Ова прашање за мене се однесваше. Шириш нозе кога имаш секс, па и кога се пораѓаш мора да ги рашириш нозете, шо е тука навредливо?
Алудира дека на пораѓај им викаат "а кога ширеше нозе убаво ти беше, ќути таму" што е секако погрешно и ужасно. Ама уште поголема непочит е да "шириш нозе" за да ти прават нешто што не сакаш, од личност која највеќе треба да се грижи за тебе.
Знам дека не беше, ама поентата на темава одамна отиде јабана Полека ќе стигнеме и дека маж ти/дечко ти уствари не може да те силува, тоа во брак/врска не се случува.
Јас не ја осудувам членката што простила, се омажила итн. и нема да вадам заклучоци за нејзиниот брак затоа што не ја познавам. Плус не видов дека она некаде го оправда тоа што се случило. Ама дека не е мала работа, не е, воопшто. И не релативизирајте затоа што ве читаат многу девојки и жени и кај сме нација што немаме никаква дискусија за тоа што значи НЕ, вие неколку уште толку го дозакопувате разговорот на таа тема. Никако не може да е во ред некој да не ти го почитува телото, да ги погази твоите граници и твојата согласност. Дали мажот на членкава се сменил, се извинил, не е битно, битно е што таков чин е стварно голема работа и време е да престане да се одржува во живот идејата дека маж ко маж, му се случило, ќе се насмееме и ќе замижиме.
Ве читам и морам да искоментирам дека за мене исто е и кога жена намерно останува трудна а мажот не сака. Како? Незнам ,нема да се тргне на време ,ке го начека пијан,ке го дупне кондомот ,многу примери има. ..и тоа исто е гнасно и подло како и обратната ситуација. Меѓутоа дури и во тој случај секогаш ја браниме жената а мажот не го земаме во обзир,и реално тоа ми е малце себично., А жена сум
Од прв пост на темата се збори за двете варијанти. Не ја браниме жената, напротив, доста се пишуваше за ситуацијата во која жената без знаење на мажот престанала да пие пилули. @forumce мажот/жената која подметнува дете, не е никогаш во право. @Ava.84 од прво мислење да кажеше тоа што подоцна се надоврза, немаше да има секакви коменари. Си пиша жената после дека ниту неа не и' било тогаш ок, дека сносел последици итн. Затоа и реков (јас) дека она си знае како го решила проблемот и човекот ете си ја разбрал грешката и тоа е тоа, нејзин живот. Само да не нормализираме наметнување деца никому, оти не е нормално.
Не ја бранам жената. Пишав мислење и за жена која престанала да пие пилули, и за друга жена која дури две дечиња роди со ваква измама. Ај да ви дообјаснам за тој случај. Жената ми беше познаничка, неколку пати сме седеле. Си тераше живот без обврски, кога помисли дека веќе и отчукува биолошки часовник не можеше да најде маж за да се среди и живее со него. Неколку пати имаше речено маж не ѝ требал, ќе одела едно инвитро со донирана сперма и сакала само детенце да си има. Неколку години потроши на кратки врски, се нешто им фалеше на тие мажи. Најде еден ради реда, сфати дека тоа е тоа, не го гледаше како складен за брак, ама и текна дека не мора да биде во брак. Бидејќи ако одеше со донирана сперма на ин витро оплодување ај што ќе беше скапо ќе беше, ама си размисли ваљда дека на тој начин утре задутре нема да знае на тоа дете како да му објасни дека нема татко или дека таткото е непознат донор на сперма. Си реши на полесниот начин со подмолна измама да роди две. И она е сега задоволна и исполнета. Си тера живот, а таткото на дечињата не ги ни гледа. Не беа во брак, и нема никакво право над децата. Жената го маткаше и за брак кога остана бремена закажа венчавка, после ја откажа кога беше во поодмината бременост. Не знам дали и тоа беше со задна намера и однапред осмислено или стварно нешто се случи меѓу нив, ама и второто детенце скрос исто сценарио како и за првото. Измама голема. Не поддржувам, затоа што и таткото на детето е родител, без разлика дали сакал дете или не, има право ако сака да го гледа, а тоа што е измамен воопшто не е убаво. Ај што е измамен, па и децата не си ги гледа.
Може да си бара судски ДНК да докаже дека се негови и ќе си има право да биде татко. Ама еве класичен случај на стварно подмолна работа
Тука очекуваат дека ќе ги тапкаме по рамо и ќе им речеме браво за тоа како ве измамил тој што е до вас. Џабе објаснуваме, нека ве злоупотребуваат.
Ептен подмолно и простачки. Боље да му кажела од почетокот дека сака да е само донор него да го влече за нос. Имал право да биде прашан дали му одговара такво нешто. Еден Господ знае што им одговара на децата кога прашуваат за татко им, дали знаат кој е воопшто и ако знаат дали знаат која е вистинската причина. Во најдобар случај ќе е некоја приказна дека не се слагале и сл. А не вистината дека мама е себичен манипулатор. Ако се веќе во нормална врска каде се почитуваат еден со друг, планирањето принова треба да е заедничко и не треба да се кријат намерите. Не може едниот да наметне на другиот нешто што не сака. Секако плановите се менуваат исто и луѓето, па во такви случаи кога нешто се сменило, партнерот треба да е првиот што ќе дознае. Нема посреќна врска од таа каде што и двајцата си знаат што сакаат, си кажуваат еден на друг и се ускладени во однос на децата. Врска без притисок. Мене и двете бремености ми беа планирани ама сепак истовремено ми беа и изненадување затоа што од моментот кога ќе решите до моментот кога ќе се случи, може да помине различно време. И кога е посакувана бременост полесно се поминуваат сите потешкотии што ги носи. Родителите ако се осеќаат среќно и задоволно, посмирени се, а тоа се пренесува и на бебето.
Кога го прашав мојот колку деца сака да имаме, рече: Колку што ќе родиш. Ферски и поштено. Искрено, не ми е јасно што луѓе се тие, без разлика маж или жена, што сакаат бебе а не кажуваат со време, да се одобри, да се испланира или пак иако немаат согласност, си прават финти. Не знам, стварно. Па доверба и заеднички договор (комуникација) се едни од основите на секоја здрава врска/брак. Не може така по свое да си тераш...
Ова наметнува дете (за жени) збориш ко да се изебала со комшијата и забременила, а го лаже партнерот дека е негово. Малце деградирачки. Како ќе му подметне НЕГОВО дете кое сам го направил? **** Едит Јао гледам членки што скоро пишувале како партнерите ги понижиле на најлош можен начин сега лајкуваат мислења за доверба во врска. Дајте ми од дрогата плис
Веќе се разбравме дека не се разбираме, или од по ново да објаснуваме зашо е ретардирано да престанеш со беби пилули и да не кажеш? Да бушиш кондом, и не знам што друго може да падне на памет, ова се веќе луѓе со така, проблеми во расудување.
Ама вие не сфаќате дека може она да го лаже до утре сабајле и он ако НЕ СВРШИ дека нема дете. Свршил? Ќе си го гледа.
Не сфаќаме. Ти не сфаќаш дека не си ги гледаме така со омраза партнерите? Сакаме да свршат. Нејќеме да ги прелажеме. Нејќеме да не' прелажат. Не сфаќаш.