Нешта што ви тераат солзи во очи... Еве сега ги слушам од Селин Дион - Because you you loved me и Immortality и си плачам Не дека сум имала голема таква љубов, туку кога ги слушам тие тажни текстови, секогаш ми текнува на моите, на оние што највеќе ги сакам и ми фалат, а се во друг град далеку од мене . На пријателите што сум ги имала, на овие што ги имам сега, на сите смеи и сите глупости што сме и правеле, а веќе се одамна поминати, и дека не сум веќе дете и дека животот тече ......
Нешта што ви тераат солзи во очи... Повеќе работи.. и онака сум Риби и во суштина сум премногу емотивна. Иако се уште се пронаоѓам себеси, како тинејџерка и сеуште незнам што сакам и каде сум и имам премногу честа промена на расположенијата и однесувањето сепак.. Кога ќе слушнам некоја тажна песна, најпрво ме погодува текстот а потоа и мелодијата мора да ми се погоди, такви ми се на пример Hello, Like you, My immortal од Evanescence, Hurt од Christina Aguilera, Miss you од Avril и многу песни од Shaila, некои од Едо маајка како Сузе , Juice, Марчело.. После светов.. Циганчињата на плоштад боси и голи, иако на моменти си викам се преправаат а има и некои ненормални родители што ги осакатуваат децата колку да им дадат пари! Можеле и да најдат работа, да заработуваат а не да седат, да дуваат лепак и да чекаат пари, и за тоа се нервирам, ама пак ги сожалувам. Исто така на моменти неможам да ги гледам баба ми и дедо ми, што се стари и се мачат и некако им поминало нивното време, никој не ги слуша, нивниот совет не се важи, и кога ќе почнат да зборуваат како било порано - а сега не е. Жал ми е за вујко ми, што се уште е како дете, нема жена и гледа некако да си го пополни животот, гледање на тв, играње игри на компјутер и земање најразлични спортови да си го исполни времето, кога ќе заврши со еден спорт оди на друг.. може ви изгледа глупаво, не е сега социјален случај вујко ми, не е некој ненормален.. Пу, пу! Ама што знам, мене се и сешто ме потресува! Жал ми е и за мајка ми а поретко за таткоми, зашто во најголема мера не го заслужува тоа, иако и двајцата ме нервираат, жал ми е кога мајка ми ќе дојде од работа уморна и нервозна, и кога нешто неможе да постигне.. Солзи ми доаѓаат за скоро секоја неправда, за нешто што ќе ми се случи, а до сега животот ми бил груб, ако сум млада и ме чека уште, сепак имам доживеано и јас нешто Ми доаѓаат солзи за некое време, сакам да се врати, сакам да биде како порано кога брат ми бил мал. Колку било убаво! Сакам да бидам мала и безгрижна, без сите овие проблеми! Се кршам кога се сеќавам за нешто што очајно требало да го кажам и направам ама не сум го направила, или сум направила нешто погрешно што дури сега ми се одразува.. Жал ми е за другарка ми и сето тоа што заедно го доживеавме и направивме. Кога ќе се сетам на животот и целиот свет, полн е со болка и тага и ми навираат солзи..
Нешта што ви тераат солзи во очи... Кога сфакам дека некој ме сожалува во истиот момент ми наидуваат солзи не можам да се воздржам
Нешта што ви тераат солзи во очи... солзи во очи ми носи секоја помисла на него и секоја посета што ја правам на неговото вечно место...
Нешта што ви тераат солзи во очи... кога сум во ПМС се ме тера на солзи , си плачам на реклами, на комедии, ако ми е спор компјутерот. кога сум „нормална“ плачам на деца и животни. се потресувам кога ќе видам како тепаат детенце, се потресувам од напуштени или уличарски маченца и кутренца што беспомошно си мјаукаат и квичат по улици. на солзи ме тера кога ќе видам болни луѓе, а уште повеќе кога ќе видам храбри и силни болни луѓе на кои вреди да им се восхитуваш. на солзи ме тера ликот на тоше, неговите песни. на солзи ме тераат трагични животни приказни, но и убавите нешта, значајните моменти, свадби, кршетвки, бебенце што спие или што се смее... ехееее, испадна дека пола ден во плачење ми поминува
Нешта што ви тераат солзи во очи... Толку сум чувствителна, што се расплакувам на најмалиот излив на емоции, биле позитивни или негативни. Најчесто кога се нервирам, нервозата ми се претвара во солзи, кои неконтролирано течат. Или пак кога сум среќна, се смеам неконтролирано додека солзите течат како мали рекички.
Нешта што ви тераат солзи во очи... има многу работи кои ме терат да плачам.. песната од Хртс - Уандерфул лајф ептен ми е тажна има и многу филмови и цитати ... многу случки ме терат да плачам..
Нешта што ви тераат солзи во очи... Додека читав мислења од „Нив ги нема,тешко е,но спомените остануваат...“ се расплакав... Многу тешко се поднесуваат загубите на милите и саканите личности...
Нешта што ви тераат солзи во очи... You gave me wings and made me fly You touched my hand I could touch the sky I lost my faith, you gave it back to me You said no star was out of reach You stood by me and I stood tall I had your love I had it all Im grateful for each day you gave me Maybe I dont know that much But I know this much is true I was blessed because I was loved by you
Нешта што ви тераат солзи во очи... Кога ќе слушнам како некои особи со кои сум делела училница пред година-две си го одзеле животот. Ете тоа ме тера да плачам како луда!
Нешта што ви тераат солзи во очи... Надвор ладно грч...снегови...дождови....луѓе измачени,бездомници и гладни целите во партали и деца исто така,насилство врз деца,деца без родители оставени сами на себе ,за животни исто ми е жал...кога ќе видам болно куче слабо,пред некое време во град видов кученце мало стуткано во ќебе го оставил некој толку беше слабо,прљаво и како плачеше-рикаше....дома се утепав од плачење,стварно ме потресе
Нешта што ви тераат солзи во очи... народ кој се залажува дека знае се,за жалење се. исто ми тераат солзи во очи и кога гледам деца без родители,сирачиња,најболно ми е кога ја гледам таа ужасна слика
Нешта што ви тераат солзи во очи... Дејствието на оваа случка се случува во една далечна земја во која синот е во операциона сала, додека неговата мајка која е во голема дилема, го чека докторот во секој момент да излезе и да и каже дека операцијата е успешна. Одма скокна на нозе кога го здогледа хирургот кој излегуваше од операционата сала и возбудено го запраша: - Како е мојот син, докторе? Дали ќе биде добар ? Кога би можела да го видам? Хирургот со тажен поглед ја погледна и и рече: - Жал ми е. Направивме секакви напори да го спасиме, но вашиот син не издржа. Полна со болка, само рече: - Зошто децата заболуваат од рак? Зар на Бог, немуе до нив. Каде беше, Господе, кога мојот син те бараше, каде ? Хирургот ја запраша: -Дали би сакале да бидете малку сами со вашиот син?.. Болничарката може да излези пред да биде однесен вашиот син! Мајката, тажна влезе, и ја замоли болничарката да биде со неа додека се опростува од нејзиниот син. Нежно го погали по неговата бујна и кадрава коса. - Дали би сакале да му отсечам еден прамен од неговата коса за да го имате за спомен – ја праша болничарката. Мајката само климна со главата, а болничарката му отсече еден прамен и и го стави во една прозирна кесичка и и го подаде на мајката. Мајката, со тивок глас и се обрати на болничарката: - Беше тоа негова желба да го донираме неговото тело во сеучилоишната клиника, се сеќавам ми рече, можеби на некој ќе му биде од корист. Прво бев против тоа, но тој само додаде: Мамо, мене нема да ми биде потребно од кога ќе умрам, можеби ќе му биде од помош на некое друго дете кое ќе остане некој ден повеќе со својата мајка. Таа со солзи во очите продолжи: - Мојот син имаше златно срце. Мислеше за сите други и секогаш настојуваше да му помогне колку може. После долги шест месеци престој во која го помина поголемиот дел од своето време, мајката за последен пат излезе од Детската болница. Влезе во нејзиниот автомобил, а до неа ја остави торбата со работите од својот син. Патот до дома и беше многу тежок, а уште потешко и беше влегувањето но нејзината празна куќа. Ги внесе неговите работи заедно со праменот од неговата коса и ги остави во неговата детска соба, кои за брзо време ги распореди неговите автомобили и останатите играчки, точно онака како и претходно му беа поставени. Изнемоштена и со солзи во очите легна на неговиот кревет, го прегрна неговото перниче и така, плачејќи, заспа. Беше некаде околу полноќ кога се разбуди. Беше изненадена кога покрај неа, на креветот најде писмо во коверт. Го отвори писмото и почна да го чита: ... Мила мамо. Знам дека ќе ти недостигам. Но, немој да мислиш дека ќе те заборавам или дека ќе престанам некогаш да те сакам, бидејќи нема да можеш сега скоро секој час да чуеш како ти викам " ТЕ САКАМ ". Знај дека секогаш ќе те сакам, мамо, и тоа секој ден се повеќе и повеќе. А еден ден и ќе се видиме. Дотогаш, ако сакаш да посвоиш некое дете, за да не бидеш сама, Јас со тоа ќе се согласам. Тоа ќе може да ја има мојата детска соба и сите мои играчки. Но, ако се одлучиш за девојче, на неа сигурно нема да и се допаѓаат работите кои ние машките ги сакаме. На неа, ќе мораш да и купиш кукли и сите други работи кои што ги сакаат девојките. Небиди тажна додека мислиш на мене. Овде, каде што сум сега – да знаеш само колку е убаво. Дедо и баба ме пречекаа и ме прошетаа наоколу, но ќе ми треба уште многу време додека не разгледам се. Ангелите ми се супер. Сакам да ги гледам како летаат. И, знаеш уште што? Исус не е ни најмалку сличен како на оние твои слики. Сепак, штом го видов, знаев дека – ТОА Е ТОЈ. Исус ме однесе да го видам и Бог. И, знаеш што уште, мамо? Седев со Бог, ме држеше во прегратка и разговарав со него, баш како да сум јас некоја многу важна личност. Тогаш му реков дека сакам да ти напишам едно писмо, да се поздравам со тебе, и да ти изнапишам уште многу други работи. Јас, знаев дека тоа не е дозволено, но, знеш што, мамо? Бог сам ми даде хартија и ми го даде неговото сопствено пенкало кое малку е поразлично од другите, за да ти го напишам ова писмо. Мислам дека Габриел се вика Ангелот кој ќе ти го донесе ова писмо лично на тебе. Бог ми рече да ти го напишам и еден негов одговор на едно твое прашање кое ти си му го посатавила, тоа, каде бил тој кога јас сум го барал и кога најмногу ми бил потребен? Бог вели дека бил на истото место каде што сум бил и јас, дека цело време бил со мене, како што бил и со својот син, додека бил распнат на крст. Тој бил тука, како што и секогаш е со сите деца. Него, да не заборавам, мамо, да ти кажам дека никој не ќе може да го види ова што ти е напишано, никој освен ти. За било кој друг, ова е обичен лист хартија. А, сега морам на Бог, да му го вратам ова пенкало. Потребно му е да напише уште имина во својата " КНИГА НА ЖИВОТОТ ". А вечерва, за вечера Јас ќе седам на масата заедно со Исус. Сигурен сум дека и храната ќе биде прекрасна. Ух, замалце ќе заборавев да ти го кажам и ова. Мене повеќе ништо не ме боли. Од ракот веќе нема ни најмала трага. Среќен сум што повеќе не ќе морам да ја трпам онаа болка, а и Бог нема да гледа повеќе како патев. А сега Бог, го повикува Ангелот и му кажува дека ова писмо е " ПОСЕБНА ДОСТАВА ". Што викаш сега за ова, мамо ? Се потпишуваме со ЉУБОВ... Бог, Исус и Јас...
Нешта што ви тераат солзи во очи... Ми доаѓаат солзи кога гледам СЕ ЗА ЉУБОВ... Мн емотивни сцени има во емисијата, неможе да не заплачеш.
Нешта што ви тераат солзи во очи... Леле Маја8, јас вчера си поплакав за братот и сестрата што се најдоа и што се видоа прв пат во животот
Нешта што ви тераат солзи во очи... И ти како мајка ми, ги гледаше репризите на СЕ' ЗА ЉУБОВ и секој ден одеше расплакана на работа. Еден ден некоја колешка ја прашала да не има проблеми во бракот Шала на страна, и јас имам плачено на оваа емисија, зошто се работи за чисти емоции кои не се одглумени. А јас ко шо ме дал Господ, си плачам на секоја чиста емоција која ќе ја видам, било да е среќа или тага, филм или песна... Плачка сум!