Не мора да се деси магија за да се остане бремена од еден секс. Јас останав планирано бремена од еден однос, после 15год врска, каде што во последните 10 не е користена друга заштита освен свршување надвор. И маж ми сакаше бебе порано, јас не бев спремна, никогаш не се осудил да сврши во мене без моја дозвола. Носење, раѓање и чување деца и покрај тоа што е убав процес е исто така и претежок, а најголемиот товар од тој процед паѓа на жената, бидејќи телото е нејзино, последниот збор околу оваа одлука треба да е нејзин. И никој не рече дека не постојат случајни бремености, ама како свесни возрасни луѓе и партнери секако дека пред користење ваков “метод” на заштита, разговарате на тема што би правеле ако се деси таа случајност. Тоа што маж и го направил е чиста непочит спрема неа, прво како негова сопруга, второ како личност која има право на свои планови и желби. Намерно, после разговор дека не сака моментално дете, тој свршил во неа, довербата тука е изгубена засекогаш. А моментот што ја манипулира и прави таа да се прашува дали е во право, што и ја полни главата дека е лоша мајка и дека Господ ќе ја казни, не го ни коментирам, оти ми е незамисливо брачен другар да биде толку злобен кон другиот.
Кратко и јасно Жената ако нејќела бебе без кондом да не имале односи. Значи двајцата се виновни пошто кога легнуваш со маж без заштита биди спремна на се.
Ако е така, и јадењето што ќе ти го зготви, ако го јадеш, биди спремна на сè, зошто не можеш да знаеш што ставил внатре.
Леле Реин истово го помислив. Мене дури и чекор понатаму ми замина мозокот, дека неќе да напредува, можеби си има некое фрагилно его типот и не сака успешна и остварена жена која ќе напредува професионално. Така она си зема моќ и еден ден може да праи што сака. Вака ќе ја затрудне и ќе и го закочи планот. Затоа што жената не рече дека не сака дете, туку дека има уште некој месец работа да досреди. Што значи не е потомството проблемот, туку кариерата. Да. Затоа што во случајов мажот е крив, многу членки објаснија каде е проблемот. Сме ги напаѓале мажите. Meanwhile мажите го прават ова. Виновна била жената бе, абе како успевате да ми го извадите најгадното од мене, алал.
Да изиграш некој да те забремени или да те забремени тој, за да останете заедно, дефинитивно не е за оправдување. Ако одам долго време со маж и не сака да ја однесе врската во друг правец, а јас сакам, дефинитивно нема да сметам дека е вредно со тој човек да имам дете само за да останеме заедно. Пази тој не ме сака доволно за да планира иднина со мене, јас да правам дете со него, за да останеме заедно. Нема никаква логика. И да, се случува тоа жени да сакаат со дете да врзат некого кон себе, ама дефинитивно не е пример за како да живееш среќен и исполнет живот, ниту пак е за оправдување. Ако не сака брак со тебе, фино лепо барај си ја среќата на друга страна, зошто и онака бракот понатаму би бил формалност реда ради. Нема среќа во тоа да натераш некој со сила да е со тебе, кога тогаш ќе се распадне. Дефинитивно секоја разумна девојка попрво би се откажала од брак како појава отколку да влезе во брак со некој што не сака да е во брак со неа.
Д Преубаво кажано и тотално се слагам. Ама во реалност не сите сме исти, тоа ми беше муабетот. Не е дека мажот не ја сака жената, има мажи си ги сакаат жените, а не сакаат деца. За се треба баланс и договор. Ама баш за се. Има парови немаат деца зашто не сакаат, среќни си се само они двајца, парови кои не можат но сепак се заедно, има секакви ситуации. Ама манипулација и да се врши притисок е ужасно. На тој почеток секако крајот му се гледа одма.
Членката тешко сега да се реши за развод бремена со плус уште едно малечко дете дома затоа и кога ќе прочитам коментар веднаш развод не ми е јасно како така лесно го кажувате тоа кога ситуацијата на самата жена во овој случај е многу покомплицирана. Инаку се слагам и дека после оваа ситуација тешко дека ќе имаат нормален и убав брак, па пак ќе дојдат до таа ситуацика за развод.
Како си ти виновна што маж ти те забременил? Ако си ти кажала дека не сакаш или не смееш да забремениш, а тој и покрај тоа свршил во тебе, чија вина е??? Знам дека развод не е најсјајно решение, ама постапки како оваа се легитимна причина за развод. Жената останува бремена, таа е бремена 9 месеци, раѓа и нејзина е последната одлука дали ке роди или не. Ке дадам мој пример. Непланирано останав бремена. Сврши со моја дозвола ама не знаев дека можам толку лесно да останам бремена. Решив да го задржам и сега имам син 4 години. Како поминува врмето, јас се сум посигурна дека не сакам второ. Од повеќе причини. Маж ми е 50-50. Да кажам јас дека сакам, тој ке прифати веднаш. Секс со кондом имавме додека добијам после пораѓај. Од тогаш имаме секс со свршување надвор и нема простор за грешки. Ако случајно некако останам од предсемена ке абортирам. Ако сврши во мене ке се разведам. Имам убав брак ама ако направи такво нешто, се што е убаво ке го снема. Нешто што не мислам дека ке се случи, затоа што и кога го направивме синко, неколку пати праша за дозвола. Знае дека не сакам второ. Прво, затоа што пораѓајот не ми беше убаво искуство. Второ затоа што син ми ми е доволен.
Точно, може да се забремени и од предсемената течност. Тој што не сака деца, постои заштита, кога имаш односи секогаш постои опасност за забременување, е сега виновен е ако намерно свршил внатре, ама знаејќи го каков е, дека нон стоп и велел сакал второ дете, требала да си користи заштита. И како возрасна личност требало да знае дека со секој однос можно е да забремени, па колку и да се внимава, дури и да не се плодни денови, знам блиски што забремениле и за време на циклус.
Мислам дека на двајца возрасни во брак или долга врска им е дозволено да не сакаат во моментов дете и да имаат односи без заштита. Секако дека постои и тогаш опасност, но во тој случај е навистина случајно и никој не е крив. Во конкретниот случај зборуваме за изгубена доверба, бидејќи некој го направил тоа што не го сакаш, целосно свесен за твоите ставови. Значи легнуваш со твојот спопруг, имаш доверба, мислејќи дека заедно носите одлука за ваква сериозна работа, ама не, господинот решил друго. И да, тука тој е крив.
Ја пропуштив журката. Девојкава барем знае дека ќе си го задржи бебето. Сега нека реши што со мажот. Јас искрено многу имам размислувано. Второ дете никако не сакам, мажот си го сакам. Ама ако се најдам во ваква ситуација стварно не знам што би правела. Да развод е легитимен, ама не е најсјајно решение. Зависи од многу фактори одлуката. Прво финансиски дали може жената да гледа едно дете или две деца сама. Јас веќе имам едно, кога сакам можам да се разведам, ама со две нема да мислам исто.
Ништо паметно не си пропуштила…вртење во круг е се,ама на тапет знаат сите одма да го стават мажот,без размислување. Саде ние жените најсјајни во се….епа затоа ќе има разводи и проблеми,зошто никој не си ја признава грешката.
Гледам сте коментирале дали се останува бремена од предсемена. Отсечно велам да! Јас сум чист пример за тоа.