Секогаш кога ја слушам Wish You Were Here - Pink Floyd... Се потсетувам на тебе,мило... И погодето што? Секогаш во придружба на солзите...
Мојата мајка имаше само едно око.Ја мразев...беше срамота за мене.Во нашето школо спремаше храна за учителите и за нас. Еден ден додека уште бев во тоа основно школо,мајка ми влезе во класот и ме поздрави.Ми беше толку многу срам.Како можеше тоа да ми го направи?Ја игнорирав,и упатив поглед полн со омраза и побегнав.Подоцна сите мои пријатели ми се подсмеваа и ми велеа:Блјак твојата мајка има само едно око! Пропаднав в земја и посакав мојата мајка да ја нема...Кога повторно ја видов станав и и реков:-Ако повторно мислиш да ме правиш предмет на исмејување подобро ти е да умреш. Мајка ми ништо не ми одговори.. Не застанав ни за момент да размислам што реков,бев полн со омраза и бес во себе.Бев незаинтересиран за нејзините осеќаи..Едноставно што сакав е да побегнам што подалеку и да немам никаков контакт со неа. Во касниот живот учев многу и тешко.Така да добив шанса да одам во Сингапур и да студирам...Бев пресреќен!Се оженив,купив куќа и добив свој деца.Бев среќен со својот живот,со своите деца иако живеев во друга земја. Но еден ден дојде мојата мајка да ме посети...Ме немаше многу години видено,а и внуците исто.Се појави на вратата.Моите деца почнаа да ја исмејуват.Јас почнав да и се дерам како може само така да се појавува непоканета.Се дерев:-Како можеш да доаѓаш туку така и да ми ги плашиш децата?Гони се одтука и да не те гледам! Мојата мајка само тивко одговори:„Извинете мора да сум ја погрешила куќата„ и замина... После неколку години дојде писмо кај мене.Повикан сум на матурска.Ја излажав жена ми дека треба да одам на службен пат.После прославата,од радозналост свратив до стариот дом.Кога ме видоа соседите ми рекоа дека е веќе мртва.Нит една солза не пуштив.Ми дадоа едно писмо и ми рекоа дека е од неа... „Мил мој сине Мислав на тебе цело време. Извини што така упаднав во твојата куќа и ти ги исплашив децата. Ми беше драго дека си успеал во работата и дека ќе дојдеш на просава овде. Јас можеби нема ни да станам од креветот да те видам. Жал ми е што секогаш те срамував и ти бев терет. Гледаш, кога беше мал се случи една несреќа и го изгуби едното око. Како мајка неможев да поднесам да растеш со едно око. Докторите те прегледоа и ми рекоа дека е можно. Тогаш јас ти го дадов моето... Бев пресреќна кога знаев дека мојот син,го гледа светот за мене со тоа око... Со љубов,Секогаш за тебе Твојата мајка" на ова ненормално сум плачела ..
Плачам кога ќе ја видам една другарка која е во странство,плачам кога гледам слики-стари спомени,плачам на песни скоро на се плачам..
солзи ме гушат кога ќе помислам на тоа колку знае животот да биде суров и се прашувам има ли господ ..и се гадам од себеси што сум имала таква грозоморна мисла плачам силно и долго и сакам барем накратко да го вратам времето за другите да бидат среќни а јас да имам мир во душата , ме погоди силно и чинам никогаш нема да оздравам ..нешто што и не треба да е моја работа но мислам и нема човек кој нема да се расплачи на тоа но приказната ќе ја задржам за себе повеќе од доволно е што скрши неколку срца ...не требаат повеќе ...
Истово ми се случи и мене, но тоа не беше мојот татко туку мојата мајка. И не беше постара сестра туку помал брат. Умре на 13 години но сега требаше да има 17...Rest in peace my brother
Еднаш месечно ми треба барем 5 минути да си поплачам за да ми помине се......... и нервоза што се берела во мене, и осаменост и тага и среќа ...... едноставно така се истажувам и после помалку ме боли душата ... како една терапија ми доаѓа .... Инаку не читам мн книги ама пак за тоа на филмови и на песни плачам многу ....... Плачам на Титаник и тоа посебно делот кај што нејзе веќе ја ставаат во чамец, а таа со насолзени очи го гледа и едноставно рипнува од него и трчаат и двајцата по бродот за да бидат заедно исто и на спотот за песната плачам секогаш....... Плачев и на А walk to remember ....... Од песните плачам на Сонце за 3 света и на таа детската Кога ли јас ќе пораснам ....... Имам плачено мн пати на Све за љубав ама еднаш памтам кога еден свиреше на некој инструмент па го запознаа со некој негов идол ......... леле колку беше среќен и радосен човекот и јас одма се расплакав .... Плачам кога помалото братче ќе падне и ќе се удри зашто и тој плаче па и мене ми идат солзи со него заедно
Безпарицава ме тера крокодилски да ги ронам. И не само солзи туку целата се ужаснувам од таа помисла.
Лани кога бев на одмор, некаде ова време беше-крај на јули...Тој ден таму, беше измерена температура, над 40 степени, во сите медиуми кажуваа без потреба, да не се излегува од дома, па дури и на плажа да не се оди...Јас си седев дома, а беше околу 15:00 часот, најголемата жештина Ама морав да отидам до продавница, хитно ми затреба нешто...не е тоа битно..И кога гледам по улица надвор скоро и да немаше луѓе, пекоол вистински..И на ќошето кај продавницата гледам една жена, со шамија(мислам дека ромка беше ), седнала доле со скрстени нозе и доле на бетонот го легнала едно штотуку родено бебенце , очите уште не му беа отворени, само што се родило, срцуш, па го завиткала во партали некои и директно на бетон го легнала...А, тоа со затворени очи и бледо како крпа ...лежи доле..., оваа проси пари ЕЕЕ, не можев да останам рамнодушна на тоа и застанав до неа и почнав да и викам да го однесе дома бебето потхитно дома..А, она се прави не ме разбира, наудрена се прави, а јас на српски и зборев...И ме гледа како теле некое...Не можев да издржам и го земав бебето во рака само да проверам дали е живо..Имаше пулс, го проверив, а оваа мислеше ќе и го украдам и како луда цвикаше Не знаев кај да пријавам, не бев упатена во тамошните институции, незнаев ни социјални служби ништо..Морав да си одам На таа и се изнавикав све и и реков дека кога ќе одам дома ќе викнам полиција од хотелот, а таа ме гледа како вол.. И ден денес ми е пред очи лицето на тоа бебенце и се надевам дека е живо и здраво Тогаш кога се вратив во хотелот сум плачела цел саат за бебенцето
Многу работи. На пример кога ке видам бездомни животни и ке ми текне дека ние сме луѓе и се снаоѓаме а тие немаат никој и ништо, тажни сцени од филмови, Све за љубав ( не мозам да не заплачам ), некои сеќавања кои од време на време ми се враќаат, некогаш кога не сум задоволна од нешто а помислувам и дека некој го нема ни тоа што го имам јас. И на крај додека го пишувам ова ми идат солзи во очите
Леле , Господе Прв пат го гледам клипов.... Можно ли е животов толку да биде суров понекогаш??? Сега се сетив дека пред некој, брзајќи за на работа на сабајле ќе изгазев еден стар дедо што минуваше улица...За милиметар ќе го усмртев.. Ова е шокантен клип......