Не знам какво срце има членката за да може да прости такво нешто и потоа да има доверба во истиот маж. А не ни затруднела тогаш, туку баш на своја желба си останала со човекот. Секако нема да го остави сега. Ама никој, никој да не мисли дека е нормално некој така да ти направи и дека не е сериозен прекршок на доверба. Според мене е полошо од превара со друга жена или такви слични проблеми во врска, мислам, баш е во водите на силување, секс без дозвола, не е грешка што треба да се прости. Партнер да не сака да те затрудни без твоја дозвола е нешто што треба да се подразбира во една врска, исто како што се подразбира дека не треба да те тепа. It's a given. И на сите треба да е причина за прекинување на врската. Ако тоа не може да го почитува, којзнае што уште не може да почитува.
Не е се така црно бело како што претставувате, има врски и бракови што траат со години, во секоја врска може да дојде до проблем ама не се скока така одма разведи се или раскини и крај, некако многу претерано реагирате,еве @Ava.84 одлучила да му прости и си останала со партнерот, сигурно имало зошто, секој може да се изглупира ама во сите случаи има за и против,можеби тоа му било моментална лудост за која ете не се разделиле и се среќни сега,не се сите врски попатни за една ноќ па раскинувај или разведувај се, некако многу усијани глави пишуваат на темата, пола од вас се сигурно сами или се во крајно нездрави врскипа нивото на доверба ви е на минимум.
Буквално. Никој, ама никој никој никој на светот, не смее да си земе за право да одлучува за туѓо тело, туѓ живот. Во сред секс во врска во тој момент повеќегодишна, тој рече "абе ај да пробаме". Сексуалниот однос заврши во ист момент, а после и те како имавме сериозен муабет. Нема ништо да пробуваме пред на маса да се договориме. Да ме прелажеш во сред секс сигурно нема. Не сакам и тоа е тоа.
Па ни ние што пишуваме не сме и не бевме во врски за една ноќ, за некои од членките знам дека се во доста долги врски, јас лично бев повеќе од 13 години и верена со партнерот. Таква работа немаше да простам, ни случајно.
Во нашите врски довербата е на минимум? Никој не и вели сега да се разведе, прво пошто нема, второ пошто сигурна сум дека она си е во нејзина верзија на среќен брак, а којзнае што значи тоа, веќе дигам раце од тоа какви врски луѓе велат дека се океј. Ама, треба малце да признае одговорност дека тоа што го направил мажот не е никако во ред и она како жена треба да е малце свесна дека е сериозно нешто и не требала да прости. За нејзе тоа е минато, за некоја тоа е сегашност и е глупо сега она да збори како тоа е ситна грешка, ама очигледно ни самата не е свесна. Никогаш ништо не е црно бело, можеби мажот и е најдобар татко, можеби е преромантичен и некогаш добро ја третира, ама тоа не го прави добар партнер пошо добар партнер не вади кондом на сред секс кога ќе му текне да прави бебе.
Не знам како ви е тоа нормално па уште и смешно. Не е работата стриктно за свршувањето туку за себичноста, немањето почит спрема партнерката, немање слух за желбите на партнерката. Мм тогашен дечко, иако секогаш сме имале секс со кондом, и свршување надвор, еднаш ме праша дали смее да сврши внатре иако со кондом пак праша. Не можам да си го замислам моментот да си извади заштитата и да си заврши работа без око да му трепне. И ден денес после толку години заедно, едно дете, а он има желба и за второ, никогаш не се осмелил да си тера по свое и почитува што јас сакам во моментот затоа што сум му и јас битна.
Абе скроз исто и во закон треба да влезе-за сите да е причина за раскинување. @Ava.84 на гилотиња Не си дозволувате малку премногу со апсолутизмов на судење на туѓи животи? Сподели членката искуство, преку нешто преминала и дечкото нешто научил.Мислам вие не мора да преминувате, јас за себе не знам дали би преминала, веројатно зависи од партнерот, ама ниедна индивидуа не е иста со друга, ниту една врска не е идентична со некоја друга и намалете малку доживљај. Врска, љубов, брак, се градат на компромиси, заедничко учење и усогласување, и бараат многу работа. Никој од вас нема право да суди за животот и одлуките на други, ако тие други се ок со својот живот.
Дали ако некоја овде се јави и напише хаха маж ми ме силуваше, ама ајде еднаш беше па простив, ќе речеме сите - ако, битно научил? (или не постоеше силување во брак) Релативизирате работи што не се за релативизирање. Нејзин проблем дали му простила, дали е ок со тоа, дали е сега среќна. Ама не, не е нормално, а уште помалку е смешно.
Не знам зошто мислиш дека јас се исмевам членката што ја постави темата?Не нејзе не и се исмевам.Убаво и пишав ама еве сите мене ме напааднаа дека сум требала да го оставам сопругот за нешто што се случило пред многу години.Оти не објаснував што се случи со нашата врска јас се исмејавам.Не објаснив колку време бевме скарани и слични ситуации и каква беше нашата врска после тоа. Да сериозен е проблемот, ама ситуацијата во нашата врска си ја знаеме ние. Ги исмевам членките што во сите теми се едни та исти се експерти за се од дете, бебе, брак, развод, секс, се знаат ама само на тастатура.А знаеме колку пракса и тероија е различно. Да сум го пријавела? Што да пријавам кога во мк жртвите на силување се исмеани и не им се верува, насилникот останува на слобода.Што да кажев,он сака брек ама јас уште не.И?И ништо. Јас бев 20 год во др време.Нас не ни сметаше некој да ми каже убав гз имаш, го сметавме за комплимент , а не за сексуално вознемирување.Сега се е другчие и многу време е поминато од настанот.Точка толку на оваа тема од мене Јас немам намера веќе да дискутирам.Правете си вие како е мислите дека е ок.Мојот живот е моја одлука. Ок ќе направам како ти ќе кажеш.
Ок, продолжете со редефинирање и извртување на тези за да докажете поента. Ава има став, искуство и нејзин живот. Може ќе ја убедите дека била силувана, па и ќе го тужи и оштета ќе бара. Пошто она не си ја премислила и премерила ситуацијата, вие поарно знаете.
Никој не ти рече СЕГА да го оставиш, ама за тогаш и те како било индикација за оставање. И да, контекстот е важен, кој ти намерно или не - го скокна. Фала Богу па во новиве времиња не мораме да трпиме "мажите се мажи".
Повторно, нејзин проблем е тоа. Не е нормално некој да проба да ти прави дете без твоја согласност. Злоупотреба е. Толку. Дали некоја ќе помине или нема да помине, е друга работа.
Ама не застанувате на тоа дека е злоупотреба, туку какво срце имала, каков брак имала, колку глупа била нели?Ко ќе се премине во лични анализи и прејудиции веќе станува невкусно. Исто невкусно како тие од другата страна, од балкон, шо советураат - ај бе напрај и второ, трето- јер подеднакво е мешање во туѓа манџа. Мразам мешање во туѓи манџи
Па е злоупотреба бре Биљарке. По дефиниција е злоупотреба. Едноставно е. Можеш да кажеш на маж ми му простив неверство пример, тоа не значи дека неверството е ок постапка. Едноставно прави што сакаш, ама не нормализирај злоупотреба.
А како е нормализирано? Со тоа што не му раскинала, и останала со него? Како од злоупотреба дојдовме до лични квалификации за нечиј живот, тоа е она што мене ми е проблем.
Да. Посебно што првичното мислење беше така напишано да изгледа како на шала, на смеа, ај бидна. Никој не и' рече сега да го остава, ама да, за некоја што денес ќе и' се случи истото, апсолутно совет е да го остави. Еве, ти како ќе советуваш некоја во таа ситуација денес? Ако к*р не му чуе за тебе, ај може ќе се поправи?
Нема да советувам. Што се случува меѓу двајца, на најинтимно ниво, се решава меѓу тие двајца. На најинтимно, биолошко ниво, само тие двајца си знаат. Ако не и е ок, тогаш не е ок, ако и ок, пак нејзино си е. Не иде животот со прирачник за употреба и животни советници, секој одлучува за себе.
Стварно? Бидејќи огромен дел од форумов некој прашува за совет, некој советува. Па и оваа тема е тој карактер конкретно. Како што советуваме во стотиците теми дека не треба да трпат насилие, така и во оваа. Само овој вид на насилство можеби не го доживуваш како насилство, можеби не се збори доволно гласно дека е насилство, па некако ајде, не е исто со ме тепа маж ми пример. Иначе што им викаме на тие тепаните? Бегај, оставај? Или а не, не се мешаме. Ава си е нејзино право што правела, како правела и што одлучила, отпосле се дообјасни жената дека не било баш хаха во моментот. Ете човекот сфатил, се променил, не знам ете она е среќна и тоа е тоа. Ама поинаква е поголемата слика, многу жени имаат деца кои не сакале да ги имаат. Ама не биле прашани. И пошто е табу, мислеле, па мора така. Не е билошко и интимно, како што силување, забрана за работа, за движење, тепање итн. не е интимно. И не е хаха. И не е смешно. И е злоставување.