Голема плачка сум, за се живо плачам. Пред некоја вечер седам со моите и пуштиле ова талент шоуво, Гранд, и имаше еден дечко мн. се потресе некако, тој потресен јас плачам А иначе, плачам за стари луѓе, за болни луѓе, за мали деца и животни. Мислам на неправдите кои им се нанесуваат.
Многу сум емотивна, плачам скоро за се.. А кога и да се спомене зборот спомени мене сами ми течат солзи, ме потсеќа на убавите моменти во мојот живот што никогаш нема да се вратат..
Јас имам во други теми нагласено, плачка сум. Кога плачам зошто ми е тешко, кога не знам зошто, кога од смеа, ама важно да се исплачи се. Од најглупи ситници ме тераат да плачам до посериозни работи. Најмногу имам плачено за кучиња. Се имам на пикник со фамилијата карано оти чичко ми го избрка кучето шо јас скришно му потфрлав храна и се расплачив неможеја до крај на ден да ме смират. Криво ми е ко ќе видам скитници кучиња и неможам сите да ги наранам, да ги здомам и да ги успреќам. Особено ко ќе ги видам мали. Шетаме касно навечер со bby и мало кученце, максимум 2 месеци седи на патот и цивка, јас почнувам да плачам, овај ме трга и ме тера да мислам на моето куче да ми се ублажи мислата. Плачам за деца. Неможам да трпам неправда, ама особено врз деца. За друго не плачам, ама за деца плачам. Криво ми е на нешто мало, незрело и неспособно за реалниот свет да се мачи, да се омаловажува и шо не. Плачам ко ќе се карам со домашните Не за да ги убедам да не се караме, туку тешко ми паѓа зошто се караме и си плачам. Некогаш знам од добро стоење да се расплачам, ќе ми текни на нешто некогаш и доста е. Моите веќе имуни станаа на моите солзи. Кога му велев на мама ќе ом на Black humor со Марјан шо е stand up, и имаш во објавата демек не е за емотивно слаби личности и мама ми играше мајтап да не одам таму зошто некој дел ќе ме повреди и ќе се расплачам таму.
Жал ми паѓа за бездомниците,за уличните кучиња и мачки бидејки сум многу голем љубител на животни,некој тажен рефрен од песна може да ме расплаче,тажни сцени од филмови,некој страшни случки кои секојдневно ги слушаме на телевизија
Кога некој актер/ка ќе се расплаче и јас со нив плачам. Тоа и рекламиве од тајванскана осигурителна компанија - полн погодок во срце. Нема која не ме расплакала до сега.
Емoтивен сум и зa мнoгу нештa мoжaм дa се рaстaжaм. Зa мaлтретирaни живoтни, зa тaжни чoвекoви судбини, a нештo штo мoже дa ме рaсплaче, дa пуштaм сoлзa е зa мaлтретирaни и изглaднувaни децa. Бaш пред некoјa неделa дaвaa случaј зa еднo детенце oд Кaнaдa штo гo мaлтретирaлa бaбa му ужaсни 4 гoдини и дoдекa кaжувaa зa пoследните мoменти се рaсплaкaв. Децaтa ми се нaјбoлнa темa.
Плачам кога ќе се сетам колку ми беше убаво кога си бев дете.. Кога си имав 6-7 годинки работите беа многу прости. А солзите се затоа што моето детство нема да се врати. Плачам кога домашните ме обвинуваат за нешто бесмислено.. И тоа секогаш плачам потајно, не сакам никој да ме види. Плачам кога на бездомните животинчиња не можам да им подарам ништо освен корка леб или сув ѓеврек. Плачам кога сакам да си одам одовде, кога ми е доста од се и од сите. Кога сакам подобар живот и кога мечтаам да бидам посреќна. И кога заради нечија грешка сум несреќна. За филмови не плачам. Не се вистински. И позитивно за крај: смејте се почесто! Баталете ги плачките!
Кога ќе видам болни, гладни, бездомни лица но и животни. Кога ќе видам осамени старци или кога се обидуваат нешто да направат но тешко им оди. Еве ќе споделам некои: Еднаш чекав автобус и имаше повеќе луѓе меѓу кои и стар човек. Дојде еден автобус и човеков додека да стигне до вратата, му ја затворија пред нос и замина автобусот. Многу ми падна жал. Еднаш видов и стар човек кој пиеше вода на фонтана и имаше вода околу неа, вирчиња, човекот се лизна и право во вирот... Жал ми е кога на таквите не им помагаат. Жал ми е за неправди, кога на добри луѓе им се случуваат лоши нешта. Жал ми е и кога за бебиња или деца не се грижат како што треба. Жал ми е кога ќе погрешам нешто спрема моите родители и ќе се сетам дека тие заслужуваат да бидам добра. Солзи ми доаѓаат и кога ќе се сетам на некој убав спомен кој поминал и кој нема да се врати никогаш.
Кога ќе се сетам на мојот наивен поглед кон животот у минатото, жртвување/себедеградирање за безвредни работи онака... солзи од жал... за себе.
Кај мене само кога ептен ми е мило за некоја работа или нешто, или кога нешто или некој ме направил многу радосен, тогаш ми предизвикува солзи во очите. Овака на филмови, на погреби и слично не. Може да ми е жал, ама солзи не ми течат.
Кога ќе се потсетам на нешто од минатото без разлика дали е убав или лош момент. Ако тој момент бил лош ме расплакува самата помисла на неправда, на последиците од тоа денес, на тоа како ми се променил животот. Ако тој момент бил убав ме расплакува самата помисла дека никогаш повеќе нема да се повтори и ќе остане само спомен
Кога ќе се сетам на ова http://www.ohridnet.com/index.php?option=com_content&view=article&id=7466 Душаа мала ептен ми е жал
Кога ги слушам политичариве како се караат за оваа наша држава и ми идат солзи. Толку добри луѓе постојат и се расправаат за сите нас да ни биде убаво - граѓаните. Секоја чест на ПОЛИТИЧАРИТЕ!
Кога ќе видам дека некој е безпомошен,сам без никого.. Кога ќе видам дечина кои се болни а немаат доволно средства за да се излекуваат Кога ќе видам дека некој од саканите има некаква болка или нешто го мачи а неможе да се избори и е беспомошен.. Кога ќе видам кутри животинчина сами оставени низ улици башка то малтретирани од покварењаци ...и мн др раб,баш сум емотивна личност и можи и ситница да ме расплачи
сега отварам фемина во известувања стои на Priroden му се допага мислењето напишаното во темата мојот татко.Ти се заблогодарувам на лаикот.Отварам тема и почнувам да читам ,прво погледнав кога е пишувано и пратено 10.09.2013 отприлика двеипол години.Верувајте трипати го прочитав кога си ја викнав да плачам и да оживувам спомени едвај се соземав,како сум чуствувала така сум пишувала.Драг пријателе Priroden денес предизвика солзи кај мене,солзи кој ме ранежнија,солзи кој ме вратиа во минатото. На оваа тема имам пишувано 2010 и таму си признавам дека многу плачам и сум голем емотивец и тој пост си го прочитав.
Најголема плачка сум, особено во ПМС, тогаш треба да ми биде забранет интернет, телевизија и социјален живот затоа што буквално се ми е причина да се расплачам - од реклами до кратки видеа до трејлери на филмови... се. На колку видеа само се имам расплачено овде на Фемина....ехееее.