Хахахаха Бандини и да сакаш не можеш да не плачеш,како зборуваат...хахахаха...како овчичката на Пинк Пантер... Кога некој е болен,кога ќе видам стари и изнемоштени луѓе,кога моите не се добри,кога се расправаме за глупости,кога сум обесправена,кога некој ме навредува вака или така,а јас од култура не смеам да вратам,а ако вратам ќе биде бојно поле,како на пример сега...кога ќе видам оставена мала животинка,па уште ако е повредена...кога очекуваниот успех доцни и така...слични глупости.
Последен пат се расплакав на ова.. "My older sister died when she was 13 of cancer. The other week I heard someone singing Happy Birthday, and peeked into a room to find my dad singing to a photo of her. It was her birthday. She would have been 28. Love that lasts through space and time GMH."
По природа не сум плачка,имам цврст карактер.Колку и да ми се плачи се обидувам да се воздржам но некогас знам и да потклекнам.Плачам од нервоза и се дерам како улава да..... Инаку кога ја читав порака во шише една другарка ми рече ќе плачиш на оваа книга.Додека ја читав си мислев што има толку за плачање,но кога го прочитав последното писмо и тоа како плачев.липав на глас. И многу плачам на недеља од џеј бидејќи ме потсеќа на татко ми кој во тој период бесе на работа во странство......
Бебе што се смее. Тажни песни, книги, спотчиња, филмови. Плачам кога моите најблиски ги боли нешто, а не можам да им помогнам. Кога сум на дното. Кога сум на врвот во животот. ПМС. Не секогаш, ама има некои периоди, се истурам од плачење. Плачка сум. Ама гледам да сум сама, по дома.
јас плачам кога ќе видам дека некој друг плаче,или кога подолго време трпам во себе и после ко ќе си ја ѕивнам да плачам....ехехеее
Кутричко бебенце...леле што се не постои [/quote] Осатанав без коментар. Ма како можи на толку мало невино бебеувче да се изживува. Будала
Осатанав без коментар. Ма како можи на толку мало невино бебеувче да се изживува. Будала [/quote] Леле види ѕвер!!! Како може да му направи вакво нешто на едно мало невино детенце???? Е ваквите луѓе не затвор, смртна казна заслужуваат!!!!
Сношти гледав реприза од Све за љубав... и се расплакав. Девојкава (веќе возрасна и мажена) се сретна со баба (на татко и мајка).
Уфф мн нешта ме тераат да се насолзам целата.Сентименталка сум Филмови со тажен крај, неправда, емисии за насилство било да е семејно или друго насилство, вистинити приказни од стилот на све за љубав, солзи ми се прават од љубениот кога сме си лути или оддалечеми, солзи ми прави мајка ми која се труди се да имаме а јас сум понекогаш неверојатен идиот спрема неа...итн итн
Море ептен голема плачка сум станата... Гледав тинејџерски филм и девојките беа многу феминистични настроени... и се расплакав. Дееееее!!!!!!
denes ne prestanav da placam a sekogas ke placam koga ke se setam pred 10 god na ovoj den pocina tatko mi
Сега плачам додека седам на форумов..едноставно не знам што да правам.Бев решена во едно..минувам покрај кафич со жива музика и женската пее : Listen to your heart before you say him goodbye... Е ај сеа...нели е ова некој знак.Плачаааааааааааам
Дури ја читав книгата "Крај реката Педра седев и плачев" од Пауло Коелјо, делов многу ме растажи и расплака... Епа еве го... "Ако болката мора да дојде нека дојде брзо, ја молев. Бидејки животот е пред мене и јас требам да го живеам колку можам подобро. Ако треба тој да избира нека го стори тоа веднаш. Тогаш ке го чекам или ке го заборавам. Чекањето создава болка. Заборавот создава болка. Сепак најстаршно од сите страдања е она кога не се знае што се прави..."
и јас ја имам прочитано книгава и колку сум плачела немате појма книгава ја препорачувам на секој да ја прочита бидејќи е преубава
Денес нешто пребарував по дома и најдов една слика која ме врати назад едно 5 год. Тогаш доживеав едно нешто што никому не го посакувам .Едно утро во Маврово ...зима јас ,мојот сопруг ,моите деца,решивме да излеземе да се скијаме , ја зедовме опремата и се упативме кон стазата горе .По неколку саати поминати решивме дека е доста и треба да се вратиме во викендицата.Ете во истиот миг додека јас и мојот сопруг слагавме надоле се слушна беегај,пази И се најдов неколку метри отфрлена од нивната санка.И се што знам понатака беше тоа дека над мене плачеше непознато ,момче ме тресеше и молеше врати се,вретисе.Како низ магла ги гледав мојот сопруг облеан во солзи, моите деца исто така. Набргу се собраа луѓе ,дојде по некое време и брза помош од градот Гостивар и ме однесоа во болница во полусвесна состојба додека јас пуштав солзи од болка ,мојот сопруг од страв и тага , а детето кое ми го направи тоа беше нај гласно неговиот плач беше поголем и од мојата болка . Откако установија дека нема скршеници дека имам изместени пршлени и потфатена рскавица и од тоа е таа голема болка ме слегоа во оделение и ме уклчија на инфуз . Тогаш смогнав сила и му ја стегнав раката на момчето кое не се ни помрдна од нас и цело време плачеше и се тресеше и не дозволи да го извадат од таму.. но и тоа не беше криво беше дојдено со својата девојка да помине убав викенд а истиот му стана претрпена траума и плач ,плач по еден човек кој прв пат го гледа а го облеа со солзи .Но се добро се заврши фала му на бога без последици но со претрпена голема болка.