И јас многу се нервирам на коментари од страна кои се упатуваа/т до мм. Ние за второ се решивме после 7ипол год. Причината бев јас, премногу стрес, проблеми, сами со сопругот буквално во се, и најважно, чувствував дека телото не ми е спремно за друга бременост. И нормално, сите коментари кон сопругот, зошто ,,чекал,,. Јас секогаш велам, машкото задоволство трае 5мин, ама потоа жената е таа која што трпи се ова што читаме погоре.
Немаме проблем со доверба. Туку велам дека колку и да му верувам, ако немаме контрацептивно средство, до бременост ќе дојде. **** Добро дечки на гинекологот следен пат ќе ѝ кажам дека за контрацепција користиме доверба
Пак ќе те прашам како ова спречува бременост? Му верувам дека ме сака и нема да направи нешто против моја воља. Ама ова никако не помага против несакана бременост. Пак мораме кондом, така? И со непознат тип и со дечко ризикот од бременост е ист. Не е спермата на дечко ми заспана ако сме години заедно. Така што доверба нема апсолутно врска.
Не разбира последен обид @Munchmallow20 ако не разбереш, јебига, не разбираш Да речеме, се договарате ти анти беби пилули, тој кондом да носи. Ок. Знае дека нејќеш дете. И ти дознаваш случајно дека овој буши кондоми. Нема бременост. Има изиграна доверба и работење зад грб. Тоа е поентата на целава тема. и не, не се зборува за контрацепција, си има тема за тоа. се зборува за доверба во оваа тема.
Знаеш како се забременува така? Знаеш дека треба да го истури внатре за да забремениш ,така? Ако не сакаш бременост нема да го прави тоа, ако имате доверба, знаеш дека нема да го направи тоа. Еве јас сум доказ дека 12години не користам контрацепција а имам ,замисли ,само две деца
Океј. Ама во случајов јас сум пиела антибеби значи од моја страна сум превенирала бременост. Ќе се лутам дека ме пенетрирал без кондом не од аспект на бременост туку што не сакам без кондом општо, на голо. А него не му прави во сексот разлика дали јас ќе пијам или нема да пијам антибеби. Мене ми прави со кондом или не или дали ќе сврши. Затоа верглам дека не е исто за двете страни.
Не реков без кондом, реков буши кондоми. Значи ти прави лажна слика за неговото пазење. Те лаже дека е одговорен. Не само што не е, зад грб ти работи. Се надева дека твојата заштита нема да успее. Тоа е поентата. И, I rest my case.
Девојко. Значи не е темата за вид на контрацепција, аман. Леле,толку ли ти е капацитетот да разбереш што ти зборуваат. Тешко на партнерот со твојот инает
Да де, сфаќам, јас ќе раскинам тука во случајов. Дури и физички ќе си го добие. Ама мене не ми е гајле за него. Ми верувал, сам си е крив. Имам секс и бебе за себе, за туѓи желби не.
И тоа е тоа што се збори де цело време. Не ми е гајле за него. Не ми е гајле за неа. Точно така, кога не ти е гајле за партнерот, можеш вака да размислуваш. Не дали е бременост, за било која тема во животот.
Еднаш го шамараше,сега по втор пат удри му бокс поштено. Да се правеа деца така лесно до сега ќе имаше 20 деца,не 10. Само малку осет да имаш што пишуваш бидејќи и од надвор те читаат и ќе мислат дека правилно постапуваат.
Добар пример даде @macalavica за стварно непланирана бременост, таму нема љутиш, може да се случи но е навистина ретко. Ете еден од тие ретки случаеви е таа. Ама тоа нема врска со ова другово, подмолно и безобразно.