Тажни судбини на напуштени животни било вистински или филм. И лични дешавки низ кои сум поминала кога ќе се сетам на нив.
Моментот кога денеска се видов со една пријателка и ми кажа дека снаата и починала и оставила две мали девојчиња Сиров живот!
Смртта на блиски луѓе и кога давам пари на бездомници знам дека ќе можат да си купат храна за тој ден, но нареден ден пак ќе бидат гладни....
Единствено нешто што секогаш ме насолзува е кога ќе се сетам на дедо ми. Најзначаен човек во животот ми беше, еве 5 години поминаа откако го нема ама уште ме боли кога ќе се сетам.
Сеќавање на убавите среќни моменти од минатото со луѓе кои не се меѓу нас... Напуштени, болни кучиња и мачки на улиците... Осамени стари лица....
Дете во семејство во кое мора да глуми нешто шо не е, само за родителите да си ги исполнат комплексите.
Ја сакам Лејди Дајана. Многу личи и ме потсетува на мојата мајка. И на овие фотографии од кога била мала гледам дека биле неверојатно слични деца.
Кога ќе ми текне на моето детство. Најгрд период во цел живот ми е. Никогаш не сакам да ми се повтори