Како што ти раскина зашто се стави себеси како приоритет пред неговите чувства, така јас секогаш и во врска се ставам себеси како приоритет.
Како бе можеш за партнер/дечко/маж да кажеш мене не ми е гајле за него, ми верувал, сам си е крив. Јас не викам слепо да веруваш на се ама нели поентата на врска е тоа, да имате доверба, разбирање и љубов еден кон друг. Ако све тоа паѓа у вода, земи вибратор, заврши работа, уживај и не се замарај за ништо...
Никогаш и никаде не сум напишала вакво нешто Можеш и оргиналното мислење за нашата разделба да ми го побараш, ќе видиш
Знам дека има такви примери,на прсти се бројат,ама во олку години научив дека јас нема да сум таков пример и можам да се опуштам и без контрацепција. Јас со сакање се помачив да добијам деца, не па вака Нејсе, мислам дека членкава не и е проблем толку бременост колку што не и е гајле воопшто за чувствата на партнерот и што воопшто тој сака. Штом така си сакаат,така нека си тераат
Ај што неа не ѝ е гајле, поголем проблем е што станува некако нормално да не ти е гајле, ќе си правам јас по свое па тебе кој те шиша какви се тие “здрави“ односи?
Знаеш, може да тупиме цел ден на темава ама она што тебе и мене ни е нормално, за некој нема да биде нормално и крај. Колку луѓе-толку карактери.Очигледно не сме на иста бранова должина
Каме ако не се стававме себеси на прво место, немаше ниедна врска/брак да се распадне. Ќе велевме што ако ме удрил, што ако ме силувал, што ако ме навредил, што ако е сељак, што ако не ме сака итнитн, ќе продолжиме да сме заедно. И ти си раскинала зашто си рекла побитно ми е јас да сум среќна отколку да сум со него во несреќна врска, која и да била причината. Кај мене не е до раскинување фала богу ама секогаш и секаде јас правам сѐ за себе, после за сите други.
Зошто инсинуираш работи за мене? Буквално ништо од ова немам напишано, ниту е па вистина. И не е темата причини за раскинување, ниту примерот е соодветен. Во некоја тема кај што мојот пример ќе биде соодветен не е проблем, ќе збориме.
Не е себичност нејзиното, туку претпазливост. Сите зборувате за некаква доверба, ама надвор од форумот дали и колку ја има. Отвори во снаи и свекрви ќе видиш дека браковите и семејствата се на конец.
Браковите и семејствата се на конец оти секој си гледа за себе дури и во брак. Нема заедништво, туку секој на своја страна. Во брак сте едно и мора да се најде компромис за да се задоволат двете страни,а не секогаш нашите потреби и желби на прво место да бидат
Добро, како и да е. Јас себеси се ставам на прво место и моите желби и потреби пред тие на партнерот и ова е чисто самопочит, не е ни себичност ни злоба.
Има секакви ризици кога ќе стапиш во врска. Можеби ќе те издигне од земја од нигде никаде после 3 години врска и ќе ти остави сериозни повреди. Можеби ќе му текне да извади кондом и да те затрудни без твоја дозвола после 9 месеци врска. Единствен начин да се заштитиме од сето ова е да не бидеме во врска. Ама, duh, повеќето од нас се заљубуваат, сакаат да сме во врска и кога веќе ќе го малку по малку запознаеш партнерот постои презумпција дека... не е психопат. А таквите однесувања се психопатски. Не можеме да ги предвидиме, ама за среќа далеку се од мнозинството. И затоа тешко нас ако претпоставуваме за секоја личност дека ќе ни наштети во такви екстреми. Едноставно, никој не живее така, особено не за врски кои мора да се изградени на доверба. И не мешај наметната и "случајна" бременост, збориме за наметната, по 10ти пат.
Па дечко ти е или некој прост селјак што не разбира што му збориш зад грб, или не постои. Мене искрено ми е жал за него.
Во ред е да бидеш претпазлив, ако претпазливост значи да не се леташ ко мува без глава по некој и да не дозволиш тој некој да ти е алфа и омега во животот. А има бракови на конец а исто има и нормални бракови, кај што со љубов и разбирање се проаѓаат и потешки ситуации. Да во ред е да се ставаш на прво место ама без да повредуваш некој друг, посебно човек со кој си решил да градиш нешто во животот
Секако. Ама во пракса не е баш така. Сите знаеме што е доверба, ама тешко е таа да се одржува. Колку парови сум видела, па цел приватен живот го пренесуваат на социјални мрежи, па одмори, чуда, абе идила, мислиш Ромео и Јулија и на крај раскинуваат и за брзо време едниот или двајцата се мажат или женат со некој друг. Добра глума е тоа. Интерес кој трае и завршува. Еве јас лично не можам така да се занесувам, ама па и не преболувам лесно.
Скроз избегавме од темата. Јасно ми е што збориш, секогаш ќе има и такви парови , ќе има и разумни парови. Нејсе, муабетот ми е дека тоа што се сакаш и почитуваш себеси не мора да се коси со доверба и почит кон партнерот (ако ја има и е взаемна). Моето ставање на прво место не значи, ќе правам јас што сакам ако така сум решила и нема ни да ти кажам, кој те е...
Вашето неверување во здрави врски и бракови полни со љубов, доверба и разбирање не значи дека е факт па сите да се однесуваме како да не постојат.