Со маж ми сум 12 години, од 16-17 години. Знаеше дека не сум спремна за дете кога стапивме во брак, за разлика од него што сакаше уште пред 3-4 години. И цело време имавме секс без кондом и апчиња. Ако не му верувам, нема ни да бидам со него. Знам за жена што три деца роди затоа што маж и така сакал, неа не ја прашувал. Трите се со мала разлика, а после второто и рекле да одмори матката па после трето ако сака. И маж и го знаеше тоа ама човек без мозок, емпатија, љубов. Едвај го доноси третото кутрата, 300 маки имаше. Тој би го обесила без да размислам.
Имав спонтан абортус пред две години имам едно детенце 7 годишно.. после породување имав тешка постпородилна депресија која што ми траеше неколку години.Првата бременост ми беше само планирана се договоривме дека не сакам и не сум спремна психички да бидам повторно мајка,имав стресен пораѓај комликации..потоа други стресови се борам со анксиозност и депресија веќе неколку години,втората бременост не планирана незнаев до 3ти месец дека сум бремена водев нездрав живот стрес на рсботно место и јас го изгубив бебето во 4ти месец повторно депресија немав волја за ништо поминаа 2 години не ни помислував на втора бременост освен на почетокот од тага ми беше многу криво за бебенцето и сакав навистина да се роди...Незнам дали некоја го почуствувала ова но јас се променив многу од кога станав мајка станав многу слаба психички осетлива и го изгубив своето јас се изгубив себеси...среќна сум што го имам моето дете животот би го дала за него и неговата среќа мислам дека нема поголема љубов од една мајка кон своето дете ..тоа го сватив од првиот ден кога го видов...но јас не бев спремна психички и сега за оваа трета бременост рана бременост сум сега во неверување сум уште и незнам што да правам незнам како е можно да сум забреминила никој незнае освен јас само за бременоста..Ако мм намерно направил никогаш нема да му опростам зошто и самиот знае за мојата психичка состојба можеби малку непазење од негова страна да сум останала бремена незнам што да мислам се чуствувам лошо изгубено расеано незнам што да правам... неможам со никого од најблиските да зборувам не сакам да зборувам на оваа тема затоа ви пишав овде
Пиши ми порака ако сакаш.. Ми се пресекоа нозете кога ти го читав мислењето. Дали имаше знаци од мажот дека можеби сака уште деца? Разговаравте ли за такво нешто во изминатиот период?
Седни и разговарај со сопругот. Не прави ништо без негово знаење . И почни да посетуваш психијатар и да пиеш терапија.
Незнам како да седнам да разговарам како да почнам од самата помисла ми се тресе снага и срцево ми лупааа многу сум и нервозна и се незнам
Можеш да останеш бремена и од предсемена течност, разговарај со сопругот,иако се минимални шансите сепак се случува,мене ми се случи, имам многу точен циклус и знам дека сигурно така сум останата, ние не планиравме дете,а и не требаше да забременам од здравствени причини ама се случи.Сигурно има некоја причина, ја така се тешам.
Можеби е од тоа,исто и јас имам точен циклус до ден и првиот ден уште кога ми каснеше се подзамислив ..
Мене единствено ми задоцни циклус кога останав бремена,сите три пати,затоа одма знаев,никогаш иначе не се случило да задоцни или да дојде пред време.
ти посакувам лесна бременост,можеби се се случува во животот поради некоја причина така требало да биде
Ако тебе ти е малце гајле за него, нема да го лажеш и манипулираш. Ама да, кажа дека не ти е. Заборавив. Па после тоа не можам да разберам каква ви е оваа врска без љубов, разбирање, отворена комуникација и доверба. И тоа како имате проблем со довербата иако негираш. Штом мислиш дека без заштита досега би имала 10 деца, значи мислиш дека би направил нешто без да сакаш, а тоа, мила, значи немање доверба. Со дм сме заедно 8 години, 4-5 години не користиме никаква контрацепција, функционираме со вадење пред свршување и доверба дека нема да ми направи нешто позади грб. И да, немам 10 деца, всушност немам ниту едно.
Еве сам ми рекол - не знам дали ќе се исконтролирам да се тргнам на време, не ми се ризикува, затоа најдобро кондом. И какво фајде од доверба тука кога сам си кажува? Значи не збориме за намерно затруднување туку за несакајќи. Тоа е како да имам доверба во некој што на среќа пробува да деактивира бомба.
Па баш треба да имаш доверба, човекот убаво си кажал дека не знае дали секогаш може да се исконтролира и затоа преферира кондом. Супер од негова страна (покажува дека му е гајле), спротивно од тебе на која ништо не и е доволно очигледно, туку баш ти е гајле за се' во врска со него.
Да, треба. Ама како тоа ќе помогне во случајов? Еве каква разлика прави дали се онадиш со дечко (во кого имаш доверба) или со непознат тип (во кого немаш доверба) во однос на забременување и заштита? И во двата случаи може да затрудниш ако не пази тој.
Девојче, велам општо. Не е само трудноќата во врска/брак. А ти јасно кажуваш дека не ти е гајле за партнерот во било која смисла, а ако си Танченце, знаеме убаво колку е тоа точно.
Ако ставање на своите приоритети пред тие на партнерот е негрижа за него, нека ви биде. Испаѓа не смееш да го одбиеш за секс оти не ти е гајле што тој сака. Не смееш да одбиеш без кондом оти не ти е гајле што тој сака. И тако даље. Пошто да, во овие ситуации не ми е гајле за него. Таму каде негова постапка и желба не ме повредува на било каков начин, таму е друго.
Кој кажа дека не смееш да одбиеш без кондом??? Кај сум рекла дека не смееш да го одбиеш за секс??? Го прочита ли ти мојот пост каде што реков дека е супер што дечко ти сам посакал да користи кондом??? Се изгуби девојче во дискусијава, и ти веќе не знаеш што сакаш да кажеш. Само си измислуваш и придодаваш за да доловиш некаква 'поента' која и на тебе не ти е јасна.