Јас не го оправдувам во ниеден момент и не велам дека не е ево право да се лути, и не подржувам насилство ама овденапример се споделува само еден аспект од еден целокупен однос,не е се така црно бело. Јас сеуште се лутам на мојот сопруг, бракот ми е во ненормална криза, веќе дури не го препознавам,не се препознавам ни себе, и во последно време икс пати сум била изложена на навреди и непочитување, исто и тој од моја страна, ама сепак толерирам,и ме има истолерирано, поминавме нешто што комплетно не смени и двајцата, изгубивме едно дете, тој изгуби работа, јас се разболев, и мн мн нешта, ама знам и кои бевме предходно, и каков човек беше, и дека е добар татко, затоа не се ставам себе на прво место, туку децата, и чекам бурата да пројде.Себе не се сметам за неедуцирана и проста жена која некој ке ја заебава,можам ако сакам да се разведам и да седам сам со децата, имам добра работа и ако решам не зависам од никого, ама размислувам пошироко, за се треба двајца, и за љубов и за кавга, еве маж ми се смени, ама се сменив и јас, колку е тој виновен толку сум и јас, и затоа не брзам да се разведам,точно на моменти ми се чини дека го мразам ама пак го сакам.Не е се црно бело, неможе да се изведуваат заклучоци од неколку пишани реченици.Не знам, времето ке покаже дали грешам, можеби и не сум во право.
Извини вака, но ти пред некое време ( може има еден месец) пиша дека маж ти направил беља, а не смееш да бидеш бремена и се тресеше дали си бремена или не. Извини, но тоа е себичност од маж.
Молам???? Ова е буквално злоставување на човек, не знам дали можам да замислам друга форма на екстермна себичност и 0 почит спрема брачен партнер. Со ова не покажал ништо повеќе од тоа дека жена му ја смета само за дупка за полнење и машина за раѓање, никаква почит спрема нејзиното тело, нејзините желби, нејзината добробит и психофизичко здравје. Не знам во кој свет ви е ова ок. Се налутила малку и и прошла лутината, што се нема да прочитам.
Боже господе! Маж ми ќе сврши во мене без дозвола, па ќе ме убедува дека јас сум лоша, а капак на тоа пак уште и другарка ми ќе ме убедува како тоа е нормално оти и нејзи и се десило и јас треба да истрпам. Дали се читате што пишувате? Има двајцата заедно да ги испратам кај што сонцето не сија. Може уште утре ќе сакам бебе, ама ако денеска не сакам, маж ми мора да ја почитува мојата одлука и моето тело иначе ништо од тој брак нема да биде. Сосем валидна причина за развод, особено оти и тоа понашање од еден татко не би сакала да го гледаат секојдневно моите деца.
Во случајов само едно ми боде највеќе у очи(од толку многу бодежи ) а тоа е зошто не можел да почека неколку месеци/година дена? Секако било во план во вистинско време кога и двајцата ќе се спремни и согласни, и веќе имаат едно. Укажува до кој степен има желба за контрола, саможивост и неспособност за компромис. Во превод, го сакам она што јас го сакам и го сакам сега. Уште еден од низата случаи каде партнерот се гледа како своја сопственост, се минат и се нарушуваат личните граници во односите, под верување дека он/а е тука доживотно и ќе трпи.
А што ако и тргне со кариерата? Што ако после некој месец она не сака друго? Што ако и се сменат приоритетите? Подобро он тоа вака одма да си го реши.
Кај некој размислува вака ми е шокантно, па уште мислењево има лајкови. Толку интернализирана мизогинија и непочит кон себе. Ко да заборавил годишнина типот и се налутила ама ѝ прошло, ситница бе. Со други зборови, delusional сте и двете. Да, баш од вакви размислувања на мажите им се простува буквално сѐ и имаат простор и право да не ни ја почитуваат телесната автономија.
Браво, еве не знаев, фала што ми појасни. Колку злоба и фрустрации има на форумов не ми се верува, ок, очигледно не се разбираме, немам намера да се расправам.Секој си има право на свој живот и си прави лични избори, јас мојот го направив, времето ке покаже дали сум во право.
Зборуваш за личен избор и право на свој живот, а оправдуваш луѓе што го одзеле тоа право на други жени.
Па секако. Тој е маж и нема везе шо ја злоставувал. Ќе го гушне бебето и ќе помине се, простено е. А вие тука злобници жени на форумов, ќе горите у пеколот што сте реални и не ја оставате да шири мизогинија.
@1Dani1 ова е нешто за кое што единствено ти си знаеш што треба да направиш. Едни ќе речат разведи се, други ќе речат не се разведувај, ама вакви работи само кога ќе се најдеш во таа ситуација, тогаш спрема сите околности ќе си донесеш одлука, вака од ракав да се кажува лесно е. Дека е лоша неговата постапка и однесување, што те обвинува, лошо е, да, не е во ред никако. Дури и да останеш со него, дали ќе биде исто? Ти си знаеш. Ама едно е јасно, тој си го покажал својот карактер и покажал ти што му значиш (не како човечко битие со свои желби, одлуки, потреби туку како жена што должност и' е да раѓа, сакала или не). Можеш да живееш со таков себичен и безосетен маж?
Најдобар совет им е тоа- РАЗВОД. Како ова да е врска, а не брак, па ајде одма развод, жени што бараа совет мажот што ги изневерувал па не ги советуваа веднаш да се разведат, туку да размислат, дали вреди да му дадат шанса, а ова како кој знае што да направил, ок, не е во ред што било без нејзино знаење, ама јас мислам секоја жена осеќа пред да сврши мажот, можеби длабоко во себе сакала, па сега вината му ја префрла на мажот, они најдобро си знаат.
Па да, треба некој да ти појасни со оглед на тоа што пострашно ти звучи зборот развод во темава отколку маж што нема проблем со злоупотреба.
Ти свесна си што значи ДЕТЕ? Бидејки пишуваш ко којзнае шо да направил.Дете направил.Дете за кое мора да си физички здрав и способен прво 9 месеци да го износиш.Способен да го родиш.Да ти се промени животот од корен.Да бидеш одговорен за едно ново битие.Кој нејзе ја прашал дали е спремна на тоа.К*урац го боли за неа и нејзините можности и желби. Заборавате дека тоа е нејзино тело.И прво она треба да одлучи дали сака или не некој да сврши во неа. Ви се чудам на површноста…сериозно сте за преиспитување.
Не сум свесна, затоа што се бориме за потомство, и еве некои додека ја префрлаат вината на мажот што ја забременил случајно, а во други теми пишувавте не постои случајна бременост, ако не сакале да забременат постоело заштита, а тука мажот само го напаѓате, како она да не знаела кога свршил, и додека некои случајно забременуваат, некои се би дале за дете, и не, незнам што значи дете, бидејќи се бориме за тоа. Па нели не постојат случајни бремености, тоа се планирало? Жени што пишуваа дека случајно забремениле, буквално ги распнавте, како така случајно, не постоела случајна бременост, постоела заштита, може само малце шприцнал внатре и толку треба, а сега испадна дека сепак постои. И секој си има право на свое мислење, секако ако не е со навреди.
а како мислиш лежејки под него ,можела да избегне свршување? Аха ова сега исто како жените кои се силувани,можеле да избегат ама останале да лежат под силувачот. И ова не е случајна бременост,ти ја читаш ли членката?Скроз свесно и намерно ја забременил иако НЕ САКАЛА.Му верувала,легнала да има односи со него,мислела ке пази,ке ја почитува. Ама не…ништо од тоа.
А од кај знаеме како лежела членката? Знам жени иако му веруваат на мажот, си имаат две деца, не сакаат трето и си користат заштита. А она знаејќи дека сакал сега второ дете, а таа не била спремна, сигурно го знаела каков е, и ќе си користела заштита или било што. Не го оправдувам мажот што така направил, ама знаејќи дека ме напнува за второ, би користела заштита. Они си знаат најдобро. Можеби ние додека ги расправаме, си се гушкаат и си се радуваат за бебенцето.
Типов воопшто не се запрашал дали таа може да носи бебе 9 месеци,зошто секако не ја знае тежината на истото. Дали телото и здравјето и се во најдобар ред моментално. Плус ,ја мава на психичка тортура со тоа што ја прави лоша мајка и жена. Не ја почитува како човек,а камо ли како нешто друго. Манете ги тие муабети ќе го гушне бебето и ќе ти помине. Самава ситуација е доволно страшна и застрашувачка,да не збориме колку посложена може да биде со постпородилна депресија и ред други работи.. На крајот од денот во неговите очи пак ќе виде немајка и себична. Што и да направи. Саможиви ликови како него само така гледаат.