооооооооооогу драга личност која никогаш нема да дојде да ме посети,
Заплакувам на нечија неправда, на нешто на што не би можела да помогнам, кога некој некому ќе му го уништи животот, а нема соодветна казна за тоа... Кога ќе прочитам во весник како ги мажат девојчињана за старци, а тие сироти не можат да избегаат пошто немаат ни школо, не смеат ни да работат, сета таа психопатија се смета за нормална... Кога родител мора да преќутува малтретирање или неверство само затоа што нема кај да оди и за децата да имаат два родитела... Кога имам нешто што ми е тешко, а немам на кој да раскажам и покрај тоа што секој ден сум со различни друштва, и покрај тоа што со секого си имам муабет, кога сакам да си отидам од сите околу мене пошто и онака се осеќам сама... Кога ќе осетам нечија тага...
Најмногу ми е жал за уличните кучиња, тоа многу ме растажува и можам да се расплачам, гладни се а сепак им се радуваат на луѓето и тие сакаат внимание, сакаат топол дом и парче леб, многу се нервирам и можам да направам инцидент ако видам и кога ке видам дека некои ненормални луѓе малтретираат и тепаат животни тоа ме вади од такт и можам во моментот да го задавам со два прста...се расплакувам кога ќе слушнам тажни приказни од животот, плачам кога моите другарки се тажни, срцето ми се кине...многу ми е жал за сиромашните луѓе жив грев се а нема кој да им помогне и за оние кои црнчат за минимална плата башка се психички малтретирани од страна на газдата на ваквите гнаси незнам кај ке им иде душата, али за сета сиромаштија крива е нашава ебана држава, споменици си градат а луѓето немаат леб да јадат ејјј како не им е срам и жал за народот...
Ми паѓа жал и мене за бездомниците, уличните мачиња и кучиња. Али да земам да плачам како што повеќето сте пишале ни на крај памет не ми дошло. Не знам може ми фали нешто
Нечовечноста кај народот, и пред се луѓето кои значително страдаат низ улиците и се борат за корка леб и малку потопол и посит живот, не бараат многу но животот не е фер нели, оној кој има - има, а оној кој нема ништо - ништо нема.