Од мое секојдневно искуство што сум гледала и слушала знам дека има и жени кои наоѓаат начин да останат бремени, но искрено па и ги поддржувам до некаде. Зашто ќе прашате. Затоа што идат со маж долго време, тој не сака обврски, и ги губи годините, таа е заљубена и не се откажува од него, ни тој од неа, е ама дете не. А тој имал претходен брак, или па воопшто не сака да се жени, ветува брда и планини и на крај како кукавица бега. Ќе речете нека се откаже она. Е ајде де, откажете се од брак? Има луѓе не се потпишани на папир а се мн подолго у брак него оние на хартија. Лесно е тука да шкртнеме сите и да кажеме како е правилно. Од друга страна никад нема да поддржам маж што ја забременува жената намерно зашто сакал деца. Имам куп примери околу мене. Еден од нив, имаат 2 деца, само она работи, он лежар по дома, трча по партија, демек патриота, 3 пати се чисти од него, 100 пати му вели дека нема шанса трето, ама он сакал. А е неспособен да се гледа себеси. Ете, и нејзе ја викаат нејзините да се разведе и да си оди кај нив, ама она не сака трауми да им прави на децата па трпи се. Не е ок. Многу жени жртви познавам за своите деца. Јас не сум таков пример, мене ме зарази од што си правеше глупештини по брод, јас решив да ставам крај на таа игра. И онака е ерген откако е со мене. Јас ги одгледувам сама децата. Има ситуации и ситуации, секогаш се двајцата криви, ама не е и тоа точно. Некој жртва ќе е за фамилија, а другиот ќе си прави што сака. И после па крив е тој што траел и трпел со години. А не че мочи.
Зошто вака двојни аршини? Оправдуваш жени да забременуваат против воља на мажот, а не ти е океј ако мажот го направи истото? Секој има право да не сака дете, секој. Без разлика на пол. Не ти се допаѓа? Најди си некој што ќе сака да има дете. Крај на муабетот. Оправдувате забременување против воља ко другиот да ја исфарбал дневната во боја што не ти се допаѓа, а не ко да станува збор за создавање човечко битие.
Ама еве реални сме, од каде побогу би знаела она дека тој сепак намерно ќе сврши кога јасно е дека нејќе сега дете?? Каде е довербата тука?? Се вртиме во круг со муабетов, а членката никаде ја нема
Тоа е тоа што зборувам јас цело време. Жената се оправдува за се, а кога станува збор за маж што прави исти глупости како жена, го судат без око да трепне. Од друга страна,рамноправност се бара. Ако не сакала бременост,ќе ја спречела,ако се жали од бракот,ќе го растури, изговорите ради децата…престанете веќе….
Ете се десило и сега? Зошто не се напила апче веднаш да се ангажира да се спречи и да се разведе од него, бидејќи толку бил злобен? Сега знаеш каде е пак?! Во неговиот кревет! А вие судете тука и ставајте си гревови.
За осуда се сите кои ја искористуваат довербата на партнерот и забременуваат против нивна боља. Сите, од прв до последен.
Знаеш што е проблем со логиката? Што во пракса, реално заробуваш жена со ,,непланирано,, или ,,присилно,, дете, маж малку потешко. Ниту тој ќе го носи физички во свое тело, ниту пак ќе го задржиш ако сака да си оди. Тој може да каже ,,дете не,, во секој момент, и кога е детето направено, и во 8ми месец, и откако ќе се роди, жена малку потешко. И во 95 или 98% детето останува со жената, и ко што рече подолу, таа е жртва за детето. Така што, откажување или не, не знам, ама чисто да биде јасно дека со сила убавина не бидува.
Ние не сме тие што треба да судиме. Нека си го пријави и некс го затворат, ама да сноси и она одговорност зошто е соичесник, а не да се враќа во неговиот кревет
Како тоа ете се десило? Па јас ако треба на секој секс да се тресам дали да се напијам апче, дали свршил во мене знаејќи дека сега не сакам дете, што ќе преостани од тој брак? Не си ставам никакви гревови, само си го кажувам своето мислење и како би постапила јас, а тоа членката што ќе одлучи натака е само нејзино
Па праша членката за мислење на форум. Не е соучесник во забременување само затоа што му верувала на сопствениот сопруг. Јас не читам никаде да спомнува дека имале некакви проблеми, таа вели дека до крајот на годинава планирала да се фокусира на кариерата. Да, можела да абортира, но членката не бара мислење околу тоа. Темата на разговор е таа се чувствува разочарано и повредено што сопругот ја забременила против нејзина воља и ја прекршил нејзината доверба. Верувам дека сега веќе никогаш нема да има доверба во него, веројатно и за други нешта. Така брак не се тера, а за тоа целосно и единствено е виновен он.
Јас не му го оправдувам кукавичкото однесување извини. Бројни жени останале немажени од вакви мажи. Гледаш дека немате исти интереси ? Повлечи се. А не си игра со неа, па на крај кога ќе и пукне она заминува од врската, а тој си останува пак сам или наоѓа нова жртва која исто ја манипулира. Тоа е класичен манипулатор. Е таквите се секаде такви и не ги сакам и поддржувам. Крај.
Така е, има манипулатори колку сакаш. Но на крајот од денот, сам си поставаш граници. Ако имаш желба за брак и дете, а гледаш дека некој абер нема, си заминуваш. Нема што да чекаш да исполнува ветувања и упорно да трошиш години.
Две имам и сама ги растам. Не останав у несаглам брак ради нив. Ја знаеш онаа "bolje sama u tuzi nego dvoje u nervozi" ? Децата така не растат здраво. Ама различни сме сите. Знам што трпат семејно ради деца. До таму одат. Не е ич ок, ама мажи бегаат како попарени од обврски. Дури и у брак! Е затоа браковите се распаѓаат. Проблемот со мажите е што се цел живот за мама приврзани , па мама и у жената ја бараат. Чест исклучоци од двете страни, ама какво време е дојдено би го прогласила бракот за умрен.
Ќе го оставиш ќе се разведеш и нема да имаш никакви последици. Многу е просто Ете прочитај,па ќе воочиш дека имала проблеми. Се разведуваш и нема да те боли глава Дали сум паметна или не сум,не се прашуваш ти.
Не знам, прашај ја. Она кажа дека имала проблеми, што толно не знам,ниту ме интересира. За се има решение ако нешто не оди
Па паметуваш. Жената пиша дека не сакала бебе. Ако мажот нема во глава, зошто она да се клука со хормонски апчиња?
Цитирај каде вели дека има проблеми. Еве, исчитав наназад, не сретнав да вели дека имале проблеми и причина да не му верува на сопствениот сопруг.