"Нарушувањето" се вика анксиозност, и не е необично после ппд. Не си себична, не си лоша, не си погрешна, имаш право на своите чувства и тоа е во ред.
Да се согласувам во целост. Развод му е мајката ако дојде до таков чин. Јас би избрала развод и абортус, некој може ќе избере да роди дете и да се разведе,ама ептен трагично би било да изберам да останам со него поради дете/деца. Ама хипотетички, ме занима што мислиш. Ако нема дојдено работата до тој степен да има свршено во мене без моја согласност, туку ете чисто само да ми врши некаков притисок, или да почувствувам дека планира на тој начин да си добие дете кога веќе не се согласувам јас . Не успеваме да се договориме и ? Во моите хипотетички размислувања постои и скришно пиење контрацепција, да не бидам екстремна за скришно абортирање, не знам дали би можела тоа. Факт е дека тоа е премногу лошо, затоа и пишав погоре дека звучи злобно и заслужува осуда тоа размислување. Ама ми звучи малку како да заслужува така човек кој решил да те заебе на таков начин да не му го дозволиш тоа и некој период он да се мисли зошто уште оваа не е бремена кога стално во неа свршувам.
Не е за осуда, зборуваме за жена на која цел свет и' се распаѓа. Настрана како тој ќе се чувствува, што мислиш, како ти ќе се чувствуваш према него? Нема да ти се појави одбивност, нема да посакаш да не го гледаш, а не секс со него да имаш? Мислиш дека нема да се одрази врз вашиот однос? Дека ти како личност нема да се почувствуваш максимално погазена? Јас би, затоа и зборувам и многу имам зборувано на оваа тема. Не верувам дека би успеала да останам со него, познавајќи се себе, не ќе можам да го поднесам во близина. Животниот партнер е некој во кој треба да имаме доверба дека ќе не' почитува и штити, а не некој од кој треба да се чуваме, пазиме и криеме.
Во право си. Ќе бидам ладна и дистанцирана. Ќе имам зголемен стрес и анксиозност дали секој ден во исто време земам таблета, ќе пазам да не ме види дека земам таблета. Ќе бидам нервозна и напната. Спрема него не знам што ќе чувствувам, Не сум размислувала толку длабоко, ми се нема претходно случено такво нешто. Се надевам и нема да ми се случи, ама при самата помисла ми се лоши. Веројатно ако дојдам на тоа дереџе ќе бидам бесна и лута и нема да ми се исплати скришно пиење таблети едноставно ќе ми дојде преку глава цела ситуација на мене бидејќи јас ќе се чувствувам погазена како што велиш и ваљда пак ќе почнам да се чувствувам безвредно и ќе западнам во нова депресија. А ако одиме понатаму со замислувањата, депресијата знам каква е, нема да ми е до ништо, ќе се карам, расправам и како и да вртиш разделување не бега ако решение не се најде.
Благодарам. Само размислувањава на моменти мислев дека ми се вишок стрес, а сега веќе подолго време мислам дека се оправдани стравови и дека добро е што мислам на нив пред време. Не знам психолог немам посетено 7-8 месеци. Ваљда само анксиозност е, јас мислев да не има некое друго име моево нарушување, како психотична некоја се плашам и си замислувам нешта. Посилно е од мене. Не можам да се сфатам. Ми иде куп други теми да отворам затоа што и за многу други нешта си замислувам ситуации и си правам сценарија, па после опции размислувам, па калкулирам, проценувам. Тоа ми е последица веројатно од многуте настани во животот. Прв пат се соочив со депресија на 17 год. Потоа ми се повторуваше на одреден период, по некакви настани. Успешно се менаџирам без терапија. Ама може ми треба терапија ? Претерувам со анализиве. Како што кажав сметам дека ова се последици од тоа, затоа што иако веќе не сум депресивна, на моменти знам да се почувствувам несигурно, безвредно, беспомошно. А веројатно и некои настани во животот ме направија повнимателна и секогаш премногу фокусирана на својата сигурност и безбедност. Затоа и темава ми е отворена да видам дали некој ќе даде креативни одговори. Не е целта да алапачиме, да оговараме или да се осудуваме меѓу нас. Штета што некои така ја сфатија работата па има и мислења каде се докажуваат ставови и се збори за контрацепција, кондоми и се тоа па тоа во секоја тема. Океј е да наведеме пример што сме го слушнале, или свое искуство да споделиме.
Јасно ми е. Но ако имаш повторувачки мисли и стравови, секако дека треба да одиш на психолог. И со психотерапија и со медикаментозна терапија сум со години, се менаџира Малку сама со себе разграничи, оти можеш да почнеш да чувствуваш resentment каде што воопшто човекот не ни дава назнаки дека би се осудил на такво нешто. А на сите нас психолог ни е потребен, не сме родени со прирачник за животот
Епа јас точно така се осеќав кога дознав дека сум бремена по трет пат,пропаднав и психички и физички за жал, и уште секој ден се борам да не потонам до крај.Јас и маж ми заедно оплакувавме загуба на бебе,се тешевме и се туркавме да одиме напред,првите месеци бев како билка кога ми почина бебето,тој имаше најголем удел со синчето да ми помогнат да почнам да се опоравувам,напуштив работа каде што работев 10 год само за да сменам средина и да најдам фокус на нови нешта,тој иако сметаше дека е лоша идеја пак ме подржа зашто јас велев декатоа ми треба да се осеќам подобро, плус имам специфична здравствена состојба за која исто ми е најголема подршка,човекот буквално на прсти 10 год оди околу мене само јас да сум среќна, 10 години сме имале секс без кондом,свршувал надвор, и сега останав бремена од предсемена течносткога најмалку требаше тоа да се случи.Значи да, сме знаеле дека може да се случи ама сме сметале дека можноста за такво нешто е минимално,ако не се случило 10 год која е веројатноста сега да се случи си рековме,па ете се случи.Ама изборот за моето тело ми го ускратија докторите,сакав да абортирам ми рекоа дека тоа не е паметно,кај 4 различни врвни доктори бев.И уште се осеќам заробено,и иако знам дека маж ми не ми го направи детето намерно на моменти го мразам,и лошо се однесувам кон него, и буквално за се ми е крив,и тој тоа го трпи секој ден, го чува синчето,ме чува мене и понатаму иако се однесувам буквално лошо кон него,да се разведам ли треба,ке речам не,зашто јас иако се дерам по него си го сакам,и е добар маж и татко, моите хормони ке се смират, и знам дека ова ке помине,знае и он затоа трпи.Да е навистина лош и себичен човек не би ми трепнало око да си заминам,ама не е така.
Твојата ситуација е многу, многу различна него да земел маж ти да буши кондоми или да сврши во тебе иако сте се договориле да не го прави тоа. Зборуваме за свесно некој кога нешто ти прави, а како што те читам, маж ти немал никаква намера да забремениш, ниту пак пробал да те изманипулира. Затоа е различно.
Те разбирам. И јас еден период откако се породив го мразев ,му бев лута и се дерев по него. Не ми премолчуваше ама откако се средив психички сфатив дека и премногу ме трпел. Јас бев напната ради хаосот дома, бев напната ради тоа што немав помош од никој, бев напната затоа што не сакав да дојам а сите наоколку само за тоа ми зборуваа. Бев напната зошто детето плаче. Се ми сметаше. Бев во депресија. А човекот буквално за ништо крив не беше. Пази јас го обвинував затоа што оди на работа наместо да ми помага. Е што отказ да го терав да даде? Му беше криво зошто така се врз него истурам, затоа и се скаравме неколку пати. Ама откако се нормализирав сфати и тој зошто тоа го правев.
Да се дополнам. Не сум од оние што носат заклучоци базирани на претпоставки. Дел од членовите не ја разбраа темава и почнаа да докажуваат ставови и да напнуваат со заштити од бременост. Во твојот случај не си зафркната, не ти направил дете намерно, свесно против твоја волја. Не си жртва на манипулација. И во такви ситуации е бесмислено некој да ти вика да се разведеш. Мислам хелоу .. затоа и пишав, нешто попаметно да се даде како совет, не одма разводи сите трчаат да препорачаат и адвокати. Твоето е непланирана бременост, а темата е (не)планирана или планирана само од еден партнер. Се мисли на подмолен начин, без согласност од другиот партнер.
Затоа и предходно реков дека прво треба паметно да се бира партнерот, двајца нормални партнери кои се сакаат никогаш не би се изманипулирале помеѓу себе,болно е на некој да му подметнеш дете со тоа што нема да пиеш контрацепција или ке бушиш кондоми,а доста членки овде имаат блескави идеи по тоа прашање,и тоа не е здрав однос
За да им биде убаво во моментот, па од таму е моментот “не знам како забременив” на секоја втора девојка.
Постои решение доколку не сакаш бременост, а сакаш да ти свршува внатре. По мене, дете се прави од љубов, не се прави зашто ти е убаво да ти свршува внатре
За жал деца се прават од многу други причини и затоа постојат несакани бремености. Знам жени кои мислеле дека им отчукувал биолошки часовник па морало што побрзо да најдат некој маж за да родат дете, една знам дека не сакаше ни маж да има ни децата татко да имаат, само да роди. Две роди на тој начин. Го прелажа да и направи дете и потоа го исфрли од животот. По една година, ај да се смириме, пак уште едно дете и направи пак чао пријатно. Дека не беше мажена децата немаат татко, таткото нема право да бара да ги гледа. Знам и други кои измамиле маж за да останат бремени и да зачуваат врска, некои и брак така сакаат да зачуваат со бебе. А имаш и мажи под влијание на фамилија, пријатели дека мора татковци да станат, кој внуци сакал, кој внуки. Имаш и луѓе кои децата ги гледаат како бројка или пол. Мора да имам 3-4-5 деца, мора да имам едно машко, мора пред да наполнам 35 или што знам ти какви изговори.
Ама за сите тие причини, едно е заедничко, ни една не е вистинска причина за имање дете. Зборуваме за човечко суштество за чија судбина ја имаме моќта во голема мера да влијаеме, не за предмет некаков...
Скроз точно Желбата и занесот дека “свршувањето внатре” е најубаво и потребата од тоа, мислам дека се издигнува над се ова што напиша. Никакви изговори не постојат за вакво нешто.
Да. Ама ми смета што сите не сфаќаат така. Многумина децата ги сфаќаат како алатки за нешто. Брак не бидувал без деца, со едно дете ништо не правиме, мора да ја исполниме квотата барем две. Не се согласувам со тие ставови никако. Ама ми сметаат и не сакам да ги слушам и читам. Можеби од страв да не извршат влијание врз нечии одлуки (првенствено на мојот сопруг), а потоа и за други работи како на пример што се доведувам во ситуација да објаснувам јас на тие луѓе дека децата не се миленичиња или растенија. Треба многу љубов, внимание, работа и посветеност. Не ми е проблем и 10 ќе родам и ќе ги имам, ама да не ги гледам и да не се грижам за нив ? Деца се раѓаат ако си спремен на жртва, ако си спремен 100% да дадеш се од себе за да ги изведеш на прав пат, да ги воспиташ. Ако беше само за бројка да се исполни квота сите ќе имаа по повеќе. Најчесто имаат по две деца семејствата затоа што тоа е максимумот со кој можат да се справат ментално, физички и финансиски. Не ги спомнувам посебните групи луѓе кои имаат многу деца а немаат услови да ги гледаат. Сега се сетив на друга случка. Седнати повеќе пријатели на вечера, поточно на гости бевме собрани за вселување во нов стан. Сите бевме парови. Зборуваа нешто за деца дали спијат, дали се мирни. Едната жена вели дека и е претешко со двете девојчиња, едвај се снаоѓа. Мажот нејзин од страна го буцкаат кога ќе направел машко дете. Вели ќе биде и тоа. Жената му вика :" извини господине, завршив со раѓање. Фабриката е во стечај ако ме гледаш како фабрика за деца." Настапи молк. Потоа се напнаа на мојот сопруг и другиот пријател дека имаме само по 1 дете. Дали ќе сме ги правеле во исто време да бидат генерација, заедно да ги пратиме во школо. Се изнасмеавме само и ништо не кажавме. Кога пак почнаа да замараат дека подобро две наеднаш да ги пораснеме, ако сме робови на едно дете нека сме на две одеднаш. Најубаво било да се издржи тешкиот период да не одложуваме, ќе сме остареле после живци ќе сме немале. Јас само реков дека не ме занима кој колку има и кога ќе има деца. Си гледам за себе, со едно едвај се справувам моментално. И тука пак почнаа. Го буцкаат маж ми да не ме прашувал многу да ми го "истресел". Дури и жена една прокоментира дека нема бегање, сите имале по две, многу трагично сум сфаќала, видно бев навредена затоа така и реков, ама она претера со изјавата. Уште и додаде демек да не ќе абортирам ако се деси, што е проблем толку, во брак сме, работиме и двајцата кај едно таму и две. Вриев луѓе, ми идеше од маса да станам. Маж ми ништо не кажа само се насмеа. Не знаев како да го сфатам тоа дали се согласува со нив или им се смее оти се прости. Па дома го седнав на муабет и разграничивме да не си правиме такви работи туку да се договараме за вакви битни прашања.
Да прскаат сокови од сите страни Не претерувај сега, во природата на мажот е да свршува, за да нѝ се продолжува видот. Секој кој сака да се заштити од бременост, од болештини, има начини на превенција. Ризик за се` постои во животов.
Двете деца ми се со големо ДА од мене и од партнерот. Кога бев 25 год мм тогаш дечко му текна дека ни било време за бебе, на сред однос го извади кондомот и сврши во мене.Бев толку гневна што му реков дека одам утре и земам апче за ден потоа и една убава лекција .Сите хормонски и којзнае какви пореметувања што ќе ги добијам од апчето ќе му ги набијам на нос.Отидов и зедов апче норлево прв и последен пат Среќа немав некои последици , а немав ни несакана бременост.Ама од тогаш не му текна на господинот сам да планира.Убаво одржаната лекција го држеше години.Дури за второто дете ме праша 3 пати дали сум сигурна или го зезам.