Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Не)Планирана бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од DarkStormm, 23 јули 2022.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.822
    Допаѓања:
    23.445
    Пол:
    Женски
    Затоа што не би имал (незаштитен) секс да знае дека не пие апчиња?

    Дури некои го нарекуваат силување тоа, затоа што ти даваш консент да имаш секс под одредени услови, а да си знаел дека не се почитувани, не би имал секс. За мене тоа е пресилен збор, ама не е далеку дека се наметнува воља и е крајно подло.
     
    На senjorita-v, CameliaMiller, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.385
    Допаѓања:
    20.583
    Во случајот со пукнатиот кондом велиш има морална обврска и одговорност, ама тој користел заштита ама пукнал. Немал незаштитен секс. Зашто да е одговорен тука, а не кога е излажан?
    Замисли иде маж у полиција и каже жена ми ме силуваше а тој кутриот уживал и свршил 5 пати.:D:rofl:
     
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.822
    Допаѓања:
    23.445
    Пол:
    Женски
    Затоа што ги знаел ризиците, колку и да се минимални, знаел дека кондомите имаат 99,9% (трескам бројките) ефективност и сите сме чуле дека може да пукне. Исто и без кондом кога се има секс, и двајцата знаат дека може да се забремени од предсемена течност и се свесни дека може нешто да се случи, ама тоа е едноставно ризичен секс на кои и двете особи пристапиле.

    Клучните зборови се ЗНААТ и ПРИСТАПИЛЕ. Ако не знаеш ти во што влегуваш, ако некој ти наметнува бременост, не мора да имаш одговорност, најискрено. Иако во реалноста не е баш така, жените кои се намерно затруднети секако го раѓаат детето пошто им е жал да абортираат, во другиот случај мажите навистина ете ќе останат со неа и ќе се земат и колку ќе се среќни во тој брак не знам.

    Веќе не ти реплицирам.
     
    На Harper, Lostinparadise, senjorita-v и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.385
    Допаѓања:
    20.583
    Треба да знае и дека хормонска контрацепција не е 100% сигурна, така? А ако сврши во неа, има ризик секако. Зборите ко хормонски апчиња да се чудо па ако она го излаже, он не е крив ич.
    Како и да вртиш, исти кур е.
    И во двата случаи он неќел.
    Знае во што се впушта и ако сврши, лажела она или не.

    Не реплицирај. Ама поработи на самопочитта. Онака, за себе:)
    А може и уште си млада и веруваш во љубов и гушки и бацувки во врска со маж.
    Ќе созрееш, се надевам:)
     
    Последна измена: 24 јули 2022
  5. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.985
    Пол:
    Женски
    Многу си дрска и арогантна на секоја можна тема. Уште си дете и недорасната а се пукаш во теми кадешто не ти е местото. Не си доволно зрела и компитабилна да пишуваш и размислуваш на тие теми.

    Доколку пукне кондомот и дојде до бременост, тоа е случајно. Никој не се ебе со намера молејќи да пукне кондомот.

    Доколку ти своеволно прекинеш апчиња за да останеш трудна, сестро психијатар или психолог посети те молам, бидејќи ова мислење е ненормално.

    Кој човек со здрав памет ова го помислува бе? Какви се овие психипатски сценарија и помисли? Освен зло ништо друго на форумот не видов од тебе. Ги учиш девојките овде што да направат, прекине апчиња, изеби се и ќе те земе секако тоа е негово дете. Засрами се од самата себе со вакво мислење.

    Ова е најморничавото нешто што го прочитав денес. Црнило. Кожа да му се наежи на човек какви психопатски мисли имаат некои луѓе. Сеуште не можам да си објаснам како успеа да дојдеш до овој план? Знаеш дека апчињата се замена за кондом за парови кои се сериозно заедно и за брачни двојки? Не користат кондом него апчиња. Не се плашат од СПБ. И таа да лаже дека сеуште пие за да роди дете? Бог да чува очите ме болат. Кондомот ако се скине сигурно не е намерно како ова твое црно сценарио со апчињата.
     
    На Harper, Ambitious, Lostinparadise и 22 други им се допаѓа ова.
  6. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    2.974
    Заради вакви мислења шо ги читам ако имам син ќе го учам don't put your dick in crazy.

    Жената не била толку крива ако лаже дека е на хормонска терапија, ама мажот бил покрив ако свршел внатре без согласност? Каде бе со вакви размислувања... Двата случаи се подмолни и гадни и не треба да се нормализираат.
    Шо, демек ако го носите во стомак 9 месеци и го родите имате поголеми права? Па дете не е само 9 месеци носење во стомак, за цел живот е - и за таткото и за мајката. Или кој го ебе таткото?

    Не постои самопочит без почит спрема партнерот.
     
    На Harper, Алек***, CameliaMiller и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.985
    Пол:
    Женски
    И дај веќе еднаш едуцирајте се. Жена која е на апчиња и да сврши тој во неа, нема да остане бремена, во некој случај ама многу ретко доаѓа до бременост. Или апчиња или кондом. Каков е тој секс таа да пие апчиња, тој да користи кондом + да свршува надвор? Што е тоа? Па ајде нека имаат секс преку нуркачко одело, бог да чува.
     
    На SuperGirl24, Campanula, butterfly6223 и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.822
    Допаѓања:
    23.445
    Пол:
    Женски
    Секако дека постои љубов и гушки и бацувки и преубави врски и е најубаво нешто на свет. Затоа цело време ти зборам, врски значат доверба, особено за нешто вака сериозно.

    Се гледа по мислењата и на начинот на кој го опишуваш сексот, како некоја автоматски механичка работа (а не некакво заедништво меѓу две особи) дека си некако повредена. И тоа е океј, тоа е твое искуство, твој пат во животот. Ама дај, барем за нешто вака подмолно, не можеш да префрлиш само на маж.
     
    На senjorita-v, Campanula, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.385
    Допаѓања:
    20.583
    И ја се ебам за уживање и страст ама себеси и своите планови ги ставам на прво место пред партнерот, у случајов моето задоволство и дали сакам да сум мајка (во моментов и следните неколку години - не) Нема врска дека сум била повредена, само можда малце повеќе си се ценам себе отколку другите тука. И сметам дека секоја треба исто сама на себе да е приоритет пред сѐ друго.
    Патем да, му имам кажано на партнерот дека ако не е спремен да биде татичко, да не свршува у мене, без разлика дали сум со спирала, хормони, дури и без матка или неплодна да сум. Значи кажано му е. Не сум психопат ко што ме опишале погоре
     
    Последна измена: 24 јули 2022
  10. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    2.048
    Пол:
    Женски
    Според ова и девојката ако не сака дете нема да има секс, макар и 10 јајце клетки стоеле во неа ќе нема оплодување.

    Толку недоверба би имала со некој ако се е.авам онака од забава, ќе се пазам максимално и од бременост и од спб.
    Е во брак толку да му ја мислам и да имам толку недоверба во него, е.ате бракот поубаво ќе си бидам сама и ќе си мастурбирам
     
    На ane.bella, sj *O*, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.036
    Допаѓања:
    10.588
    Пол:
    Женски
    Параноичен. :rofl:
     
    На CameliaMiller, ane.bella, sj *O* и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    46.110
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl:
    Ме потсети на сценава од Гол Пиштол

    [​IMG]
     
    На senjorita-v, SuperGirl24, CameliaMiller и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.061
    Допаѓања:
    55.545
    Пол:
    Женски
    Читам и се чудам. Како бе тоа некој сам да одлучи да има дете без консултација со партнерот? Без разлика дали се работи за маж или жена. Не е ова одлука што влијае само на едниот, па да се чукаме во гради дека најбитни се нашите и само нашите желби.
    Да се обидуваш да направиш дете без консултација на партнер е крајно себично и сурово, и од таков би бегала колку што ме држат нозе.
     
    На Ambitious, mucka3, CameliaMiller и 11 други им се допаѓа ова.
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Според твојата логика не си во право.

    Значи ако ти пиеш апчиња, тој ако не сака да стане татко мора да стави и кондом, зашто може без да му кажеш да престанеш да ги пиеш апчињата, а според тебе ти нема да имаш вина што тој станал татко.

    Епа според тоа и тој ќе нема вина ако те забремени, ако ти не пиеш апчиња имајќи доверба во кондомот, а тој намерно да го пукне, па да вика дека сам се скинал кондомот.
     
    На CameliaMiller, _beautyy_, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.254
    Пол:
    Женски
    Секоја девојка ваљда знае кога и се плодни денови кога не, а доколку не сака бременост повеќе би требало да внимава во плодни денови исто така ќе му каже и на партнерот плодни денови ми се без разлика дали се користат апчиња или кондоми.

    Во почеток на врска терај со кондом и надвор свршување, после тоа е ствар на договор помеѓупартнерите.

    Не можам да разберам еден партнер да прави дете а другиот да не знае за само да остане со него/неа. По грозен чин нема. Дете носиш на душа, невино дете кое може да пати цел живот поради налудничава желба на некого.
     
    На CameliaMiller, _beautyy_, sj *O* и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.385
    Допаѓања:
    20.583
    Зашто за него да мислам јас? Јас апчињата ги пијам за себе, за јас да не станам мајка, не за он. Он нека си стави кондом ако неќе да е татко.

    Јас можам до утре да го лажам дали сум земала апчиња или не, ако он не сврши нема трудноќа. А он ако ме излаже и сврши, јас тука не можам да спречам бременост.
     
    На Lostinparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Можеш да спречиш, ако пиеш апчиња, нели секој сам треба да си се штити? Односно ни тој да се наслонува на твоите апчиња, ниту пак ти да се наслонуваш на неговиот кондом, според твоја логика...
     
    На Ambitious, senjorita-v, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    @Munchmallow20 муабетов за тоа секој да се секира првенствено за себе држи вода само ако имаш секс со некој во кој имаш нула доверба. Тогаш да, најдобро е сам да се осигураш место да се потпираш на другиот. Ама која е поентата ова да го правиш во врска? Нели треба доверба да се има? И ти во него и тој во тебе. И тогаш ни ќе имаш потреба да му правиш малверзации зад грб, ниту ќе се грижиш дали он ќе ти прави. А ако не постои таква доверба шоќетие врската?
     
    На Ambitious, CameliaMiller, Bezimenka90 и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.254
    Пол:
    Женски

    Еб*ате врската ако е така, секој да си го гледа својот гз и да се штити од партенрот.

    Врска/ брак без доверба шо ќе ти е, подобро сам од колку цело време да се чувам од најблискиот.
     
    На Ambitious, CameliaMiller, _beautyy_ и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.385
    Допаѓања:
    20.583
    Уште никој не ми одговори што е толку битно он да сврши во неа, независно дали била на апчиња или у врска или брак, или не се знаеле.
    Значи не што имале секс. Него што свршил во неа. Зошто? Каква придобивка е за било кој од партнерите?
     
    На Серотин му/ѝ се допаѓа ова.