Никаква грешка не направила членката, верувала во маж и дека ќе го почитува нејзиниот избор и нејзините желби. За жал се покажал каков човек е. Викате заштита, ама он ако наумил и тоа ќе го средел. Нормално дека мажот е на тапет, он го направил ова, не она. Се надевам дека помладите размислуваат како @Lella, дека знаат колку е ова само погрешно и какво прекршување на доверба е. Дека нема да слушаат постари, ама во брак сте, ама ти си направила вака, ти онака. Уште еднаш за тие назад, не, не е крива жената, не направила ништо за маж и намерно да ја забремени и да не и ја испочитува желбата, изборот и, најважното, телото.
Јас не сакав дете со години, колку што јас не сакав маж ми сакаше. Плус и немав некоја 'животна' причина. Сакав да искачам, да немам обврски, да не си го упропастам телото.. Не ми падна на памет дека треба да користам заштита. Зошто би се пазела од сопствениот маж!? Ако дојде до тоа, веќе не ваља, да не идеме подалеку.
Јас баш затоа и ја отворив темата. И мажите и жените можат да бидат зафркнати. Има и жени кои заробиле маж на таков начин. А еве сега баш мажот е крив и ќе биде на тапет. Налет нека е бракот ако треба за вакво нешто да се мисли. Овде не постои почит и доверба. Реално тоа е проблемот. Изневерена доверба со самиот чин на свршување НАМЕРНО ПРОТИВ НЕЈЗИНА ЖЕЛБА. А и огромно непочитување кон неа. Плус што прочитав спомнато е дека имала шанси за напредок во кариера.. red flagss ! Изгледа тука он сака да ја команда, баш како што реков, без деца или со едно дете во секој момент може да се донесе одлука за развод, а вака ќе ја зароби со две деца, па и ако не е деловно остварена нема каде да му бега. Се сеќавам јас кога бев без работа колку бев несигурна во себе, па и додека бев слабо платена. Или ако не ми беше сигурно работното место. Во такви случаи секој се плаши да донесе голема животна одлука. Не заради себе, заради децата. Прво не можеш да пружиш се што им треба, второ ќе те дава на суд, во ЦСР ќе те гњават, ќе ти се одмаздува на секој можен начин преку децата.
Od neplanirana bremenost iskacaat najslatki bebinja taka da uzivajte i da se sluci super ke vi dojde haha
Гледам дека темава не е баш активна, а баш мислам дека треба да е со оглед на тоа какви случаи има.. Мојот пример. Останав бремена со веќе закажана свадба, но наредната година. Ја презакажавме за порано. Односи имамевме без заштита но секако свршување надвор. Сега породена 9 месеци после царски јас повторно останав бремена и абортирав, дека не бев спремна за уште едно бебе. сега доста повеќе внимававме и после секој однос немавме пак. Единствено што од мојата логика е доколку останало нешто од мастурбација.. Сега имам огромен страв да имаме односи, не ми е логично да користиме кондоми во брак, но и без тоа не бива очигледно.. Сопругот вика дека незнае како се случило. дали има некој со случно искуство или некој совет за понатаму?
Зошто не ти е логично да користите кондом во брак ако не сакаш бременост? Не сфаќам. Секој однос без заштита (било каква) може да заврши со бременост
Вадењето на време не е сигурен метод за заштита од бременост, може сперматозоиди да останат од последната маструбација и предсемената течност ги носи со себе.. Најдобра заштита е користење кондоми, не гледам причина зошто не би користеле само затоа што сте во брак кога веќе не сакате бременост. Друг начин е да одите на гинеколог и да ви стават спирала или да користите контрацептивни апчиња, не мислам на оние за ден потоа туку овие се пијат секој ден во точно одредено време... Оние што се за ден потоа се пијат во исклучителни случаи не е препорачливо да се пијат често и по секој односно. Исто така и ако користиш контрацептивни апчиња мора да отидеш на гинеколог и тој да ти каже дали можеш да пиеш и од кои.
Ако не сакаш да абортираш секоја година оди стави спирала или господинот нека става кондом Очигледно не ви оде добро пазењето така да не чекај маж да те пазе пази си се сама твојот живот е во опасност кога се прчиш на бокс не неговиот
Не се прчам на бокс, царски сум породена, нема потреба од навреди. Сакав да слушнам искуства и добронамерни совети, не осуди.
Алиса мислеше на киретражата. Инаку веројатно си апла плодна, што се вика да те погледне ќе затрудниш. Ние исто не користиме кондоми ама за бременост интезивно сме работеле и двата пати... штом е така кај тебе најдобро заштита..другарка исто како ти стварно се оштети од абортуси преку 5-6 пати киретражи
А кога беше на абортус нели се качи на бокс кревет? Шо е навреда тука? Шо ти пишав да,си се заштитиш? Порано баба викаше така Сине дедоти ме пазе
Буквално.. И што е најтрагично, и двата пати кога останав тој месец дали два пати сме имале односи, за разлика од порано пред 5-6 години кога сме имале многу често а не се сличило, исто без заштита. Очигледно сме магнет и двајцата Како и да е памет за друг пат, ке најдеме начин како да се заштитиме. Инаку не, не бев на бокс туку со апчиња
Ама буквално сфаќаш Небитно дал си била на бокс или апчиња поентата беше дека твојот живот е на ризик и мораш да се заштитиш
??? Зошто не ти е логично? Јас имам ќерка од 4 години, и до лани немавме односи без кондом баш од ова - да не знам после како се десило. Решивме за второ, па се опуштивме. Стај спирала ако не сакаш кондоми на крај. Или таблети, нешо.
Ако планираш понатаму второ, подобро користете кондом. Ако не планираш второ во скоро време, стави спирала и уживај
Јас исто во брак не сакам кондоми и не користиме. Нас пул аут ни се покажало како многу ефективен метод до сега. Кога не сме сакале бебе немало, кога сме сакале сме добиле и пул аут функционираше за нас. Освен неколку бремености кои не успеав да ги задржам и јас мислам дека сум многу плодна и со маж ми сме баш комбинација. Сега веќе не смеам да раѓам од здравствени причини и моравме да најдеме алтернатива. Иако до сега се крстев во пул аут, моравме да најдеме друга алтернатива оти се плашев да не се деси нешто непланирано. Не сакав спирали и контрацептивни пилули оти влијаат на хормоните. Па така маж ми минатиот месец имаше вазектомија. Ете ви опција во случај да не одите на второ. Иако може да е реверзибилна ако некогаш сакате да одите на второ дете, постои шанса и да не е ефективна интервернцијата за “враќање назад”. Сепак пред било што, информираат за ризиците и постои опција да си зачувате сперма за секој случај. Иначе 100% метод за заштита од несакана бременост е само немање односи, секој останат метод носи и најминимални ризици.
Знам, ама и двете ја пореметуваат менструација. Како и да е, ако жената може да тера бремености, да износува деца и следствено да и се реметат хормоните повеќе пати, ваљда доаѓа ред и мажот да преземе нешто.