Нормално е да си лута и повредена, и мислам дека ова е причина за развод зошто продолжува да те манипулира после таква несовесна постапка. И штом си имала други планови сте требале да користите и заштита.
Како да не си во право? Како понатаму ќе живееш со овој човек и ќе го гледаш во очи? Како ќе му веруваш за било што? Ти си знаеш во каква ситуација си, ама јас не би погледнала ваков човек повеќе, уште ти ја полни главата, он на тебе, дека ти не си добра, крајно одвратен е значи. Да, тоа се вика репродуктивно силување. Веројатно се исплашил дека може и понатаму ќе се премислиш, па да ја среди со време работата. Убаво размисли си дали со ваков манипулатор и да не го наречам со полоши имиња, би сакала иднина да градиш.
Не знам што е полошо. Дали тоа што ти направил дете и покрај тоа што си се изјаснила дека не сакаш сега или тоа што ти вика дека си лоша мајка, не го сакаш бебето и слично. Јас би го пратила на психијатар и би се замислила околу неговото однесување.
На моја другарка исто и се случи пред 10 години, она не сакаше, мажот и сакаше и и направи дете, се налути на почетокот, после и пројде, си има прекрасен син, и бракот и е супер.Нормално е да си лута и повредена,ама кога ке си гушнеш бебето на крај ке ти помине.Овде некако за се нешто се советува развод,полека малце, ти најубаво знаеш каков брак имаш и дали вреди.
Си, на место ти е реакцијата. Не знам што би ти кажала, сепак си во рана бременост и додатни стресови не ти требаат. Само дека си во право за реакцијата и да не подлегнеш на манипулации и набивање вина. За работата/кариерата 4 месеци и не мењаваат нешто во споредба со бременост и дете. Сега за сопругот, ова ти била добра лекција и црвено знаменце за неговиот (не) карактер. Ова е баш тоа, огромно црвено знаменце и јас така гледам на ова, и би гледала. Највеќе укажува тоа што се обидува да те манипулира и набива вина и грижа на совест покрај се.(покрај се being, додатно на црвеното знаменце забременување БЕЗ твое знаење и дозвола). Штом сакаш да го родиш и секако сте планирале второ иако понатаму, прво тоа фокусирај се сега, да истераш здрава бременост. Имаш секако до пролет време. Па почекај да ти се слегне шокот прво.
Абе ајде, какво силување, секако планирале второ дете, не е ок мажот и што постапил така ама тоа е далеку од причина за развод, ако не го сака детето нека абортира (ама сама кажа дека сака да го роди и дека секако планирала уште едно дете), ама има и друго дете на кое ке му го растури семејството ако повлече таков драстичен потег.Секој брак има кризи, ама не е така лесно да рипнеш да се разведеш. Јас поминавум низ слична ситуација, останав непланирано бремена, го родив, и еве уште поминуваме низ огромна криза во бракот ама сепак размислувам за децата на прво место и не скокам веднаш да се разведувам.
Знаеш ти сигурно дали и е супер бракот или на секое му префрла на мажот за тоа што го направил, или директно или во себеси. И го презира. Тебе ќе ти каже. Ако нешто е за развод тоа е ваква ситуација, ти прави нешто што изричито си му рекла да не прави, нешто што никогаш не може да се врати назад. И не, не зборам за конкретнава ситуација на членкава која за среќа барем сакала бебе понатаму. Ама, да кажеш дека ова не е за развод, кршење на најголемата доверба што може да постои, не знам што е.
Таа другарка ми беше една од најголемите подршки кога поминував низ слична ситуација, знам зашто и самата сто пати ми има кажано,и кога се лутев на мојот маж таа најмногу ме убедуваше да не се лутам, дека и она поминала слично искуства па сега толку години се среќни, одлично функционираат, имаат супер воспитани деца, и не се презираат.Многу сте силни околу разведувањето на овој форум, која било членка да побара совет одма развод и се советува, дај оладете малце, има деца кои треба да раснат во нормални семејства.
А деца од разведени родители се ненормални? Ако родителите подеднакво се грижат за детето и после разводот нема да има проблем. Уште подобро ако детето е повозрасно и може да ја разбере ситуацијата отколку да има неразведени родители па да трпи кавги и трауми.
Замисли живееш со мајка која го мрази татко ти пошто насилно забременила и си се родила ти. Колку и да се воздржува таа мајка не може а да не го презира маж ѝ. Да не зборуваме за човек кој репродуктивно силува жена. Тој татко ако не ја почитува мајка ти доволно за да почека 1 година да биде спремна и таа за дете, замисли како ќе се однесува со децата. Дали си за тоа жената да трпи сѐ и сешто за да бидат децата во „нормално семејство“? Какво е тоа нормално семејство каде мажот ја силува жената жити се објасни се
Никаде не спомна членката дека го мрази сопругот, и дека ја силувал.Плус треба да се разгледаат сите аспекти за за и против останување во брак, ова е само еден аспект.Под нормално семејство подразбирам заедница на две зрели индивидуи, без никаков тип на насилство, или прељуба кои заеднички ке ги воспитуваат децата. Во животот не е се црно бело, и не со носат такви одлуки наеднаш.
Ни самата не си свесна, а голем проблем е и тоа што 50% ако не и повеќе од општесвово нормализира вакви работи. Не е во ред партнерот да ја злоупотребува твојата доверба, не е во ред да ги игнорира твоите потреби за неговите желби. Не е во ред да си се погазиш себеси и своите принципи до степен да му простиш на партнерот за игнорирање на твоите потреби и непочитување само за тој да биде среќен. Разбирам дека некои се приморани да останат во брак поради различни причини, но престанете да велите како непочитувањето на партнерот е нормално. Без разлика дали се работи за дете или за финансии, или забрани - НЕ Е ВО РЕД. Како општество имаме катастрофа менталит да ни е во ред секаков вид малтретирање и да се помине преку тоа како ништо. Децата не се за ништо виновни и не можат да бидат, но тоа не го негира фактот дека сопругот на членката е манипулатор што ја изневерил нејзината доверба. Се надевам дека ќе може да се оддалечи од него со децата бидејќи никој не заслужува да живее со таков манипулатор. Не и треба маж што ја гледа како предмет без свои чувства и потреби. Тој е ужасен сопруг. И може да го задржи бебето без да остане со таков. Ми се повраќа што се уште постојат вакви мажи, таа не е за ништо виновна туку изманипулирана да се чувствува така.
Само се надевам дека не си ги учите децата да дозволуваат некој вака да им нарушува основно човечко право. Не се работи за дали евентуално сте сакале дете, туку за тоа што он одлучил дека сега сака и делувал против вашите јасно поставени граници. Таа личност буквално не ве гледа како човек. Не е ова за лутење, туку за да не ви види лице повеќе. Страшно поразително е колку се нема осет и почит за сопствената телесна автономија.
Не мора буквално да каже членката дека е силувана. Намерно свршил без таа да сака, а се што е против воља е силување. И да, ова само еден аспект а премногу битен. Кај крив уште продолжува да и ствара грижа на совест дека не е добра мајка, а тој татко на годината со таква несовесна постапка. И убаво ќе биде да се бираат зборови пред да се каже нешто.
Па ќе те убедува, си има она причини зошто. Не е нормално семејство, што и тоа да ти значи, каде што мажот против волјата на жената ја забременил. Да му кажеш не сакам дете и он намерно да те забремени нит е нормално, нит е нешто што треба да се прифати. Јас не сакам дете, маж ми да ме забремени не знам што би му направила, не па да се разведам. Плус, уште gaslight на најјако и прави дека она е крива, дека не го сака детето. Тоа само колку кажува за каков човек е мажена за жал. Не е ова се сомневам во нешто, па ај разведи се. Ова е реална, валидна причина за развод во кој не ни треба да помисли жената дека е виновна и дека она го растурила семејството. Или довербата. Да е обратна ситуацијата какви гадости се зборат за жените, намерно затруднела да го зароби, ороспија, ваква, онаква, а маж, ех, ќе му простиме, не е тоа за развод де.
Прељуба е ситница во споредба со ова. Со цело село да ме извара нема да ме повреди и разочара толку. Насилство има психичко. Ја обвинува неа дека не го сака бебето, а таа кажала дека не го сака. Ти и те како си требала да му се лутиш на маж ти што те оставил бремена а свесен е дека таа бременост може да е кобна за тебе. Не е ок да оправедуваме однесувања кои се насилство, и се се, само не нормални.