Добро ако те плесне некој чичко по гз или те фати за цицка или бут кажи му фала пошто сигурно си многу згодна па затоа те фаќа. Боже сачувај.
Порнтата ми беше дека порано ако маж го извадеше кондомот и продолжеше без не можев на суд да го пратам .Денес може, ама не во мк.
Можеше. Ќе речеш "не". Ако не престане, силување е. Ако си родена 84та, во 2004та и те како се знаеше што е силување.
Многу е глупо ова навлегување во туѓ живот и брак. Ви се молам. Како што можам да приметам во секоја тема некој се загрева да си покажува сила и да соли памет. Не е во ред. Исто како да сум пишала во темата "Количка за бебе" и сум ставила слика дека сум купила некоја поскапа количка, или во темите што сум си купила да ставам слика од скапа гардероба па во друга тема да спомнам дека ми е скапа магнетна резонанца на приватно и таму сите да ми се нафрлите за што трошам пари, а за што не ми се давало. Олабавете. Не е во ред секој си знае како му е во животот, дел од Вас иако не Ви е сјајно тука пишувате колку Ви е се супер, а има и такви кои ништо за себе не пишуваат ама другите одма ги распнувате. И да се согласувам со @CameliaMiller и @Lady D ❤️ . Случајот на Ава на некој начин е злоставување. Не звучи така оти премногу се молчи на оваа тема. Еве гледам со причина се молчи. Не смее човек да каже нешто одма го правиме ненормален. Темата за тоа ја отворив. За да дискутираме и на некој начин сите да сфатиме дека никој не треба на присилен начин да дојде до дете. Без разлика дали се работи за измама (бушење кондоми или прекин на било која контрацепција без обостран договор) или едноставно вршење притисоци за бременост кога жената или мажот во врската/бракот не е спремен. Не е целта едукација за контрацепција. Не е целта расправање кој зошто како и што дозволил. Затоа што замислете хипотетички: Јас му кажувам на мажот не сакам дете. Он се расправа ме разубедува, не може да ме убеди. Немам доверба и не дозволувам секс без кондом. Он упорен во намерата, решил и ќе ми рече добро само. Арно ама можни се повеќе начини он пак да си ја реализира желбата. -Ќе го дупне кондомот пред време (јас нема да знам) -Ќе се случи секс ако сме пијани пример пак нема да сум свесна -Ако одиме во крајности ќе го извади на сред секс како споменатиот случај -Ако одиме во по екстремни крајности ќе ме силува ОК знаеме потоа треба да се разведеме/да раскинеме АКО сакаме. Ама поентата не е таа. Поентата е многу убаво објаснета од @Bezimenka90 и @Srckata28.
Сто пати се објасни поентата, ама кој како му чуе. Поентата е како да стане општоприфатено дека не е нормално и не е во ред со "финта" да правиш деца или да ти прават. Нормално дека во посериозни врски/бракови и партнерите се поопуштени, ако имаш секс без кондом не значи дека "аха, има да свршувам во неа ич не ми е гајле". Поентата е довербата која е изиграна и изманипулирана. И како да не дојдеме до тоа.
Така е. И мислам сите ја сфатија. Повеќето што пишуваат се возрасни. Ама мислам дека и покрај тоа што убаво сфатија не можат да се воздржат. Мора нивното да го кажат и докажат. На тој начин само можат да покажат сила и супериорност над другите.
Се повеќе ми се разјаснува. Ама не ми се допаѓа тоа. Јас не Ве познавам, всушност не ме познавате ни Вие мене. Нѐ има секакви овде. Исто како и на улица се среќаваме со секакви. На улица може ли вака директно на секого да му се направи психо-анализа и директ осуда? Зошто е толку тешко во секоја тема сите да се држиме до темата ? Јас имам свое мислење за многу нешта кои ги читам, со голем дел не се согласувам. Некгаш чувствувам потреба да докажам став, но не и да навредувам или да копам по темите кој каде грешел и да му набивам на нос. Членката @Ava.84 си сподели искуство соодветно за темата. Нејзин став, нејзина ситуација, начинот на кој се справила. Не е наше да кажуваме што требало и како требало да постапи. Не побара совет мислам. Некои ете и на убав начин и кажаа дека таа постапка од нејзиниот маж не е во ред. Злоставување е на некој начин. Се согласувам, ама доста е толку. Не е во ред и крај. Се друго, разводи, преиспитување на други ситуации, каков човек бил нејзиниот маж, каква личност е таа е целосно непотребно. Пак ќе повторам она не побара совет ниту се пожали на нешто. Само сподели. Камо среќа сите да споделеа. Ама не подобро е да чекаш плен и да напаѓаш.
Да. Некои едвај чекат вакво нешто. Лечат ли си комплекси или друг проблем имаат они си знаат. Битно совршен никој нема. Јас од ко прочитав едно мислење од членка што ја препознав, не верувам веќе во сѐ што овде се пишува и во тоа како некои сакат да се претстават
Богами сите ќе беа среќни ако речеше “Се разведувам,згрешив”. Претеруваат тоталка. Тоа е твој живот,твоја одлука. Ти си го знаеш него најдобро. Од свршување до силување и насилство Туѓите животи ги сфаќате многу лично,олабавете се малку.
Не го разбирам моментот кога гледаш дека го вади кондомот и сака да пенетрира повторно, а ти си мирен посматрач и шириш нозе. Па шо не се тргнала, доволно е да речи не сакам, прекини. Не е нешто шо не можи да се спречи, или во момент на занесеност можи, после пупу не важи, апчиња ќе пијам.
Темава отвара многу прашања и од етичка природа. Лично,секогаш сум мислела дека раѓањето дете е дар, дури и кога станува збор за дете родено од несакана или непланирана бременост. Но,што кога тоа дете стане причина за неколку несреќни животи околу себе,вклучувајќи го и сопствениот? Неколку жени познавам,со животи осиромашени и несреќни,само поради тоа што им се случила непланирана бременост....прашање е дали тоа го чувствуваат децата кои се плод на нечија себична одлука? А познавам и маж кој е искористен од мажена жена ( додека самиот не бил во брак ) и тој е денес биолошки татко на туѓо дете ( а можеби и не е,но така му е речено )......како последица на таа траума, ја одбива и самата идеја да има дете со својата сегашна жена.... Но,да не биде се така црно....многу особи знам кои се пресреќни што им " се случила " бременост,која не ја планирале во тој момент....како да нема баш универзално правило,тешко е однапред да се знае пошироката слика за ваква битна,можеби и најбитна животна одлука....
А да смислевте друг израз освен ширеш нозе? Па после вреѓате се кога на пораѓај ќе ви го кажат истото.
Ај еве посоветувај како да се објасни следнава ситуација и што значи истата: Имаш сексуален однос со партнерот, користите кондом, тој во еден даден момент решава да го извади и да продолжи без, ти не сакаш. Што правиш? Му викаш не, ама продолжува. Тоа силување е или не?
Јас што кажувам, а ти што прашуваш ? Многу неповрзано. Па после јас немам одговор. Ајде пишувајте си дека ширете нози. Не е проблем