@Munchmallow20 Ако ти пиеш апчиња, дечкото тоа го знае и затоа знаејќи дека не може да стане татко кога пиеш апчиња свршува во тебе, многу подмолно е да престанеш да ги пиеш апчињата кога ти ќе одлучиш дека сакаш да бидеш мајка, а да не му кажеш! Друго е кога дечкото знае дека си престанала да пиеш апчиња, дека сакаш да бидеш мајка, а тој не користи кондом и свршува во тебе, значи свесно се става во ризик да стане татко. Никој не вели дека треба да бараш дозвола од дечкото за да прекинеш да ги пиеш апчињата, но и те како има право дечкото тоа да го знае, односно ти треба да му кажеш. За да знае, па ако не сака да биде татко да си користи кондом и да престане да свршува во тебе.
Поентата е да се биде искрен и да се има доверба. Кога знае дека апчињата што ги пиеш штитат од бременост, ако не се плашите од спб, тогаш зошто не би свршувал во тебе? Или зошто да користи кондом? Значи целата работа е да не ја изневериш довербата на партнерот. Е*ати врската ако правиш работи зад грб на партнерот. А дете и те како е една од најважните работи за која и двајцата партнери треба да се согласни. А не да се лаже или крие.
Сексот не е толку механички како ти што го опишуваш во секоја тема. Не се за џабе измислени кондоми и ке направиме анкета да ги прашаме жените дали им е посекси кога мажот им свршува во нив или 10 метри подалеку со своја рака. Па се работи за страст, задоволство во моментот... и не само за машкото. Исто се работи за парови, односи... ебате врската ако машкото мора да свршува надвор затоа што постои автоматска недоверба дека жената ќе прекине да пие апчиња или ќе ги буши кондомите. Ова не е математичка задача да израчунаме веројатност на бременост, не е толку црно и бело, се работи за луѓе со емоции на кои им е грижа дали ќе станат родители. Никој не заслужува манипулација.
Па ако е само за задоволство и страст и ја би се ебела без заштита. Ама секс сам по себе носи ризици и не можеш да правиш што сакаш само зашто ти е страстно, без никакви последици. Да, можда ми е и мене пострасно да не мислам на кондоми и трудноќа ама секогаш ќе одберам да намалам ризик пред страст. И истото го очекувам и од него. А машкото нема да пукне ако не сврши, у реду е аман. Збориш ко да целава работа се темели на големиот свет машки оргазам. Не е само за недоверба, и за намалување ризик е. Едит Ја би рекла ебате врската ако морам јас да трујам организам со хормони оти него не му се става кондом.
Не може никој да го натера ако он неќе. Она може да сака ама ако он има две чисти, ќе знае дека има тогаш ризик и ќе одбие да сврши у неа. Или ќе сврши ама ќе си го гледа. Чудно како при дискусии за абортус збориме дека само жената одлучува за детето дали ќе го роди или не а партнерот мора да ја почитува таа одлука и да го гледа ако го роди, а сега друго.
Јас сум сосема против контрацепција за жени ама тоа е друга тема, не го оспорува фактот дека многу луѓе го користат и 10 милиони пати ќе ти кажам, не мора никој ништо да пие или да не става кондоми, треба само да се почитуваат границите на партнерот и да не се користи бременост како алатка за да си ја унапредиш врската.
Како се поврзани тие работи, не можам да сфатам. Никој не ја принудува жената ништо да прави, ама намерно да манипулира со партнерот за да затрудни е БОЛНО.
Не би затруднела за да го задржам него. Би затруднела само и само ако сакам да бидам мајка и сум спремна психички, финансиски и од секаков аспект за тоа дете. А чим сум родила негово дете, он е должен да се грижи за него. Ако неќе па, океј, не можеш да го натераш со сила. Ама дека има одговорност, има. Не сум го направила сама. Тогаш вака одговори ми го ова. Имаат двајца секс, еве пука кондомот, не се спремни за бебе, ама она е трудна. Она го задржува, неќе абортус, он не го сака детето. Дали он има одговорност према детето само зашто жената решила да го роди, а е зачнато без да сака мажот? Претпоставувам да, така?
Мажот ем изманипулиран и излажан, ем за приплод ко да служи само. Па уште и крив и да сносел одговорност.
Па примерот е наметнување дете технички. Таму ете неќел, ама она го раѓа и му вика одговорен си. Дали е во право? Да/Не? Патем жалосно е колку не се цените себе. Него ќе го прашам дали да раѓам, него ќе го прашам дали да пијам хормони, него ќе го прашам дали и колку да имаме секс, него ќе го прашам како да постапувам со свое тело... жалосно.
Па нормално дека е друго кога во еден случај прекинуваш живот, во овој случај растеш нов живот . За тоа дете треба двајца родители, треба поддршка и љубов, не да се роди само по желба на едниот. Секако дека не можеш да ги споредиш.
Еве одговори. Дали мажот има одговорност према дете кое е зачнато против негова воља, ама жената го родила (значи не абортирала) или е сосем океј да го напушти?
Не е наметнување дете. Тука доаѓа до случајна бременост, што не дискутираме во темава. Ако се во долга врска, би требало двајцата да пристапат кон улогата на родител. Ако е нешто ептен непланирано и случајно, во идеален свет би требало и таткото од моралност да помага, ама реално, жената одлучува да го задржи, ама пред сексот и за време на сексот, и двајцата пристапиле и постапиле без цел да забременат. Не треба ништо да го прашаш, ти велам треба чисто да го информираш дека ПРАВИТЕ БЕБЕ.
Ако е зачнато со манипулација(за што е отворена темава), не, не мора да има. Епа значи одговорноста паѓа и на жената. Танче мене ми е јасно дека мажите можат да бидам огромни кретени и НЕ да им е непознат поим, впрочем кај нас голем број и се стварно такви за жал, ама ова што пробуваш да ги испереш жените од секаква одговорност исто така не иде.
Не да го прашаш,туку да разговараш со него, да направите план, спремни/неспремни, како ќе се заштитувате,со кондом/контрацепција ............. Само така ќе ти биде партнер од доверба ,во спротивно тури пепел на таквата врска/брак
E сега. Зошто има морална одговорност при пукнат кондом, а нема при лага дека пиела апчиња? Кога и во двата случаи он неќел и немал план да стане татко? Ќе речеш зашто жената одлучила да го роди така? Епа и за другово ако жената одлучи, он мора да го гледа. Нема што да го информирам. Ако сврши, ќе биде спремен и оро ќе игра.