Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Не)Планирана бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од DarkStormm, 23 јули 2022.

  1. 1Dani1

    1Dani1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање. Имаме едно детенце со сопругот, скоро е 3 години. Од неодамна тој почна да зборува дека сака второ што по скоро. Иако му велев дека не сум спремна, и дека сакам да планираме наредна година, поради приватни причини кои му беа образложени, имавме секс деновиве додека траеше и дискусијата, за тој “несакајќи” да му се “испушти” и еве, тест позитивен. Бебенцево не е криво за ништо но сум пре пре разочарана во него, доверба веќе нула..А тој ми вели како сум лоша мајка и како ќе ми врати Господ што не го сакам детево, што нема врска, среќна сум, и мило ми е, но, од друга страна, неможам да замислам како ми го направи ова… Како би реагирале Вие?
     
    На Tinygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. baby 5

    baby 5 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    5.165
    Пол:
    Женски
    Јас се наоѓам во слична ситуација и тоа со трет од кое второто е 19м ама кај мене не беше намерно мажми повеќе од мене испаничи дури седна и мислеше како кога дури се расплака и ми вели ама јас стварно не сум свесен може еднаш ама жено навреме извадив.. како и да е јас си го зачував благословот што стварно незнам ни јас како бидна и еве ме сега 38 недела чекаме болки:) ти си знаеш јас не ти се мешам во твоите одлуки ама верувај дека мораш многу да размислиш пред да абортираш... Со лесно:*
     
  3. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    2.041
    Пол:
    Женски
    Би го плукнала во фаца. Иако тоа нема да помогне.
     
    На Eni.r, Spicy Senorita, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.085
    Пол:
    Женски
    Би абортирала и би го напуштила веднаш. Ова е многу сериозен прекршок на доверба и за сите жени треба да биде јасен знак дека бракот е завршен.
     
    На Snowflake97, sparklie, Srckata28 и 16 други им се допаѓа ова.
  5. 1Dani1

    1Dani1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Нее, тоа не ми ни падна на памет. Туку прекршокот што тој го направи. Баш ме повреди со постапката.
     
    На Snowflake97 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  6. baby 5

    baby 5 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    5.165
    Пол:
    Женски
    Е добро да во право си...
     
  7. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    5.536
    Пол:
    Женски
    Што ти мислиш дека е најправилно за тебе и твојот однос моментално?
     
    На sj *O* и Осе им се допаѓа ова.
  8. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    11.902
    Пол:
    Женски
    Не те испочитувал, те излажал, намерно направил дете како бременоста да е шала, и уште ти наметнува грижа на совест. Премногу незрело и несовесно од негова страна.
    Ако не си спремна за второ абортирај и разведи се.
     
    На Snowflake97, DarkStormm, Eni.r и 4 други им се допаѓа ова.
  9. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.993
    Допаѓања:
    33.680
    Пол:
    Женски
    Катастрофа, не ми се верува дека сеуште има вакви мажи
    Тоа што сака второ дете си е сосема во ред, ама тоа што не ти ја испочитувал одлуката е многу голема грешка и преголема незрелост
    Незнам разговарајте, ако не си спремна на бебенцето има абортус, ама зошто да биде така, маж 0
     
    На Lady D ❤️, sj *O* и Осе им се допаѓа ова.
  10. 1Dani1

    1Dani1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Не знам ништо, збунета и повредена тотално..
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.501
    Допаѓања:
    8.826
    Пол:
    Женски
    Дај си 1 недела време да ти легне шокот да размислиш, да се изјасни и сопругот и донеси одлука која сметаш дека е најисправна и најдобра за тебе. Не за бракот не за другото детенце, не за маж ти он најмалце заслужил. Може грубо звучи ама вакви големи одлуки се носат заеднички особено откако веќе не сте биле на исто мислење.
    Може па за некое време ќе си се премислиш и ќе одлучиш да си го задржиш бебчето, а за довербата кон маж ти ќе ти треба време да му верувап во било што, се надевам ќе се спрсвиш со ситуацијата што и да одлучиш. :hug:
     
    На DarkStormm и Осе им се допаѓа ова.
  12. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    5.558
    Јас би се развела, без разлика на се. Тоа се вели во очи те гледа и те лаже. Или друг термин репродуктивно силување. Па уште и те колне дека ќе ти врати Господ. Јас би го замразила во моментот.
    И нема ништо лошо и погрешно во тоа да абортираш ако не си спремна. Имаш веќе дете на кое си му потребна. Нема потреба да се обвинуваш само затоа што е зачнато дека мора да го родиш ако навистина не си спремна. Одлуката е само твоја, ама мора да мислиш на себе, а секакви коментари ќе прочиташ, ама утре нема ние да дојдеме и да ти помогнеме.
     
    На DarkStormm, Nausicaa, elimkd и 8 други им се допаѓа ова.
  13. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    5.558
    Овде нешто друго си прашувала, а очигледно ние те сфативме пресериозно за,, проблемов,,
     
  14. 1Dani1

    1Dani1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Да, прашањево ми беше поставено, чисто онака, нема ништо со ова што сега се случи ☺️
     
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.643
    Допаѓања:
    39.329
    Пол:
    Женски
    Да бе, и направил дете што не го сакала и сега уште и он треба да се изјасни и да даде амин за одлуката.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    11.902
    Пол:
    Женски
    Баш затоа што големи одлуки се носат заеднички, а бременост и грижа за дете е голема и важна одлука, тој не ја испочитувал нејзината така да нема зошто да се изјаснува.
     
    На Snowflake97 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  17. 1Dani1

    1Dani1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Не, погрешно сте ме разбрале. Бебенцето не е криво за ништо, го сакам и ќе го задржам, тоа не е тема на муабет. Но, да бидам по директна, сакав тоа да се случи подле неколку месеци, или после Нова Година, бидејќи до тогаш имав планови што требаше да се реализираат во врска со мојата кариера, а сега треба се да стопирам. А бебенцето секако го сакам најмногу и не сум ни помислила да абортирам. Но сум повредена од страна на мојот сопруг, кој покрај се, го направи тоа без моја дозвола..
     
    На Bitter-Sweet и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  18. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    11.902
    Пол:
    Женски
    Епа за што бараш совет?
     
  19. 1Dani1

    1Dani1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Дали сум во право со тоа што сум лута и повредена, или грешам..бидејќи сопругот ми ја наполни главата како јас сум лоша мајка за бебенцево, како не мислам на него, како не го сакам, бла бла..а јас само ја изгубив скроз довербата во него со ова што помина преку мене и изигра себично, и покрај тоа што се договоривме да пробаме понатаму за бебенце ..
     
  20. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.501
    Допаѓања:
    8.826
    Пол:
    Женски
    Не зборам за изјаснување дали ќе и "дозволи" да абортира, може бар ќе се повлече и покае па бар ќе си го спасат бракот. На крајот од денот не им знаеме ние дома што им се случува од старт до сега па овде да кажуваме отворено што ТРЕБА Да направи. Јас во ситуацијата "несакајки" би му го измавала органот со чукач за месо, ама пак ќе кажам треба сама да одлучи земајќи ги сите работи во предвид.

    Не не си лоша мајка пробува да те манипулира со ставање вина врз тебе. @1Dani1
     
    На Осе и 1Dani1 им се допаѓа ова.